Се вратив(ме)…
Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday May 3, 2006Ајм бек, и тоа на стара локација. Како што напиша Шеп на рапид, имаме технички проблеми поради кои си остануваме тука. Ќе биде на лето. Ипак треба време некои ствари да се усогласат и средат. Иначе, тоа не е изненадувањето, кое е нешто поголемо од тоа. Мада, и супрајзот поради друг вид технички причини и виша сила ни е на пауза.
Како и да е, дури ме немаше се десија едно чудо ствари у плеј-офов, од кои дел ќе пробам да ги сварам со поглед на секоја серија посебно. Идеме.
…(Ако целиот текст ви делува како еден параграф, не е до вас, него до нас. И тука имаме некои технички дификултис (ептен популарен збор у постов), кои ќе глеаме да ги средиме убрзо)…
Први ги стаив затоа што одиграа Гејм 4 кој сигурно ќе остане класика. Ја успеав некако да начекам преглед на НБА ТВ у Охрид (да, имаат, и тоа по цел ден) и да го видам лудилото кое се дешаваше у задњите минути на рег. дел……..Изгубената топка на Неш, положувањето на Коби, тројката на Стиви, мртвата топка, шутот за победа на Кобстер. Лудило…
Тоа што на таа средба се дешаваше најдобро може да се сумира со сликава:
Ако Коби не е МВП, онда не треба да биде ни Неш. Нека бидат Дирк или Леброн, они у плеј-офов барем покажаа дека заслужуваат.
Да нема забуна, Нешти ми е еден од омилените ликови, а за тоа колку е влијателен кажува линков за 100-те највлијателни ликови у светот. Неш е меѓу нив и тоа у доста одбрано друштво. Плус, никако не шкоди тоа што текстот за него го напиша Баркли.
Синојќа Санси малку сменија стил на игра, одиграа погрубо и конечно се растрчаа и на крај нормално тепаа. Ја изгледав онака со дремење, али неколку лакти ме разбудија.
Прво погледнете го ова, ако не сте го виделе до сега, па ќе збориме:
Видовте? Цела утакмица Бел и Коби си влегуваа у фаца и на крај и двајцата беа искључени. Ипак, овој екстремно глуп потег на Бел може да се покаже како Кобeн за Санси, затоа што сум сигурен дека ќе лапне суспензија за Гејм 6. Мене ми личеше како да сакаше да му скине скалп на Коби.
Језива работа со Коби и Шек и тоа што нивните тазе ќерки овој викенд им се родија со разлика од само шест минути. За да ја покаже новооткриената љубов кон тимската игра па бебето го крстил Смуш Брајант….Кутрото девојче, како само ќе го јаде у школо.
Од третата средба навака не гледав ништо од нив, иако баш третата беше класика, барем задњите секунди. Леброн ги реши со шут у финиш, иако ако се погледне подетално, направи кораци. Нема врска.
Она што оваа серија го потврди дека у неа има двајца играчи кои никој жив не може да ги чува. Аринас и Леброн. Тоа кажува многу за нив двајца, но и уште повеќе за тоа кој би можел да ја добие оваа серија на крајот, а тоа е тимот чиј остаток од екипата ќе одигра боље од другите епизодисти.
Некако ми се чини дека Визардси се у предност, само поради тоа што без Леброн, Кавси се тешки мрцини и не можат да изиграат ништо.
Спарси си ја добија клучната 5. средба у која Ману конечно избега на фатот на Рон-Рон. Баш нивниот дуел беше решавачки и на двете у Сакто, но у финишот на третата Грег Попович направи една од ретките свои грешки евер.
Иако Рон го стави у мал џеб Ману цела утакмица, Поп одлучи не еднаш, не двапати, него трипати да го изолира Ману со Артест. Голема грешка.
Синојча Ману стана Мано и покажа дека знае како со Рон-Рон.
Она што од цела серија ме фасцинира играта на Бонзи, кој со 24.4 поени и 12.2 скокови е прв стрелец на Кингси и прв скокач у цел плеј-оф (заедно со Одом). Поп и Спарси немаат решение за Велс, кој си игра со нивната одбрана.
До негде е и разбирлива играта на Бонзи, ако се има во предвид дека летово е фри-ејџент. Се ми мириса на понуда од некои 80 милиони од Ајзеа.
Е сеа, уште Биби и Милер да беа поконстантни, па да го поминат Аламо. Што нормално, нема да се деси.
Баш оваа серија е показател кој е бољи дефанзивец, Рон или Боувен. Бонзи јасно ни покажа колку уствари Бруси е квалитетен дефанзивец еден на еден.
Вејд ги спаси у синојча, ама и да минат даље, мислам дека Мајами више испадна од плеј-офов. Тотален колапс у комуникација меѓу играчите и жив доказ дека одамна му поминало времето на Рајли.
Поради никаквото движење на соиграчите Шек секоја утакмица заглавува со лични, што Булси барем синоќа не знаеа да го искористат (Бен и Кирк:1-11 за три!).
Вејд и да игра до крај на плеј-оф, така повреден нема да биде многу од корист, барем не у дуел со Детроит. Дежа-ву работава.
Една ствар од целава серија е емерџингот на Андрес Носиони во ЅВЕР.
Настрана експлозијата у Гејм 3, Бакси си се Бакси на другите средби. Пистонси вечер завршуваат работа.
Чоте кажа се за оваа серија, која мене ми е најчудна од цел плеј-оф досега. Уште у најавата пред сезоната напишав дека ако Нетси сакаат да направат нешто, Ненад Крстиќ ќе мора да созрее у да биде фактор, што и се дешава цела сезона, а посебно со Пејсерси и неговиот дуел со Џермејн.
На крај, конгратс за Клиперси и Мавси, кои лесно си ги смскаа Шнагетси и Шгризлиси…У претпоследниот НБА ден, Клиперси намерно изгубија у Мемфис, за да играат против Денвер у прва рунда. После тоа, Фратело изјави дека они победиле зашто сакале да играат против Далас.
Ете ти Мајк, пази што ќе посакаш следниот пат.
И, на крај, Торонто следната сезона ќе има нови дресови. Слушна, Зналац?:)















