Feb 01
Оден и Дурант – двете нови големи фаци
Posted by Karakash Under Дневни линкови, Драфт on Thursday Feb 1, 2007Ај малце за следните НБА ѕвезди, кои ради новото ограничување на лигата, минатото лето не можеа да бидат дел од драфтот (и веројатно да бидат 1. и 2. пик).
Ако повеќето од вас веќе знае за Грег Оден, како следниот голем центар, тогаш веројатно помал број слушнал за Кевин Дурант. Момакот често го споредуваат со Ти-Мек, а неговата последна партија за Тексас влезе во историјата на својата НЦАА дивизија.
Уствари, и двајцата се убедливи први два пика како прогноза за следниот драфт. Само што нешто во последно време Оден се предомислува и вика дека му е убаво на колеџ. Го сфаќам.
Еве клипче од Оден и Дурант…
ПС: Не знам за вас, ама мене Оден ми изгледа како да има 40 години.
ПС1: Ова е пост во исчекување на вечерашната вест за Ол-Стар резервите.

