Shaq Daddy

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Sunday May 28, 2006

После финалињата по конференции ќе направам еден пост за се што научивме од секоја серија посебно, а ова нека биде како привју.

Една ствар која како сите да ја заборавија оваа сезона е таа кој е и што значи за НБА Шек. Додека вниманието, сосема разбирливо, се вртеше кон некои помлади фаци (една од нив расте во самиот двор на Шек), некако во сенка падна човекот кој обележа една цела декада и пол и кој претставува уникатна појава која има свое посебно место во историја на баскетот.


Со играта против Детроит, Дизелот им ги отвара очите на сите кои го подзаборавија, кои рекоа дека е преспор, предебел за пак да биде доминантен како некогаш. Можеби тој не е оној од пред четири-пет години, зашто и железни колена би попуштиле секој ден да мораат да носат 150 кила, но никако не смее да се каже дека Шек више не е Шек.
Не знам за вас, ама мене ептен ми се праи ќеф кога го гледам како си игра со високите Пистончиња, посебно со Бен, кој нали, четири сезони по ред е најдобар дефанзивец (за тоа колку ја заслужува таа награда афрото имам пишувано и порано).

Гледајќи го Шек на дуелите со Детроит, па и со Нетси и некои со Чикаго, научивме дека кога сака и кога не му свират смешни фаули у напад, Шек може да биде доминантен како некогаш.

- Научивме дека тој е доволно паметен да знае дека нема потреба да има 40 обиди од поле секоја вечер, не покрај играч како Двејн покрај себе, кого тој го нарекува “најскромниот момак и најголемиот талент” со кој играл.

- Научивме и дека кога треба, Шек знае да се постави како лидер и да им го плесне у фаца на Вокер, Пејтон и другите момци, како после 2. средба у Детроит, кога ги врати на земја своите помошници, правејќи ги свесни дека токму тоа е нивната улога – да бидат помошници.

- Научивме дека во ерата на изумирање на центрите, Шек е последниот голем од нив, освен ако Јаоза пак не огладни следната сезона.

- Научивме дека нема човек кој без помош од судиите може да го чува Шек, па ни сега кога има 34 години.

- Научивме дека Шек е најподвижниот човек на планетава со таа висина и тежина и дека Мајами направи фантастична трампа со Лејкерси пред две лета, после која не знам како може Мич Купчак уште да не е линчуван.

- И задње, научивме дека секоја споредба на Бен Волас и Шек е жива навреда за Дизелот и стално кога ќе чујам такво нешто на ТВ или ќе го прочитам негде ме тера на повраќање. Тоа е како да се споредуваат Матераци и Роналдо, Симиќ и Пеце, баби и жаби, Костовски и Марв Алберт…

18 COMMENTS