Пистонс фанови (под ова мислам на тебе Синдикејт), нели, некаде длабоко во вас, ви е барем малку мило што изгубивте вчера у Кливленд, барем малкуцка сте среќни што Леброн енд компани ве исплескаа? Нели со ова серијата која требаше да биде чиста метла станува барем малку интересна?
Нема зашто да не биде така, не дека со оваа победа е загрозен пласманот во финалето на Истокот. Сигурен сум дека немате ништо против да се пробате против Леброн на уште најмалку две утакмици, ипак е тоа одлично загревање за тоа што следи потоа.
Сигурно им годи на Пистонси тоа што се ова делува како некоја однапред испланирана филмска сага, која ништо чудно у следниве две години да стане трилогија, од која третиот дел, по полумрачниот втор, верувам нема да му се свиѓа на никој у Детроит.


За играта на Леброн нема потреба да се пишува, момакот со 21 година им покажа на многу поискусни играчи како треба да се игра, и тоа против најдобриот дефанзивен, па и воопшто тим во лигата во моментов. Колку и да ви е мрско да го гледате, факат е така.

* * * * *

Ја изгледав и Далас – Сан Ан синоќа и искрено, утакмицата ми беше ептен бед за гледање. Да сакав да гледам толку слободни ќе си гледав како копиљаците си играат американка у маало на кош. Единствената добра работа од целата работа е победата на Далас, по која им гори под нозе на мамузарите.
Само, една ствар ми сметаше вчера, и тоа многу ми сметаше, а тоа е незнаењето или немањето муда на Дирк да ја искористи предноста во висина и тежина над Брус, Финли, па и факинг Ван Ексел у два напади. Сите тие момци се за две глави пониски од Диркулес (Ник две), така да логично е да се претпостави дека тој цела утакмица ќе ги спушта доле на пост и дека тоа ќе биде дел од тактиката на Ејвори, нели? Е па не баш.
Шутот од игра на Дирк вчера е јасен показател дека тој не знае да ја искористи предноста над своите чувари, нешто што со него се дешавало и лани и преклани у плеј-офот.
Тоа дека шутна 24 слободни не го вади, зашто најголемиот дел од фаулите над него беа откако Спарси ќе излезеа од бонус, а не на шут или влез.


Не може да се очекува Дирк да игра еден на еден со играч побрз од него на 6 метри од кошот, тоа не е неговиот комфор зоун кога го чува некој како Боувен или Финли. Местото му е на пост.
Единствените два пати кога се спупшти на пост, Дирк имаше две чисти асистенции и се надевам дека тоа ќе биде нешто што ќе му ги отвори очите, пред се нему, затоа што не ми се верува дека Ејвори не сака да го искористи максимално ин д пеинт. Посебно по начинот на кој Мавси буквално се извадија синоќа и да немаа толку среќа (и чудни судиски одлуки) сигурно ќе го папаа у првата дома.
Покрај ова, свака им част за партиите на Девин Херис, кој е како криптонит за Тони Лонгориа, Тимчо Роботчо, на кој очигледно му ги средија сите чипови и Ману, кој откако ќе заврши со играње баскет може слободно да го замени Енди Гарсија.

* * * * *
Еве и НБА ТВ преглед на двете утакмици:
23 COMMENTS