Три различни потези од тројца различни играли кои имаат една слична работа. Сите тројца имаат споредна улога во играта на своите екипи. Двајца од нив се резерви, но како што играат тие пред нив (Марбери) или се повредуваат (Берон), ништо чудно да добијат некоја минута повеќе. Лејдис енд џетлмен…

“Бразилско плескање”…

…”Најдоброто џуџе блокер”…

…”Смуш се качи на Биг Бен”

7 COMMENTS

“Џезерите” светат во темница

Posted by Karakash Under Бизаро on Tuesday Nov 21, 2006

Photobucket - Video and Image Hosting

“Енерџи Солушнс”, компанија која се занимава со складирање на нуклеарен отпад ги откупи правата врз името на домот на Јута кој последниве 15 години беше познат како “Делта” центар. Тоа име беше под спонзорство на “Делта Ерлајнс”, авиокомпанијата која ги одолговлекувала преговорите (и скоро беше пред банкрот) за продолжување на соработката. Инаку, “Енерџи Солушнс” е компанија која на само 120 километри западно од Солт Лејк Сити има склад за радиокативен отпад.

И сеа зашто Јута има најдобар во клупската историја 10-1 старт, каков што немаа ни со Стоктон и Мелоун…и зашто сите во Солт Лејк Сити светат во темница.

5 COMMENTS

Зен до даска

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Monday Nov 20, 2006

Photobucket - Video and Image Hosting

Кога за неколку децении тогапните НБА генерации ќе се сеќаваат, ќе прашуваат за ова време и кога ќе ве питаат “Кој бил најголемиот Треш-Токер”?, веројатно први имиња кои ќе ви паднат на ум ќе бидат Пејтон, Реџи, Баркли до пред некое време или скоро сите од Пистонси кога беа ептен Бед Бојси. Веројатно нема да ви текне на човекот кој мене ми е одамна на врвот на таа листа – Фил Џексон. Кога добро ќе се разгледа неговата историја ќе се сретнат класични спуштања наменети за буквално секој, од играчи и други тренети, па до цели екипи и нивните газди. Зенот кога си идеше од Лејкерси дури и без многу мислење се сврте и на своите довчерашни играчи.

“Низ лигата можат да чујат многу изјави дека нема друг тим во лигата што игра со таков интензитет како што играа Булси. Тие се тим кој знае што сака и секогаш игра 100% во одбраната. Но, кај нив има повеќе форма отколку содржина. Слично како млекото. Однадвор се цврсти, но кога ќе погледнете подобро, нема ништо внатре. Имаат сериозни проблеми со нападот, но секогаш ќе ве притиснат максималмо и ќе извадат се од вас. Но, сите тимови кои ги победиле ќе увидите дека тоа го направиле со тоа што ги стиснале во рекетот. Ова со млекото не мислев да звучи како навреда” – Нееее, никако….д уак енд онли Фил Џексон.

23 COMMENTS

Бостон и Њујорк се NBA тимови

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Saturday Nov 18, 2006
Ова ме фати од Јеј :)
Иначе после тешките критики од страна на Енко, и по начелното нивно побивање, синоќа Бостон ги тепаше забревтаните Блејзерси, додека Никси ги срамнија со земја Шампионите. Шек ќе паузира долго.
Од другото: Коби во победата над Репторси дојде до 17.000 поени у кариеру.
18 COMMENTS

Photobucket - Video and Image Hosting

Сезонава момците кои ги носат дресовите на Мајами ни малку не личат на оние кои од мртви 0-2 се вратија во јуни и им одржаа лекција на Мавси стигајќи до првата титула во клупската историја.

Но, пред нецели недела дена во Њу Џерси се изгледаше како да е јуни (или мај) годинава. Вејд и Хит им одржаа лекција на Нетси. Шек се врати на теренот и на неколку пати заличе на стариот Дизел. Во тоа најдобро се увери рукито Маркус Вилијамс, кој малку подрани со удирањето во “Руки Ѕидот”.

7 COMMENTS

Така и ти треба!

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео, Дневни линкови on Friday Nov 17, 2006

Типчето кое со фрлањето на пивото во искулираниот Рон Артест на дуелот Детроит – Индијана пред некои две години (поточно -14.11.) си го доби она и што го заслужи. Извесното муле со име Џон Грин, кој мора да му е нешто на Том Грин, доби доживотна забрана!!! за присуство на средбите на Детроит дома. Сега нека иде нека фрла пиво по жена му дома. (Ова не значи дека сум за насилство над жените. Разбира се. А ништо чудно таков кретен и да нема жена.)

Кога сме више тука, ај да се потсетиме на тој “светол” момент од НБА историјата.

АПДЕЈТ: Сасвим случајно пред некоја минута нелтав на овој линк на кој јасно може да се прочита што му кажал Рон Рон на Бен Волас пред моронот Џон Грин да го фрли пивото. Сочно!

5 COMMENTS

All that Jazz – агејн

Posted by Karakash Under Дневни линкови, Неделен Преглед on Wednesday Nov 15, 2006

Photobucket - Video and Image Hosting

Јута нема абер да застане, а кога таму се сите здрави (т.е. скоро сите) тие можат комотно да победат секого. Со плескањето на Клиперси вчера момците на Џери Слоун се на најдобри во лигата во моментов 7-1, свој најдобар старт по онаа локаут сезона од 1999 година. Значи, и вториот неделен преглед сезонава го почнуваме со Јута, на која сабајлево не и фалеше ни Кириленко (кој и онака играше слабо сезонава), покрај страшните Мемо, Дерон и Бузер, на кои во последно време дружба им прават и рукито Пол Милсап и Мет Харпринг. Отсекогаш сум го почитувал Џери Слоун и типот заслужува сезонава да игра плеј-оф. Ако ради ништо друго, онда ради џигерот на Мемо.

- Еднаш кажав, ама ај пак – Тоа што Мајами изгуби од Чикаго дома на отварањето ама ич не ме изненади и реков дека очекувам уште неколку нивни домашни порази во првиве месец – месец и пол од сезоната. Така беше и на последниве две во Мајами каде најпрво Јаоза и Рокетси се прошетаа до победа, а онда и Мело и Нагетси по 0-3 стигнаа до 3-3 користејќи ја новата пауза на Шек. Вејд е преморен, ама пак мора да игра преку 40 мин. на секој меч, Вокер, Зо и Пејтон се луѓе во години кои не е здраво секоја вечер толку да ги трчаш како што тоа го прави Рајли. Ќе рикнат. Ама, во немање алтернативи, за што сам си е крив, Залижаниот мора да ги поти старците. Баш затоа ќе пукнат и на уште неколку средби во ноември.

- Јаоза го спомнав, а тој полека си докажува кој е прва фаца на Хјустон и кој е прв центар во лигата. И самиот Шек се увери во тоа, а пошто други центри и онака нема, одлуката за тоа кој е најдобар и не е нешто тешка. Само поради Јаоза, Рокетси до синоќа беа при врвот на Западот, а по лекцијата од резервите на Спарси сфатија дека имаат уште по некоја лекција да научат за да ги стигнат роботите на Поп.

- Баш Спарси се покрај Јута најдобри до сега сезонава, и тоа без некои посебни партии на Ману, а и Тимчо од време на време си има слободен ден. Тончи Лонгориа си е стандарден, а најфаца до сега им е Франциско Елсон, Холанџанецот кој одлично се уклопи на петка, каде комбинира минути со Оберто. Како што сега стојат работите, ништо чудно следниот јуни Тимчо па да си биде МВП на финалето. Нешто што и онака му е инсталирано уште на Девст. острови.

Photobucket - Video and Image Hosting

- Хорнетси почнаа да пукаат по оние 4-0 и да се враќаат во нормала. Пеџа сабајлево се разбуди и потсети на оној Пеџа каков го немаме видено доооооооооолго време. Со рекорд на кариера од 42 поени ги степа Бобкетси кои се бедни на 1-6, иако Мека е ѕвер сезонава. Кога сме кај Пеџа, типот конечно почна да покажува знаци на живот и барем малце да ги оправдува оние 64 милиони кои Хорнетси му ги уплатија на сметка летово (не сите одеднаш). Истото не може да се каже и за Бен Волас, но па и кој очекуваше од него да оправда што некој фрлил буџет на некоја мала банана-република на тип кој нема појма од игра во напад и е пренизок за центар. Настрана неговите дефанзивни достигнувања во кариерата, но на Булси им требаше некој што ќе дава поени летово. Дефанзивци и онака имаат доста. Ипак, не си е Бен крив што некој решил да му даде 60 милиони долари. Думарс беше паметен.

- Дон Нелсон полека си се враќа на корените во Оукленд и прави интересна екипа за гледање од Вориорси. Исто како и пред 13-14-15 години, клуч за таквата брза игра е плејот, а како некогаш Тими Хардевеј, тоа сега е Берон, кој ако не се повреди е сигурен Ол-Стар…На спротивната страна на САД, Селтикси се бедни до коска, а Ред Оербах сигурно сега се превртува во гроб откако пред да почне сезоната Бостин најави дека оваа сезона му ја посветува нему. Одличен начин да се одбележи човекот кој во разни улоги учествуваше во сите 16 титули. Бостон има една победа, и тоа едвај тепаше со Бобкетси. Беда.

- Три од петте екипи во Централ се со негативен скор, Нетси и Сиксерси се на 3-3 во Атлантик, а во Саутист позитивни се Орландо, Атланта и Вашингтон, Мајами – не. Тоа е мизеријата на Истокот на стартот на сезоната. Сликата на Западот е многу по различна, само што уште малку сумњив е Пацификот каде Феникс е задњи. Далас полека се оправа, и тоа откако им се повреди Џош Хауард…Колку е беден Истокот во моментов најдобро покажува серијата од три победи на Сиетл на турнејата таму, а најголем отпор им пружија Хоукси кои изгубија после плус пет минути. Мајами, како и Орландо едвај спаси глава.

* * * * *

Еве уште по некој линк…

“Every time I score on him I was happy like a kid, like a kid getting candy on Halloween because it’s really too hard to score on him, too hard. He’s just great.” – Јао за играњето против Шек.

- Добрите игри на Мека пак ја отворија дебата: Мека или Двајт? Кого би одбрале вие?

- Пак некој го тужи Коби. Хмммм…Мада целава работа ми делува малку без врска. Посебно што дури после толку време му текнало на типчето да стегне тужба.

- Знам дека на Мемфис му е тешко без Пау-Пау, ама дека ќе паднат толку ниско па прва опција во напад ќе им стане женско!?!?!? И тоа со големи сиски.

Уживајте!
9 COMMENTS

Photobucket - Video and Image Hosting

Таман кога бевме спремни да расчистиме со Џејлблејзерси, еве ти го Зеко со тужба против него за цели два милиони долари. тужбата се однесува за случајот за кој пишувавме пред некое време, а линкот еве го ТУКА со фино, лепо, а у линк и доста сочно објаснување на целиот случај. Ова веројатно ќе фрли малку сенка врз одличната сезона која до сега ја игра Зеко. Мада сигурно не може да фрли поголема сенка од таа која тој ја прави.

Да биде комплетен малерозниот пост за Блејзерси, Дариус Мајлс, еден од помрските играчи во лигата, ја заврши сезонава пред и да ја почне. Најбизарниот дел од целата ствар е таа дека докторите откриле потреба од микрофрекчр операција кога го легнале под нож за обична артроскопија. колку и да мислите дека на Дариус му е криво поради ова, мислам дека човекот и онака дигна раце од својата кариера…

А летово го сакаше Ајзеа во Њујорк. Каков сеир ќе паднеше Ајзеа стварно да го преземеше предебелиот (што не може да се каже и за Дариус) договор на Мајлс, па да се десеше сево ова. Штета.

ПС: Ова со Артест од десна страна ме изненади и мене…

ПС2: Покасно денес следи и неделниот НБА преглед.

15 COMMENTS