(ако не ве интересира фудбал не се мачете да го читате постов)

Знам дека МакНБА е резервирана за најдобрата лига и спорт на светот, ама па како што ние попаметните деца сме играле баскет како копиљаци, така за да се одмориме од тој баскет сме знаеле да попуниме и место у фудбалче, посебно кога се играло против друго маало каде (барем кај нас у Чаир) увек важело правилото – “Топката може да помине, ама играчот никако”. Ваљда од таму нашата поврзаност со фудбалот како спорт, иако сме свесни за сите негови маани, кои како што стануваме се позрели, стануваат се поочигледни.
Така, веројатно се ретките од нас кои нема екипа за која не навиваат или им е барем симпатична, било да е од кај нас или од некоја силна јуро-лига. Тоа што навивам за Атланта од дента кога почнав да се дружам со НБА е доволен доказ дека сум верен на тимот кој ќе ме освои, а таков сум и за многу други ствари у животот. Таков сум и во фудбалот.
Единствен клуб чиви резултати и дешавки околу него ми биле битни од деј уан у свесната врска со фудбалот бил и останал Лацио. (Велам свесни затоа што не било моја согласнот кога на четири години сум станал член на НК Хајдук).

Од времето кога таму играше Газа, преку Сињори, Ди Матео и Казираги, па Југовиќ и Бокшиќ и Неста, ондак Раванели, Маркеџани, Симеоне, Алмеида, Салас, па Верон, Креспо и Недвед, како и Фиоре, па се до Перуци, Роки, Ди Канио, Пандев, Одо…Лацио е дел од мене и сите кои ме знаат подобро знаат дека тоа е дел кој не сакам многу да ми го чепкаат. Нешто што искрено не можам ни сам да си го објаснам.
Кога се покрена целава машинерија за местењето утакмици у Италија (што беше јавна тајна веќе 4-5 години) знаев дека ако некој треба да биде казнет тоа е Јувентус, ама не ми беше јасно кого друг би казниле затоа што нема екипа која била дел од Серие А овој милениум која нема наместено барем една утакмица (ова од многу поверливи извори од Италија). Самата логика вели дека ако Јуве местел утакмици секоја сезона тогаш за 4 години сигурно сите екипи се изнаредиле поеднаш. Втор за казнување беше вечното другарче на Јуве, Милан, кој скоро у иста мерка местеше со челавците Галијани и Берлускони на чело.
Арно ама, познато е дека секогаш тој кој има најмалку уље за подмачкување на работите станува жртва на нечии игри. Така, наместо Јуве да лета у 3.лига, а Милан у 2-ра, у Сериа Б заедно со главниот кривец завршија и Лацио и Фиорентина. Лацио имаше една единствена сомнителна утакмица овие две години, и тоа таа со Фиорентина, додека Милан имаше најмалку 5-6 чисти местенки за кои му се “судеше”.
Тоа дека судовите у Италија функционираат како маалски кафани е познато одамна, како што е познато дека зборот на Берлускони си носи тежина. Кастрењето на бодовите не е ништо друго освен маска и ремикс на Калиопи и нејзината “Обои ме”.
Претседникот на Лацио свесен за невиноста на клубот најави борба која нема да се воздржи да ја однесе пред Судот на Европа, се со цел да докаже дека и ова судење уствари е уште една во серијата местенки на “чизмата”.
Како и да е, за мене фудбалот и вербата во него, која се ниша веќе неколку години, од петок 14 јули 2006 е мртов. Сезонава нема да гледам ништо од фудбал на ТВ, посебно не од Италија. Секако прегледи од Сериа Б, кои сега ќе ги има исто колку тие од А. Можда некое дерби у Премиер и Реал-Барса и тоа е се.
Лацио останува таму каде што беше и пред оваа неправда и таму и ќе остане засекогаш, макар играле и у 16. селска лига.
* * * * *
Да не биде постов ептен без НБА еве нешто поврзано со фудбалот и зошто тој не е тоа што беше некогаш. Ако не сте знаеле, во секој град кој има НБА екипа е забрането да има легални места каде ќе можете да се кладите на НБА утакмици. Во оние места каде нема екипи можете да ставите ливче, и тоа во најголем дел од случаевите само за тоа кој ќе биде иден шампион. Иако е само јули, еве ги задњите коефициенти (или како што викаат у Чаир-ефисиенти) за тоа кој ќе биде нов или стар чемп, a најголем скок во однос на пред месец дена имаат Булси:
Mavs (4:1)
Heat (5:1)
Spurs (5:1)
Suns (6:1)
Pistons (7:1)
Cavs (12:1)
Bulls (12:1)
Nets (15:1)
Rockets (20:1)
Nuggets (20:1), а ондак следуваат од 11-то до 30-то: Clippers (20:1); Kings (25:1), Pacers (25:1), Lakers (25:1), Grizzlies (30:1), Wizards (35:1), 76ers (35:1), Magic (40:1), Bucks (40:1), Celtics (40:1), Jazz (50:1), T’wolves (50:1), Hornets (60:1), Sonics (60:1), Warriors (75:1), Bobcats (75:1), Hawks (100:1), Raptors (150:1), Knicks (150:1), Blazers (300:1).