Како што најавив, со тоа што се ближиме кон крајот на сезоната, ви ги претставувам моите Топ 10 играчи оваа сезона, во своевидна МВП трка.. вредни за споменување на оваа листа секако се и Гилберт Аринас, Винс Картер, Кевин Гарнет, Тим Данкан, Шекил О Нил, Тони Паркер, Рон Артест, Јао, Крис Пол, можеби дури и уш некој друг, но сепак, место имаше само за елитните 10.
Енко, не ми едитирај постов, мерак ми е

10. Пол Пирс – The Truth сезонава е повампирен скроз, прикажувајќи уан мен шоу секоја вечер. Селтикси се пред испаѓање, но неговите статистики од 27 поени, 6.7 скока, 4.7 асистенции и 48% од поле се едноставно прежестоки за човек да прејде туку така преку нив. Нема да го добие признанието ни под разно, ама после неправдата пред 3-4 сезони коа го наместија Данкан тотално незаслужено, мора да се спомене дека ПиПи сеуште е меѓу најдобрите во Лигата.
9. Чонси Билапс – Детроит се бош екипа, и имаат бош најдобар играч. Сепак, The Smooth се повампири оваа сезона со просек од 19 поени и скоро 9 асистенции, и веројатно е најјакиот плеј у Лигата после Стив Неш за кого ќе стане збор подоле, односно погоре во ранкингот. Билапс игра стабилно, освен убавите цифри, покажува и присебност кога е густо. Ја игра својата најдобра сезона, а Детроит иако малце се проклизаваат лејтли, сеуште се меѓу најдобрите тимови, колку и да се болни за гледање. Д трибјут гоус ту трт прт Билапс.
8. Шон Мерион – Ѕверот Матрикс сезонава игра во врвна форма, со неверојатни статистики од 12,3 скокови (втор скокач после Гарнет), 21 поен и скоро по 2 банани и украдени топки. Пеколен на двата краја од теренот, меѓу најчестите забивачи, освен грдиот шут нема што да му се замери. Уште ако се земе в предвид шутот од 51% од поле, како и тоа дека во повеќе категории ги има најдобрите бројки во кариерата.. буквало се погрижи да не се чувствува отсуството на Амари во рекетот на Санси, иако е висок само 202 цм. Официјално е најдобриот скокач во конкуренција на ниски крила во историјата на НБА. Сепак, тој е само втор во својата екипа и практично неизводливо е да добие признание за прв во Лигата (освен ако не го поделат со Нешти).
7. Двејн Вејд – Флешот оваа сезона е буквално напален, прекумерно. Не само што ги подобрува ланските бројки (28 п, 6 ск, 4.4 ас, 1,6 ук), оваа сезона во Мајами стана тоа што е Коби во Лејкерси, и неколку пати одигра симултанки при кршење на резултатот (вклучително и партијата со Детроит кога ги постигна последните 17 на Хит и сам се избори за пресврт). Ако по некоја случајност му се посреќи, нема да погрешат, колку и да ме нервира. Сепак, за успехот на Мајами не помалку заслужни се и факторот Шек, како и една од посилните дружини од играчи распоредени по епизодните ролји.
6. Елтон Бренд – Клиперси оваа сезона се најголемото изненадување после Њујорк
и секако најзначајното освежување на Лигата. Најодговорен за нивното вивнување во врвот на Запад (океј, не самиот врв, али у плејоф конкуренција со можност да мрднат преку првата рунда ако им се паднат неДалас ил неСан Антонио), е токму мечокот Бренд. Сезонава, го подигна значително просекот на поени (во сите претходни сезони варираше од 18-20) на фини 25, што во пакет со 10 скока и 2,6 банани, 3 асистенции и 52,5% од поле е пропусница у првата НБА петорка, и можеби виза за најелитното признание. Башка е фин и васпитан.
5. Дирк Новицки – Единствена причина што Диркулес ми е пред Елтон на листата е тоа што човеко гине на терен и некако ја има харизмата шо мечето ја нема. Инаку, швабото освен шо тепаше на Олстарот у пуцање тројки (мада местенка), оваа сезона опет игра на Лери Б`рд ниво, односно, он е рмбачот у екипата на Далас. Типот игра машки, се труди, гине, па то плавите коси ко ќе му се запотат.. ах.. се топам.. Шала на страна, Диркулес мож статистички и не делува толку феноменално, меѓутоа оваа сезона, на пеколниот напад му додаде и солиден допринос во одбраната, што беше главен фактор во одличниот скор на Мавси. Сепак, неговите бројки се благо опаднати од минатата сезона, а во Далас играат и уште цела гунгула солидни играчи, така што само фиктивно е на вака добра позиција во мојава листа. Иако најдобар висок играч во моментов, сепак не верувам да го добие трофејот.
4. Леброн Џејмс – Кралот годинава игра сезона за учебниците, бар од аспект на бројките. 31 п, 7 ск, 6,6 ас, 1.5 ук и 47% од поле.. на сметка на минимален пад во другите статистики, стана вистинска поентерска машина, а единствена маана му е тоа што речиси целиот учинок го пружа во првите 40 минути од утакмицата, а во финишот тотално губи контрола над играта. Му фали лидерското, за да биде МВП. Понекогаш бројките не се доволни.
3. Стив Неш – Ако лани Канаѓанецот успеа со 15,5 поени по натпревар да дојде до Подлофот.. што би рекле за пола асистенција помалку на сметка на еден скок повеќе од ланската МВП сезона, и речиси 20 поена по натпревар со безмалку 52% од поле за убедливо најмоќниот плеј во Лигата во моментов?! Нешти со голема помош од Матриксот Мерион успеа да го надокнади отсуството на Амари; Санси се повторно во елитата; самиот Стив реши 10тина клучни утакмици, а покрај него, 6 играчи, меѓу кои тројца сериозни за наградата Моуст Импрувд ги играат сезоните на кариерата. Нешти ги прави соиграчите подобри, зар не? Единствена причина за секирација му е повредата која го мука лејтли.
2. Ален Ајверсон – На шпекулациите дека ќе оди по надолна патека, Одговорот на злобниците им одговори со убедливо најдобрата сезона во својата кариера. Дури и славната 2001 кога го освои ласкавото признание, се чини дека е во сенка на игрите што ги пружа оваа сезона. За жал, во Лигата има некои нови момци на кои медиумите им посветуваат поголема пажња, но колку што го мразев Ајверсон до 2004, толку го засакав овие години, особено оваа сезона, кога покрај милион повреди, веќе полека и на удар на годините, Ајви успева да одржи цифри како 33 поена, 3.4 скока, 7.4 асистенции, 2 украдени топки со 45% шут. Згора на се, го носи и товарот на кец, и единствена солидна помош му е ветеранот Вебер. Фили има негативен скор, ама поради конкуренцијата на Исток, прилично безбедно им е за сега осмото место, им давам фора до шесто за во плејоф, што на Ајви му е еден вид императив ако сака МВП, но исто како и Неш, не смее на крај да се забрља со повредите поради што тренутно паузира, на кратко.
1. Коби Брајант – Ако сакате толкувајте го навијачки, но ако оваа сезона Коби не биде одликуван, не знам кога би бил. Сезоната ја почна со базер битер за победа. Понатаму, имаше уште пар подвизи со луди шутеви во последни минути, шеесдвојки, осумдескецови, тројки, забивања, асистенции, што ти душа сака. Точно е дека во последните 3-4 натпревари ко да падна малце во формата, но не изгуби здив, туку едноставно го лечи заморот. Ќе видите како ќе пркне уште во Њу Џерси на дуелот со Картер. 50.. или слично.
За Мамбата, не знам зошто би должел многу. Со екипа која не е достојна ни за во Камбоџа, успеа да дојде во плејоф седло, и е во баш иста како Ајверсон и Фили, со фора до шестото место, со таа разлика што на И солидна, и повеќе од тоа – 35 поена, 5,3 скока и 4,6 асистенции со не толку сјајни 44% осток никој не им дише во врат на 76ките, додека Коби мора да стегне зуби у конкуренцијата на Хорнетси. Нема МВП без плејоф пласман, и тоа шо погоре, тоа поголеми шанси. Инаку, статистиката на осумдескецот годинава ед поле. Сепак, во неговиот случај, сите маани се анулираат со самиот факт што во 95% од утакмиците е прв стрелец на својата екипа, пак игра жустра одбрана (1,75 укр) и пак најголемиот дел од поените ги постигнува како што се ближат утакмиците кон крајот. Мајстор за четвртата четвртина, за продолженијата и за шутеви со истек на времето и буквално СЕ` во тимот на Лејкерси.
Допунско бај Каракаш: Ме претрка со постов. Ја поштуем желбата и нема да го едитирам постов. Моите МВП фаци ќе ги пишам следната недела. Само едно, Коби нема да биде прв:)