Вчера на програма имав дабл-хедер, кој на крајот, поради чачкалиците у очи, а и плескањето на Спарси сред Аламо се претвори во еден и пол хедер.

Плескањето почна со Пистонси, кои во првите неколку минути им пуштија вода на Кавси, за овие да си се понадеваат дека можат и да направат изненадување. При крајот на првиот период тргна фуријата од Детроит, по која Кавси за само неколку минути се најдоа у минус од 20 поени и кој се до средината на задњата жетвртина немаа абер да го намалат.
Онда се разбуди Леброн, кој успеа да избега од канџите на Тејшон и сите други “клипови”, кои не го удвојуваа, него го утројуваа стално кога ќе примеше топка. Но, ту литл , ту лејт за Кавси, кои со само еден играч само намалија на пристојни минус шест.
Е сеа, да имаа уште некој асален играч, Кави можеби и ќе ги изненадеа Пистонси. Но вака, и ова е успех.
Еве неколку белешки:

Лери Хјуз е тапа. Знам дека и претходно имам напишано дека е утка, но против Пистонси јасно се гледа дека тој е лош Робин за Бетменот Леброн. Типот нема шут од дистанца, а камоли за три, што и тоа како им треба на Кавси кога ќе се удвои Леброн. Плус, одбраната, поради која лани беше испофален Хјуз, оваа година ја нема нигде, а РИП си шутираше кога ќе посака преку него или го поминуваше кога сака за положување.
Едно од тие положувања беше на минута до крај и Кавси у минус од само пет. РИП уште у прв чекор го изгуби Хјуз, кој стигна само да направи глуп фаул за допунско и решавачки плус осум.
Претходно, Хјуз фрли во бунар два напади по ред, најпрво иако имаше чист шут од слободни, тој тргна директно у Бен и направи фаул у напад, а после тоа утна чист шут. Со таков сајдкик, Леброн вади максимум од Кавси.
Серијата со Визардси беше најава, а оваа со Пистонси само потврда дека Кавси нити имаат плеј, нити имаат тренер. Не е изненадување за никого тоа што Сноу е тапа, но кога твојот стартен плеј не може да пренесе топка, онда стварно имате проблем. Дејмон Џонс исто така не беше многу подобро решение, додека нешто малце-малце Флип Мареј успеа да го растерети Леброн од пренесување топка цело време.
Што се однесува до тренерот, цела сезона Мајк Браун својата игра ја базираше на тоа да му се даде топката на Леброн и тој да направи нешто во нападот. Е па, против Визардси можеше така, ама не и против Пистонси, кои се многу добро свесни за тоа и имаат посебен третман за Џејмс. Пред се затоа што нема кој да му повлече кога него ќе го затворат.
Браун е еден од најдобрите ликови во лигата во седење покрај аут линијата и не правење ништо.
Еден од бисерите на Браун беше удвојувањето на Тејшон стално кога овој ќе се спуштеше у рекет против Леброн. Тоа цело време го оставаше сам на тројка Шид, кој си пуцаше како на тренинг. Кога им текна да престанат да го удвојнуваат Принс, Кавси се доближија на помалце од минус десет, ама прекасно.

Пистонси се машина. Тачно дека Кавси се една класа под нив според квалитет, исто како и Бакси, ама досега у плеј-офов тие покажаа дека се најопасен тим и заедно со Далас најозбилни кандидати за тронот на Спарси. За разлика од пуно од вас, на кои знам дека им се мрски, мене ми се милина за гледање. Секој си ја знае својата задача, секој стартер освен Бен може да погоди за три или да изигра еден на еден кога треба, а у одбрана сите затвараат и преземаат навреме.
Е, има една ствар која ми ги прави малку мрски, а тоа е Бен Волас, кој лани си лапна уште една дефанзивна титула, тотално деградирајќи ја наградата која на времето ја добиваа еден Џордан, Пипен и Пејтон. Таков балван, без познавање на основни кошаркарски елементи ја немам видено одамна, а неговата одбрана е преценета зошто цела екипа игра тимска јака одбрана. У некој слаб клуб Бен би седел на клупа, како и што беше у Вашингтон и Орландо. Да не зборам за непостоечкиот шут, посебно од слободни, каде лани имаше едно убаво бунарче.
Знам дека заради тоа што е балван и неталентиран до коска Бен заслужува почит, и тоа и го има, ама мислам дека е многу лоша реклама за секој кој знае дека у НБА играат најдобрите.
Толку од Кавси и Пистонси, кои ќе биде изненадување ако одиграат повеќе од четири, ај преку сила пет средби. После нив, одма следуваше второто плескање по ред, она побитното и поголемото кое Мавси го приредија сред Аламо.

Ако некој ги знае Поп, Тим и Спарси, онда тоа е Ејвори, што се покажа синојќа. Малиот генерал пак го остави Данкан да си игра, иако го ограничи неговиот ефект од поле, терајќи го да се поти од слободни, а играта ја убрза со Девин Херис, потег кој Поп веројатно не го очекуваше.
Херис покажа дека Паркер не е 100% или Ева има добиено и заедно со Хауард, Тери и од клупа Стекхаус ја бушеше одбраната на Спарси, кои за прв пат после долго време делуваа споро, старо и немоќно.
У таа прича се вклопи и Ману, кој исто така не е 100% и кој у овие две средби со Мавси не е никаков фактор.
Единствена добра вест за Сан Ан. од вчера е тоа што серијата прави пауза од три дена, што ќе им даде барем малце време за одмор. Мада, како што играа досега, џабе ќе им бидат и 15 дена кај Тимчо Роботчо дома на Вирџин ајландс.