напомена од директорот Shepard: сменета е анкетата (лево у сајдбарот)

Тоа што Пистонси играат со Кавси во 2. рунда само додаде уште масло на муабетот за споредбите меѓу Мајкл и Леброн. Така да, вакви текстови не треба да изненадуваат и сигурно ќе се множат деновиве.
Она што мене не ми се свиѓа, уште од времето на Мајкл, а и на Меџик, Бирд и др. е тоа што увек се бара “следниот”, посебно следниот Мајкл. Па, се прават тешки глупости и се става притисок на некои млади момци кои едноставно тоа го немаат во себе и во секој случај се сосема различни индивидуи.

Така ги имавме бебешките споредби со Мајкл и Шек: Харолд Мајнер?!?!?!? беше Бејби Џордан, Еди Кари – Бејби Шек.

Имавме споредби кои се базираа чисто на бојата на кожата, како таа на Дирк со Лери, иако станува збор за тотално различен тип на играчи. Тука може да се додаде и Кристијан Лејтнер, кој пред да замине од Дјук го нарекуваа следниот Мекхејл.

Ипак, најмногу споредби имало баш со Мајкл. Од тотално глупи како тие со Мајнер, Стекхаус, Хил, па до не толку мрски како тие со Коби.

Ипак, главната грешка е во тоа што воопшто се бара “следниот”. Секоја од тие легенди обележа дел од историјата на НБА и беше уникатна личниост, исто како што се некои сегашни НБА фаци, кои се уште си го бараат местото меѓу легендите.

Нити Мајкл беше следниот Др.Џеј, нити Лери беше следниот Петит, нити Шек следниот Вилт. Исто како што Леброн не е нити следниот Мајкл, Лери или Меџик, (иако во својата игра има елементи на сите тројца), нити Коби е следниот Мајкл, нити Неш е следниот Стоктон или Амаре следниот Мелоун (бирајте, Карл или Мозес).

Споредбите се некогаш основани само ако се мисли на влијанието кое некој играч го има врз играта, врз менувањето на сфаќањата и пристапот кон кошарката. Никако споредбите според тоа што го прават на теренот или пак бојата на кожата. Ако критериум е само она од првата реченица, тогаш следниот Мајкл би можел да биде само Ајверсон.

Знам, знам, зашто сеа Ален? Е па, затоа што ако погледнете подобро како се гледаше на НБА 1996 година кога Ален дојде во лигата и како на неа се гледа денес. Затоа што пред Ајверсон да почне да прави плетенки, никој жив во историјата на лигата немал таква фризура. Затоа што освен пред Ален, секоја тетоважа влечеше споредби со фрикот Родман и секој кој беше малку повеќе ишаран се сметаше за фрик. Затоа што Ален инспирираше цела генерација млади играчи, не многу повисоки од 185 цм., а последен од нив е Крис Пол. Затоа што како што Мајкл беше се што НБА претставуваше, така Ален беше, а донекаде се уште е се што НБА не би сакала да биде. Затоа.

Нормално, ова не е пост за Ален, зошто знам дека за некоја година ќе почне да се бара следниот Ајверсон, исто како што ќе се бараат следниот Коби, следниот Леброн, Гарнет, Данкан итн., колку и да звучи тоа апсурдно.

Никогаш нема да има следен од било која НБА легенда или легенда ту би. Тоа е за оние кои живеат во минатото или па не им се свиѓа сегашноста, па бараат иљач во иднината.

(Постов тргна од идеја да стане некој вид привју за втората рунда, а се претвори во нешто сосема поинакво. На кратко, три тесни и една лесна серија за Пистонси).

ПС: Само за Бето. Вечер у 02:00, Мајами – Њу Џерси. (Или ипак не?!?!?)

Ај, ќе бидам дарежлив, еве го распоредот на Спорт4 за цела следна недела. И после ја сум бил стиснат.

Вторник, 09 MAJ 04:30 FENIKS – LA KLIPERS

Среда, 10 MAJ 03:30 SAN ANTONIO – DALAS

Четврток, 11 MAJ 02:00 MAJAMI – WU XERSI

Петок, 12 MAJ 04:30 LA KLIPERS – FENIKS

Сабота, 13 MAJ 23:00 DALAS – SAN ANTONIO

Недела, 14 MAJ 21:30 WU XERSI – MAJAMI

Вторник 16 MAJ 01:00 KLIVLEND – DETROIT

* * * * *

За малце ќе заборавев. Марче пред некој ден ми го прати својот НБА фудбалски тим, кој вчера, на моја сугестија, го апдејтуваше малку. Мислите дека овие момци би имале што да кажат у Дојчланд за месец дена?
(До кај сте со албумот за Светско?)

50 COMMENTS