Бизаро

Posted by Karakash Under Бизаро, Трејд муабети on Wednesday Jan 25, 2006

А стварно го сакав Рон Артест, имаше у него нешто што го разликуваше од останатите денешни ѕвезди. Секое интервју кое го прочитав со него ми даде впечаток дека типот е најнормалната особа на светот. У него ми се чинеше дека има некој олд-скул квалитет, кој не се среќава денес, нешто спешл.

Застанав на негова страна и кога побара пауза за да го сними рап албумот, а и после хаосот у Детроит, иако беше очигледно дека најголема вина за се што се деси, покрај Бен Волас, идиотот што го фрли пивото и целата мизерна организација на средбата од страна на Пистонси, беше баш у Рон-Рон. Не се согласив со суспензиите на Штерн, затоа што Бен заслужи барем пола од казната на Артест, само затоа што беше пиче и кога неговиот тим губеше со -10 на минута до крај, у фрустрација го удри Рон, кој после тоа искулира на записничка.

Али ај, тоа било и поминало. На тренинг кампот се појави намсеаниот Рон, спремен да се искупи за тоа што не им беше од помош на Пејсерси. И се беше убаво, се додека едно сабајле не му текна да се излае на весникот Индијанаполис Стар, како не е среќен, како тренерот Џим Кери Карлајл не му дава да се истакне како ѕвезда, како, бла, бла, бла…

Тоа ја прели чашата на Бирд, кој не можеше више да ги трпи срањата на Рон и реши да го трампа било каде, а дури тоа не се деси дека нема да му даде веќе ни минута да заигра за Индијана.
И така помина месец дена, а трејд по трејд опција се гасеше за Инди и Рон. Не го бидна у Клиперси за Магети, нити у Лејкерси заедно со Крошир за Одом. На ред пак дојдоа Кингси и таман кога се договорија, Рон пак му се излаја на Инди. Стар.

Е, тука сфатив што е тоа што го дели Рон од другите и зашто увек сум го сметал за посебен играч. ТИПОТ НЕМА МОЗОК!

Не само што со своето барање со еден потег ја уништи сезоната на Пејсерси, клуб кој застана у негова одбрана по тепачката, него со тоа што не му се игра за Кингси ги уништи шансите било кој да понуди нешто асално за него. Вака, ем ги еба Пејсерси, ем се еба самиот себеси. Изгледа не му е битно ако одседи уште една сезона. Штета.

Штета, зашто типот според талентот спаѓа у Топ 10 НБА таленти, кога збориме за играта на двата краја од теренот. Но, талент без мозок е ништо. Сега можам да кажам дека типот е луд и дека стварно ич не ми е гајле кај ќе заврши. Факт е дека тој талент ќе му даде нова шанса у некој НБА клуб, а можеби и еден ден пак ќе го гледаме на Ол-Стар, ама д демиџ ис дан. Посебно у Индијана.

* * * * * * 

- Според некои извори, трејдот у Сакто се уште е опција, но тешко дека ќе се деси. Каков ли само секс му удри на Пеџа, кој си остана у хотел и се спреми да се враќа у Сакраменто.
Сега опција се Вориорси, али као што слушам, Инди не го сака Мајк Данливи (кој го сака?).

- Жена која работела за Никси го тужи Ајзеа Томас за сексуално малтретирање. Њујорк, Њујорк…па кај ја најде бе Ајзеа. После он ќе биде пример за шупците од играчи кои ги имаат Никси.
In late 2004, she alleges, Thomas’s hostile behavior changed to making sexual overtures. After one game, she said in her lawsuit, he hugged her tightly and told her he had figured out why they had problems. He said he was “in love” with her and they were “so much alike.” She said that he compared his feelings for her to experiences the characters had in the film “Love and Basketball.”

She said that he once told her: “I know you think I’m inappropriate. But I’m in love with you.”

Last month, she charges, he again tried to kiss her, and when she pulled away, he said, “What, I can’t get

any love from you today?

UPDATE: Ете, бидна. Баш у стилот на Рон, кога сите ја отпишаа трампата, ете го у Кингси. Анализа следи лејтр.

5 COMMENTS

Детроит гази+Ред дебел, а!?!

Posted by Karakash Under Old School рикепи on Wednesday Jan 25, 2006

Бето продужуе со рикепи, и продужуе пак со Милвоки. Сеа у Детроит. Бакси одиграа многу боња утакмица од таа со Хјустон дома, али Бето нека ви објасни тоа. Буцето Мајкл Ред се разигра, а?:)…

Дури сега приметувам дека всушност Детроит се домаќини, а тоа и како ме израдува најмногу поради фактот што нема цела вечер да им го гледам шугавиот терен на Милвоки со тие чкартните,gay бои. Да прејдеме на главното:

STARTING LINEUPS:

За Детроит: Билапс,Хамилтон,Принс,Р.Волaс и Б.Волaс

За Милвоки: Т.Џ. Форд,Ред,Симонс,Меглор и Богут

1.чет.:
Натпреварот почна со серија од 6:0 на Детроит, главно поени на Хамилтон и асистенции на Билапс. Потоа, изненадувачки, гостите се вратија веднаш од таа серија и тоа со водство од 8:6 преку поени на Ред, Форд и Симонс.

Како што би рекол Каракаш, “утакмицаtа почна повуци-потегни” на двете страни. Имаше еден убав цепелин на Билапс и Хамилтон кој заврши со положување од вториов, како нешто да се одбележи од стартните минути кои секогаш се најдосадни. Цела чет. се игра изедначено, онака досадно, ко што знае да биде и на 3:30 минути до крај на прва резултатот е 19:18 за гостите кои како да држеа контрола во првите минути.

Мене лично, интересен ми беше Рашид кој се обидуваше да се расшутира од позади 7 метара, но некако не му идеше, па погоди само една тројка од четири, а можеби и пет обиди. Билапс си делеше асистенции ко бомбони, која на Рашид или Бен, а овие реализираа беспрекорно.

Гаџурич даде четири поени по ред! На минута и дваес-пет до крај на прва у игра влезе и Морис Еванс (мојот омилен играч оd Детроит) кој е голем работник, а токму тоа и го докажа уште во 1.полувреме. Мо Вилијамс даде тројка за највисоко водство на Бакси од 27:22, a Четвртината заврши со поени (два) на МекДајс и 27:24 за Милвоки.

2 чет.:
почна со елегантен шут на Еванс, кој ме изненади со својот убав шут (за око, а според неговата градба, не ми личи на таков. Детроит полека фати ритам и почнаа да си ја играат својата препознатлива игра со многу трчање и одбрана. Во игра Сандерс ги внесе МекДајс, Аројо и Еванс и сите тројца му ја оправдаа довербата буквално прегазувајќи ги резервите на Милвоки кои беа како изгубени (пред се Велш).

Детроит прави многу убава и долга серија од 14:2 (вклучувајќи ги и поените на МекДајс на крајот на првата), а таа убава серија ја прекина Велш со еден влез. Ред со тројка ја намали предоста на Детроит, ама веќе во следниот напад се сплетка со топката. На 3:30 до крај на 2., Детроит има 10 разлика(со поените на Принс).

Тери Стотс се нервира од клупа и бара тајм-аут на 2 минути до крај кој се чини малку ги оправи работите пред паузата. Форд даде 6 поени по ред и така на полувреме се отиде со 50:44 за Детроит. Јас стварно се надевав дека во 2.полувреме Детроит нема многу да се одлепи и дека сепак ова ќе биде интересна утакмица…


3 чет.:
Во 3.четвртина двата тренери во игра ги ставија првите петорки (Normalno – K.). Почнаа повторно изедначено откако Ред даде тројка за израмнување. На др. страна Хамилтон игра одлично без топка и многу ме потсеќа на Реџи Милер, а плус на тоа и поентира. Меглор понатаму ја губи топката во два напада по ред и тоа на многу глуп начин, па на тоа убаво сум се изнасмеал.

Следуваа(некаде кај 7 до крај) неколку напада каде и двата тима ги губеа топките континуирано. Ред з’гна уште една тројка, а на тоа мораше да врати Хамилтон да не остане покус. Почна нивната трка за прв стрелец уште во третата четвртина бидејќи и двајцата се распуцаа. Билапс во 3.четвртина ги даде своите први поени на утакмцата(од слободни), а веќе имаше 9 асистенции.

Две тројки по ред на Детроит(Хамилтон и Билапс) по што нивното водство повторно се качи на + 8. По тајм аутот на Стотс, Богут даде еден хорок, а’ла Олајџувон и тоа од пристојна дистанца. До тој момент Хамилтон имаше 24, а Ред 22 поена.

Резултатот – 71:65 за Детроит на минута до крај на трета. Четвртината заврши со тројка на Билапс за 74:65 за Детроит.

4 чет.:
Четвртината ја отвори повторно Еванс со шутче од полу-дистанца и како да сакаше да навети дека тоа ќе биде лесна завршица за Пистонси.Но…

Со тројка на Шид , Детроит прави +12 на 8 до крај. Ред дава два коша по ред и смалува на 8 поени. Еванс си зема премногу слобода и се распуцава што секако им штети на Детроит .Следуваше атрактивно забивање на Богут за 6 разлика на шест минути до крај…

На пет минути до крај резултатот беше +10 за Детроит. И тогаш кога помислив дека Милвоки немаат теоретски шанси за нешто повеќе, во игра се врати Мо Вилијамс, докажан тројкаш кој оваа сезона реши две средби во последните секунди.

Даде две тројки по ред за неполна минута(онака смирено, лакомо) и намали на +4 за Детроит. Идниот напад го реализираше Симонс за +2. Уф, уф, интересна завршница. Хамилтон даде кош за +4, па украде во одбрана, па направи 2+1 и така предноста си ја качија на 7. Идниот напад: БАМ-Ред тројка. Шид утна, па уште еден шут(длабока двојка) на Ред, па уште едно промашување на Рашид. Милвоки тајм аут(2 разлика) на 92:90 за Детроит. 24 секунди до крај. Ред ја прима и не проаѓа многу време, се дига на шут и погодува! Изедначување на 14 до крај.

Сега тајм аут за Флип и тој му ја дава топката на Билапс(инаку феноменален во 2.полувреме). Мо го чува Хамилтон да не мрдне и оtкако Билапс се најде во небрано му ја дофрли на Шид овој за 3…и утна(т.е. топката излезе од обрачот) и следуваа продолженија….

ВАКВА УТАКМИЦА ОДАМНА НЕАМ ГЛЕДАНО, морам да признаам. Вредеше што останав буден до 5 сабајле.

Продолжението:
Почна со слободни на Чонси за 94:92. Потоа следеше мал пад во играта на Пистонс, а тоа знаеа како да го искористат гостите преку Ред и Мо и со нивни искомбинирани 6 поена доаѓаат до значајно водство од 98:94! Но, на сцена тогаш од никаде(цела утакмица го немаше), Рашид Волис со гоооолема тројка за 98:97. Потоа следуваше промашување на Ред, па Билапс двојка за 100:97.

Богут едно слободно, Билапс уште две слободни за 102:98. Ред повторно промаши и тука е крајот. До самиот финиш Милвоки играа на фаули кои Билапс ги реализираше (втор во НБА по процент на дадени слободни:!!!). Краен резултат 106:102 за Детроит Пистонс.


МЕН ОФ Д МЕЧ
: Иако Хамилтон имаше најмногу кошеви вo Детроит(35), утакмицата ја реши Чонси(23п., 15 асистенции) и затоа признанието за човек на натпреварот според мене треба да оди во негови раце. Инаку, најдобар стрелец беше Ред со 41 кош.
Епа, толку.

2 COMMENTS

Пишман аџија

Posted by Karakash Under Бизаро, Трејд муабети on Wednesday Jan 25, 2006

Ова е инфо-текстот. Мојот поглед врз работите следи покасно (а таман мислев денес да пишам за Индијана и Артест).

Кога е Рон Артест е во прашање, тогаш веќе ништо не треба да не изненадува. Последната во серијата бизарни епизоди во кои главната улога ја има Рон се случи во вторникот вечерта, откако Индијана и Сакраменто веќе начелно се договорија да го разменат во Кингси во размена за Пеџа Стојаковиќ.

Србинот, известен дека ќе биде трејдуван, си остана во хотелот во Филаделфија и не настапи на дуелот на неговиот тим со Сиксерси. Но, “кралевите” во последен момент се предомислија, откако разбраа дека Артест не сака да игра за нив. Иако Рон нема никакво право да го блокира трејдот, челниците на Кингси не сакаа да си имаат работа со играч кој не сака да биде дел од нивната организација.

“Во моментов нема никаков трејд, а ништо чудно воопшто и да нема трејд” - изјави тренерот на Пејсерси, Рик Карлајл пред поразот на неговиот тим од убедливи 96-66 во Кливленд.

Откако Индијана загуби, со официјално соопштение се јави претседателот на клубот, Дони Волш.

“Како што кажав и порано, се додека не се финализира некој дил, ништо од него. Немаме договорено никаква трампа и нема да коментираме на било какви избрзани најави за трејд на Рон Артест” – рече Волш.

Играчот, кој своето прво јавно барање за трејд му го соопшти на “Индијанаполис Стар”, за истиот дневен весник изјави дека “Нема трејд. Не дека не сакам да играм таму…Мојот менаџер е во контрола на ситуацијата”.

Што и да е во прашање, ова е втор пат како евентуален трејд на Артест пропаѓа во последен момент. Пред само две недели Пејсери и Клиперси беа пред договор да го разменат Рон за Кори Магети, но Индијана се повлече во последен миг, поради загриженоста за сериозноста на повредата на Магети.
Инаку, Рон веќе месец дена е на “Листата за неактивни играчи” на Пејсерси, откако јавно побара да биде трампан, шокирајќи ги сите во клубот.

Самиот Стојаковиќ си знае низ што морал да поминува поради предомислувањето на Кингси да го трампаат за Артест.

Трократниот Ол-Стар се подготвувал за настап против Сиксерси, кога од клубот му соопштиле дека нема да настапи затоа што ќе биде трампан и дека затоа мора да остане во хотел.
Според неговиот менаџер, Дејвид Бауман, Пеџа бил шокиран, а кога малку се средил, прво ги известил најблиските и си ререзвирал авио-карта назад за Сакраменто.
Само неколку минути подоцна, од клубот му кажале дека нема ништо од трејдот во Индијана. Нешто на што тој, во најмала рака, реагирал гневно.

“Шокиран сум и бесен од начинот на кој се понесоа со Пеџа”
- изјави Бауман.
Србинот не настапи во поразот на “кралевите”, а под знак прашалник е и тоа дали ќе настапи и на следните средби.

“Не можете да очекувате тој да не биде вознемирен после вакво нешто, но се надевам дека се ќе биде во ред со него. Ова никако не беше лесно и за него и за нас, посебно не сега, кога се наоѓаме сред турнеја од шест гостувања” – изјави Рик Аделман, тренерот на Кингси.

Пред да пропадне трејдот, Бауман изјави дека Пејсерси се добра промена за неговиот клиент и дека со нив ќе почне одново, ќе игра за добaр тим и ќе биде дел од плеј-офот.

10 COMMENTS

Се бара јунак

Posted by Shepard Under Кобиџилница on Monday Jan 23, 2006


Се бара(ат) јунак(ци) кои:

- располагаат со асални машини за симињање торенти;
- ќе бидат доблесни да ја симнат утакмицата Торонто – Лејкерс;
- ќе бидат уште подоблесни да испратат мејл на maknba@gmail.com;
- после тоа ќе се договориме утакмицата да се среже како би можела нашата мала секси макнба заедница да се здобие со вредниот артефакт, односно истиот да се размножи низ најверните членови;

(океј, ова е поише ради ја да ја добијам некако..)

Јунаците ќе бидат наградени со пиво, благо, сокче, грас, зависно од преференците.

Од Стручниот Штаб, Шеп

(Оф д топик: Под двата текста у врска со Коби и неговите 81 поени, го имате рикепот од Бето од синоќешната утакмица меѓу Милвоки и Хјустон. За да не оди надоле Коби, кој барем уште еден ден мора да остане најгоре, Ти-Мек и неговите 41 поени се ставени подоле. – К.)

26 COMMENTS

81

Posted by Shepard Under Кобиџилница, Легенди on Monday Jan 23, 2006

81,
ОСУМДЕСЕТ И ЕДЕН.
81.
НЕ…ПРОТРЕСИ ЈА ГЛАВАТА.
81.
Толку поени постигна синоќа Коби Брајант.
81.

—————————————-


Е, сеа, по опширниов текст погоре на Шеп, и ја да кажам нешто. мада, кога ќе размислам боље, нема што да се каже, освен АН-ФАКИН-БИЛИВИБЛ. Али, ај да напишам нешто, па подоле ќе ги оставам играчите, Коби и Фил да кажат по нешто и ќе се позанимаваме со малце историја.

Малце лиги пуштање, али бев еден од сречниците кои ја гледаа утакмицата, али не у живо, него у снимка на НБА ТВ и стварно ми требаше време малце да ми се средат мислите. Што мислам за Коби, односно за такви индивдуални партии, мислам дека им е јасно на сите кои редовно го читаат блогов. Али она што го гледав дефинитвно е нешто посебно, феноменално, еден од оние настани за кои и после неколку години, децении ќе те прашаат -Каде беше кога Коби убаци 81?

Како што идеше утакмицата, се мењаше телопот на ТВ, прво беше Коби у група на легенди на Лејкерси кои постигнале повеќе од 50 поени на еден меч, онда се смени на рекордери у клупска историја, за на крај да застане на рекордери у НБА, каде Мамба застана на 2, место, одма зад легендарните 100 на Вилт д Стилт.

Нема што да се каже, сите ние еден ден на нашите деца, внуци итн. ќе можеме да им кажуеме дека сме биле сведоци на создавањето на историјата на НБА.

81 поени на Коби даваат простор и за пофалби и за критики (од оние кои не го сакаат многу), но факат е дека тој направи се за да победат Лејкерси, кои на полувреме беа у минус од 14 поени. Да не изигра како што изигра, Лејкерси сигурно ќе изгубеа со 30 разлика, вака Коби сејвд д деј. Свака част, мајсторе…Едвај чекам до петок и мечот на Коб..овај Лејкерси и Вориорси. - Каракаш

- Вилт Чембрлен својата легендарна партија во која постигна 100 поени ја одигра на 2 март 1962 година, во победата на неговата Филаделфија над
Никси. За да стигне до 100-ката, тој на теренот ги мина сите 48 минути, погодувајќи 36-63 од своите обиди за 2п. и 28-32 од пенал линијата. На таа средба Вилт во 2. полувреме уфрли 59 поени и со тоа се уште е единствениот играч пред Коби и неговите 55 против Торонто според бројот на постигнати поени во вторите 24 минути на една средба. Втор најдобар ефект на Чембрлен е тој од 78 поени (1961 год.), до кој дојде по три продолженија.

- До неделата рекордот на Лејкерси за најмногу постигнати поени на една средба беше во сопственост на Елџин Бејлор. Тој изнесуваше 71 поени, а НБА lегендата ги постигна на дуелот со Никси, кој се одиграл на 15.11.1960 год. Карим Абдул-Џабар, кој е сега помошник во Лејкерси, ја имаше таа чест да биде сведок и на таа неверојатна партија.

“Партијата на Елџин беше исто така феноменална. Мислам дека тоа и ова вечерва не можат да се споредуваат. На Елџин тоа му појде од рака кога не постоеше тројката, така да неговата игра се базираше на влезови и шутеви од дистанца. Шутот на Коби е неверојатен и тој постигнува поени од каде ќе посака. Беше вистинско задоволство да се гледа овој натпревар. Тоа што може тој да го направи на теренот е неверојатно. Тој целосно го заслужи ова” – Карим, кој е прв стрелец во клупската историја.

- Рекордот на кариерата на Мајкл Џордан изнесува 69 поени, а само четири играчи успеале да ја минат границата од 70 поени на една средба. Тоа се Вилт, Бејлор, Дејвид Томпсон и Дејвид Робинсон, на кого последен тоа му појде од рака. “Адмиралот” последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната 1993-94 ги почести Клиперси со 71 поени, кои му требаа за да се закити со титулата најдобар стрелец, претркувајќи го во последен миг Шекил О’Нил.

- Најмногу поени на една средба:

1. Вилт Чембрлен (Фил.) 02.03.1962 100
2. Коби Брајант (Леј.) 22.01.2006 81
3. Вилт Чембрлен (Фил.) 08.12.1961 78 (3прод.)
4. Вилт Чембрлен (СанФр.) 16.11.1962 73
5. Вилт Чембрлен (Фил.) 13.01.1962 73
6. Дејвид Томпсон (Ден.) 09.04.1978 73
7. Вилт Чембрлен (СанФр.) 03.11.1962 72
8. Дејвид Робинсон (САнт.) 24.04.1994 71
9. Елџин Бејлор (Леј.) 15.11.1960 71
10. Вилт Чембрлен (СанФр.) 10.03.1963 70
11. Мајкл Џордан (Чик.) 28.03.1990 69 (прод.)
12. Пит Маравич (Њ.О.) 25.02.1977 68
13. Вилт Чембрлен (Фил.) 16.12.1967 67
14. Вилт Чембрлен (СанФр.) 11.01.1963 67
15. Вилт Чембрлен (Фил.) 25.02.1962 67

“For me, it was about the W, and that’s why I turned it on. Then I just tried to ride the wave and demoralize our opponent – and it turned into something special.” – Mamba

“To sit here and say that I grasp what happened tonight, I’d be lying”Mr. 81.

“When he had like 57 and there were 11 minutes left in the game, we were like, ‘Oh, boy.’ I said 72. Obviously, I was quite shy.” – Chris Mihm, in attendance at the show

“I wasn’t keeping track on what he had, and when I turned to [assistant Frank Hamblen] and said, ‘I think I better take him out now,’ … he said, ‘I don’t think you can. He has 77 points.’ So we stayed with it until he hit 80.” – Phil Jackson

“It’s not exactly the way you want to have a team win a game. But when you have to win a game, it’s great to have that weapon to be able to do it. I’ve seen some remarkable games, but I’ve never seen anything like that before.” – Phil Jackson

“He started taking all the shots and we stood looking at him like we didn’t know what to do. We have to know who we’re playing. That’s unacceptable.” – Chris Bosh

15 COMMENTS

He’s back

Posted by Karakash Under Old School рикепи on Sunday Jan 22, 2006

by Beto

- Како што бива со секоја НБА утакмица и оваа малце каснеше(тоа веќе станува традиција во НБА) , а тоа за многу малце ќе ме доведеше до тоа да заспијам односно да не го направам овој рикеп.Значи, натпреварот почна негде накај 2 и 20 а во стартните петорки на двата тима беа:

За Милвоки: Т.Џ. Форд,Мајкл Ред , Боби Симонс, Џамал Меглор и Ендрју Богут

За Хјустон: Рафер Алстон , Дејвид Весли , Трејси МекГреди , Џуан Хауард и Дикембе Мутомбо.

1.четвртина:
Двата тима почнаа скоро исто, со индивидуални излети на некои играчи.
Почна како и секој друг натпревар, споро, најмногу на шутеви, а тоа се разбира дека им беше од полза на домаќините кои и тоа како располагаат со прецизни шутери како Ред, Симонс или Мо Вилијамс.

Први повлекоа домаќините и тоа преку две тројки на Симонс и Ред ,а гостите на два пати преку МекГрејди одговараа на другата страна. Најразигран од сите се чини дека бешe Симонс, кој ем погодуваше од дистанца ем имаше некои скок-шутеви од полу-дистанца плус еден влез. Во тимот на Хјустон се издвоија МекГрејди кој си ја играше својата позната игра (сам) и не додаваше никому и на моменти ми се чинеше како да има намера да тргне по лов на Коби ама нема дечкото капацитет за тоа. (Мислиш? – К.)

Иначе Трејси не погоди ниедна тројка во цеа прва четвртинаа имаше два или три шута. Подоцна…во првата четвртина Милвоки беше тимот што ја имаше предноста, а Хјустон ги ловеа. Хјустон едно време паднаа и на -8, но во игра ги врати Дејвид Весли кој ми личи на пекинезер и во фаца и во тело. Дикембе иако беше во стартната петорка на својот тим, ни се виде, ни се примети, па и неприметно седна на клупа и неприметно не се одлепи од неа цело 1.полувреме.

Веќе на две минути до крај на прва, Тери Стотс, тренерот на Милвоки, во игра ги пушти Гаџурич, Кукоч и Вилијамс и ги повлече надвор од игра првите играчи на Милвоки на заслужен одмор. Иначе Богут ми остави пријатен впечаток!

2.четвртина:
вајцата тренери ја почнаа со своите 2. петорки. Само Богут беше дел од тимот што го почна натпреварот и во 2.четвртина. На самиот почеток на вториот дел во крупен кадар го даваат Џеф Ван Ганди кој ги ишишал и оние неколку влакна кои ги имаше и сега ептен ми заличи на Зидан! Каква писта си напраил…Набрзо кошаркарите на Хјустон преку Весли и Алстон од два напада постигнуваат две тројки и успеваат да поведат за прв пат на натпреварот. Вторава постава на Бакс не функционира како што треба, а овој Стотс упорно ги остава да играат. Шупци!

На шест минути до полувреме, резултатот е изедначен 34:34 во корист на Хјустон. Првата постава на Милвоки се враќа на терен дури 7 мин. по стартот на 2.чет. МекГрејди никако да даде тројка, а Меглор скоро и да не се приметува, a до сега има 6 поена и 5 скокови.

Ми се свиѓа како си одработи Хејс од Хјустон,веројатно млад играч,талент ,на позиција 4ка,солидно покриваше коа Хауард се одмараше….Хјустон го има водството од 44:41 на 2:15 до крај. Сепак,пар кошеви на Ред и завршува прво полувреме со резултат од 48:47 за Хјустон.

3.четвртина:
Малце закаснив за глеање, ама коа дојдов резултатот беше изедначен 55:55 овој пат во корист на Милвоки. Потоа почна да игра МекГрејди онака сам и тоа веднаш стана видливо и на семафоpот бидејќи Хјустон го зема водството 60:55. До тој моменат Трејси имаше 18 кошеви. Го забележувам Мутомбо е пак во игра(има 39 години еј), ама со никаков позитивен ефекат за својата екипа.

Трејси го полни кошот на Бакси непрестано поентирајќи најмногу од влезови. Милвоки до крајот на четвртина прави серија од 7-0 и на две минути до крај резултатот е изедначен 67:67.МекГрејди мава трица за 70:67, па Ред има пар слободни ,па Весли и 3.четвртина завршува со резулт од 74:71 за Хјустон.

4.четвртина:
И кога таман мислев дека во 4. четвртина ќе глеам интересен и атрактивен баскеt, се деси и тоа, Трејси МeкГрејди да не утне и ја направи тотално неинтересна последната четвртина: Оd кај шутна-не утна! Праеше ролинзи, нешто па шут, па тројки, па слободни СВЕ ВЛЕЗЕ!!!

Вака сеа…последната четвртина почна атрактивно се цепелин Т.Џ Форд до Гаџурич и закуцавање и тоа беше се што направија домаќините. После МекГрејди имаше симултанка и залудно би си го трошел времето ако ви опишувам какви се шутеви погоди! Му немаше крај за на 5 минути до крај да направи 15 разлика. Милвоки на крајот имаше 80 коша.Значи само срамни 9 во последната четвртина. Тоа ги уништи. Заврши 97:80, а Xјустон извојува победа благодарејќи на МекГрејди.


Лудакот заврши со 41 поен и залужено си го добива тоа МЕН ОФ Д МЕЧ.Толку.

Добро е Бето, само да не требаше да ти ги поправам сите печатни грешки:). За утакмицата си прав, баш беше така, се играше повуци-потегни, додека Ти-Мек не зема се у свои раце у задња четвртина. За Дикембе не би го критикувал толку, зашто како што напишпа и ти, типот има 39 години (и веројатно може да ти биде татко).
Кога играше он у 1.чет., и Богут и Меглор немаа муда да се дигнат на шут у рекет преку него. Можеби немал некој др. квалитет у своја кариера, али барем за плашење играчи у рекет и мењање шутеви мора да му се пружи рака. Ипак, он д енд оф д деј, ова беше вечер на Мек, а никој у дрес на Бакси не ме импресионираше.
Уште на старт на сезона реков дека Тери Стотс не е прав човек за тренер и тоа полека почнува да станува јасно. И уште нешто реков летоска, а тоа е дека Ред не е играч за 90 мил. договор. Никако.
Каракаш

4 COMMENTS

Ретко срање утакмица..

Лекич: Франциско Елсон – елегантен шут?!

19 COMMENTS

Седи бе…

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Saturday Jan 21, 2006

По скоро осум месеци постоење, NBA Macedonia ја мина границата од 15 000 јуникс посети. Идемо даље…заедно!

7 COMMENTS