Feb 07
Трипл-дабл Офффффффффффф.
Офффффффффф1. Џабе го трампаа Џекес во Вориорси. Мора да има нешто во водата во Индијанаполис. Само што Колтси и Пејсерси по се изгледа не ја пијат истата вода.
Офффффффффф2.Џон Амичи ќе откриел дека е геј. Голема работа. Темава со геј спортисти воопшто не ми е чудна и веројатно има вистина во оној муабет – соблекувална, испотени тела и сл. Како и да е, нека си е геј, што ми е мене, па и на остатокот од светот, гајле. Негова работа. А плус и не беше некој играч.
Офффффффффф3.Тајрус би можел на најлошиoт можен начин да дознае дека искреноста не се исплати. Кај не се исплати, него и го кошташе 10 000 долари. НБА сака да го исфрли од Натпреварот во забивање? Ако сакаат, можат, а ако ептен решиле, замена нека му биде Руди Геј. Кој бај д веј, нема никаква врска со сексуалната ориентација на Џон Амичи. Човекот си е само баксуз да има такво презиме. Сигурно не се шиткаат многу дресови на Руди. А можда е и популарен кај ликови како Амичи.
Feb 07
А момакот си е само искрен. Мислите дека другите тројца што се дел од натпреварот во забивање имаат некој мотив повеќе.
Добро, Нејт е таму зашто лани беше под макази на судиите, па оваа година ќе проба да воведе некое ново правило по она ланското “Можам да пробам 56889 пати и да ми успее само еднаш и цел свет да ми се смее, а Кени Смит пак да дигне десетка и да ме спаси…А цел свет да продолжи да ми се смее“.
Двајт веројатно е таму и ради заебанција, како и да проба да биде првиот кој скршил табла на ваков натпревар. Само тоа може да му ја донесе титулата.
Џералд е таму и веројатно за да докаже дека и со девет и пол прсти можеш да бидеш стѕрашен куцач, а момакот е баш тоа. Е сеа, веројатно сака и да не потсети дека е жив после паѓањето во сенка откако пред две години беше најголем средношколски потенцијал.
А Тајрус, Тајрус си е само искрен. Ништо повеќе. Сега ја научи и лекцијата дека и не треба многу да си кажува за тоа што му лежи на памет. Барем не додека помине неколку години во лигата. Но, од нас, свака му част за искреноста.