П Е Т И Ц И Ј А ! ! !

После табањето на Кавси вчера у Детроит, вечер е вуната на Западот, каде после доооолго време се играат две седми у полуфинале на конференција. Дел од полуфиналето се три екипи плус Клиперси. Добро, знам дека Клиперси не го заслужија ова, посебно не после оваа сезона у која рушеа (и уште рушат) клупски рекорди, али Клиперси се Клиперси, од тоа нема бегање. Освен со победа вечер у Феникс. Ипак, трите дена одмор ќе бидат кобни за една од двете екипи, а се ми се чини дека Санси ќе профитираат, затоа што Нешти конечно доби чанса малце да земе ваздух. Мада, и на Голум и Крис Кејвмен им требаше одмор, така да работава е коноп. Многу во играта на Клиперси зависи од тоа дали вечер ќе се појави Голум или Смигол.

Како и да е, кој и да помине од овие две екипи тоа ќе му биде крајот на пато, затоа што на другиот крај ги чекаат или шампионот или гладните Мавси, а се некако ми мирише дека Спарси ќе се провлечат, како прошлата у Далас, и па ќе го играат најмрското можно финале. Освен ако Џејсон Тери не одлучи да им се оддолжи на соиграчите за оставањето на цедило за Гејм 6 со мавањето у мудите на Финли на Гејм 5.

Што ќе даваат кај нас на ТВ не знам, затоа што ни самите тие не знаат. Од она што го знам, најверојатно ќе иде Сан Ан – Далас у два. Што и да е, само да не пробува да коментира типчето од вчера, ипак е ова плеј-оф, па уште и седми утакмици. Ние, па и НБА, заслужува боље.

* * * * *

Како допуна за вечерашнава реткост од две седми у една вечер, еве го изборот на момците од SI на седум најдобри Гејм 7 на сите времиња. Една од овие имам и у архива, а листава можела и да се прошири и за уште некој Гејм 7, како на пример таа од финалето 1988 меѓу Детроит и Лејкерси.

Пљус: Вечер од 02:00 на Спорт4 ќе ја даваат Сан Ан – Далас. Дефинитвно…и нема да коментира типот од вчера.

28 COMMENTS