25 000 и Кој после него?

Posted by Karakash Under Видео, Легенди, Шек Бургер on Wednesday Feb 28, 2007

Не стигнав вчера да чкртнам нешто за 25 000 поени во кариерата на Шек. Но, што и да напишам не може да каже колку што може еден добар микс клип. Ако добра слика вреди 1000 зборови, тогаш клип како овој сигурно вреди најмалку 25 000 зборови. Таман за 25 000 поени на “Најдоминантниот на сите времиња” (барем од оние во модерно време и кои ги имам гледано). Уживајте…

ПС: Во текот на Ол-Старот во Вегас, гледајќи го Шек само една страв ми помина низ глава. Што ќе се случи кога Дизелот ќе одлучи да се пензионира? Не зборувам за тоа дали некој ќе го наследи од играчки аспект, иако и тоа е невозможно. Прашањето е дали ќе се најде некој да го замени од аспект на личност, на шоумен, на некој кој долго време е симбол на лигата и единствен кој во целост го сфаќа бизнис концептот на НБА и тоа дека играчите и ѕвездите ја играат оваа игра за да не забавуваат сите нас. А не себеси.

9 COMMENTS

Френчајз но мор

Posted by Karakash Under Играчи on Tuesday Feb 27, 2007

Јас и Шеп уште првата секунда по трејдот на Френсис од Орландо во Њујорк, тоа го оценивме како пропаст. Но, кој не слуша нас.

Photobucket - Video and Image Hosting

Сега по се изгледа Стиви ќе стане само уште еден во низата играчи на Њујорк (Мутомбо, Џ.Роуз, Mo Тејлор…) кои ја имале таа чест да им биде откупен договорот според кој заработувале колку што е и буџетот на некоја банана република, како нашава.

Но, тоа не е мој проблем. Она што мене не ми е јасно е – Како е можно еден играч за толку кратко време да падне толку ниско?

Мислам, не зборуваме за некој кој имал само една-две добри сезони во лигата, па потпишал дебел договор на превара. Не случајно прекарот на Стиви му беше Френчајз, а кога играше во Рокетси беше еден од најкомплетните комбо бекови во лигата, често со просек од преку 20 поени и над пет скокови и асистенции.

Јасно на сите им беше дека Орландо е оштетен со трампата во која го пратија Мекгрејди во Хјустон за Стиви, неговиот најдобар другар Мобли и Келвин Кејто, но Ти-Мек си бараше трејд, а во таква ситуација е многу тешко да се најде тамам компензација преку трејд. Видете ги само Сиксерси сезонава со Ајверсон, или Лејкерси со Шек пред некое лето.

Мене Стиви, барем до последната сезона во Хјустон, ми беше еден од поомилените НБА играчи. Не само поради тоа што можеше буквално се да направи на теренот, него и поради тоа што редовно беше некако во сенка на другите, попознати фаци од поголемите клубови. Некако ми беше аутсајдер во секоја приказна, а тие, нели, секогаш се попривлечни да се навива за нив.

Photobucket - Video and Image Hosting

Арно ама, уште во првиот момент кога Френсис почна да отсуствува од утакмиците на Рокетси поради неразјаснети причини, а во секој извештај беше наведувано дека причината се главоболки – знаев дека има нешто. После тоа се испостави дека Стиви навистина имал проблеми со мигрена, но и дека одбивал да биде третиран од тимските лекари. Тоа само уште повеќе го направи сомнителен за сите во Хјустон. Тоа и неможноста никако да ги издигне Рокетси над првата рунда, иако рака на срце, имаше феноменален просек од некои 29, 7, и 9 (мислам) во онаа серија со Лејкерси пред три години.

Кога па уште изјави дека ако го трампаат другар му Мобли тој не би сакал да остане во Хјустон, тука почнаа сите приказни дека момакот не е сериозен. Да не зборувам за оние злобните во кои се трачаше дека можеби се и нешто повеќе од само другарчиња со Катино.

Бидна трејдот на Флорида и во првата сезона Стиви беше доста добар. Но, само што уследи втората сезона во Орландо почнаа проблемите. Да не спомнувам и дека и се налути на управата на клубот кога го трампаа Катино?!?!?

Тука некаде падот на Френсис започнува, а кулминира со трејдот во Никси – рупата за играчи како него. Во немилост на Браун, миленик на Ајзеа и сосема разбирливо со оглед на тоа каква улога имал во клубовите во кои играл порано, неспособен да се навикне на Никси. Нешто на што не може да му се замери со оглед дека таму тешко дека некој може да се вклопи.

Оваа година Френсис е повеќе дух, отколки НБА играч. И тоа што го изигра како да не го изигра. Никој не го видел, ни приметил. Сега веројатно следува и откуп и подолг период без клуб, затоа што со повредено колено тешко дека некој ќе го поптише.

Photobucket - Video and Image Hosting

Јас искрено, сакам да го видам стартиот Френчајз, ама ни еден играч не успеал да застане на нозе после чистилиштето наречено Њујорк. Да се надеваме дека тој ќе биде исклучок.

10 COMMENTS

Retro Monday – Good Bye, Mr. Johnson

Posted by Karakash Under Видео, Легенди, Retro Monday on Monday Feb 26, 2007

Последен поздрав…

5 COMMENTS

Photobucket - Video and Image Hosting

Детроит-Чикаго ја гледав многу помалку од Мајами-Кливленд, но она што се случуваше таму ич не ме изненади. Можеби очекував малку покомотна победа на Пистонси, но освен тоа се си беше на место.

Така и потврдата уште еднаш пред цел свет за тоа колку преценет играч е Бен Волас, нешто што не мора многу да му се објаснува на било кого што се разбира во кошарка. Камо да имаше некој да им објасни на Џон Пексон и Скот Скајлс. Сепак, свака му част на Пексон што за многу помалку пари успеа да си најде играч кој е многу пинтелигентен од Бен во ветеранот Пи-Џеј Браун.

Тој цела кариера е потценет, а да ја имаше таа среќа последниве пет-шест години да игра за тим кој би се борел за титулата, веројатно ќе ја имаше и таа среќа да спие на некој милион повеќе како Бен. Не дека не го бараа, го сакаа и шампионските Лејкерси, и Грег Поповиќ во Аламо, Рајли во Мајами, па едно време го сакаа и во Детроит.

Тоа уствари и само ми фати око од дербито на Истокот.

Второто дерби на Истокот го изгледав во целост и во него Мајами и Шек покажаа дека не треба да се брза со нивно отпишување. Без Вејд сигурно нема пак да бидат шампиони, ама старците вчера со Кавси покажаа дека има уште баскет во нив. Како и знаење како да се победи во утакмица која не ја играте баш најдобро. Шек уште е фактор, а кога како вчера и другите околу него играат, тогаш Мајами барем не треба да се плаши да не се пласира во плеј-офот. За таму, ќе им треба и Вејд за нешто плус.

Кавси уште еднаш по кој знае кој пат сезонава ми го потврдија мислењето дека се еден од најнепредвидливите и најмистични тимови. Заедно веројатно со Индијана, Кингси и Клиперси. Иако Мајами го немаше Вејд, Кавси дозволија Рајли цело време да ја наметнува својата игра, а освен Леброн и на моменти Хјуз, сите други беа добро затворени во одбраната. А и не се трудеа нешто многу да му помогнат на Брон. На се тоа се додава Мајк Браун, кој уште не можам да го скопчам како тренер.

Амари и Санси сосема очекувано си се прошетаа низ Атланта и им вратија на Хоукси за поразот во Аризона. Сепак, главен детаљ беа дресовите на Хоукси, реплика на оние во кои задњи пут нешто значеа нешто во лигата. Како и добрата игра на Ентони Џонсон, кој малце ги стабилизира на плеј.

6 COMMENTS
Photobucket - Video and Image HostingPhotobucket - Video and Image Hosting

На страна несериозноста на Владимир Радмановиќ да ги лаже Фил Џексон и Лејкерси како се поврдил минатиот викенд.

На страна тоа што Лејкерси буквално го плаќаат да не изведува глупости како сноубординг и сл. екстремни спортови додека е нивни член.

Влад е пљукнат Серпико. Оние малку повозрасните посебно знаат кој е Серпико и кој го глумеше.

Марсел Мутони, кој е дел и од СЛЕМ и од НБА Фанхаус-от на АОЛ, прв ги примети сличностите. Свака част.

22 COMMENTS

Photobucket - Video and Image Hosting

Во неполни година дена Бостон загуби две свои легенди. По, до некаде очекуваното заминување на Ред Оербах, на 52 години почина Денис Џонсон, дел од оние страшни тимови на Селтикси од 80-те. Моите сеќавања на Ди-Џеј се некако низ магла, затоа што со НБА почнав да се дружам кон крајот на таа деценија, кога Ди-Џеј веќе не беше дел од Бостон, а ни НБА, барем не како играч.

Од она што ми кажувале, што сум го гледал како ретро и што сум читал за човекот, станува збор за играч кој беше еден од пионирите кога станува збор за бекови со специјалност игра во одбрана. Плус, заедно со Лери, Кевин и Роберт, главен дел од шампионските тимови на Селтикси во 80-те.

Еве некој кој многу подобро знае од мене на тема Ди-Џеј.

Плус, еве и галерија од Денис.

Лесна ти земја, Денисе

15 COMMENTS

Photobucket - Video and Image Hosting

Таман кога Мајами конечно се комплетираше сезонава, ги удри нов малер. И тоа најголемиот сезонава. Двејн Вејд во еден дуел со Батие во поразот во Хјустон го повреди рамото и сега најверојатно ќе го нема некои 6 недели. Тоа значи дека евентуaлниот камбек би му бил во април на две недели до крајот на сезоната, а тогаш може да биде и предоцна за пак да го спаси Мајами.

Сега Залижаниот и Шек, како и остатокот од Геријатријата на Флорида ќе мораат да покажат дека шампионот не е само Вејд. Тешко нив.

33 COMMENTS

Топ 5 за мењање дрес

Posted by Karakash Under Трејд муабети on Wednesday Feb 21, 2007

(Текст кој го пишував за денешниот број, а се однесува на главните играчи и имиња кои би требале да ги слушаме овие два дена или до четврток во полноќ. Иначе, од денес, на барање на доста голем дел луѓе кои ги знам, во страната ТИП погоре ќе го ставам фиксот кој секој ден го пишувам за во весник. Не дека сум луд по кладилници, ама ако тоа може некако да ви помогне да соберете пари за да не частите, онда ОК. Ако го утнам типот, кој ви е крив што ме слушате – К.)

Како и секогаш, по Ол-Стар викендот сe во НБА си се враќа во нормала. Оние клубови кои се дел од елитата и се враќаат на трката за што подобар пласман во плеј-офот, додека останатите или се борат за некое од последните места во разигрувањето или пак гледаат подалеку и размислуваат на што градење на тим за иднината.

Важен дел од целата равенка секоја година е крајниот рок за трампи, а тој оваа сезона завршува наскоро или во четврток вечер на полноќ. Тоа значи дека следните 48 часа ќе бидат веројатно најбурните за поголемиот дел генерални менаџери.

Од она што може да се прочита на речиси сите НБА сајтови и во сите најави и анализи е дека овие два дена би требале да бидат едни од најинтересните во последните неколку години. Од оние за кои се зборува дека се најактивни на пазарот најмногу се спомнуваат Њу Џерси, Клиперси, Денвер, Чикаго и Голден Стејт. Ви ја претставуваме листата од пет најпознати имиња кои лесно може да се случи до крајот на оваа недела да носат нов дрес.

Photobucket - Video and Image Hosting

Пау Гасол

Не е никава тајна дека Шпанецот е достапен за трејд откако пред месец и пол изјави дека би сакал да биде разменет во тим кој ќе се бори за титулата. Главниот за такви одлуки во Мемфис, легендарниот Џери Вест, со оглед на процесот на целосна обнова на тимот, изјави дека ќе му ја исполни желабата на Гасол, но и дека нема да се откаже од него без да добие нешто за возврат.

Од првиот момент кога стана јасно дека Пау сака промена на средината, Чикаго беше тимот со кој најчесто го поврзуваа. Така, една од шпекулациите е дека Булси во Мемфис за Гасол би испратиле еден член од младиот тандем Луол Денг – Бен Гордон, заедно со иден пик од првата рунда, уште еден играч, кој би требал да биде еден од триото Андрес Носиони, Табо Сефолоша и Тајрус Томас плус ветеранот Пи-Џеј Браун. Импресивна понуда, која сосема нормално, геренарлниот менаџер на Чикаго Џон Пексон изјавува дека не е подготвен да ја испрати на адресата на Гризлиси. Булси се млад тим и секој потег од вакви пропорции би можел покрај посакуваните позитивни, да има и многу негативни последици.

Доколку Чикаго не се одлучи да го понуди тоа што го бараат Гризлиси, за очекување е во трката за Гасол да се вклучат сезонава мизерните Селтиски. Тие можат да понудат пакет составен од младите Џералд Грин, Ал Џеферсон, ветеранот Тио Ретлиф и пик од првата рунда. Бостон можеби не е тимот кој Шпанецот го посакува потајно, но на крајот на краиштата, тој не е тој кој одлучува, за тоа се задолжени генералните менаџери.

Photobucket - Video and Image Hosting

Џејсон Кид

Име кое одеднаш стана актуелно во последните две недели е тоа на симболот на Њу Џерси, Џејсон Кид. Јасно е дека ниту еден клуб, па така ни Нетси не би сакале да се откажат од играч од типот на Кид, играчи какви ретко се наоѓаат, но тоа би можело да стане неизбежно овие два дена. Тоа се должи на сезоната, која што поради повредите, а што поради слабата игра полека се претворува во разочарување за момците на Лоренс Френк. Но, голем фактор е и Винс Картер, кој уште од минатото лето изјавува дека ќе ја искористи опцијата во договорот ова лето да стане слободен играч.

Со ослободувањето на дебелиот договор на Кид според кој му следуваат уште 40 милиони во следните две години и со евентуален трејд на Картер, Нетси се ставаат во многу подобра позиција за градење нова добар состав. И самиот Кид во текот на неколку интервјуа за време на престокот викендов во Лас Вегас изјави дека нема ништо против да биде трампан, посебно не во Лејкерси кои се загреани за него. Сепак, прашање е дали тоа што ќе го понудат тие е доволно да ги намами Нетси. Квами Браун, Џордан Фармар, Крис Мим и пик од првата рунда се можната понуда на Мич Купчак.

Според некои извори, Нетси се обидуваат во евентуален дил со Лејкерси да вклучат и трета екипа, а најчесто се спомнува Портланд. Но, не смее да се заборави дека трејдови со повеќе од две екипи се дота тешки за комплетирање и најчесно се случуваат во текот на летото или драфтот.

Во Њу Џерси исто така се надеваат и дека некој клуб ќе испрати подобра од понуда од таа која би дошла од Лос Анџелес. Исто така, се наметнува и прашањето што ако во текот на летото го загубат Картер, а сега не го трампаат Кид? Тоа сигурно ќе го успори растот на тимот кој планира преселба во Бруклин за најмалку две години.

Винс Картер

Картер уште лани си кажа дека планира да ја искористи опцијата во својот договор која ова лето ќе го направи слободен во изборот на својот иден клуб. Доколку тоа е вистина, тогаш најпаметно за Нетси е да се обидат да го трампаат сега наместо да го загубат и да не добијат ништо за возврат кога ќе заврши сезоната. Нормално, во текот на летото би можеле да направат и потпис-трејд со него, но прашање е што би добиле за возврат во тој случај.

Клиперси, Орландо и Мемфис веќе некое време се спомнуваат во комбинација за Винс, но тие нема да се впуштат во никаков трејд доколку не добијат гаранција од играчот дека на лето нема да ја искористи опцијата да стане слободен играч. Тоа во целост ја фрла во “аут” можноста Њу Џерси да стигне до Гасол, иако тие и тоа како се заинтересирани за Шпанецот.

Доста поверојатна дестинација во овој случај е родниот град на Картер, Орландо, каде и самиот играч изјави дека би сакал да ја заврши кариерата. грент Хил и неговиот договор кој истекува се една од опциите кои тимот од Флорида би ги понудил.

Мајк Биби

Кингси се многу послаби од очекувањата и прогнозите за оваа сезона, а главна причина за тоа е слабата игра на играчот кој треба да биде нивни лидер. Веројатно е тешко да се замисли Сакраменто без Мајк Биби на плеј, но неговите слаби игри и лошата атмосфера во “Арко” ја направија можна и таа варијанта. Први кои се јавија со интерес за Биби беа Кавси, кои очајно бараат квалитетен плеј кој би му олеснил задачата на Леброн Џејмс. Мајк би требал одлично да се вклопи во Кливленд, но прашае е што можат да понудат тие за да ги убедат Кингси да се откажат од него. веројатно и тука би требал да биде вклучен трет тим, но тие трампи се тешки за спроведување за само два дена.

Покрај Кавси, заинтересирани е и шампионот Мајами, но и тие немаат играчи кои би ги убедиле браќата Малуф и Џеф Питри во исправноста на таа одлука.Никако не смеат да се заборават 28-те милиони за оваа и следната сезона кои му следуваат на Биби, но и опцијата која исто како и на Картер, му дозволува да стане слободен играч.

Кори Магети

Речиси цела сезона Магети не е задоволен од тоа што Мајк Данливи му ја дава улогата на “шести човек” Еден кус период делуваше како да се средиле работите меѓу нив двајца, но последните месец дена од сезоната и дефитивно значат дека деновите на Кори во Клиперси се избројани. Имаше неколку комбинации во кои беше спомнуван Магети, меѓу кои и таа за Рон Артест од Кингси, како и за Картер во Нетси.

Две екипи како да се повлекоа во последно време, а во прв план изби Сан Антонио, кој пак нема што да им понуди на Клиперси, барем нема нешто што би ги заинтригирало доволно за да се откажат од Кори, кој со оглед на својот талент и скромниот договор е интересен за доста екипи.

15 COMMENTS