Грент е здрав…и жив
Posted by Karakash Under Играчи on Friday Sep 22, 2006Искрено, секогаш кога ќе чујам и видам вакво и вакво нешто, а тоа се дешава секое лето последниве шест години (со исклучок на 2004 год. кога одлучи да одмара една сезона со цел да го среди левиот скочен зглоб), се наежувам, а во исто време и се буди малку надеж. Надеж дека овој пат ќе биде поинаку и дека човекот барем на достоинствен начин, онака како и ја почна, ќе ја заврши кариерата.
А ја почна како ретко кој играч. Како лидер на Дјук (мене многу мрсок колеџ) Грент стигна во НБА и иако не се очекуваа одма големи работи од него, неговите први два поени во кариерата покажаа по кој пат ќе оди неговата кариера, барем во првите шест години. Ви текиња на цепелинот од Думарс што го фати со една рука со главата скоро до табла?
Се после тоа, од ко-руки на годината со Кид беше чиста магија и Грент со тек на време си го обезбеди местото во НБА елитата со шест ол-стара у првите шест години. И таа магија траеше се додека не одлучи да се пресели во Орландо, иронично – Меџик.
Иако беше повреден, Орландо не се мислеше пред да му даде 92,88 милиони долари за седум години, во истото лето во кое го лапнаа и Ти-Мек од Орландо. Шест години подоцна веројатно секој фан на Орландо се осеќа као да му брцнале во џебот и никад не му ги вратиле парите. Не само за картите купени за да се види тандемот кој никогаш не стана тоа, туку и за да се види Хил, кој никако не застана на здрави нозе. Буквално.
За оние кои немале прилика да го видат вистинскиот Грент, а тоа е оној од Детроит, замислете си го во улога во каква денес се Леброн, Вејд и Мело. Како млада фаца која од првиот ден ја освои НБА и колку да немаше потреба од тоа, редовно беше споредувана со Мајкл и заедно со Пени (сасвим друга прича) беа најавувани како негови наследници. Тогаш редовно можеа да се сретнат наслови како Just like Mike…only better. Денес е тоа смешно. Ама тогаш факат не беше.
Тоа што му се дешаваше на Грент во овој милениум е веројатно една од најголемите агонии во историјата на спортот. Грент не е еден од оние типови за кои на некого и би му било мило што така ја завршил кариерата. Грент е мистер најс гај, црнец кој се интересира за џез и уметност, кој во секоја прилика им помогнал на другите. Што е најважно, играч кој чувствува морална одговорност да одигра барем една сезона за тимот кој веруваше за него и му даде огромни пари. А можеше да си се пензионира и да не си го поти гзот секое лето. Реткост. Има и јака и позната жена, ама тоа и не е толкава реткост у НБА.
Кога само ќе ми текне дека пред две години, кога за да му го зашијат и закрпат левиот скочен зглоб, у кој има повеќе штрафови и метални плочки отколку во Робокап, му земаа кожа од левата надлактица, тоа предизвика таква инфекција од која за малку ќе умреше и да не беше смиреноста на жена му која го однела у болница у бесознание, денес ќе зборевме за Грент Хил, оној кој играше у Детроит и Орландо и кој умре обидувајќи се да се врати во НБА.
Вака, Грент е жив, и како што вика тој – скроз здрав. Време е да проба да ја оживее и НБА кариерата и како му доликува да се повлече, после некоја добра сезона покрај младите фаци во Орландо. НБА не е истата лига со и без Грент во неа и иако ќе пуни 34 години и тешко дека ќе може да се врати во некоја стара форма, Грент ја заслужува шансата за камбек и конечно да заборави што е тоа болнички кревет.














