Breaking Stern News

Posted by Shepard Under Дневни линкови on Sunday Feb 19, 2006

Не се баш брејкинг, ама да разблажам ова горчината од саботава.

  • Нешто што може да биде фрка за квалитетот на плејофот, е најдобрите два тима у Лигата, (хипотетички), да се сретнат уште во втората рунда на плејофот. Рецимо – Далас и Сан Антонио, соодветно, се уан-ту, у севкупен скор, но и у истата дивизија. Тоа значи дека ако почне сега плејофот, Далас би биле први носители на Запад, а Спарси би клизнале на четвртото место, пошто 2 и 3 се резервирани за шампионите на Пацификот и Нортвестот. У втора рунда, би се сретнале токму тие Мавси и Спарси, а тоа ќе значи дека еден од топ двата тима у Лигата ќе лета у рана фаза. Шо не е у интерес на гледачите, а со тоа не е у интерес и на Дејвид Штерн.
  • Иако се шпекулираше дека Олстарот мож да иде у Европа или Јапан, подогодина најверојатно ќе биде у Њу Орлеанс (градот научил да плива :) ). Ќе има нова дисциплина – скилс челинџ у мокар подрум, пуцање тројки на бранови и подводни куцања :) . Се шалам, Њу Орлеанс на големо се реновира, а со тоа и арената на Хорнетси, а со тоа и се отвара шанса за Олстарот да се игра таму.
  • Е сеа, тоа шо се реновира салата све у Њу Орлеанс значи дека Хорнетси догодина се враќаат дома, но, Дејвид Штерн, поттикнат од домаќинлукот на Оклахома, а и спремноста за одржување на профи натпревари и на Анахејм, Сан Диего, Канзас Сити итн, веројатно веќе кова план за нова експанзија, иако тоа нема да биде у догледа иднина.
  • Соникси имаат мука – не можат да добијат одобрение за користење јавни фондови за градење нова сала. Ако до 2010 не се среди овој проблем, Млазњаците ќе се селат негде.. негде.. на друго место де.
  • Штерн е расположен за селење на некој тим у Лас Вегас, пошто таму воздухот е зелен од доларите, но, како прицнипиелно чиче, мрско му било ради тоа што у казината и кладилниците имало можност за обложување на НБА утакмици. Ама се` си мислам дека доларчето ќе надвладее.
2 COMMENTS

Ол Фарс Викенд.

ФАРСА!

Првин, симпатичен момент на МекКарти и химната. Кај нас ќе ја пеел Тони Симич. Така се шпекулира.

Океј, почна, прво биднаа шутинг старс. Нема шо да се дрви, лежерна и глупа активност, у која не знам шо бара Меџик (шутинг стар? боље у Скилс Челинџ да го пратеа), не знам шо бара мерион со тоа камењарското шо му го нарекуваат ШУТ (Мерион и шут? шутинг стар? тоа фрлање камења е, не е шут). Ај бидна, Тони Лонгориа и екиапта си тепаа.

Скилс Челинџ – срамота, сите испогрешија сем Вејд на крај. Господинот МВП се изрезили, ја побрзо ќе напраев, мислам срамота, никаква дисциплина ко шо вика Бето, ни возбуда, ни ништо, ко шо вежбавме со сталките на тренинг, со таа разлика шо овие ги глеа цел свет.

Тројки – добро бе, целта на тројките е да се погодува, а не да се утиња. Капак на све – Дирк, инаку мојот фаворит, успеа да влезе у финале благодарејќи на тоа што задњата шарена ја утера после истекот на времето. Натака сосема коректно си тепаше, ама пак, си го расипа впечатокот.

И куцањата.

Прв момент – Џош Хајфлаинг Смит – сосема „просечно“ се џитна со две од рекет (не беше тоа од слободни, ја нагази, а башка и изглеаше млитаво). Знам дека ќе ме кара Флајт75, али грешка му беше на Џош она со лентата.

Стварно. Сите помислија дека ќе рипа од таму. А дека судиите го зезнаа, го зезнаа. Тоа куцање е за 45, минимум. После тоа, у финалето, нема шо да се полемизира – Нејт Робинсон се измачи, онака гревче, му се смееја другиве, сапунска опера у режија на Џет Кени Смит, буквално провидна местенка.

Капак на све стаи Игуана кој после двете МАЕСТРАЛНИ изведби, коа требаше да настапи со нешто ново, изведе куцање кроз нозе, шо е досега видено 15-16 пати, во изведба на Рајдер, Коби, Картер, Џеј Рич, Дезмонд Мејсон, Амари Стадемаер, Леброн и Принс лани на Руки вс Софморс, Хеликоптер од ЕндУан, па дури и од тој белецот,
Русинот, шо не ми текиња као се вика.

Коа требаше да го срози раскоканиот копиљ, он така лефтерно си ја закуца, а па жирито хоштаплерско, за 1 бод го зезнаа. Свака част за Нејт за сите до едно куцања (сите беа кул, па дури и она со Q) ама и баба ми ќе закуцаше после толку обиди.

Следната година саботната вечер нека си ја снимаат у студио, нека си ги намонтираат куцањата, нека ни ги пуштат само. Се сложувам дека куцањата на Нејт можеби севкупно беа подобри од Игуана, ама НЕДОПУСТЛИВО е по толку обиди да има шампионот.

Нека ви текне како само лани го исвиркаа Крис Бирдмен Андерсен, како преклани победи Фреди Џонс благодарејќи на промашувањата на Џеј Рич, а исто така, нека се има во предвид како и она иако млитаво, сепак сосем поштено забивање на Смит у првата рунда, само заради грешка у залет (не се ни одрази) беше обесправено со 41 поен.

Бедна саботна вечер. Единствено добриот коментар на ѕвездата на МакНБА Блогтротерс, Енко а.к.а Каракаш вредеше да се следи. Ко за Софмор, беше бољи од коа беше Руки :)

ПС. Една статија на НБАдрафт.нет вика дека иако официјално се води као 175, Нејт Робинсон е 168 цм висок (weaknesses делот). Затоа Спад Веб е повисок. Таа евиденција е изглеа илеџење за да се протне у амерички фудбал (пошо Нејт освен као добар кошаркар беше и добар фудбалер).

ППС. Да, пропуст беше шо Енко и Лекич не ги кажаа правилата за неограниченост со време и со обиди (нешто што е кобно по убавината на овој турнир, шо се виде и вчера). Еве и ја конструктивна критика.

15 COMMENTS