Детроит и Спарси он д роупс + Коби и Чак на ТНТ и NBA Live ’07
Posted by Karakash Under Општо / Разно on Friday May 19, 2006Пред некоја недела кој би помислил дека двата најдобри тима од сезоната во една иста вечер ќе се борат за својот живот во 2. рунда, па уште и на гости.
Но, баш таа ситуација ја имаме вечер во дабл-хедерот во кој Детроит ќе мора да тепа у Кливленд, а шампионот ќе се бори за седма у Аламо кај Дирк и Кјубан.
Малце повише ќе им се свртам на Пистонси, кои у овие задњи три средби чиста спротивност на тимот со најдобриот скор сезонава. Причината за тоа е тренерот, а до негде и клупата, која па пак е спомната ради работата на Флип Сандерс.
Колку и да имам Лерингитис и да ги мирисам неговите потези на напуштање на тимовите и судирање со играчите низ кариерата, Лери Браун у моментов многу им фали на Пистонси. Кога Лери дојде у Детроит, тој од многу добар тим со солидна одбрана, направи многу добар тим со одлична одбрана. Баш тоа беше главната карактеристика на Пистонси од која се плашеа сите нивни противници и поради која играа две финалиња и освоија една титула.

Оваа година Флип ја смени нивната филозофија, што добро легна кај играчите кои добија поголема слобода у нападот и сите беа весели у Детроит, барем до овие три со Кавси. Прошлите години Пистонси играа цели напади, го сечеа рекетот, спуштаа на пост и правеа едно чудо блокови за РИП. Оваа година не се мачеа толку и ако имаа чист шут го пуцаа и на 23 секунди до крај на нападот…и се беше ОК дури не отпатуваа за Кливленд. А пазете, Кавси се просечен (може и потпросечен) дефанзивен тим, доказите за тоа ги изнесоа Визардси во првата рунда.
Ако сакаат да идат даље и да ги оправдаат прогнозите за уште едно НБА финале, Пистонси, односно Флип, ќе мора да сфатат дека тие се ДЕФАНЗИВЕН тим и само со таков пристап можат да освојат нова титула. Колку и да играа добро сезонава, тие не се ОФАНЗИВЕН тим, тие можат да бидат тоа, но не многу често, затоа што како што играа сега, премногу се потпираат на шутеви однадвор и многу малку игра на блокот и на постот. Проблем е и клупата која за плеј-офов ја скрати Флип и на која нема плеј-бек кој би им дал малце да дишат на Чонси и РИП. Можда Делфино, а?
Како и да е, нема многу време за Пистонси да се разбудат и да сфатат што им треба за да се вратат на победничките стази. Ако до сега не сфатија, тешко дека ќе сфатат у само неколку часа до решавачкиот меч.
У иста ситуација се Спарси, на кои вечер барем малце ќе им биде олеснета задачата со суспензијата на Џејсон Тери за мавањето у незгодно место на Финли у Гејм 5. Казната ги разбесни Кјубан и Мавси, ама па и на Тери не му требаше таа глупост (иако не беше нешто страшно).
Колку е подобар тренер од Флип, Грег Поповиќ покажа на задњата со Далас у која конечно ги извади сите свои високи момци, освен Данкан, и почна да ја игра играта на Далас, како што лани направи со Феникс. Брзо и агресивно, без многу тупење. И покрај тоа Далас стигна до напад за победа, што само кажува каков мотиватор е Ејвори Џонсон. Ипак, без Тери мислам дека ќе имаат проблеми вечер да го задржат шампионот, некој ќе мора да степ-ап, а не знам кој би можел да биде џокерот.
Еве го и шпиунскиот удар на Тери у мудите на Фин:
Кромидарите со свој поглед за дешавките во Њујорк, споредувајќи го Ајзеа со Буш?!?!?

У средата Коби беше у студиото на ТНТ, ја го фатив делот у полувремето на Далас-Сан Ан, кога Чак и Коби више си се објаснија за критиките на Баркли на негова сметка. Еве го клипот од првиот дел од муабетот у кој сконцентрирајте се на муабетот, на не облеката на Коби, која изгледа како да ја украл од некое 10-годишно дете од приватно школо.
Ја од пред некоја година (две-три) више не сум загреан за НБА Лајв игриците, пред се затоа што изгубија секаква смисла и уопште не ми личат на вистинска симулација на кошарка. Ватевр, ЕА спортс имаше сник привју на тоа како ќе изгледа новата игрица за следната сезона, која според тоа кој е моделот, од сега е осудена на тоа да биде тапа.
Гасоламабад е една од фаците чии покрети се кепчаат, а у линкот има доста смечни слики на Пау у хеланки. Андале!
Еве и клип како би требала да изгледа играта, од кој гледаме дека Трејси Мекгрејди уствари е мулат.
За кој навијам ја бе…

