Таксират

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Friday May 5, 2006

Се обидувам да бидам објективен, ама не иде.

Лејкерси неправедно изгубија во натпревар во кој неправедно ќе беше и да победеа.. судиите се глупи, да, ама тоа е..

Врвна утакмица, не може никој да спори..

Меѓутоа, се потврди уште еднаш дека во играта на Феникс тешко дека некој може да им парира. Сепак, Коби и другарите вчера беа и повеќе од солидни противници. Речиси перфектна игра, која не беше доволна за победа..

Смуш е крив, ама и не е крив. Се истроши кутриот бркајќи го Нешти.

ЛАЛ ги натскокаа Феникс со 12:6 во офанзивни, 39:31 вкупно. Имаа ист број на украдени топки, а сепак, ЛАЛ имаа дури 20 изгубени наспроти 13 на Феникс (тоа се 7 напади помалку). Веројатно тука се виде глупавоста на судиите (за личните во напад). Но, тоа е. Во плејофот не смее да се вади на судии – едноставно, изгубивме.

Коби убаци 50 поени на 35 шута, со 57% реализација.. а Леандрињо Барбоса убаци 22 со 7/9..

Неам зборови. Квами 8/9 од поле.. ЛО на раб на трипл дабл.. се жртвуваа, играа.. ама тоа е плејофот. На сите виновник им е Смуш, ама ја не го кривам – дечкото е тој, даде све од себе во одбраната, а сепак не го успори Неш.. ама толку е, тоа се неговите можности. Некогаш ќе даде 20, некогаш ич.

Сега мора да се тотално фокусирани на седмата утакмица, но со таа разлика што сега повторно се во иста ситуација како пред почетокот на сезоната – тотални аутсајдери, а згора на се` имаат каде каде разнишана самодоверба после двата последователни порази (особено депримирачки е вториов, на свој терен у продужение).

Феникс победија со 6 играчи.. Тим Томас пак џокер.. не ми се верува еј, ТИМ ТОМАС.. Коби тоа што го утна у последна секунда се обиде да го надокнади во продужение.. капак на све, слободните на Џорџ..

Вака мизерно не сум се осеќал од финалето со Детроит.

Но едно останува сигурно. Без оглед на исходот на серијата, без оглед на тоа кој ќе биде МВП, конечно Коби почнува да ги добива признанијата за сопствените заслуги. ЛО стана тоа што се очекуваше од него, Квами го надминува комплекот на „уште една утка“, Лук пружа игра која е над неговиот потенцијал (изненадување у пм), Вујачич си обезбеди место и за догодина..

Треба да се стегнат заби и да се отпатува во Феникс со крената глава. Треба достојно да се заврши ова поглавје, како што му доликува на еден од најглорифицираните НБА тимови, во обид да се отвори нов лист, „градско дерби“ со Клиперси.

Сепак, и да заврши утре сезоната на Лејкерси, јас ќе бидам задоволен со оглед на она што го очекував од нив пред неколку месеци.

Ќе се памти.. ќе се памти гејм 4.. ќе се памти куцањето преку Неш..

14 COMMENTS

Шу-у-шшш

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Friday May 5, 2006
Самба, кроасани и Трапери у Ел-Еј (Упозорење до Шеп: Не ја чепкај сликава!)
Дизелот поскупе….стварно поскупе
Инди 500

Шшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшш………..штама у “Стејплс”….а богами и у “Консико” и “Јунајтед”……текст следи покасно…..(али ќе го пише Шеп!)

УПОЗОРЕЊЕ ОД ШЕПАРД: НЕМА ШТАМА. И НЕ СИ ИГРАЈТЕ СО СРЦЕТО НА ЛАЛ ФАНОВИТЕ.

In Kobe we trust
21 COMMENTS