Брејк

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Saturday May 27, 2006

Ај малце да одмориме од плеј-оф ствари.

По се изгледа и на Коби конечно му успеа да започне некаков тренд во лигата. Барем ако еден после него се смета за тренд. Амари Стадемаер, исто како и Кобстерм од следната сезона веќе нема да го носи дресот со нумеро 32 кој ќе го смени со #1, кој го имаме видено со ваков дизајн на Санси, откако задњи го носеше Пени Хардевеј пред некоја година. Причината зошто “сезонава не-ѕверот” се одлучил за вакво нешто сепак е много пологична од таа на Коби, затоа што момакот едноставно си поскавуна фреш старт, нов почеток после сезоната целосно сјебана поради операцијата на едното, а после и другото колено.

Коа сме кај Амари, мајка му е гилти за возење пијана, нешто што е случај и со мајка му на Леброн. Не им е лесно кога израснале млади толкави ѕверови сами. Зашто сеа малце да не уживаат у парите? Само што уживаат на погрешен начин.

* * * * *

Лери Браун е очаен да остане у Њујорк, а ако тоа не му успее барем ќе знае дека се обидел се. Задњи потег на Лери е желбата да го донесе како помошник Њујорк’с фејворит сан, Петрик Јуинг, со што би ја добил подршката од фановите. Ипак, за да се ангажира Пет, некој ќе мора да лета од сегашните помошници, кои се големи пријатели на Ајзеа. Њујорк, Њујорк, барем никад не им е досадно…

* * * * *

Кавси го наградија Мајк Браун, иако типот многу-многу и не се наработи у првата сезона. Барем Фери призна и рече дека главен приоритет летово ќе му биде ангажирање на помошник за Браун кој е специјалист за напад. Конечно им текна. Сеа уште да им текне дека им треба плеј и четворка или петка, а зашто не и некој шутер на два-три. Ситница.

* * * * *

За драфт уште не праиме муабет, не само затоа што веројатно ќе биде еден од најслабите декадава, него и затоа што скоро секоја екипа мисли како да го трампа својот пик.

20 COMMENTS