До Лекич и троловите: Зошто фаќаме забелешки?
Posted by Shepard Under НБА ин Масеоудониа, Ние и Лекиќ on Monday Feb 6, 2006Приметувам дека има пар мрчила што не` судат зашто сме фаќале забелешки на преносите на Спорт4. А се јави и Дејан Лекич, и искрено, мило ми е што тој не` чита.
И да не заборавам, откако постов ќе стапи на сила, ќе се пристапи кон отстранување на сите тролања од анонимуси.

Еве сеа неколку рандом точки во врска со тоа:
1. Ова е БЛОГ. Водејќи се од мотото, к** ми е, блог ми е, јас тука ако сакам можам да постирам апсолутно ШТО САКАМ. Никој нема право да се меша во уредувањето. А тоа што сме меѓу најпосетуваните мак-блогови, значи дека уредувачката политика за сега е добра.
2. Е сега, значи ни текнало да ги фаќаме грешките на Лекич, и во согласност со 1., сме ги постирале. Исто така, во согласност со 1., јас не ни морам да ставам тука оправдување зошто тоа го правиме. Еве, ја ќе бидам доблесен да објаснам зашто, највеќе заради тие што не тролаат, ни пцујат мајка и слично. Не дека се многу, ама се јави и ценетиот Лекич, па и него да му стане јасно зошто ова го правиме.
3. Забелешките многу малку се однесуваат на граматички, лингвистички или логички грешки. Дури и на транскрипцијата многу малку пажња посветуваме, единствено таму кај што е очигледно замеруваме. Нашите забелешки се однесуваат на ФАКТИ, Дејане. ФАКТИ. Ганд Арена никогаш не била срушена. Тоа е НЕВИСТИНА, а знаеш како е синонимот за невистина, и како е глаголот за кажување невистини.
4. Е сега, ако ги исправаме твоите грешки, ти тоа не го сфаќај одма како напад. Тоа што грешките не се премолчуваат, првенствено треба да ти стимулира СОВЕСТ за понатаму. Пошто се декларираш за професионалец, се` тоа треба да биде ПРОФЕСИОНАЛНО изведено. А тоа подразбира кажување на ТОЧНИ информации.
5. Наместо да има испади со вонаби цинични коментари како „ако мислите дека сте подобри, повелете да коментирате“, би можел да речеш ФАЛА, ВЕТУВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОПРАВАМ ЗА ДОБРОТО НА ГЛЕДАЧИТЕ. Никој нејќе да ти ја земе работата. А тоа не значи дека ако нема конкуренција дека треба ти да тераш по свое, без нималку респект.
6. Значи, само оптимистички. Прв добар чекор беше она за Јао. Значи, го имаш читнато блогов. Ние нудиме малку поинакви и поинтересни информации. Значи ако не` листаш поредовно, ќе имаш што да кажеш
И уште ако почнеш да кликаш од страна, ќе видиш што имаат стручњаците да кажат, па замисли колку респект би стекнал ако во преносот кажеш: „Според Стив Кер, …“. И пак, не дека си ти лош, ама зошто да не се подобриш?
7. И на крај, зошто не не` цениш? Не те девалвираме, напротив. Ти помагаме. А види и со месеци наназад, колку пати рекламиравме дека Спорт4 ќе дава кошарка, благодарејќи на „инсајдерски“ муабети.
8. Дејане, ако имаш нешто да ни кажеш, те советувам тоа да го сториш по пат на мејл. Еве, ова ни е официјалниот мејл на блогот. Така, твојата реакција би стасала кај што треба, не би била изложена на сеирџиската јавност, не би се сомневале дали си тоа ти или не. Ако инсистираш, ќе го објавиме писмото без да скратиме точка.
И на крајот, во духот на конструктивноста: НИЕ НЕ СМЕ ПЛУКАЧКИ БЛОГ. Ние сме макНБА блог, најконструктивен, најкреативен, со најубав темплејт, со една мала симпатична заедница со која си коментираме и си сеириме. А мислам, дека имаме и доволно кредибилитет, затоа што тројцата администратори на блогот, сме инволвирани во печатените медиуми. Особено Каракаш и Двр Будр, на кои тоа им е професија. Јас уште сум руки.

