“О, мон диу, ај хит з вининг шот. Вива ле сирк д Соле” – беа првите зборови кои излегоа од устата на Борче Диа по големата победа на Феникс сабајлево сред Далас.
“Ду винершницл думес кроасан французен шајзе Пјер Папен” – рече Дирк и замина во соблекувалната.

Сериозноста на страна, Гејм 1 од финалето на Западот беше чиста класика и стварно ми е криво што читам по коментарите дека ретко кој од вас имал можност да ја гледа. Затоа у кратки црти еве што се дешаваше на крајот:
Далас можат слободно да си маваат глава у ѕид што дозволија да изгубат добиена средба, посебно на хартбрејк начинот на кој го папаа сабајлево.
Си имаа плус девет на три и пол минути до крајот и сите у Далас си беа насмеани и весели. Се додека “нивниот” Нешти не им го закопа у грб.
После тоа како одигра вчера, не би требала да има више никаква дискусија за тоа дали Стиви ја заслужи својата втора МВП титула по ред.
Малиот Канаѓанец сам направи серија од 10-2, у која убаци две тројки, две слободни и едно лудо положување преку Дирк у кое имаше чист фаул слеџа на најдоброто му другарче. Како да не беше тоа доволно, откако Ејвори го стави Маркиз да го чува наместо Тери, Нешти фрли перфектен, ама ПЕРФЕКТЕН лоб пас до Мерион за лагано, пензионерско куцање…и водство на Санси.
Мавси го имаа задњиот напад, барем така делуваше на старт и одиграа одлично движење на топката кое на крај го остави сам нивниот најдобар играч на средбата Херис на некои четири-пет метри од кошот, шутче кое Девин мирно го погоди за +1 на Далас на 4.8 секунди до крајот.

Бркот викна тајм-аут, по кој Тим Томас изведуваше аут. Откако стана јасно дека МВП нема да може да прими пас, Тим одлично го виде Борче кој направи две финти, го излета Стек и погоди не баш лесен шут за два на 0.5 секунди и +1 за Феникс.
Мавси пробаа да направат нешто, ама лоб пасот за Дирк заврши у аут,Мавси фаулираа, сунцата убација две слободни и то је то. Сеа тие ја имаат предноста на меч дома повеќе, нешто што и тоа како се покажа важно за нив у овој плеј-оф.
За тоа дека бевме, а и се уште сме сведоци на еден од најдобрите плеј-офове на сите времиња – нема збор. За тоа дека ова е најдобриот плеј-оф на сите времиња, не знам, ипак не сум ги гледал сите разигрувања од старт до сега, ако некој од вас го гледал слободно нека пише. Иако знам дека Вулканци не не гледаат (мада не би имал ништо против Т-Пол да остави некој логичен комент).
Иначе, Благодарницата на Мавси и Санси ќе им биде врачена утревечер пред Гејм 2.
* * * * *
Линков нема везе со НБА, али ќе ме болеше срце да не го ставев. Зборови не се потребни. Борат у Кан!
* * * * *
За крај, ексклузивна фотка од Поп, Тимчо, Фин, Тони и Ману некаде во близината на Девствените острови.

* * * * *
Толку. За тоа дали вечер ќе има на Спорт4, не знам. За тоа дека треба да им бидеме благодарни за гледањето повеќе НБА у задњиве три недели од било која друга Јуро-земја, освен НБА ТВ – требаме. За тоа дека и коментарот на Синдикејт држи вода – држи. Е сеа, треба да се најдеме негде у средина.
Задња вест: 80-90% вечер на Спорт4 ќе ја има Детроит – Мајами. Откако МакНБА ја гурна работата. Морав да се испрдам малце:)
* * * * *
Допунско: Му реков на Шеп, ама па него не му се фаќа тастатура за утакмицата од сабајлево, која он ја нарече “мрскоријата која го отрезнила, иако бил клен”.
Не дека Мајами и Детроит заслужуваат да се пишува нешто за нив, барем не по Гејм 2, кој беше жива посеровка. Ваљда после толку големи средби у плеј-офов бевме осудени на една ваква.
Мислев да пишам пост, али после долго размислување, од некои две секунди, сконтав дека на тоа вчера нема да му ја направам таа чест. Само ќе спомнам неколку ствари.
- Со кој памет остатокот од Мајами шутираа како луди од надвор и од неизградени позиции од дистанца, кога на секој втор напад го имаа Шек да прми топка на блок, блиску до кошот. Да имаа малце у главата, а и Рајли да им кажеше, Мајами и покрај никаквата игра ќе си тепаше, а Шек ќе имаше некои 30 поени и 20 скокови. Лесно.
- Колку и да е фантастичен Двејн, момакот на моменти, и тоа дооолги, ми се губи од теренот. Иако е у игра, у тие моменти не прави ништо, барем не корисно за екипата, а деветте изгубени топки секако дека не им дојдоа добро на Хит. Малце ме чуди ваквата негова игра, затоа што за разлика од Леброн, или па Коби, он барем има со кого да подели пас, да излезе од блок или да спушти топка у рекет.
Е сеа, па у моментите кога е со главата у игра, нема човек кој може да го запре. Само малце почесто да имаше такви моменти.
- Тејшон “Богомолката” Принс е кључот на Пистонси у овој плеј-оф. Кога игра тој, игра и Детроит. У победите Тејшон има просек над 18 со 49% реализација, а у поразите едвај 14 со 41%.
- Исто како Принс кај Пистонси, така и Вокер е кључот за Мајами. Кога игра како у првата, Мајами нема проблеми, кога игра како вчера, а тоа е почеста глетка сезонава, Шек и Вејд остануваат сами у напад.
- По некоја логика, како што влегуваат во играчки зрели години, а потоа и стануваат ветерани, играчите се помалце играат на снага и физички предиспозиции и се повеќе им проработува интелектот. Барем така би требало да биде. Пејтон, Вокер, Морнинг, Шендон итд. вчера беа анти-пример за такво нешто. Како со физ. способ. да им се намалил и капацитетот на мозокот, а богами и видот.
- Хаслем е ТРУБА. У овие две одигра цели 53 минути у кои убаци цели два поени.

- Она со годините би требало да се однесува и на судиите, у некоја мерка. Ама не и за оние од сабајлево. Да нема забуна, јас сметам дека судиската работа е една од најтешките во про-спортот, ама па и да се прават толку грешки низ целиов плеј-оф е претерано. И што мајка бара уште геријатрикот Бевета да суди со негови 66 години?!?!?
Дик одувек бил познат дека сака да биде у центарот на вниманието, а така беше и вчера, посебно по фаулот на Шендон над РИП, кој не знам по која основа беше свирнат како намерен. Труби.
Реков малце…