Еве ме, после еден ден добро спиење и средување впечатоци (не дека имав нешто многу време да ги средувам).
У мое оправдано отсуство, Шеп степд-ап и ме покриваше дури ја не рекламирав на ТВ:)

Мислев да напишам еден баааги долг пост, али коа боље ќе размислам, стварно нема што многу да се објаснува. Можноста да се најдам таму во студио и да бидам дел од коментарот на еден цел Ол-Стар викенд збори за себе. Збори за мене. Збори за Спорт4 и Лекиќ. Посебно за доблеста да соработуваме по малкуте плукања тука.

Токму затоа, како што тој мене ми се заблагодари у живо пред сите, еве и ја на мој терен (пошто у весник не можам), му викам – Фала на Дејан Лекиќ и Спорт4 што ми овозможија да им помогнам:), да бидам дел од нешто така големо.
Иначе, соработката со Спорт4 ТВ ќе продолжи!

Лично за мене ова беше мадафака искуство, нешто што веројатно ќе го памтам заувек. Имав прилика за прв пат да видам како се работи една таква емисија у живо, како се работи таков пренос, ствари кои стварно ми беа непознати. Ствари како слика, звук, тон, техника, траса и сл. кои не знаев дека можат да имаат толкаво влијание врз преносот. Ствари кои се учат со тек на време.

Како кога на некој кој цел живот е со, не знам, фудбалот (и на кој новинарството му е професија), ќе му дадете можност да биде гостин при коментар у живо на финале на лига шампиони,(Лацио-Баерн:))) или финале на СП.

Мадафака.

За да не биде сув постов, еве и 4 клипчиња за дешавки поврзани со Ол-Старот, со кои и ќе го завршиме кавериџот од овој викенд и ќе се вратиме на поважните работи – играњето кошарка и фаќањето боље место за плеј-офот.
Бтв: Шеп! Свака в газ за темплејтот мајсторе:)

Парт 1: Муабетот на Баркли, Кени и ко. Пазете ја опкладата на крајот од клипот.
Парт 2: Што мумљал Коби у тек на средбата.
Парт 3: Куцањата, кои за жал по фарсата по 18154-те обиди на Нејт, изгубија на атрактивност. И немаше ниедно крвничко куцање.
Парт 4: Медиа денот у петок. Снимено со аматерска камера, не кажуем чива. Попуштете глас.

ПС: Се скинав од барање инфо за следните Топ 10 у, сеа више Топ 60 ол-тајм играчи. Ништо нигде. Јок. Нада. Ц. Ни кај типовите кои бираа кај нив на ТВ (ТНТ), ни на НБА, нигде ничега. Ако некој има инфо нека прати.
ППС: Го ѕирнавте нашиот Пауер ренкинг подоле?

31 COMMENTS

New Look

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Tuesday Feb 21, 2006

Нов изглед. Од корен.

Функционира и у Мозила и у Експлорер.

Како ве бендисват?

Ама има багови. Треба да го досредам.

Нормално, кај логото.

24 COMMENTS