R.I.P. Justin Hughes

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Friday May 12, 2006

Понекогаш ќе прочитате некоја вест која ќе ве натера да се сетите дека “Има и поважни работи од кошарката”, нешто што доста често се заборава.
Ова подоле е текст/вест кој ќе оди утре во Мак.Спорт, а е поврзан со Лери Хјуз и смртта на неговиот помлад брат Џастин, кој знам дека од поодамна се мачеше со срцето и долго време беше во критична состојба. Можеби и тоа е една од причините за слабата игра на Хјуз во плеј-офот. Ако е така, сори Лери, прими го сочувството на МакНБА тимот.

* * * * *
Бекот на Кливленд, Лери Хјуз последниве два дена не е дел од тренинзите на Кавси, откако поради смртта на својот помлад брат го напушти клубот и замина за Сент Луис, каде живее неговото најблиско семејство.
20-годишниот Џастин Хјуз почина во четвртокот наутро. Тој бил роден со мана на срцето поради која тоа морало да му биде пресадено кога имал само десет години.
Се уште не е познато кога Хјуз ќе се врати меѓу “коњаниците”, кои вечерва дома ја играат својата трета средба од полуфиналниот дуел на Истокот со Детроит, серија во која губат со 2-0.
“Кошарката во моментов не би требала да му биде приоритет. Тој мора да биде таму, со своето семејство, кое поминува низ многу тежок период. Доколку има сила да се врати, во ред, доколку не, ние ќе продолжиме играјќи за него и неговиот брат” – изјави соиграчот на Хјуз, Дејмон Џонс.

* * * * *
4 COMMENTS

Сабајле не стигнав ова да го ставам, па еве го сега. Рик Аделман после осум сезони доби клоца од брачата Малуф. Тие што ме знаат, знаат дека не сум некој голем фан на Аделман, и тоа уште од времето кога беше тренер на Портланд, ако на некој му текиња. Нормално, тоа не значи дека не го почитувам човекот кој беше тренер на првиот тим на Кингси кој нешто значеше у НБА и кој у осум сезони у Сакто собра повеќе победи од сите негови претходници заедно. Аделман одлично си ја вршеше работата на создавање позитивна атмосфера и квалитетен тим, чија игра се базираше на Принстон нападот, измислен од неговиот специјален помошник, чичко Пит Карил.
Но, она што ми сметаше кај Рик е немањето победнички менталитет и губењето у финишите на големите средби. Кога се се решаваше Аделам најчесто можеше да се види како со една мутава фаца немо се посматра од клупата. Еден од неговите најголеми квалитети беше токму тоа губење.
Плус, неговото влијание на овој состав на Кингси и тие момци беше многу мало, а и му се потроши кредитот кај Малуфите-матуфите. Ипак, очекувам да си најде нов клуб, ако не летово, онда догодина, зашто мислам дека се уште има што да каже.

Кој знае, можеби Флип Сандерс ќе ги откачи Пистонси и ќе отиде да го замени Лери Браун у Њујорк, па Аделман конечно ќе си ја добие шансата да стане шампион.

* * * * *

Бето ни прати рикеп од Мајами-Њу Џерси, кој, после клесање, вајање, кратење, сечење и дотерување, можете да го најдете ТУКА. Бето, ај “високиот” квалитет ти се прашта поради разочараноста од плескањето у Мајами на твоите Нетси. Али, неповторило се више, порано имаше подобри текстови.

14 COMMENTS

Плескање x 2

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday May 10, 2006

Вчера на програма имав дабл-хедер, кој на крајот, поради чачкалиците у очи, а и плескањето на Спарси сред Аламо се претвори во еден и пол хедер.


Плескањето почна со Пистонси, кои во првите неколку минути им пуштија вода на Кавси, за овие да си се понадеваат дека можат и да направат изненадување. При крајот на првиот период тргна фуријата од Детроит, по која Кавси за само неколку минути се најдоа у минус од 20 поени и кој се до средината на задњата жетвртина немаа абер да го намалат.
Онда се разбуди Леброн, кој успеа да избега од канџите на Тејшон и сите други “клипови”, кои не го удвојуваа, него го утројуваа стално кога ќе примеше топка. Но, ту литл , ту лејт за Кавси, кои со само еден играч само намалија на пристојни минус шест.
Е сеа, да имаа уште некој асален играч, Кави можеби и ќе ги изненадеа Пистонси. Но вака, и ова е успех.
Еве неколку белешки:


Лери Хјуз е тапа. Знам дека и претходно имам напишано дека е утка, но против Пистонси јасно се гледа дека тој е лош Робин за Бетменот Леброн. Типот нема шут од дистанца, а камоли за три, што и тоа како им треба на Кавси кога ќе се удвои Леброн. Плус, одбраната, поради која лани беше испофален Хјуз, оваа година ја нема нигде, а РИП си шутираше кога ќе посака преку него или го поминуваше кога сака за положување.
Едно од тие положувања беше на минута до крај и Кавси у минус од само пет. РИП уште у прв чекор го изгуби Хјуз, кој стигна само да направи глуп фаул за допунско и решавачки плус осум.
Претходно, Хјуз фрли во бунар два напади по ред, најпрво иако имаше чист шут од слободни, тој тргна директно у Бен и направи фаул у напад, а после тоа утна чист шут. Со таков сајдкик, Леброн вади максимум од Кавси.

Серијата со Визардси беше најава, а оваа со Пистонси само потврда дека Кавси нити имаат плеј, нити имаат тренер. Не е изненадување за никого тоа што Сноу е тапа, но кога твојот стартен плеј не може да пренесе топка, онда стварно имате проблем. Дејмон Џонс исто така не беше многу подобро решение, додека нешто малце-малце Флип Мареј успеа да го растерети Леброн од пренесување топка цело време.
Што се однесува до тренерот, цела сезона Мајк Браун својата игра ја базираше на тоа да му се даде топката на Леброн и тој да направи нешто во нападот. Е па, против Визардси можеше така, ама не и против Пистонси, кои се многу добро свесни за тоа и имаат посебен третман за Џејмс. Пред се затоа што нема кој да му повлече кога него ќе го затворат.
Браун е еден од најдобрите ликови во лигата во седење покрај аут линијата и не правење ништо.

Еден од бисерите на Браун беше удвојувањето на Тејшон стално кога овој ќе се спуштеше у рекет против Леброн. Тоа цело време го оставаше сам на тројка Шид, кој си пуцаше како на тренинг. Кога им текна да престанат да го удвојнуваат Принс, Кавси се доближија на помалце од минус десет, ама прекасно.


Пистонси се машина. Тачно дека Кавси се една класа под нив според квалитет, исто како и Бакси, ама досега у плеј-офов тие покажаа дека се најопасен тим и заедно со Далас најозбилни кандидати за тронот на Спарси. За разлика од пуно од вас, на кои знам дека им се мрски, мене ми се милина за гледање. Секој си ја знае својата задача, секој стартер освен Бен може да погоди за три или да изигра еден на еден кога треба, а у одбрана сите затвараат и преземаат навреме.

Е, има една ствар која ми ги прави малку мрски, а тоа е Бен Волас, кој лани си лапна уште една дефанзивна титула, тотално деградирајќи ја наградата која на времето ја добиваа еден Џордан, Пипен и Пејтон. Таков балван, без познавање на основни кошаркарски елементи ја немам видено одамна, а неговата одбрана е преценета зошто цела екипа игра тимска јака одбрана. У некој слаб клуб Бен би седел на клупа, како и што беше у Вашингтон и Орландо. Да не зборам за непостоечкиот шут, посебно од слободни, каде лани имаше едно убаво бунарче.
Знам дека заради тоа што е балван и неталентиран до коска Бен заслужува почит, и тоа и го има, ама мислам дека е многу лоша реклама за секој кој знае дека у НБА играат најдобрите.

Толку од Кавси и Пистонси, кои ќе биде изненадување ако одиграат повеќе од четири, ај преку сила пет средби. После нив, одма следуваше второто плескање по ред, она побитното и поголемото кое Мавси го приредија сред Аламо.


Ако некој ги знае Поп, Тим и Спарси, онда тоа е Ејвори, што се покажа синојќа. Малиот генерал пак го остави Данкан да си игра, иако го ограничи неговиот ефект од поле, терајќи го да се поти од слободни, а играта ја убрза со Девин Херис, потег кој Поп веројатно не го очекуваше.
Херис покажа дека Паркер не е 100% или Ева има добиено и заедно со Хауард, Тери и од клупа Стекхаус ја бушеше одбраната на Спарси, кои за прв пат после долго време делуваа споро, старо и немоќно.
У таа прича се вклопи и Ману, кој исто така не е 100% и кој у овие две средби со Мавси не е никаков фактор.
Единствена добра вест за Сан Ан. од вчера е тоа што серијата прави пауза од три дена, што ќе им даде барем малце време за одмор. Мада, како што играа досега, џабе ќе им бидат и 15 дена кај Тимчо Роботчо дома на Вирџин ајландс.

23 COMMENTS

In Chuck’s words

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Tuesday May 9, 2006

Чарлс Баркли на халфтајм шоуто на ТНТ синоќа спомна дека Коби му се јавил, затоа што бил изнервиран од изјавите на Чак за него. Што кажа Баркли што го изнервирало Коби? Ова:
“I think he was being very selfish. I think he stopped shooting so he could say, Those guys didn’t help me. Because normally if they were down by 20 points he would try to keep shooting. He was not aggressive at all; he was not shooting at all. He did the same thing a couple of years ago when he played with Shaq. He wanted to prove ‘you guys can’t do anything without me.’ But the truth of the matter is he was very selfish.”

Што не му било по укус на Коби? Тоа најбоље го објасни Чакстер:
“Obviously (Коби) was not very happy (поради неговите изјави), but I appreciated him talking to me…he was pissed off, angry, upset, used great language, but what I told him was that I have no agenda. I’ve always said that Kobe Bryant is the best basketball player in the world. I’m always going to try to fair and honest in my opinion…but I want any coach or any player in this league to be able to call me if they disagree (with me) on any subject or something I said. I just want to make it perfectly clear that he is the best basketball player in the world, but I never have an agenda when I come on this set.


That being said…I’m not going to change my opinion of what I said Saturday night. Do I think he quit? I don’t think he quit, but I think he was trying to make a point and I disagree with his point. He is the most competitive player in the NBA…and I don’t find any reason possible for him to take three shots (in a half) when they are getting blown out. Obviously Phoenix was the better team, but I expected him to go out in a blaze of glory…I like Kobe Bryant, I’ve heard that I don’t like him, but I do. Even though we disagree, it’s nothing personal.”

* * * * *


Да, да, вчера Нетси си се прошетаа низ Мајами, а Клиперси и Санси се убија од давање кошеви, замислете да имаше и некој продужеток, ќе идеа на 200 поени. Али, ја не гледав ни една од двете, па затоа не пишувам ништо за нив. Вечер на програма имам дабл-хедер, па утре ќе има текст.

17 COMMENTS

напомена од директорот Shepard: сменета е анкетата (лево у сајдбарот)

Тоа што Пистонси играат со Кавси во 2. рунда само додаде уште масло на муабетот за споредбите меѓу Мајкл и Леброн. Така да, вакви текстови не треба да изненадуваат и сигурно ќе се множат деновиве.
Она што мене не ми се свиѓа, уште од времето на Мајкл, а и на Меџик, Бирд и др. е тоа што увек се бара “следниот”, посебно следниот Мајкл. Па, се прават тешки глупости и се става притисок на некои млади момци кои едноставно тоа го немаат во себе и во секој случај се сосема различни индивидуи.

Така ги имавме бебешките споредби со Мајкл и Шек: Харолд Мајнер?!?!?!? беше Бејби Џордан, Еди Кари – Бејби Шек.

Имавме споредби кои се базираа чисто на бојата на кожата, како таа на Дирк со Лери, иако станува збор за тотално различен тип на играчи. Тука може да се додаде и Кристијан Лејтнер, кој пред да замине од Дјук го нарекуваа следниот Мекхејл.

Ипак, најмногу споредби имало баш со Мајкл. Од тотално глупи како тие со Мајнер, Стекхаус, Хил, па до не толку мрски како тие со Коби.

Ипак, главната грешка е во тоа што воопшто се бара “следниот”. Секоја од тие легенди обележа дел од историјата на НБА и беше уникатна личниост, исто како што се некои сегашни НБА фаци, кои се уште си го бараат местото меѓу легендите.

Нити Мајкл беше следниот Др.Џеј, нити Лери беше следниот Петит, нити Шек следниот Вилт. Исто како што Леброн не е нити следниот Мајкл, Лери или Меџик, (иако во својата игра има елементи на сите тројца), нити Коби е следниот Мајкл, нити Неш е следниот Стоктон или Амаре следниот Мелоун (бирајте, Карл или Мозес).

Споредбите се некогаш основани само ако се мисли на влијанието кое некој играч го има врз играта, врз менувањето на сфаќањата и пристапот кон кошарката. Никако споредбите според тоа што го прават на теренот или пак бојата на кожата. Ако критериум е само она од првата реченица, тогаш следниот Мајкл би можел да биде само Ајверсон.

Знам, знам, зашто сеа Ален? Е па, затоа што ако погледнете подобро како се гледаше на НБА 1996 година кога Ален дојде во лигата и како на неа се гледа денес. Затоа што пред Ајверсон да почне да прави плетенки, никој жив во историјата на лигата немал таква фризура. Затоа што освен пред Ален, секоја тетоважа влечеше споредби со фрикот Родман и секој кој беше малку повеќе ишаран се сметаше за фрик. Затоа што Ален инспирираше цела генерација млади играчи, не многу повисоки од 185 цм., а последен од нив е Крис Пол. Затоа што како што Мајкл беше се што НБА претставуваше, така Ален беше, а донекаде се уште е се што НБА не би сакала да биде. Затоа.

Нормално, ова не е пост за Ален, зошто знам дека за некоја година ќе почне да се бара следниот Ајверсон, исто како што ќе се бараат следниот Коби, следниот Леброн, Гарнет, Данкан итн., колку и да звучи тоа апсурдно.

Никогаш нема да има следен од било која НБА легенда или легенда ту би. Тоа е за оние кои живеат во минатото или па не им се свиѓа сегашноста, па бараат иљач во иднината.

(Постов тргна од идеја да стане некој вид привју за втората рунда, а се претвори во нешто сосема поинакво. На кратко, три тесни и една лесна серија за Пистонси).

ПС: Само за Бето. Вечер у 02:00, Мајами – Њу Џерси. (Или ипак не?!?!?)

Ај, ќе бидам дарежлив, еве го распоредот на Спорт4 за цела следна недела. И после ја сум бил стиснат.

Вторник, 09 MAJ 04:30 FENIKS – LA KLIPERS

Среда, 10 MAJ 03:30 SAN ANTONIO – DALAS

Четврток, 11 MAJ 02:00 MAJAMI – WU XERSI

Петок, 12 MAJ 04:30 LA KLIPERS – FENIKS

Сабота, 13 MAJ 23:00 DALAS – SAN ANTONIO

Недела, 14 MAJ 21:30 WU XERSI – MAJAMI

Вторник 16 MAJ 01:00 KLIVLEND – DETROIT

* * * * *

За малце ќе заборавев. Марче пред некој ден ми го прати својот НБА фудбалски тим, кој вчера, на моја сугестија, го апдејтуваше малку. Мислите дека овие момци би имале што да кажат у Дојчланд за месец дена?
(До кај сте со албумот за Светско?)

50 COMMENTS

Reality Bites

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Sunday May 7, 2006


Пред некој пост (скролај надоле) ставив слична ваква слика, само со Неш на неа. У моментот тоа одговараше на актуелната ситуација. Со оглед на тоа што се дешаваше сабајлево во Аризона, сликата мораше да претрпи ситни измени.

Shepard’s take: Она што се случи синоќа во Феникс, беше ДЕБАКЛ. Не ми иде некако да се изразам.. ама ќе пробам. Со рандом мисли..

Лејкерси влегоа поразени. Од првите минути и серијата 10-0 се виде што ќе биде.. После тоа, некако воспоставија „контакт“ и предноста се туфкаше од 15 до ако не се лажам 9 поени..

И после тоа Барбоса, Тим Томас и Диа завршија работа..

Нешто што не го применија пурпурните беше заземјување на напнатата утакмица. Кога Коби ја даде тројката за 9 разлика, тука мораше да се крене рачна, и да се задржат налетите на Феникс.

Правило од учебник е дека кога се брка водство треба да се стегнат зуби. Така, округло десетте на Феникс требаше да станат долна граница, односно да не се допушти нешто изнад таа цифра. И наместо да загризаат ЛА, дозволија тоа да биде најмалата предност, односно дозволија противниците да ја зголемат (на крај искочи дека ја умножија).

Коби имаше само 16 упатени..

Мислам, тоа е тоа. Прегазување со ваљак и убивање на секој грам самодоверба..

Градско дерби ќе беше боље.. онака, Лејкерс – Клиперс, тоа ти е као Милан – Интер, Реал – Атлетико, Баерн – 1860 Минхен, Работнички – МЗТ, Ливерпул – Евертон, Јунајтед – Сити..

Како и да е, плејофот иде понатаму, а што се тиче Лејкерси, редно е малце поасолен пазар да напраат..

Толку со овој тим. Мислам дека е максимумот.

39 COMMENTS

Мајк Браун сабајлево можеше да испадне најголемиот морон, или пак најголемиот генијалец на светот у моментите кога се решаваше победникот на Гејм 6 од дуелот со Кавси и Визардси. За негова среќа, Дејмон (факинг) Џонс?!?!?! го погоди својот прв шут на утакмицата у својот прв контакт со топката у финишот на продолжетокот у само 14 секунди поминати у игра на цела утакмица и им ја донесе победата на Кавси и првиот пласман во 2. рунда по 13 години (1993), ставајќи крај на најдолгиот плеј-оф пост на Истокот.


У тек на цела утакмица се прашуев што се дешава со Дејмон, знам дека не е повреден, зашто го нема да влезе барем на некоја минута? Знам дека не е некој дефанзивец типот, али има една од најмирните руки на светот, што кога го имаш Леброн у екипа, кој стално е удвојуван, може многу да значи.
Тоа беше посебно евидентно на неколку пати у нападот кога Ерик Сноу ќе примеше топка сам на тројка или пет-шест метри од кошот, и не знаеше што да прави со неа, не дај боже да шутнеше.

Ништо боља рука нема ни Лери Хјуз, кој цела серија на моменти личеше како уште да игра за Визардси, а не за Кавси. (Знам дека имаше 12 асистенции). Лош играч за улогата на сајдкик на Леброн.

L…is for the way you look at me…O is…

Зззззззз, како што му кажуе и надимакот, ја преспа цела утакмица и освен еден тип-ин, единствено што можеше да се види од него е дека у Кливленд не продаваат жилети.

Дру Гуден беше на нивото на Зззззз, само што барем покажа знаци на живот со “нежниот” фаул над Хејвуд, кого го остави ќор на едно око за момент. (За коментаторот на Спорт4, кој бај д веј беше многу бољи од типчето кое не мачеше оваа недела: Тоа што Брендан се фаќаше за око и си местеше нешто, беше леќата, која му падна при контактот со Гуден). Кога сме кај Спорт4, вечер у два е седмата у Феникс, а ќе ја коментира Лекиќ.

Свака част на Флип “Муда” Мареј, Донјел Маршал, Керон Батлер (20 скокови!!!) и Антонио Дениелс. Ипак, како и у другите пет дуели на овие два тима, шоуто на вечерта беше двобојот на Леброн и Аринас, поради кои сакав серијава да отиде у седма одлучувачка утакмица. На крајот, баш нивниот дуел го реши победникот. Но, не нивниот поентерски дуел, туку оној кој го имаа кога Жилберто се најде на слободни на 15 секунди до крајот. У тија моменти Брон му пријде и му кажа:

-”If you miss both of these free throws, the game is over.”

И, клики-ти-кленк, клики-ти-кленк, Аринас ги утна двете слободни, а мене одма ми текна на Пипен и Мелоун пред девет години.

“It’s hard to swallow. I feel like I let my team down, my city down . . . there’s always going to be opportunities. I can’t let these two free throws dictate the rest of my career. There’s next year, the Olympic Trials coming up. I hope I make that team. Give me two free throws at the end of that.” – кажа разочараниот Аринас после средбата.

Нормално, после ова Кавси одат у Детроит, каде им завршува годинешниов плеј-оф сон, но тоа не ја намалува победата у прва рунда.

* * * * *

Пошто немаме клипче од вчерашните поени на Дејмон, еве клипче од решавачкото положување на Леброн у Гејм 5, и тоа снимено од трибините на “Кју” од страна на момците од Yay!

* * * * *

Ин адр њуз, Спарси конечно изиграа шампионски, без проблеми го поминаа “Арко” и сега идат на Далас на финалето пред финале на Западот.

* * * * *

Џаст у овој момент ја минавме границата од 30 000 јуникс посети у помалце од година дена постоење.

28 COMMENTS

Таксират

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Friday May 5, 2006

Се обидувам да бидам објективен, ама не иде.

Лејкерси неправедно изгубија во натпревар во кој неправедно ќе беше и да победеа.. судиите се глупи, да, ама тоа е..

Врвна утакмица, не може никој да спори..

Меѓутоа, се потврди уште еднаш дека во играта на Феникс тешко дека некој може да им парира. Сепак, Коби и другарите вчера беа и повеќе од солидни противници. Речиси перфектна игра, која не беше доволна за победа..

Смуш е крив, ама и не е крив. Се истроши кутриот бркајќи го Нешти.

ЛАЛ ги натскокаа Феникс со 12:6 во офанзивни, 39:31 вкупно. Имаа ист број на украдени топки, а сепак, ЛАЛ имаа дури 20 изгубени наспроти 13 на Феникс (тоа се 7 напади помалку). Веројатно тука се виде глупавоста на судиите (за личните во напад). Но, тоа е. Во плејофот не смее да се вади на судии – едноставно, изгубивме.

Коби убаци 50 поени на 35 шута, со 57% реализација.. а Леандрињо Барбоса убаци 22 со 7/9..

Неам зборови. Квами 8/9 од поле.. ЛО на раб на трипл дабл.. се жртвуваа, играа.. ама тоа е плејофот. На сите виновник им е Смуш, ама ја не го кривам – дечкото е тој, даде све од себе во одбраната, а сепак не го успори Неш.. ама толку е, тоа се неговите можности. Некогаш ќе даде 20, некогаш ич.

Сега мора да се тотално фокусирани на седмата утакмица, но со таа разлика што сега повторно се во иста ситуација како пред почетокот на сезоната – тотални аутсајдери, а згора на се` имаат каде каде разнишана самодоверба после двата последователни порази (особено депримирачки е вториов, на свој терен у продужение).

Феникс победија со 6 играчи.. Тим Томас пак џокер.. не ми се верува еј, ТИМ ТОМАС.. Коби тоа што го утна у последна секунда се обиде да го надокнади во продужение.. капак на све, слободните на Џорџ..

Вака мизерно не сум се осеќал од финалето со Детроит.

Но едно останува сигурно. Без оглед на исходот на серијата, без оглед на тоа кој ќе биде МВП, конечно Коби почнува да ги добива признанијата за сопствените заслуги. ЛО стана тоа што се очекуваше од него, Квами го надминува комплекот на „уште една утка“, Лук пружа игра која е над неговиот потенцијал (изненадување у пм), Вујачич си обезбеди место и за догодина..

Треба да се стегнат заби и да се отпатува во Феникс со крената глава. Треба достојно да се заврши ова поглавје, како што му доликува на еден од најглорифицираните НБА тимови, во обид да се отвори нов лист, „градско дерби“ со Клиперси.

Сепак, и да заврши утре сезоната на Лејкерси, јас ќе бидам задоволен со оглед на она што го очекував од нив пред неколку месеци.

Ќе се памти.. ќе се памти гејм 4.. ќе се памти куцањето преку Неш..

14 COMMENTS