П Е Т И Ц И Ј А ! ! !

После табањето на Кавси вчера у Детроит, вечер е вуната на Западот, каде после доооолго време се играат две седми у полуфинале на конференција. Дел од полуфиналето се три екипи плус Клиперси. Добро, знам дека Клиперси не го заслужија ова, посебно не после оваа сезона у која рушеа (и уште рушат) клупски рекорди, али Клиперси се Клиперси, од тоа нема бегање. Освен со победа вечер у Феникс. Ипак, трите дена одмор ќе бидат кобни за една од двете екипи, а се ми се чини дека Санси ќе профитираат, затоа што Нешти конечно доби чанса малце да земе ваздух. Мада, и на Голум и Крис Кејвмен им требаше одмор, така да работава е коноп. Многу во играта на Клиперси зависи од тоа дали вечер ќе се појави Голум или Смигол.

Како и да е, кој и да помине од овие две екипи тоа ќе му биде крајот на пато, затоа што на другиот крај ги чекаат или шампионот или гладните Мавси, а се некако ми мирише дека Спарси ќе се провлечат, како прошлата у Далас, и па ќе го играат најмрското можно финале. Освен ако Џејсон Тери не одлучи да им се оддолжи на соиграчите за оставањето на цедило за Гејм 6 со мавањето у мудите на Финли на Гејм 5.

Што ќе даваат кај нас на ТВ не знам, затоа што ни самите тие не знаат. Од она што го знам, најверојатно ќе иде Сан Ан – Далас у два. Што и да е, само да не пробува да коментира типчето од вчера, ипак е ова плеј-оф, па уште и седми утакмици. Ние, па и НБА, заслужува боље.

* * * * *

Како допуна за вечерашнава реткост од две седми у една вечер, еве го изборот на момците од SI на седум најдобри Гејм 7 на сите времиња. Една од овие имам и у архива, а листава можела и да се прошири и за уште некој Гејм 7, како на пример таа од финалето 1988 меѓу Детроит и Лејкерси.

Пљус: Вечер од 02:00 на Спорт4 ќе ја даваат Сан Ан – Далас. Дефинитвно…и нема да коментира типот од вчера.

28 COMMENTS

NBA у целата своја мрскотија

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Sunday May 21, 2006


За прв пат после дооооолго време, дури три серии завршуваат со седма.. иначе сликава е од нашите другарчиња YAYsports кои се ептеен Кавс фанови и растураат периодов.. исто како и Need4Sheed

Дури и се појавуваа по медиуми, но тоа е друг муабет, па затоа назад..

Underdog тимовите, особено Кливленд и Клиперси, убаво ги измрдаа извиканите Пистонси и забревтаните Санси..

Е сега, најава и Шепард-клетви-и-прогнози за тоа како ќе се распле вечерашната утакмица..

Вечерва, од 21:30, почиња отплеткувањето на Гордиевиот јазол наречен Детроит вс. Леброн..

Кој можеше да претпостави после дебаклот во првите две, и она табање до крв, дека Кавси ќе се вратат? И тоа се вратија не ради Леброн или прејаката одбрана, туку само заради тоа што Детроит ги потцени. Детроит од секогаш биле еден вид аутсајдери, но оваа година, се нумеро уно, играат напад, делат топка, пуцаат на 15 сек. до истек, и им удри славата во глава и сето тоа најдобро се согледа у курчењето на Шид после првата победа на Кливленд, во која мрчеше како ќе ги плескаат.. работата е што такви гаранции Шид давал не на 2-1, туку на 2-3, 3-3 и сл., и тоа во ситуација кога Пистонси биле against the Odds..

Но, работите се вратија на очекуваниот курс пред пар денови, кога Пистонси со судни маки израмнија на 3-3 и сега ќе играат на свој терен.. a Кавси прокоцкаа битна шанса, дома..

Разликата од овој натпревар до петтиот кога Кавси тепаа, е во тоа што ова е win or go home натпревар.. сепак, тоа беше окарактеризиран како a must win ситуација на клиповите, при што сосема свесни си ја испуштија шансата.. овој пат, притисокот е врз нив, многу повеќе, затоа што сепак, зависи сезоната. Серијата не е истата која почна пред две недели, сега Кливленд е тимот за кој се зборува. Сепак, Детроит се Детроит, и очекувам да стапат на сцена со таа перверзна патолошка игра, да го скршат Леброн од ќотек, Принс да убаци 25 поена, Морис Еванс 10, Тони Делк и Мекдајс по еден дабл-дабл и шо знам, евентуално пак некој malice in the pallace..

Леброн сега го симпатишам многу помалце од порано заради политиката „сведоштво“, но и него не го отпишувам. Вечер може да биде една крвава ноќ, која и вака и така за него ќе биде влијателна. Дали уште еднаш ќе му се скрши срцето и конечно ќе се искали, или уште пред да ја достигне својата зрелост, ќе направи чудо..
Прогноза: 85-81 за Детроит, Леброн 27-9-4 :)

Клетви: досега онака срамежливо фаќаа, ама редно е да цркне некој..

Утре вечер пак е тексашкиот двобој меѓу Далас и Сан Антониот, кој е исто така со голем коефициент на мрскотија.. додека Феникс и Клиперси очекувам да пружат антологиска тикма, и „нека победи подобриот“ (Зоран Михајлов копирајт хахаха)

А да не напоменувам.. ако до финале стасаат Детроит и Сан Антонио.. трагедија за спортот..

26 COMMENTS

Пред некоја недела кој би помислил дека двата најдобри тима од сезоната во една иста вечер ќе се борат за својот живот во 2. рунда, па уште и на гости.
Но, баш таа ситуација ја имаме вечер во дабл-хедерот во кој Детроит ќе мора да тепа у Кливленд, а шампионот ќе се бори за седма у Аламо кај Дирк и Кјубан.

Малце повише ќе им се свртам на Пистонси, кои у овие задњи три средби чиста спротивност на тимот со најдобриот скор сезонава. Причината за тоа е тренерот, а до негде и клупата, која па пак е спомната ради работата на Флип Сандерс.
Колку и да имам Лерингитис и да ги мирисам неговите потези на напуштање на тимовите и судирање со играчите низ кариерата, Лери Браун у моментов многу им фали на Пистонси. Кога Лери дојде у Детроит, тој од многу добар тим со солидна одбрана, направи многу добар тим со одлична одбрана. Баш тоа беше главната карактеристика на Пистонси од која се плашеа сите нивни противници и поради која играа две финалиња и освоија една титула.


Оваа година Флип ја смени нивната филозофија, што добро легна кај играчите кои добија поголема слобода у нападот и сите беа весели у Детроит, барем до овие три со Кавси. Прошлите години Пистонси играа цели напади, го сечеа рекетот, спуштаа на пост и правеа едно чудо блокови за РИП. Оваа година не се мачеа толку и ако имаа чист шут го пуцаа и на 23 секунди до крај на нападот…и се беше ОК дури не отпатуваа за Кливленд. А пазете, Кавси се просечен (може и потпросечен) дефанзивен тим, доказите за тоа ги изнесоа Визардси во првата рунда.

Ако сакаат да идат даље и да ги оправдаат прогнозите за уште едно НБА финале, Пистонси, односно Флип, ќе мора да сфатат дека тие се ДЕФАНЗИВЕН тим и само со таков пристап можат да освојат нова титула. Колку и да играа добро сезонава, тие не се ОФАНЗИВЕН тим, тие можат да бидат тоа, но не многу често, затоа што како што играа сега, премногу се потпираат на шутеви однадвор и многу малку игра на блокот и на постот. Проблем е и клупата која за плеј-офов ја скрати Флип и на која нема плеј-бек кој би им дал малце да дишат на Чонси и РИП. Можда Делфино, а?

Како и да е, нема многу време за Пистонси да се разбудат и да сфатат што им треба за да се вратат на победничките стази. Ако до сега не сфатија, тешко дека ќе сфатат у само неколку часа до решавачкиот меч.

У иста ситуација се Спарси, на кои вечер барем малце ќе им биде олеснета задачата со суспензијата на Џејсон Тери за мавањето у незгодно место на Финли у Гејм 5. Казната ги разбесни Кјубан и Мавси, ама па и на Тери не му требаше таа глупост (иако не беше нешто страшно).
Колку е подобар тренер од Флип, Грег Поповиќ покажа на задњата со Далас у која конечно ги извади сите свои високи момци, освен Данкан, и почна да ја игра играта на Далас, како што лани направи со Феникс. Брзо и агресивно, без многу тупење. И покрај тоа Далас стигна до напад за победа, што само кажува каков мотиватор е Ејвори Џонсон. Ипак, без Тери мислам дека ќе имаат проблеми вечер да го задржат шампионот, некој ќе мора да степ-ап, а не знам кој би можел да биде џокерот.
Еве го и шпиунскиот удар на Тери у мудите на Фин:

* * * * *

Кромидарите со свој поглед за дешавките во Њујорк, споредувајќи го Ајзеа со Буш?!?!?

* * * * *


У средата Коби беше у студиото на ТНТ, ја го фатив делот у полувремето на Далас-Сан Ан, кога Чак и Коби више си се објаснија за критиките на Баркли на негова сметка. Еве го клипот од првиот дел од муабетот у кој сконцентрирајте се на муабетот, на не облеката на Коби, која изгледа како да ја украл од некое 10-годишно дете од приватно школо.

* * * * *

Ја од пред некоја година (две-три) више не сум загреан за НБА Лајв игриците, пред се затоа што изгубија секаква смисла и уопште не ми личат на вистинска симулација на кошарка. Ватевр, ЕА спортс имаше сник привју на тоа како ќе изгледа новата игрица за следната сезона, која според тоа кој е моделот, од сега е осудена на тоа да биде тапа.
Гасоламабад е една од фаците чии покрети се кепчаат, а у линкот има доста смечни слики на Пау у хеланки. Андале!
Еве и клип како би требала да изгледа играта, од кој гледаме дека Трејси Мекгрејди уствари е мулат.

* * * * *

За кој навијам ја бе…

25 COMMENTS

Embrace the Cliché

Posted by flight 75 Under Општо / Разно on Thursday May 18, 2006

Сведок? Све док нас Пистонси не растрте….?
Епа не баш, или барем не сеуште……

А, сè беше совршено, perfect scenery би рекле америте, цела една маркетиншка историја одиграна однапред: митот за првиот chosen one чии потфати треба да се емулираат, губењето на МВП трката со Неш (нешто слично на Марадона и Кемпес во 1978), стереотипизираниот bad boy villain, па дури и симпатичните споредни ликови, без разлика дали се викаат Семвајс Гемџи или Андерсон Варежао….
Сè, буквално….Ама и тип доволно ЛУД да ја изигра таа приказна…

32 со кромид, т.е. со 5 скока и 5 асистенции. А, најбитно од сè: 3-2 за Кливленд.
Доказ дека може да се блесне и во рововска битка, ала Василиј Зајцев……

Courtesy of NBA Comix
Флајт, морав да сменам слика, оваа ипак мнооогу повише ми одговара. – Karakash.

Она што Леброн го покажува во плеј-офот ме става у онаква колективна еуфорија, у embrace the cliché mood…..Можам да ставам наслов Return of the King или The Empire Strikes Back и око да не ми трепне……

Кралот е луд! Ја прифати целата игра, комерцијалната империја на Штерн, бремето на Мајкл, 90-те милиони долари на Nike, целиот оној hype околу неговото име…..и не потфрли!
Bug у системот……

Совршено свесен за Големата Приказна, ја разнебитува прифаќајќи ја во целост…..
А, мене, за првпат во ерата на новите Џордани – не ми е шубе тоа што можда избраниот и не е толку добар колку неговиот PR, туку страв од тоа дека можда и Е…..

Колку и да сакам да зборам за падот на Пистонси и на Сан Антонио, за крахот на досадниот спорт, ипак не можам да одолеам на чувството дека ипак сме сведоци……

Ај, луѓе, доста со несериозни коментари…Па, ги гледаме ли ние уствари истите мечеви? Ај, бидете искрени…..

И не заборавајте: the truth, the whole truth, and nothing but the truth…..

23 COMMENTS


Клиперси и Санси сабајлево покажаа дека плеј-офов е еден од најдобрите у последниве десетина години и се освен седма у таа серија ќе биде штета. Нема многу да се распишувам, ипак почиња финале на ЛШ. Плеј оф д деј ипак не беа ниту Мерион, ниту тројката на Бел, нити пак Елтон и Сем Ај Ем. Тоа беше Џек Николсон кој се најде за клупата на Клиперси?!?!?!?, со се срце навивајќи за комшиите на неговите Лејкерси. Били Кристал, пази си го кортсајд местото, here’s Jacky!.

* * * * *

Кога помисливте дека по желбата сите да му се обраќаат со Мамба, да стане Евреин и да го смени бројот од 8 у 24, типот не може да направи ништо повеќе да покаже дека е его-манијаче, еве го ова. Коби ќе биде факинг Блу Ренџер?!?!? Хеј, па мора да се збори малце за него, што ако испадна у прва рунда.

* * * * *

Диркулес ја откри својата тајна на доброто изведување слободни. Делот со пеењето песна у себе со цел да се сконцентрира не ме изненади. Ме изненади ПЕСМАТА која ја пее.

* * * * *

Да не биде без ич, Мајами вчера заврши работа и сега ќе си кулира дури Детроит не ги помине Кавси. Кој ќе помислеше по поразот у првата дома. Нетси, пуштете си ја – Gone till November.

* * * * *

Ма каки Карим версус Брус Ли, време е за Јао вс. Крис Такер.

* * * * *

Без коментар.

12 COMMENTS

Aј малце да разбиеме плеј-оф муабетиве и да се свртиме кон некои посмешни работи. Фан невер ендс ин Њујорк сити, или кога барем ги нема у плеј-офот, Ајзеа и друштвото ќе направат се и сега да бидат дел од НБА вестите.
Како што вероватно знаете досега, дрим џобот на Лери Браун веројатно ќе трае само една година, Никси летово ќе го отпуштат, а според првите муабети на негово место ќе седне човекот кој и го создаде мејхемот и хаосот у Њујорк, д мен химселф-Ајзеа Олмајти.


Една работа не ми е јасна, а тоа е како може некој така малоумен и некомпетентен да биде газда на НБА клуб, па уште на тој од центарот на светот Њујорк?
Стварно не знам како Џејмс Долан дошол до своите милиони, ама единствен заклучок кој ми се наметнува од тоа што гледам дека го прави од Никси задњиве пет години е дека ги наследил од татенце. Нема друго.

Најбоље од сево ова ќе помине Лери, кој после тоа ќе си напише книга “Како да мењаш клуб секое лето и да им ги лапаш милионите”, кој ем ќе се спаси од хаосот на Ајзеа, ем ќе си биде слободен у изборот на својата иднина. (Сега сите у Сакраменто се серат у гаќи!)
Што се однесува до Ајзеа, таман кога помислив дека сезоната не може да биде позабавна во Њујорк од ланската, ете го Зик да не увери дека догодина ќе биде цепки да се следат Никси. Сега од него очекувам во Њујорк да го врати Тим Томас, плус Ал Херингтон, Ентоан Вокер, Бен Гордон, Џамал Тинсли, Бонзи Велс, да му го продужи договорот на Џером Џејмс за десет години и да го трампа Ченинг Фрај.
Ќе биде интересно.

* * * * *

Сакраменто си е у потрага по тренер, а една од причините (покрај тупиот поглед у финишот на утакмиците) поради која го решија Аделман беше таа што тимот не играше доволно добра одбрана. Не знам како тој проблем би им го решил Еди Џордан, кој се спомнува у некои муабети, чии Визардси видовме како играа дифенс.
Ипак, можда боље Еди него Лери, или па не дај боже Пи-Џеј Карлисимо.
Мој избор? Тери Портер!

* * * * *

Ај малце за плеј-офот. Детроит изгубија две по ред не затоа што се послаб тим од Кавси, него затоа што на теренот, а и вон него се понашаат како сезонава да играат за својата осма титула у последниве десет години. Секоја нивна изјава, секоја нивна реакција на теренот – како секој фаул за нив е фаул, а секој нивни е фаул е фантомски, нивниот план да имаат што е можно повеќе слободни денови пред Мајами, глупите изјави на Шид, моронските реакции на трупот Бен цела утакмица и мрската игра на клупата, само им прави лоша услуга. Разбирам да се биде cocky, ама има граница кога таквиот однос има спротивен ефект. Плус, за да бидеш cocky, мораш да имаш кредит така да се понашаш, а Пистонси тоа се уште не го заслужиле.

Што се однесува до Тексашниот дуел, тој полека се претвара у Тексашки масакр за Спарси. Синоќа Тимчо, Тончи и Ману имаа одлични партии, а имаа и помош од Финли и ко., ама на крај пак изгубија. Зашто? Затоа што редовно се за еден чекор поспори во одбраната од Мавси, кои играат како тим решен да стигне до финалето, нешто што би требале да го гледаме од шампионот. Ако, вака е поќејфски, мада ќе беше уште боље ова да се дешаваше у финалето на Западот, како и што требаше да биде.

* * * * *
Кавси денеска беа на погребот на Џастин Хјуз.
* * * * *

Еден од НБА новинарите кои најмногу ги почитувам, и кој е познат како гето новинар у денешното мејнстрим покривање на НБА е Скуп Џексон. По долгите години работа за СЛЕМ, од лани е дел од ЕСПН (парите си го направија своето), но се уште си пишува у свој стил.Неговиот задњи текст за дуелот на Сем Ај Ем и Нешти.

28 COMMENTS

GUARANSHIT

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Tuesday May 16, 2006

Насловот слободно може да биде и “Посеровка”, бирајте. Мада со оглед на големата уста на Рашид и неговата моронска гаранција, горниот наслов повише ми одговара.

Кога ќе ветиш нешто брат, посебно на ова ниво, во плеј-офот, мораш барем да се потрудиш тоа да го испуниш. А не да завршиш со седум поени и шест скокови. Заеби повредата на зглобот, тоа не е оправдување.
Увек ми се свиѓал Шид, затоа што е уникатна личност у морето на НБА копикетови, па и таа негова голема уста го прави Шид – Шид. Но, понекогаш треба да се знае кога треба да се затвори уста.

Picture yes, (but not the title) taken from YAY!

Вчера Кавси ги тепаа Пистонси у нивната игра. Кавси беа слаби, ама Пистонси беа очајни. Премногу размишљаа, нешто што не го правеа многу во текот на сезоната, па ни во 1. рунда со Бакси. Леброн беше слаб, а момакот пак за малце ќе стигнеше до трипл-дабл, а тие бунари се само доказ дека има само 21 година!, тие работи ќе си дојдат со време.
Работата е во тоа што и покрај некои очигледни грешки, посебно таа со шутот на 10 секунди до крајот со која има даде шанса на Пистонси, Леброн покажа зрелост да ги разигрува своите соиграчи кога него не му оди шутот. Да имаше уште некој како Варежао под кошот или Маршал на тројка без проблеми ќе имаше 15-тина асистенции, а Кавси ќе го згазеа Детроит.

Не памтам кога Леброн одиграл две слаби по ред. Ќе биде интересно у Детроит.

Другиот придонес на Леброн во победата, оној кој е малку видлив (покрај неговата одбрана), е вниманието кое Пистонси мораа да му го посветуваат цела средба, буквално губејќи концентрација за било каква игра во нападот.

Свака му част за мушката игра на Сајдшоу Боб, кој беше икс-факторот, посебно со оној фаул у напад на Чонси у финишот.

Не знам, ама мене Кавси ми делуваат боље со Флип у тимот него со Хјуз. Кој ќе биде дилема за Мајк Браун дали да го врати у први пет за петата у Детроит.
Уште од стартот на сезоната викав дека Хјуз не е вистинскиот играч за улогата на Робин во Кливленд, а компликациите со здравјето на брат му, кои на крај резултираа и со негова смрт само повеќе му ги одалечуваа мислите од кошарката во серијата со Визардси и првите две со Детроит.
Не викам дека Флип е бољи од Лери, ама тој има нешто што ретко кога сум го видел кај Хјуз, а тоа се муда. Местото на Флип му е први пет утре вечер, а ако Лери се врати, нека помага од клупата. И така им е тенка ко еврејска кришка леб.

И покрај се, очекувам Пистонси да играат у финале, ама овие утакмица-две плус никако не им требаа на играчите кои цела сезона играа по 30-35 минути секоја вечер.
Посебно ако Мајами вечер дома си заврши работа со Нетси.

* * * * *

Далас – Сан Ан не ја гледав, ама крајниот резултат ми направи ќејф. Е сеа, од тоа што видов сабајле, Спарси и тоа како треба да бидат љути на судиите, кои свирнаа фантомски фаул на Боувен над Дирк на осум секунди до крај на рег. дел, а Новицки со две слободни изедначи на 111. Ипак, среќата е составен дел од кошарката, исто како и судиските грешки, а самите Спарси си знаат колку пути изминативе неколку години тие две работи биле на нивна страна.

* * * * *
ГАРАНТИРАМ ДЕКА УТРЕ ЌЕ ПИШАМ ПОСТ!
16 COMMENTS