Wild Wild West

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Friday Apr 21, 2006

Сан Антонио (1) – Сакраменто (8)
Кингси со Артест се препородија и наместо да испаднат од Лига, влегоа во плејоф. Спарси, на крај, кога сите беа со мислите во плејоф и се одмараа, со својата спартанска игра и железна дисциплина, си тепаа трт-прт со Хјустон, на сигурното, и сл.. Спарси се бранители на титулата.. на сите позиции се појаки и имаат подолга клупа.. имаат бољи тренер.. не знам што би барале Кингси во овој дуел. Сепак, у тек на сезона, скорот е 2-1 за Спарси (ако во плејофот нешо значи).. Шариф прв пат у плејоф..
Прогноза: 4-0, 4-1 ако им попуштат

Феникс (2) – Лејкерс (7)
Кхм, ќе се обидам да надвладее објективноста у мене.. значи, Феникс оваа сезона им ги затнаа муцките на сите што викаа дека без Амари ќе биде премија секое плејоф место.. иако на моменти нестабилни, рокаа, особено со играта во нападот.. Нешти е незадржлив.. и би требало да игра.. Коби е исто така незадржлив, ама нема потпора.. не верувам лесно да се предаде.. Коби, а и Фил не испаѓаат од плејоф без победа..
Прогноза: 4-2 за Феникс, ама моето сценарио* не треба да се отпише..

Денвер (3) – Клиперс (6)
Денвер се трети зашо играат у „најјаката“дивизија.. предност на домашен терен ќе имаат момците од ЛА.. уствари, Нагетси имаат исти скор ко Сакраменто.. Клиперси се појаки у многу сегменти.. овие не се за потценување.. сепак Колорадовците немаат одбраа.. Бренд за прв пат у плејоф, ќе даде све од себе.. фактор може да биде Кесел.. Кармело е клач.. другите се шупаци, особено Милер и Мартин.. 3-1 у регуларна сезона за ЛА, хауевр.. Џорџ Карл изглеа нема да може да се справи со втората најлоша одбрана во конкуренција на плејоф екипи (најлоша е Феникс, ама они надоместуваат со 200 постигнати кошеви).
Прогноза: 4-2, ваљда, за Клиперс, ама може и полесно да пројдат

Далас (4) – Мемфис (5)
Најголемата вуна у плејофот.. Мемфис сезонава е рамо до рамо со Спарси и Детроит по одбрана.. Гасол вс Дирк – ултимејт дуел на Европејците.. сепак, 3-1 во сезоната за Мавси.. сепак, Мемфис влагаат со пет победи по ред во плејофот.. биче жустро, ама ако у првите две не напраи ништо Гасоламабад, ондак, ги отпишувам. Е Мемфис без две победени нема да се предадат.
Прогноза: навивам за седум, ама може да биде и 4-2 за Мавси

(*) моето сценарио: Лејкерси ги тепаат Феникс 4-2 у прва рунда.. у втора им идат Денвер/Клиперси.. ако се првите, иаме предност на домашен терен, ги буфтаме.. ако се другиве, градско дерби, сите фаци за нас навијаат, Снуп мести утакмици и така.. после тоа, иде Далас.. претходно Новицки нешо виткал глуждови со Мемфис/Спарс, се истрошиле у две серии по седум утакмици.. тепаат првата, ама после се повредуе Диркулес.. и тука стапуе Коби на сцена, 50 поена у просек, Ламар користи дека го нема Дирк.. у финале ни иде Мајами.. тука нема спорење – Коби го става Вејд у џеб, Шек не може да се снајде против Бајнум (џокер за у финале е он), онака го провоцираат, праи технички, Рајли нема срце да се бори со ЛАЛ.. и стасуеме до седма утакмица, вуна, жустра, овертајм.. у последен напад, +2 за Мајами.. 10 секунди, Коби ја примa, го проаѓа Вејд, ролинг поред Хаслем и на Дебелиот У ФАЦА.. со фаул, а му се беси на ушка ко Свифт на Новицки преклани.. онака цела Флорида ќути.. дава допунско.. 3 стотинки до крај.. ја фрла Вејд од уџум.. ништо.. тишина.. Лејкерси рипаат, се радуваат..

И така, почиња плејоф.

Линак – Енко тејкс он ист

26 COMMENTS

East is East

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Thursday Apr 20, 2006

60. НБА сезона заврши синоќа, а последниве неколку дена беа дрн-дрн јариња, со утакмици у кои главните тимови си ги одмараа ѕвездите, а оние кои требаа да си тепаат за подобро место у плеј-оф, си тепаа.
И у таква атмосфера, Спарси стигнаа до рекордни во историјата 63 победи, Реј Ален стана игра~от со најмногу тројки во една НБА сезона, Коби стана играчот со седма најдобра поентерска сезона во историјата на лигата, а главна вест ипак е пензионирањето на Грег Остертаг.

Пред нас, по ден-два одмор е она главното, делот за кој озбилните екипи играат цела сезона. Плеј-офот стартува у сабота вечер, а првата ТВ утакмица кај нас ќе биде у недела, и тоа на задоволство на сите фанови на Лејкерси (а, ги има) и на Феникс (ги има и нив), у девет вечер првата меѓу Санси и Кобиси. Ова е од сигурни извори.

Еве краток преглед на мечапсите од 1.рунда:

ДЕТРОИТ (1) – МИЛВОКИ (8)
Се освен чисти 4-0 ќе бидат неуспех за Пистонси, на кои ќе им треба некој ден плус одмор за да се спремат за поважниот дел од разигрувањето на Истокот. Бакси им правеа малку проблеми на Пистонси оваа сезона, ама не гледам простор како би ги изненадиле и би победиле на повеќе од една утакмица. Тоа дека Ред ќе изигра, ќе изигра, ама не знам кој друг од Милвоки би можел да му помогне, посебно не во одбрана, каде тие се едни од послабите во лига.
ПРОГНОЗА: 4-0

МАЈАМИ (2) – ЧИКАГО (7)
Со оглед на тоа дека во плеј-офот играта е многу поспора од сезоната (освен ако не се викате Феникс), не гледам каква шанса би имале Булси против Мајами. Контрите им се единствен контра-удар против Шек, за кого немаат решение, посебно не со страшната дупка у рекетот. Плус, ако се одлучат да го удвојуваат Дизелот, тука е Двејн. Доста им е што уопште влегоа у плеј-офот.
ПРОГНОЗА: 4-1

ЊУ ЏЕРСИ (3) – ИНДИЈАНА (6)
Единствената шанса за Пејсерси да ја анулираат предноста на Нетси од домашен терен се Џермејн и играта во рекетот, пред се затоа што освен Крстиќ, Нетси немаат ни еден асален играч у рекет. Ипак, Кид-Џеферсон-Картер е трио за кое Индијана нема одговор во одбраната, посебно на плеј, каде нестабилниот Тинсли го остави сам некогашната измена за Кид, Ентони Џонсон. Њу Џерси е една од оние екипи кои кога ја играат својата кошарка можат да победат секого, а Пацерите нешто ни не ме убедија сезонава дека можат да одиграат добро цела една серија со озбилна екипа. Сепак, може да биде тесно.
ПРОГНОЗА: 4-3, а можда и 4-2

КЛИВЛЕНД (4) – ВАШИНГТОН (5)
Мора да има некоја причина поради која Визардси така страшно посакуваа да играат против Кавси во 1.рунда. Аринас енд ко. лани добро покажаа дека не им смета да бидат со меч помалку дома, кога со седма у сред Чикаго ги избација Булси. На дригата страна, Лебронси за прв пат се у плеј-офот по 1998 год., така да плеј-оф искуството секако е на страната на Визардси. Леброн ќе мора да добие помош од Зззз и Хјуз, кој ќе игра против своите. Ипак, главната ѕвезда е Леброн, кој верујем дека спрема нешто спешл за својот прв плеј-оф евр. Ви текиња на Мајкл 1986? Само да не изгубат како Булси таа година. Ако има место за изненаџење, тоа е тука.
ПРОГНОЗА: 3-3 до седмата, која ќе биде вуна.

Утре следи Западот.

13 COMMENTS

Open your A.I.’s

Posted by Karakash Under Играчи, Легенди on Tuesday Apr 18, 2006

Photobucket - Video and Image Hosting

Признавам. И јас бев еден од оние кои не го поднесуваа Ајверсон.
Но, за разлика од најголемиот дел типови, кои својот однос кон Ален го градеа според неговиот изглед, јас го немав тој проблем. Мене не ми сметаа ни тетоважите, ни корнроусите на главата, нити пак целиот гето имиџ кој Ален го носеше со себе.
Не. За разлика од другите, единствена моја замерка, поради која и не ми се свиѓаше Ален беше неговата игра.

Едноставно, не можев да се најдам во играта на тип кој, барем тогаш, според мене беше анти се она што јас го сметав за кошарка (Како да не сфаќав дека човекот поради кој јас почнав да гледам НБА беше сличен тип на играч како Ален, со слична кариера – и најверојатно на сличен начин ќе им завршат кариерите и на двајцата).
Во моментот кога влезе во лигата, Ален беше се она што Мајкл не беше. Беше во некој поглед: Анти-Мајкл, иако како што поминуваше времето стана јасно дека двајцата се многу послични отколку што било кој можеше да се надева.

Немаше точен момент кога нешто во мене се скрши, кога ми се отворија очите и почнав да ја контам големината на еден Ален Ајверсон, големината не само како играч, туку како лик, кој со својот стил на однесување, со својот однос кон секоја средба како последна во животот, како некој кој смени доста работи поврзани со тоа на кој начин денеска се гледа на типовите како него.

Сфатив дека па ич и не треба да ми биде гајле за тоа што Ален прави вон теренот, тоа што касни на тренинзи и тоа што стално иде контра тренерот. Сфатив дека тоа не е мој проблем, тоа е проблем на газдите и генералните менаџери на клубовите, не мој, не наш.
Сфатив дека, да не беше тој, пацери како Дикембе, МекКи, Сноу, Хил и компанија никогаш немаше да го помирисаат НБА финалето.

Сфатив дека ретко кој од сите нас веруваше дека Ален ќе издржи десет години во лигата, не според неговиот стил на игра, не според неговиот начин на живот.
Сфатив дека додека сум ги гледал сите негативни работи околу него, не сум можел да им се воодушевувам на сите големи работи кои Ален ги правеше, и ги прави на теренот.
Веќе не е така.

Ален, како ретко кој досега, уствари, никој досега, во својата десетта НБА сезона ја одигра својата најдобра сезона во кариерата.
Нити Мајкл, нити Вилт, нити Лери, нити Меџик или Хаким не го направиле тоа. Сите тие, кои од својот старт на кариерата биле лидери на своите екипи, паднале после девет сезони во лигата.

Не и Ајверсон. Оваа сезона тој има подобра сезона и од таа кога беше избран за МВП, но слабите соиграчи и уште послабиот тренер, значат но-плеј-оф и но-МВП за него. Некои амерички колеги дури отидоа до таму што на нивните Топ 10 играчи и таленти оваа сезона не го ставија Ален, што нормално, е чиста глупост.

Но, нема врска, не се они криви што уште не ги отвориле очите. Не се они криви, ќе им се отворат.
Јас ги отворив, и под сите стегачи, тетоважи, плетенки и хеланки, видов чиста кошаркарска големина, една од најголемите кои се појавиле во НБА во последниве 20 години.

Еден ден ќе сфатат.

40 COMMENTS

Или 2 нови деца + нешо малце од Шеп, дека идеме у плејоф

Првото ново дете, уствари не ни е ново. Тоа е ентитетот Бодан, кој е активен у коментарите и се реши да ни прати мејл за негова топ листа на забивања, пропратена со неколку линаци од клипове и слично.

После сомнителната победа на Неjт Робинсон на натпреварот во забивање и клипот со кој многумина не се сложија дека е топ 10 забивања на сите времиња еве мое видување на данк историјата.

1.Michael Air Jordan: Податоците за неговиот одраз варираат од 108 до 122 см.Но тоа што го прави поразличен од другите е hang time или способноста да лебди во воздухот.Неговото прво данк искуство е уште кога бил висок 176 см, а во НБА историјата ќе останат запаметени неговите забивања in your face, tomahawk со десна рака и превиткано тело, забивањето од слободни.

2.Julius Dr.J Erving: Можеби и ќе се решев токму него да го ставам на прво место, но од навивачка гледна точка сепак е само втор:) . Големиот распон на рацете, неверојатната големина на дланките и одразот од 104см го правеа забивањето за него, најлесна работа на светот. Пионер е на забивањето од слободни, а се смета дека заедно со Д. Вилкинс имаат највеќе забивања позади грб од игра. Ако на ова се додаде елеганцијата и харизмата на Др Џеј, ќе остане жалењето што играл толку “одамна“!
3. Dominique Soaring hawk Wilkins: Kралот на крвничките забивања! Првпат забил кога бил висок 172см. а се смета дека имал одраз од 106см. “Празникот за очи“ како што му е еден од прекарите низ кариерата, ќе остане запаметен по неговите windmil, reverse double pump jam, tip in забивања. За Доминик во почетокот на неговата кариера кружела гласина дека може да забие со три топки во еден скок? (од Шеп, процедурално: ова е неизводливо да го ебам! ама ај да не се убаци Енко, мора да кажам дека коа Доминик е у прашање, све е могуче) Сепак е на трето место поради многу лошиот одраз со една нога.

4.David Skywalker Thomson: Идолот на Џордан (додека бил мал) има одраз од 110-122см во зависност од изворот на податоците. Иноватор на забивањето со вртење од 360 степени; можеби бил поатрактивен од Др Џеј но малите дланки му правеле проблем што дури со крајни напори ја држел топката со една рака. Од безбројните неверојатни забивања најповеќе запаметен ќе остане неговиот tomahawk pull up.
5.Clyde the Glyde Drexler: Најелегантниот dunker на сите времиња! Леснотијата на забивање ја оправдувал со податокот дека како помлад тренирал на кош висок 315см. Ќе остане антологија неговото забивање од игра со одраз половина метар зад цртата за слободни на кое му претходи дриблање од под својот обрач.

6.Kobe Mamba Bryant: Не претерано жестоки (пред се префинети) но сепак низата забивања “во фаца“, забивањата после финта на прв обрач и 360 го донесоа Коби во избраново друштво (ај добро,и за атер од Шеп – а Шеп вика со кој образ дури шести?! :) ). Дечково го избрав пред Винс заради одразот со една нога од “само“ 96см. притоа не можејќи да се види разликата од останатите кои својата скочност ја мерат со десетици сантиметри повеќе.

7.Vince Half Man Carter: Податоците за неговиот одраз варираат од 106-120см но она што го прави еден од најдобрите данкери е екплозивноста при полетувањето. За него е доволно само да се каже дека не постои забивање кое неможе да го изведе на теренот, затоа и ќе биде смешно да го пишувам репертоарот на неговите забивања.

8.Shaquille Terminator O’Neal: Според некои аналитичари играчот со највеќе забивања во историјата на НБА (3200), и на еден меч (11). Ќе остане запаметено забивањето против Нетс во сезоната 92/93 при што се скрши конструкцијата на кошот а семафорот паѓа на грбот на Шек.
9.Spud Mouse Webb: Висок само 170см, Веб е специјална приказна. На публиката во Атланта (нормално и ширум НБА) им носи дотогаш неверојатни забивање за играчи со негова височина. Со одразот од 130-135см. дури е и конкуренција на тогаш неприкосновените Ол-Стар кралеви на забивањето Џордан и Вилкинс (еднаш и победник ’86).

10. Shawn Kemp: Mојот омилен данкер е дури на десетото место. Цепелините со Ракавицата уште долго време ќе бидат дел од најавите за почеток на НБА меч. Но за него нема да пишувам многу бидејќи на овој блог има спесијален пост (прочепкајте по архивата – те го).

Еве ги клиповите кои Бодан реши да ги сподели со нас: 1 2 3 4 5

Последниот е најзакон.

* * * * *

Другото дете, е Парадокс, кој ми дае одобрение да ги објавам сличките што тој ги напраил пред Јунајтед Центар у Чикаго. Е Теко, Теко! (Клик на сликите за да виите шо пишува)



* * * * *

Од другите рабоќе – Лејкерси ги тепаа Сонцата (без Нешти, рука на срце), идеме у плејоф, на Исток Чикаго ги тепаше Мајами, идат и Воловите у плејоф вероватно (сеа Фили ќе вииме шо како..), и идеме така, у плејоф.

И пошто идеме у плејоф, спремаме изненадување, а изненадувањето особено го спрема Енко.

ПС Ме глеаше бе некој у блогоемисијата НЗС? :)

ПМС: Се крчка супрајзот. Иначе, Бодане, забивачите ти се Ок, само што ја би им ги сменил местата на скоро сите од нив. Ќе направиме и ја и Шеп по еден Топ 10 летово. Екстра ти се надимците. Кажи слики, а?:)

45 COMMENTS

Магија во Орландо!

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Saturday Apr 15, 2006

Бај Чоте, новото наше дете. Есма може вода да ни носи.

Со својот скор од единаесет победи и еден пораз во последниве дванаесет натпревари Орландо деновиве го свртува вниманието на кошаркарската јавност кон себе. (каква реченица сум склопил, ала Зоран Михајлов :) ) )
Што се случува со Орландо во последниве 20 дена?
Најпрво, иако знаете сите , ќе споменам дека позитивниве промени во Орландо се случуваат по направените трампи со Детроит и Њуjорк. Главен збор во трампите имаше тренерот Брајан Хил, (веројатно се сеќавате дека Хил беше тренер на Орландо пред десетина години кога Меџик играше во финалето. Го попија тогаш солидно 4:0 од Хјустон и Хако, ама ако се има в предвид фактот дека дебелиот сеуште беше зелен, тоа беше голем успех).

Да почнеме од почеток. На 15-ти февруари најпрво Орландо направи трампа со Детроит во која во замена за Келвин Кејто ги добија Аројо и Миличиќ. Истиот ден, го отпуштија Теренс Морис. Седум дена подоцна повторно направија трејд, овојпат го трампаа “главниот“ играч и “главната“ ѕвезда во тимот Стив Френсис за Енферни Хардавеј и Тревор Ариза. Иако веднаш по трампите игрите им беа слаби (што е и нормално), сепак, со тек на време се подобруваа, за еве деновиве да заокружат 12 натпревари со 92% успех.Да видиме сега како изгледа играта на Орландо низ бројки. Пред испраќањето на Френсис во Њујорк (22.февруари), Орландо имаше 19 победи и 34 порази, а по 22-ри февруари Орландо има 16 победи и 10 порази. Прв стрелец на тимот е Двајт Хауард со 15,6 поени по натпревар, (мај мен Ди Хауард – К.) Хауард е и прв скокач во тимот а воедно и втор во лигата со преку 12 скока по натпревар. Во последно време многу добро играат и Туркоглу и Нелсон, кој фаќа добар ритам по повредите.

Да се фокусираме на послениве 12 натпревари. Она што на човек прво ќе му падне на памет е тоа дека Орландо можеби имал добар распоред, значи слаби противници во серија, па затоа и успеал да направи добар резултат. Но, тоа секако не е точно затоа што во серијава Орландо ги победи најдобрите тимови во НБА: Сан Антонио, Детроит и Мајами (и Далас и Феникс падна негде по пат), а исто така и плејоф претендентите Милвоки, Чикаго и Филаделфија. Друга воочлива работа во тимот на Орландо е се подобрата игра на Дарк-О.Тој конечно почнува да го покажува својот талент, конечно може да видиме зошто беше прв пик. (Втор, Чоте, не греши душа). Мислам дека со тек на време ќе станува се подобар и подобар. Тоа е веројатно и најголемата придобивка од сите трампи, Дарк-О и неговиот талент, на долги стази нормално. А да останеше у Детроит со дивљаците….греота :)
Понатаму, во последниве 12 натпревари најдобар стрелец во тимот е Туркоглу, кој постигнува по 17,5 поени комбинирани со 4 скока. Втор и трет стрелец во тимот се Нелсон (16,9 поени, 2,8 скокови, 4,9 асистенции) и Хауард (15,9 поени и 12,6 скокови).
Ударното трио игра доста стандардно, и комбинира пеесетина поени по натпревар. Ако се земат во предвид просечните (но, стандардни) учиноци на останатите играчи (Стивенсон, Миличиќ), станува јасно од каде доаѓа успехот на Орландо.Друг, веројатно најбитен момент во победничката серија е одбраната. Противниците на Орландо во последниве 12 натпревари просечно постигнуваат по 92 поени. Ако се спореди тоа со најдобрите одбрани сезонава, според резултатот Орландо би бил петти на листата на најдобри одбрани, т.е. на листата на тимови што примаат најмалку поени по натпревар. Сепак, напоменувам, се работи само за резултат од последните 12 натпревари.

Кога се случија трампите на Орландо, барем мене, ми изгледаа наивни, сепак се чини дека направија одлична работа и наредната сезона очекувам да покажат уште подобри игри, и уште поважно да престанат да играат топло-ладно. Сезонава имаа 2-3 “црни“ серии од по 7-8 порази.

Тоа е тоа, “углавном“. Орландо има шанси да игра во плеј-офот. Повеќе теоретски отоколку реално, но сепак, сеуште има шанси. Играат против три тима од Исток кои се борат за плеј-оф, тимови кои им се директни конкуренти за 8. место во Источната конференција. Орландо треба да победи во сите три натпревари до крај, а ако се има во предвид променливата формата на претендентите за осмото место, можеби шансите и не им се само теоретски.

Браво Чоте, као за прв пут – не е лошо. Не болеше нели. Утре да видам чаршаф на тераса:) Еве, добивме и фан на Орландо. Време беше. – Каракаш

23 COMMENTS

MVP down

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Thursday Apr 13, 2006

Остај што изгубија ко Грчка у Детроит, може да испадне дека Кавси загубија многу повеќе од само обична утакмица која не им значи ништо за крајниот пласман.
Е, баш ради ова не ми е јасно со кој памет Мајк Браун го држел Леброн у игра у финиш на трета, кога се више било решено.
Плус, пред некој ден самиот Браун изјави дека ќе почне да го одмара ‘Брон со цел да го има свеж за у плеј-оф.
Сега му останува да се надева дека уопште ќе го има Леброн за у плеј-оф.

…Деновиве можеби немаме дугачки постови, ама за тоа не сме криви ни ја ни Шеп.
Овие од Викед пикчрс не не оставаат на мира и секоја вечер не тераат да снимаме “документарци” со Тера, Џена и компанија,
Знам, одвратно, ама и тоа ќе помине. Кој ги ебе:), од следната недела ние ќе cи гледаме НБА плеј-оф.

Ѕирнете го клипов, (ако уопште ви се укључи). Вреди.

33 COMMENTS

…Или – “Не е се така, црно, барем не сте Шон Бредли.”
Кога у текот на летото никој жив не го спомна тоа, ние пишавме дека Шон Вредли одлучил да стави крај на својата феноменална постер кариера.
Сеа, кога пак никој не го спомиња, ние ја враќаме надежта дека секогаш може да биде и полошо.
Мислам. Барем не сте Шон.
Барем не се движите на пар дооолги соленки.
Барем не ви ја направиле главата тепсија од толку куцања.
Барем на челото немате до крај на животот изгравирано – Спалдинг.
Барем не прават клипчиња од вас и ги постираат на нет.

* * * * *

Не знам зашто, веројатно имаше многу фактори у игра, ама утакмицата вчера меѓу Нетси и Булси ми беше ептен тапа за гледање. Затоа и цело време вртев со даљинското горе-доле. Вриеше од глупи потези, глупи фаули у одбрана и уште поглупи у напад. Фолирање од некои играчи, пред се Винс, кој одамна е влезен у некој бед филм, па се бунеше (плачеше) после секој контакт, мрчеше кај судиите и со лигавото понашање фрли сенка на 43 поени за кои се намучи покрај за глава повисокиот чувар Кирк Хајнрих.
За Кид немам коментар, како само може од трипл-дабл со Милвоки да одигра труба со Булси, не знам. Само знам дека Капетан Кирк го стави у џеб.
И Гордон е слична приказна ко Кид, со крајно непостојани игри, ама нему барем му се споија сијаличките у задња четвртина.
Сеа, Булси пак се пред Ајверсонси на 8. место на Истокот. Ќе биде интересно до крај.

* * * * *

Дизелот се точеше вчера у Мајами, а Репторси си напунија и резерви за путот накај Канада. Али, мене не ме зачуди толку трипл-даблот на Шек (прв по 1993 год.), колку 32 поени на Ентоан Вокер. Мора да се помочал од среќа кога слушнал дека Вејд нема да игра и дека ќе може да ги земе и неговите шутеви.

* * * * *

Од тотално необјаснети, мистични причини, Квами синоќа фати 15 скокови и убаци исто толку поени. Уште не ми е јасно. Мани 31 поени за 34 мин. на Коби и првиот трипл-дабл како Лејкер на Одом. Мистерија.
Исто како и 72 поени на Санси у 2. полувреме у Сакто, како и срање преносот со онаа кортсајд камера на НБА ТВ од САС-Сие, поради која не ја ни изгледав утакмицата. Не дека ќе ја гледав.

ПМС: Кај Шон сакав да ставам и…Барем спие на 60 280 000 долари. Ама не ми се уклапаше у концептот.

13 COMMENTS

The G-man Ad…(со допуна)

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Tuesday Apr 11, 2006

Најбољата реклама после онаа со Џордан и децата.

Холивуд :)

* * * * *

Допуна бај Каракаш:
И ја да промрчам нешо. Уствapи, нема да мрчам, него ќе ви расфрлам понекој, линк, изјава и плус клип. Да не биде без ич.

Најпрво, ова мора да е најдолгиот параграф кој би требал да претставува пост, а е од Џонс ту д НБА. Тешко е да се прочита до крај, али поентата е дека Кид е бољи плеј од Неш. Не се мешам у муабетов, али мислам дека Нешти ипак е бољи овие две години. Ипак, ако не ви се чита, вреди да се погледне клипот на крајот.

* * * * *

Прво го купи Рибок, а сега Адидас од 2011 год. е офишл еквипмент апарел суплаер на лигата. Што се нема да направи Адидас да го стигне Најк.
Уште не научија дека не се прави тоа така, него со потпишување на најмаркетиншки исплатливите фаци. Ама, нема гајле, Ади ги има Данкан, Гарнет, Билапс и Телфер, ву-ху.

* * * * *

“We’re just embarrassing ourselves each and every night. We don’t even deserve to be in the playoffs. I don’t know if we’re tanking the season and don’t want to go to the playoffs. I don’t know what it is.” – Џермејн ОНил. Коментар непотребен. Пацери.

* * * * *

Тоа дека НБА и рап и р’н’б фаците се поврзани не е ништо ново за никого. Еве супер текст кој споредува и дава кој рапер со кој играч највише си личи. Не физички, него кариера и слични ствари.

* * * * *

Флајт на својот блог не стави плеерче, за постов, така да д бигер брадр камс ту хелп и ви го прикажува видеово по избор на Флајт.

* * * * *

Јаоза го сјеба стапалото, откако прво Мемо, а после и Андреј убаво го нагазија. Толку јако за да му пукнат коска во стапалото. Совршен крај на сезоната за Хјустон.

* * * * *

Не мора да се објаснува дека Џизус и Брус Боувен не се сакаат. Нивната последна епизода – ТУКА.

19 COMMENTS