Божиќ како по обичај пројде во знак на дресот на Лејкерси со број 8….
Невидена елеганција, грациозност, еротско мрдање на колкови у рекет, баш онаа доза на спектакл што ја прави НБА тоа што е.
Да, да….знам дека Коби веќе не е KB8, а после синоќа ми стана прилично јасно дека лигата има нов шериф….Ама, на тие што го гледаа Christmas Special-от им е прилично јасен мојот вовед…
Ако некој се уште има дилеми, еве мала помош:
Што се однесува до кошарката, после вакви мечеви имам поприличен проблем да го артикулирам воодушевувањето. И нормално – го консултирам Webster:
to wade = to Walk (through relatively shallow water); to play in water
У обид за буквален превод: нешто како – “се пробива низ вода; си игра во плиткото”
А, плитко колку сакаш. Лејкерси синоќа изгледаа како да го добиле името по Дојранско езеро, а не по гордите води во кои некогаш цапал George Mikan….
Ама да почнам од кај што е редот. Од шерифот, којшто на голема среќа (?) на лигата не е толкав егзибиционист, па шерифувањето да го одбележува со носење шешир, како поранешниот шериф, инаку негов соиграч.
Flash синоќа го покажа целиот репертоар: премини, ролинзи, fade-away-и асистенции на слепо, украдени топки….И она најбитното, го направи тоа во директен дуел со Коби…
Вејд демонстрираше дека во моментов е единствениот играч во светот што поседува таква комбинација на експлозивност и координација. И, она што највеќе го одделува од конкурентите – неумоливата агресивност во напаѓањето на одбраната и незадоволувањето со шут од дистанца. А, ако на тоа се додаде и онаа streetball жовијалност која е главен белег на неговата игра – мислам дека е јасно зошто Мајами е актуелен шампион на НБА, а Вејд актуелен МВП на Финалето…
После она синоќа, и јас се замислив околу изборот на МекКалум…
That being said, морам да се вратам у плиткото….
По 3246866546329 пат сведочам на тврдоглавоста која им е иманентна на големите играчи, ама и на големите тренери. А, најстрашно е кога екипата ги има и двете….
Неверојатно ми делуваше неспособноста на Лејкерси да се снајдат со Вејд, кој иако брилијантен, не беше соочен со никаков посебен дефанзивен притисок.
Суетата на Коби олицетворена во упорноста на директното чување не само што не даваше никаков резултат и беше поништувана со најобичен screen & roll, туку непотребно ја трошеше и онаа малку енергија што Коби ја имаше, а која им беше потребна во офанзива.
А, Фил Џексон е посебна приказна. Дури и да го оставиме на страна фактот дека му дозволуваше на Коби да трча по Вејд како мува без глава и ниту еднаш не се обиде да го удвои единствениот играч што беше реална опасност, не може а да не исплива на површина несфатливото распаѓање на одбраната при една иста акција. Хроничното каснење на Квами Браун во покривањето, тоталната изгубеност на Владо Радмановиќ, инсистирањето на бековска линија со Еванс и Вујачиќ (!?!), а и неговиот тренерски специјалитет – небарањето Тајм Аут….
То ти је Зен….Важно дознав од дечките од ОБН дека на Хорас Грент му давал да ја чита Dune за да го подобри офанзивниот скок….Чист СФ…..
Се на се, Лејкерси без Одом ми се крајно сумљиви, Коби ми е зрел, ама издишан…
О.К. коралот чека нови двобои, ама шериф Лери О’Браен резидира на Флорида, и тоа е она што е најбитно…..