NBA у целата своја мрскотија

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Sunday May 21, 2006


За прв пат после дооооолго време, дури три серии завршуваат со седма.. иначе сликава е од нашите другарчиња YAYsports кои се ептеен Кавс фанови и растураат периодов.. исто како и Need4Sheed

Дури и се појавуваа по медиуми, но тоа е друг муабет, па затоа назад..

Underdog тимовите, особено Кливленд и Клиперси, убаво ги измрдаа извиканите Пистонси и забревтаните Санси..

Е сега, најава и Шепард-клетви-и-прогнози за тоа како ќе се распле вечерашната утакмица..

Вечерва, од 21:30, почиња отплеткувањето на Гордиевиот јазол наречен Детроит вс. Леброн..

Кој можеше да претпостави после дебаклот во првите две, и она табање до крв, дека Кавси ќе се вратат? И тоа се вратија не ради Леброн или прејаката одбрана, туку само заради тоа што Детроит ги потцени. Детроит од секогаш биле еден вид аутсајдери, но оваа година, се нумеро уно, играат напад, делат топка, пуцаат на 15 сек. до истек, и им удри славата во глава и сето тоа најдобро се согледа у курчењето на Шид после првата победа на Кливленд, во која мрчеше како ќе ги плескаат.. работата е што такви гаранции Шид давал не на 2-1, туку на 2-3, 3-3 и сл., и тоа во ситуација кога Пистонси биле against the Odds..

Но, работите се вратија на очекуваниот курс пред пар денови, кога Пистонси со судни маки израмнија на 3-3 и сега ќе играат на свој терен.. a Кавси прокоцкаа битна шанса, дома..

Разликата од овој натпревар до петтиот кога Кавси тепаа, е во тоа што ова е win or go home натпревар.. сепак, тоа беше окарактеризиран како a must win ситуација на клиповите, при што сосема свесни си ја испуштија шансата.. овој пат, притисокот е врз нив, многу повеќе, затоа што сепак, зависи сезоната. Серијата не е истата која почна пред две недели, сега Кливленд е тимот за кој се зборува. Сепак, Детроит се Детроит, и очекувам да стапат на сцена со таа перверзна патолошка игра, да го скршат Леброн од ќотек, Принс да убаци 25 поена, Морис Еванс 10, Тони Делк и Мекдајс по еден дабл-дабл и шо знам, евентуално пак некој malice in the pallace..

Леброн сега го симпатишам многу помалце од порано заради политиката „сведоштво“, но и него не го отпишувам. Вечер може да биде една крвава ноќ, која и вака и така за него ќе биде влијателна. Дали уште еднаш ќе му се скрши срцето и конечно ќе се искали, или уште пред да ја достигне својата зрелост, ќе направи чудо..
Прогноза: 85-81 за Детроит, Леброн 27-9-4 :)

Клетви: досега онака срамежливо фаќаа, ама редно е да цркне некој..

Утре вечер пак е тексашкиот двобој меѓу Далас и Сан Антониот, кој е исто така со голем коефициент на мрскотија.. додека Феникс и Клиперси очекувам да пружат антологиска тикма, и „нека победи подобриот“ (Зоран Михајлов копирајт хахаха)

А да не напоменувам.. ако до финале стасаат Детроит и Сан Антонио.. трагедија за спортот..

26 COMMENTS