Мислам дека на скоро сите од нас кои се серевме до пет сабајле, посебно после тројката на Енди Гарсија, ни олесна кога Мавси победија и спречија ново НБА не-финале на Спарси со Пистонси. Ова беше утакмицата која за некои 10-20 години ќе се спомнува како таа на која Диркулес од НБА ѕвезда станал суперстар. Свака част, Дирк, како и мудоњите Тери, Стек и мај мен Гана Диоп, кој по повод победата над шампионот своето село у Гана го частеше со100 кози. Сликава подоле е 2+1 на Дирк со кои ми го врати срцето на место.

* * * * *

Сега е ред на Мајами, то јест Шек и Двејдвејн целосно да ги вратат вратите во нормала у светот на кошарката и да ги пратат Пистонси по риба.
Шала на страна, очекувам тесна серија, која ако отиде у седум, онда Пистонси се у предност. Се зависи од здравјето на Вејд, како и тоа дали судиите ќе му го свират секој контакт на Шек со противничките центри, смешка на која бевме сведоци у првите две рунди.

* * * * *

Допуна: Сеа ми текна. Вечер, пред Мајами-Детроит е драфт лутријата, која за мене како фан на Хоукси последниве неколку години ми е еднакво важна како што за некои други фанови на вистински НБА екипи им е битен плеј-офот. Арно ама, годинава се надевам дека Хоукси ќе добијат што е можно понизок пик само Били Најт да не избере уште едно ниско/високо крило и да мора да бира плеј или центар.
Ипак, она за што држам палци вечер не е 1. пик на Атланта (еј, ипак е прв), него Булси да го добијат 1.пик, оној на Никси кои они го имаат по ланскиот трејд на Кари. А знаеме дека шансите за такво нешто не се мали. Замислете му ја фацата на Ајзеа ако тоа се деси. Ако после такво нешто не го пратат у Синг-Синг, никад нема да го пратат.

65 COMMENTS