Dork’s + Чикаго има бољи пик од Торонто и Piss-tons
Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday May 24, 2006Ако сликата вреди 1000 зборови, онда клипот сигурно вреди десет пати повише. Е па онда, еве ви го најкраткиот реферат од 12000 (и кусур) зборови. Евр.
Бидна драфт лутријата и како што веќе знаете, Торонто го лапна 1.пик, а втори ќе бираа Никси да немаа мозок ген. менаџер и уште помозок газда. Наместо тоа, Булси ќе си бираат втори, а Никси ќе си заглават со Еди Кари и без драфт избор у 1. рунда и следните две години. Иначе, пикот на Булси ми е бољи од тој на Репторси, затоа што на овој драфт најдобрите играчи се баш на тие позиции на кои тие се најјаки. Флајт го спомна Морисон, ама мислам дека порно бркот нема шанси да биде 1., ипак Коланџело не е толку глуп. Затоа и Булси се у предност затоа што како 2. ќе го изберат Андреа Барњани од Бенетон, кого го споредуваат со Дирк и кој сезонава неколку пати го гледавме у Евролига.
Најпаметен потег на Торонто би бил трејд на 1.пик, ама па тоа не се дешава така често, а и овој драфт нема некој играч за кој вреди да се откажеш од ѕвезда. Барем не некоја голема.
Иначе, надежите дека Хоукси нема да бираат у Топ 3-4 ми се испунија и они го имаат 5.пик, идеален конечно за избор на плеј.
Да, да, Мајами ги згази Пистонси, ама па мене тоа нешто не ме изненади посебно. После серијата со Кавси ми стана јасно дека Детроит не е така добар тим како што сите мислат, исто како што Бен не е така добар дефанзивец како што го прават.
Кај нив предноста е во тоа што 100 години играат заедно, ама у овој плеј-оф како да ја нема ни таа предност, тој еџ.
Сезонава беа така добри затоа што додека другите се уигруваа, тие си возеа на стара хемија. Е сеа, коа другите почнаа са кликаат, тие и не изгледаат така страшно.



