Isaiah Allmighty…(или “Како не треба да се води НБА клуб”)
Posted by Karakash Under Општо / Разно on Tuesday May 16, 2006Aј малце да разбиеме плеј-оф муабетиве и да се свртиме кон некои посмешни работи. Фан невер ендс ин Њујорк сити, или кога барем ги нема у плеј-офот, Ајзеа и друштвото ќе направат се и сега да бидат дел од НБА вестите.
Како што вероватно знаете досега, дрим џобот на Лери Браун веројатно ќе трае само една година, Никси летово ќе го отпуштат, а според првите муабети на негово место ќе седне човекот кој и го создаде мејхемот и хаосот у Њујорк, д мен химселф-Ајзеа Олмајти.

Една работа не ми е јасна, а тоа е како може некој така малоумен и некомпетентен да биде газда на НБА клуб, па уште на тој од центарот на светот Њујорк?
Стварно не знам како Џејмс Долан дошол до своите милиони, ама единствен заклучок кој ми се наметнува од тоа што гледам дека го прави од Никси задњиве пет години е дека ги наследил од татенце. Нема друго.
Најбоље од сево ова ќе помине Лери, кој после тоа ќе си напише книга “Како да мењаш клуб секое лето и да им ги лапаш милионите”, кој ем ќе се спаси од хаосот на Ајзеа, ем ќе си биде слободен у изборот на својата иднина. (Сега сите у Сакраменто се серат у гаќи!)
Што се однесува до Ајзеа, таман кога помислив дека сезоната не може да биде позабавна во Њујорк од ланската, ете го Зик да не увери дека догодина ќе биде цепки да се следат Никси. Сега од него очекувам во Њујорк да го врати Тим Томас, плус Ал Херингтон, Ентоан Вокер, Бен Гордон, Џамал Тинсли, Бонзи Велс, да му го продужи договорот на Џером Џејмс за десет години и да го трампа Ченинг Фрај.
Ќе биде интересно.
Сакраменто си е у потрага по тренер, а една од причините (покрај тупиот поглед у финишот на утакмиците) поради која го решија Аделман беше таа што тимот не играше доволно добра одбрана. Не знам како тој проблем би им го решил Еди Џордан, кој се спомнува у некои муабети, чии Визардси видовме како играа дифенс.
Ипак, можда боље Еди него Лери, или па не дај боже Пи-Џеј Карлисимо.
Мој избор? Тери Портер!
Ај малце за плеј-офот. Детроит изгубија две по ред не затоа што се послаб тим од Кавси, него затоа што на теренот, а и вон него се понашаат како сезонава да играат за својата осма титула у последниве десет години. Секоја нивна изјава, секоја нивна реакција на теренот – како секој фаул за нив е фаул, а секој нивни е фаул е фантомски, нивниот план да имаат што е можно повеќе слободни денови пред Мајами, глупите изјави на Шид, моронските реакции на трупот Бен цела утакмица и мрската игра на клупата, само им прави лоша услуга. Разбирам да се биде cocky, ама има граница кога таквиот однос има спротивен ефект. Плус, за да бидеш cocky, мораш да имаш кредит така да се понашаш, а Пистонси тоа се уште не го заслужиле.
Што се однесува до Тексашниот дуел, тој полека се претвара у Тексашки масакр за Спарси. Синоќа Тимчо, Тончи и Ману имаа одлични партии, а имаа и помош од Финли и ко., ама на крај пак изгубија. Зашто? Затоа што редовно се за еден чекор поспори во одбраната од Мавси, кои играат како тим решен да стигне до финалето, нешто што би требале да го гледаме од шампионот. Ако, вака е поќејфски, мада ќе беше уште боље ова да се дешаваше у финалето на Западот, како и што требаше да биде.
Еден од НБА новинарите кои најмногу ги почитувам, и кој е познат како гето новинар у денешното мејнстрим покривање на НБА е Скуп Џексон. По долгите години работа за СЛЕМ, од лани е дел од ЕСПН (парите си го направија своето), но се уште си пишува у свој стил.Неговиот задњи текст за дуелот на Сем Ај Ем и Нешти.



