По Атлантик и Саутист, најавата по дивизии за Истокот се заокружува со најсилната дивизија, веројатно во цела лига – Централ.
Баш најавата за Централ го одбележува нашиот 501. пост од почетокот на NBA Macedonia пред некои година и четири месеци. Тоа значи дека претходниот пост е нумер 500, а тој пред него 499…Пивата, баклавите, јагнињата и другите честитки пратете ни ги по мејл.
На крајот табелата би требала да изгледа вака…иако со оглед на тоа дека е најјака дивизија ништо чудно некој тим да го прескокне другиот за место погоре. Тука не влегува Милвоки кој останува на дно.
1. Детроит
2. Кливленд
3. Чикаго
4. Индијана
5. Милвоки
Еве и зошто…
1.Летово премногу се зборуваше за тоа дека Пистонси веќе не се истата екипа без Бен Волас и дека без него немаат шанси да конкурираат за врвот на Истокот. Првата констатација држи вода, но втората и тоа како нема основа.
Да, Думарс не сакаше да фрла едно чудо пари на играч кој има 32 години, нема шут, не знае да погоди слободно и е тотално безопасен во напад. Ако некој знае колку вреди Бен тогаш тоа сигурно е Џо, кој и го донесе од Орландо во трејдот на Хил. Лани Бен мрчеше дека сака повеќе топки да одат преку него и да има поголема улога во нападот?!?!?!, од кој човекот факат е нема појма. На страна тоа што е одличен дефанзивец, мада и тука мислам дека добра одбранбена екипа не ја прави еден играч.
Како и да е, Детроит сезонава можеби нема да стигне до ланските 60+ победи, ама во основа и тешко дека било која друга екипа во Централ или на Истокот може до такво нешто. Бен си отиде, ама останаа сите други четири стартери кои се бољи играчи од Бен. Чонси и РИП, како и Шид и Принс ќе имаат поголема слобода во нападот, а и ќе сакаат да докажат дека можат да победуваат и без Бен. Добар потег беше потписот на Назр Мохамед, кој до сега има докажано дека е совршен за такви, епизодни улоги во рекет за добри тимови.
Исто како и лани, но и како преклани, нивна најголема болка е клупата и таа е нешто што би можело да ги спречи да стигнат до нова титула. Сепак, Мекдајс, Делфино, Хантер, Флип и Максиел и не се баш за фрлање и можат да дадат десетина добри минути.
Само да не им пресисааат стартерите кога ќе дојде време за плеј-офот.

2. Мислам дека не е паметно да се кладиш против Леброн кој од година во година докажува дека сета галама која се дигна околу него и тоа како е оправдана. Со него навистина се е можно и Кавси би требале да стигнат до 50 победи па и предност на домашен терен во 1.коло. Ако Леброн се здиви и ја одигра најдобрата сезона во кариерата можат и до финале на Исток.
Леброн, како и Гуден и Ззззззз под кошот не ми се проблем. Проблем ми е Лери Хјуз за кој пишував и во текот на плеј-офот, а и на ланската сезона дека не е добар избор за десна рака на Џејмс. Тоа лани многу се добро во тоа како Кавси победуваа дури беше повреден, а колку се мачеа и губеа кога Лери беше дел од тимот. Се надевам дека грешам за Хјуз.
Најголема им е дупката на плеј каде се уште им е стартер Ерик Сноу кој за жива глава не може да погоди од надвор. А и тренерот не им е нешто посебно искусен. Тоа може на крај скапо да ги чини.

3. Тоа што го мислам за Бен го напишав кај Пистонси, но тоа не значи дека тој нема да има влијание врз играта на Чикаго. Ќе има, само не големо. И без него Булси беа една од најдобрите дефанзивни екипи, а со него со право можат да бидат бр.1 во оваа категорија. Само, ми се чини дека во Чикаго малку закаснија со овој потег. Помина времето кога екипите кои имаа цврста одбрана и малку над просекот напад освојуваат титули.
Не ми влегува во глава наместо тие пари кои ги фрлија на Бен во Чикаго не се одлучија да убацат некој играч у трејд за легитимна НБА ѕвезда, нешто што очајно им фали. Верувам дека Гарнет и тоа како ќе сакаше да се врати дома во Чикаго, а и Вулфси ќе се загреаа за некој од младите играчи на Булси.
Нејсе. И без тоа овој тим е способен за големи нешта, ама во нив не спаѓа и пласман во финалето. За тоа им фали вистинска опција во нападот.
Држам палци во плеј-оф да се сретнат со Детроит.

4. Индијана би можела и погоре, ама дивизијава е ептен јака. Летово беа паметни и не го преплатија Пеџа и им го лапнаа за еден фишек сончоглед Ал Херингтон на Хоукси. Бирд е решен да направи брза и атлетска екипа и тоа му успева, само треба да се молат да не ги стрефат повреди, конечно да немаат проблеми со законот и имиџот и Џермејн конечно да израсне во лидер. Ако тоа не се деси, тогаш џабе им е и Лери да го соблече оделото и да заигра за нив.
Деловите од мозаикот се тука, само Џим Кери треба да ги уклопи.

5. Милвоки е жртва на јаката конкуренција. Направија неколку големи трејдови летово во кои се уште не може да се каже дали излегле како победници или не. Нова фаца е Вилануева, кого го добија за Ти-Џеј Форд, а и стигнаа да се откачат од Меглор кого го спакуваа во Порлтанд. Ред е машина за кошеви, ама освен него немаат некое постојано оружје. Андрија Богут поради повреда малку ќе паузира, ама лани не ми изгледаше како играч кој би можел да доминира. Повеќе на таков ми личи Чарли. Имаат доста добра покриеност на речиси сите позиции, ама играат во многу јака дивизија. А и Тери Стотс им е тренер.
* * * * *
Еве и по некој линк:
- Со тотално новиот гето лук и набиената мускулна маса Роберт Свифт летово вети дека ќе ги убеди сите во Сиетл дека не беше потрошен пик од 1. рунда пред две години. По задњава вест момакот ќе мора да почека уште една сезона за да докаже дека вреди. За жал.
- Оф…оф. Таман кога Спиди Клекстон се опорави од повредата, Марвин Вилијамс заработи идентична повреда која значи месец и пол до два пауза. Хоукси не би биле Хоукси кога не би им се случувале вакви работи.
- Вакви работи се случуваат и во НБА.
- И екипата на SI тргна по трендот правење своја топ листа на играчи. Ама за разлика од другите, на нивната Топ 20 листа прв не е Леброн, а богами ни Коби.