Reality Bites
Posted by Karakash Under Општо / Разно on Sunday May 7, 2006
Пред некој пост (скролај надоле) ставив слична ваква слика, само со Неш на неа. У моментот тоа одговараше на актуелната ситуација. Со оглед на тоа што се дешаваше сабајлево во Аризона, сликата мораше да претрпи ситни измени.
Shepard’s take: Она што се случи синоќа во Феникс, беше ДЕБАКЛ. Не ми иде некако да се изразам.. ама ќе пробам. Со рандом мисли..
Лејкерси влегоа поразени. Од првите минути и серијата 10-0 се виде што ќе биде.. После тоа, некако воспоставија „контакт“ и предноста се туфкаше од 15 до ако не се лажам 9 поени..
И после тоа Барбоса, Тим Томас и Диа завршија работа..
Нешто што не го применија пурпурните беше заземјување на напнатата утакмица. Кога Коби ја даде тројката за 9 разлика, тука мораше да се крене рачна, и да се задржат налетите на Феникс.
Правило од учебник е дека кога се брка водство треба да се стегнат зуби. Така, округло десетте на Феникс требаше да станат долна граница, односно да не се допушти нешто изнад таа цифра. И наместо да загризаат ЛА, дозволија тоа да биде најмалата предност, односно дозволија противниците да ја зголемат (на крај искочи дека ја умножија).
Коби имаше само 16 упатени..
Мислам, тоа е тоа. Прегазување со ваљак и убивање на секој грам самодоверба..
Градско дерби ќе беше боље.. онака, Лејкерс – Клиперс, тоа ти е као Милан – Интер, Реал – Атлетико, Баерн – 1860 Минхен, Работнички – МЗТ, Ливерпул – Евертон, Јунајтед – Сити..
Како и да е, плејофот иде понатаму, а што се тиче Лејкерси, редно е малце поасолен пазар да напраат..
Толку со овој тим. Мислам дека е максимумот.

