Ол-Стар Фантазија – EAST

Posted by Shepard Under All-Star 2006, Fantasy NBA on Tuesday Feb 7, 2006

Еве го и Ивица со негов осврт на Ол-Стар селекциите, овој пат на Истокот, а откако ќе си ја провери и сметката, и на Западот:) Нормално, се е од аспект на доменот nа Ивица – Фентази лигите…

Да бидам и јас во All star тренд во наредниве неколку минути ќе ја окупирам вашата концентрација со учинокот на играчите учесници на овогодинешниот All star од фантази страна. Ќе почнам со Истокот:

1.Chaucey Billups

Феноменална сезона на Чонси во секој поглед. Заслужува да биде стартер. 18,7 поени надополнети со 8,5 асистенции. Шут за слободни нешто над 91%!!! Шутот од поле му е послаб (околу 42%), што е една од неговите ретки маани од фантази гледна точка заедо со релативно малиот број скокови (3,3) и украдени (0,7). Сепак, плеј е, а кога си во борба за секој поен во својата фантази лига добро е повремено да видиш дека твојот плеј направил 7 украдени топки.

2.Richard Hamilton

Рип, како и секоја сезона, не се истакна баш многу како фантази фактор. Ситуацијата со него (по дифолт) е ваква: има 21,6 поени и ништо друго вредно за да се спомене!!! 3,4 асистенции, 3,4 скока, 0,7 украдени… Почнуваа да ми звучи како да ги читам бројките на Салим Стадемаер. Можда шутира добро слободни (86%) и од поле (46%), ама би рекол дека и оваа сезона Хамилтон не е good value for the money. Може да се најдат подобри фантази SG во лигата кои истовремено се далеку помалку ценети и полесно се земаат.

3.Vince Carter

Ни Винс не е некој феноменален фантази играч затоа што во ниедна категорија нема да ви донесе значителен прогрес. Се наоѓа во топ 20-25 во многу категории, ама во топ 5 не е во ниедна. Тоа доволно отсликува што може да се очекува од фантази-Винс. Сезонава има просек од 24 поени и 6 скока, меѓутоа јас би очекувал многу повеќе од тип со неговите способности. Можеби малку оваа сезона изненадува со својата несебичност (има 4,5 асистенции), ама тоа се надополнува со големиот број неизнудени грешки (околу 3). Единствена предност на Винс е што пред почетокот на сезонава беше значително потценет, а рака на срце, не е лошо да ги добиваш неговите бројки од некој кој бил собран трета рунда на фантази драфт

4.Chris Bosh

Е Крис Бош е фантази играч од мој тип.Едноставно ми доаѓа топло околу срцето кога ќе видам дека мојот играч кој може да игра и на F и на C направил 23 поени и десет скока, а сето тоа со шут од поле 50%. Феноменално… А згора на сето тоа, тотално нетипично за високи играчи, Крис умее и да шутира слободни (просек 82%). Отсекогаш ме убивало кога ќе го добијам Шек или Бен Волис во тимот и знам дека ќе ја имам единицата од FG% без разлика на остатокот од тимот.

5.Allen Iverson

Ајверсон е станат мнооогу подобар фантази-фактор, а и играч воопшто откога одлучи дека некогаш може и да ја подаде топката и да направи асистенција. На почетокот на сезонава експлодира, а сега е во некој вегетативен период што се гледа и по резултатите на неговата Филаделфија. Има 33,3 поени по натпревар и 7,4 асистенции. Има стандарден шут од поле (45%) , а и слободни шутира просечно (80%). Да не се пишувам многу за играч за кој сите пишуваат ќе пробам да сумирам: Апсолутно никому не му е гајле колку украдени топки или било што друго има играч со просек од 33 поени, било тоа да е во фантази лига или во права кошарка. A.I. is the answer :-)

6.LeBron James

Пред некој месец напишав еден пост во кој го критикував ЛеБрон за себичната игра и слабиот шут од поле. ЛеБрон во меѓувреме се потруди да ме демантира и се испостави дека тој е еден од подобрите фантази играчи во лигата. Просек од 30,7 поени зачинет со 7 скока и 6,5 асистенции е супер фантази учинок. На сето тоа надополнување е неговиот шут од поле од 49% и просекот од скоро 2 украдени топки. Е сега, да не испадне дека мрчам, ама би сакал даа видам и просек на шут за слободни 90% (наместо 74%), а и не би било лошо да ги намали продадените топки (3,2 по натпревар). Во секој случај, не постои идеален фантази играч, ама ЛеБрон ако продолжи вака за некоја сезона ќе биде навистина блиска верзија на тоа… А и од Саша Павловиќ можда стане нешто покрај него :-) )

7.Shaquille O’Neal

Полека времето го нагризуваа и Шек… Не е веќе стариот добар Шек со 30 поени на натпревар и 15-16 скока. Моментално е на 20 поени и 10 скока,а тоа од сезона во сезона се намалува. Според многумина сеуште е најдобриот центар во НБА, ама јас веќе не сум дел од нив. Погледајте го само Крис Кејман… Да не испадне сега дека велам дека Кејман е подобар од Шек, ама сезонаваа во фантази тим порадо би го имал Кејман од Шек. А верувам и многумина би се сложиле со мене. Никој во својата фантази екипа не сака играч кој погаѓа 50% слободни фрлања. Плус во последно време Шек е некако многу склон кон повреди, а кога веќе тргнав да го споредувам со Кејман мора да истакнам дека Кејман е здрав како дрвосечач и тешко дека човечка рака ќе го повреди.

8. Paul Pierce

Да бидам искрен Пирс пред почетокот на сезонава ми беше еден од најантипатичните играчи во НБА, ама сезонаваа почнувам да го респектирам тоа што го работи. Има просек 26 поени и 7 скока, а не е лош и во асистенции (4,5). Да се разбереме, Пирс одеднаш не станал помалку себичен, туку покрај себе има и уште еден релативно добар играч (Рики Дејвис, а по трампата Шчербијак) па чичко Риверс најверојатно има издадено налог да не се шутираат по 30 шута на натпревар туку да се поделат со другарчето способно, исто како него, да даде 30 поени. Почнав да го респектирам од проста причина што почна да ги селектира шутевите и нема да го видите да има вечер со шут 6-25 – нешто што најмногу сум го мразел кај него. Е сега, turnovers се движат во за него стандардни размери (3,2), ама пак ако ви кажам кој е “водечки” во таа категорија- Стив Неш со 3,9 нема сигурно да си речете “Е сега нема да го земам Стиви во тим заради тоа”.
BTW: Не сум нешто баш најубеден дека Пирс заслужи да биде во Хјустон. Убеден сум дека Ред повеќе заслужува-барем е во тим што победува

9.Dwyane Wade

Breakthrough сезона за The Flash. Просек од 26,8 поени 5,9 скока и 6,9 асистенции сигурно не очекуваа и најголемите оптимисти пред почетокот на сезонава. Знае и да направи неколку украдени (има во просек по две), ама страшно многу ме фрустрира што не знае да шутира тројки (просек 12%). Па ако во фантази тим не добиваш тројки од својот најдобар играч од кого ли само можеш тоа да го очекуваш. Што е најлошо, Вејд не се ни труди да поработи многу на тој проблем. Има просек шутнато по една тројка на натпревар што е неверојатно малку за играч од негов калибар. Нека се огледа малку на другар му од Западот Kobe:-))

10.Ben Wallace

За Бен не би знаел што да кажам… Феноменален играч (голeм фан сум), ама s**t фантази играч. Има 12,3 скокови и 2,2 блока по натпревар и тоа е тоа… Неговите смешни 7 поени или уште посмешни 45% шут за слободни тешко дека ќе ви помогнат во освојување на вашата фантази лига. А за скокови и блокади мошете да си го земете и Назр Мохамед па ќе ви ги прави тие статистики. Ама бар Назр ќе го соберете во 10 рунда на драфт, а Бен можеби некому му падне во прва рунда.

11. Rasheed Wallace

Рашид е играчот што најмалку сакаше да биде избран на all star-от, ама што ќе прави, таков е животот. За Рашид не смеам да речам дека има просечна сезона само зараади тоа што игра во Детроит. Инаку, не сум нешто особено воодушевен од тоа што го прикажува: 15,3 поени и 6,6 скока. Сме виделе и подобри полусезони на Рашид во кои не бил избран само заради тоа што Порланд биле лузерски тим. Ама тоа ти е… Крајно просечен фантази играч без можност за подобрување на ситуацијата во поени (Чонси и Рип мора да шутнат повеќе) нити скокови (Бен собира се под кошот).
На крајот на краиштата требаше да го остават човекот да си се види со жената, а да го поканат Хауард кој игра феноменална сезона во Орландо.

12. Gilbert Arenas

Влезе тука на мала врата, а тоа воопшто не требаше да е така. Неговиот Вашингтон е со позитивен скор,а и не гледам можност да испаднат од плеј-оф трката. Аренас е еден од главните виновници за тоа бидејќи има просек од 28 поени и 6 асистенции со шут од поле 44%. Слободни шутира со 82% успешност. Според наведеново дефинитивно заслужува место на овој настан, а и место во вашите фантази тимови. Слабост оваа сезона, како и секоја од претходните, се изгубените топки (3,7). Меѓутоа, можеби некој примети во погорните делови од текстот, крајно тешко е да најдеш играч кој ќе има над 25 поени просек а просек turnovers под 3. Едноставно тие две работи не одат заедно. Што би рекле постарите “Кој работи- тој и греши”
Тоа се играчите кои ќе ги бранат боите на истокот, а за западната конференција пост ќе добиете во наредните неколку дена (зависно од мотивација).

4 COMMENTS

The Game

Posted by Shepard Under Дневни линкови on Tuesday Feb 7, 2006

The Bloods. The Crips. Gangbanging dominates the streets of South Central LA. And the basketball courts are right in the middle of the hood. Bullets buzzing, rapid-fire spray from Mac-10′s. The inner city can be a warzone. NWA set the precedent with “Straight outta Compton” but there’s a new gun on the block holding it down for the West Coast. And just like Ice Cube, that new guy is a triple threat throwing rhymes, colors and gunning from the courts of South Central, where streetball legends are made. ЦЕЛАТА СТАТИЈА ТУКА

Ова е уште еден напис на Сет Феранти на Хусхајп(*). Околу кошаркарската кариера на Д Гејм, Весткоуст генгста фраерот со љутата фаца.

Мора да се кликне.

————————-
(*) Феранти е затвореник, кој имаше цела серија написи за кошарката по затворите, за стритболот во гетата, за затворските лиги, и кај и да е ќе постирам еден постар статија според него, за „затвореничкиот Џордан“

9 COMMENTS

По вчерашното бавење со непотребни работи, време е да си се вратиме на причината поради која сите ние сме тука и поради која и постои овој блог. Она што веројатно веќе го спомнав неколку пати сеознава е дека Крис Пол е ѕвер, стварно ѕвер и дека ми е криво, барем сега, што Атланта не го лапна како 2. пик. Сеа, знам дека Џејсон Кид му одржа мала лекција кога го посети “мочуриштето” синоќа, али не е срамота да бидеш послав од еден Кид.

Ваљда знаете дека Пол е прогласен за играч на неделата на Западот, пазете, не руки на неделата, туку ИГРАЧ на неделата, и тоа на целиот Запад покрај едни Гарнети, Данкани, Диркулеси, 81-ови итн. Тоа не е мала ствар. Последен руки кој бил прогласен за играч на неделата беше Двејн Вејд сезоната 2003-04. Баш поради Пол, (и Бајрон Скот), раселените Хорнетси иако немаат дома сезонава, се најпријатното изненадување, вистинска фил гуд стори.

Но, колку што зборев за Пол, сезонава многу ретко го спомињав неговиот имењак од Торонто. Крис Бош е златото на Репторси и единствената причина поради која тие нема долго да бидат на дното на Истокот и поради која не мораат да жалат по Картер. Исто како и Пол, и Бош е прогласен за играч на неделата во својата конференција, во исто така јака кон конкуренција. Типот ако не ви текнува, беше 4. пик на драфтот 2003 год., еден повисоко од Вејд, а зад Леброн, Дарк-О и Мело.

Е, кога ќе ми текне на овој драфт почнувам да станувам сумњичав во Џи-Ем квалитетите на Џо Думарс. Знам дека тој го состави овој шампионски состав на Пистонси, но не смее да се заборави дека имаше ненормална среќа у скут од небо (Атланта) да му паде Шид, кој беше играчот кој Детроит од многу добар го направи одличен тим.

Ова ми е муабетот, по првата јок сезона на Дарк-О, Думарс не мораше да се вади што земал Србинот како 2.пик од проста причина што Пистонси станаа шампиони, но нешто покасно изјави дека не го земал Вејд само затоа што му требал висок играч. За тоа каков играч е Двејн, а каков Миличиќ не треба многу да се прави муабет.

Во текот на тоа лето, кога Џо почна да бара ветеран на “четворка” или “петка” стана јасно дека не верува во “квалитетите” на Дарк-О. Кога тогаш го прашаа зошто едноставно не го избрал Бош на драфтот, тој одговори дека тоа го направил само затоа што сметал дека Миличиќ ќе стане подобар од Бош?!?!?!

Оваа сезона е доволен показател за тоа колку исправна беше таа одлука на Думарс. Можете да ги замислите Пистонси со Бош у екипа. Сигурно дека кај нив ниту Вејд ниту тој ќе се развие во тоа што се сега (или можда ќе беше така), но сигурно ќе беа појаки со нив, отколку со Миличиќ, со кој се у минус.

И задње за Крис Бош, типот сезонава мора да биде Ол-Стар. Не знам како ќе одлучат тренерите и што ќе каже чичко Штерн, ама Бош мора да игра у Хјустон, а не би било незаслужено и да влета у први пет наместо Џермејн.

* * * * * *

Покрај ова, пред малку слушнав за можен блокбастер трејд у кој главната улога ја имаат-погодувате: Њујорк и Ајзеа Томас. Според “Њујорк Тајмс”, кој и не е баш некој легитимен извор за вакви работи, посебно по најавата за трејд на Френсис у Денвер пред некој ден у кој требаше да учествуваат и Никси, Кенјон Мартин ептен му е по вкус на Ајзеа. Не гледам зошто не би му бил, ги има сите предиспозиции за играч каков стално бара да собере Томас: Мартин е преплатен (90 милиони!?!?!), игра на “четворка”, сака да биде “тројка” а нема ниту техника, ниту шут за такво нешто.

* * * * * *

И задње, познати се и играчите кои ќе бидат дел од Скилз Челинџ. Четворката изгледа импресивно, а у неа се ланскиот шампион Стиви Неш, горенаведениот Пол и исто така погореспомнатите Леброн и Вејд. Би требало да биде интересно, барем да имаше волку ѕвезди и у тројки и куцања.

8 COMMENTS