Ајде аирлија!

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Thursday Nov 24, 2005


Конечно и моите Хоукси тепаа некого, решавајќи ги синоќа Селтикси. Досега требаа да имаат некоја победа повеќе, да не беше сјебаниот распоред кој у првиве три недели ги носеше кај или им носеше дома тимови од Западот. Пазете се сега.
(добро, не баш:)

6 COMMENTS

Најбоља насловна

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday Nov 23, 2005

Денеска се сретнав со една од најдобрите наслoвни у мој живот кога го купив новиот SLAM, чиј сум редовен конзумент веќе подолго време. Иначе, за оние кои не се запознаени, SLAM е најдоброто НБА списание на светот, и ако досега не сте се сретнале со него, не знаете Што сте пропуштиле, ако сте ја имале таа средба, тогаш знаете за што зборувам. Еве ја и насловната:

Освен ова, еве нешто за ќејфот на Шеп. Дали тоа ние го имавме ова пред неколку месеци, или мене само ми се чини? Не, Не.

Шеп, знам дека го поштуеш Чарли, али нешто изгледа не е у ред со момакот, зашто почна да се споредува себеси и Бош со Робинсон и Данкан.

Оваа недела четири тима ги претставуваат новите, 2-ри дресови за гостувања. Потег кој на Денвер, Бостон, Кливленд и Детроит сигурно ќе им донесе уште некој долар плус. Настрана бизнисот, дресчињата не им се ич лоши.

5 COMMENTS

До непознатото другарче:)

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday Nov 23, 2005

Еве со огромно задоцнување го видов и allstar-от, ама нема да коментирам што и како бидејќи она беше најголема глупост во историјата на НБА. Испадна дека руки- софтмор утакмицата беше најјак дел. Ама реков нема да коментирам…
Иначе, најново е што бев брутално прекинат во најтворечкиот период и ми беше доделена привилегијата да напишам 10 страни семинарска работа па не ни стигнав ни западот да го довршам. Еве, пошто сега почнува поинтересниот дел од сезоната ќе се фокусирам на она што е навистина интересно и ќе ви презентирам дел од моите парапсихолошки способности.

Еве ја мојата листа на работи кои очекувам да се случуваат во НБА во вториот дел од сезоната:

1. Детроит ќе заврши со скор од негде 20 порази како најдобар на Исток. Во право беше Шеп шо напиша дека Запад кошот не го виде 5 минути на allstar-от. Е така некои екипи нема да го видат и по 15 минути. Наспроти сите очекувања никој нема да скрши кичма. Фила ќе им направи мали проблеми прва рунда плејоф ама нема проблем до финале натака. А и Бен Волис конечно ќе потпише договор за патики со струмичкиот производител Адибас.

2. На запад ќе е лудница, ама се ќе си дојде на свое место и Сан Антонио ќе тепа со околу 24-5 порази. Втор Феникс, а трет е малку битно. И онака нема да види повеќе од втора рунда плеј-оф. Сан Антонио го тепа 4-2 во финале на запад Феникс

3.Плејоф нема да видат ни Њу Орлеанс ни Јута ни Чикаго иако засега имаат шанси.

4.Лејкерси ќе се 8 на Запад и ќе го папаат прва рунда 4-2. Коби на една ќе даде помалку од 20 поени па после ќе се вади на некоја повреда. Фил Џексон после тоа ќе рече дека крив за неуспехот е Слава Медведенко кој убацил лоша карма во тимот па ќе му даде да ја прочита The Art of War.

5.МВП на регуларен тек на сезона ќе е Стив Неш чиј просек асистенции откога ќе се врати Амаре ќе е над 15. Ќе стане кандидат во некој период и Паркер ама ќе раскине со Лонгориа и скрос ќе се сјебе.

6. All-defensive тимот страшно многу ќе личи на Детроит. Овој пат нема да го стават Рашид за да има време да проведе со фамилијата:). А и РИП ми делува nekako сумњиво за таму… Ќе фати врски за да влезе ама нема да успее.

7.Чарлс Баркли ќе биде најден во некоја тесна уличка на Њу Јорк во критична состојба, претепан од страна на банда. Тамам пред финалната серија… Ќе се сомнева дека зад сето тоа стои Џеј Зи затоа што Баркли му се пуштал на жената, ама никој не ќе сака да сведочи против него. Кени Смит ќе почне да зема часови по самоодбрана веднаш по немилиот настан.

8. Ivica’s finest ќе ја освојат фантази Мак-НБА лигата во фото финиш пред тимот на Каракаш. На трето место наспроти сите очекувања како феникс од сопствената пепел ќе се издигне Шепард, ќе се врати во игра и ќе почне да растура, ама за малку нема да стигне до првото место.

9.Финале на НБА: Детроит- Сан Снтонио.
Ситуација Детроит: Чонси игра со мала повреда, Принс игра ненормална одбрана-сам го исфрли Мајами пред тоа:)
Ситуација Сан Антонио: Тони заебан до коска зошто Ева го оставила, Тими мора се сам. Ману слаба форма…

10. Конечен резултат 4-1 за Детроит. Кид Рок приредува забава за 4000 народ. На журката настанува масовна тепачка предизвикана од Џермејн О’Нил и Рон Артест. За среќа никој не е повреден. Завршува сезоната- почнува WNBA :)

Толку засега од мене, сега одам да го уплатам ова што го кажав в кладилница. Бар да се заработи нешто од сево ова.

ADD COMMENTS

Rasho – the Man

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Tuesday Nov 22, 2005

Честитки за Рашо Нестеровиќ, на кој му требаа само 11 средби и 190 минути да ги шутне своите први две слободни во новата сезона синоќа против Кингси (кои ги погоди). Се уште не е познато дали во историјата на НБА имало некој центар кој толку избегнувал контакт во рекетот како Рашо, кој во својата кариера, од која во поголемиот дел е стартер, има просек од само пола убацено слободно по натпревар. Тоа ви е еден поен на две средби. Браво Рашо, кажи кога ќе ти заврши Бекутанот, да ти пратиме некое пакетче.
Ееееј, и он има НБА титула.!?!?!
Иначе, синоќа ги гледав Кингси и Спарси, ѕирнете ги претходните постови за Сакто, исто како и сега да сум напишал нешто за нивната кралска мизерија.

9 COMMENTS

Репторси и Вилануева се омрсија, сеа само Марвин и моите Хоукси останаа без победа у цела лига. Тугоооо….(видете му сурат на Мајк Џејмс, као да е у кунг-фу филм).
Него, да не плачам многу, еве го пак Ивица со неговата специјалност:

Нови 5 fantasy price-movers:
-Овие играчи би ги препорачал само во итни случаи т.е. кога ептен сте зафркнале во изборот па сега се трудите да ја санирате работата:).

1.Nick Colison
Зошто е меѓу овие играчи: Колисон после релативно слабата руки сезона во која од него се очекуваа многу нешта а се доби генерално ништо како да почна да се прибира и почнува да пружа партии кои доликуваат за 12. пик. Има просек од 10 поени и 6.6 скока со супер шут од поле (над 60%). Неговата минутажа во Сиетл се очекува да се зголемува и понатаму, најверојатно за сметка на минутажата на Реџи Еванс кој оваа сезона не е ни бледа сенка на тоа што беше лани.
Што би било негативно по вашиот тим: Колисон е општо познат како стаклен тип (сличен на Кириленко од Јута) и секој поцврст дуел во кој влегува е следен со нетрпение од публиката во Сиетл (колку се златни:-)). Сакам да кажам дека не би ме чудело да се случи некоја смешна повреда која ќе го оддалечи месец или два, а тоа директно би се одразило на вашиот тим.
Препорака: Не верувам дека Колисон може и натаму да претставува некој екстра фантази-фактор и покрај добриот старт. Не форсирајте некоја трампа во која ќе се откажете од некој подобар играч во надеж дека Колисон ќе издржи вака цела сезона.

2.Luke Ridnour
Зошто е меѓу овие играчи: Риднур е класичен плеј кој игра мудро, не троши многу топки (со тоа го крие својот слаб шут од поле) и што е најбитно знае да украде топка или да направи дефанзивен потег со кој ќе реши натпревар. Минатата сезона во неколку наврати го стори тоа и не гледам причина зошто тоа не би го повторил повеќе пати. Има просек од 10 поени и 6.8 асистенции. се истакнува и по бројот на украдени топки (има просек над 2). Куриозитет за него е што во досегашниов тек од сезоната нема промашено слободно фрлање (заб.: го пишувам ова пред натпреварот со Чикаго)
Што би било негативно по вашиот тим: Како што беќе наведов Риднур има очајно лош шут од поле. Шутира 31.9% оваа сезона, што е далеку под неговиот просек од минатите две сезони кој е некаде околу 40%. Исто така од Риднур не би очекувал ни многу поени, сметам дека ќе се одржува на границата од десет поени, а што се однесува до скоковите никој навистина и не очекува скокови од својот плеј, нели?
Препорака: Риднур ќе му помогне на вашиот тим во поглед на асистенции, а и неговите десет поени не се за потценување ако се земе во предвид дека плејовите кои имаат поени и асистенции не се така честа појава во НБА повеќе.

3.Troy Hudson
Зошто е меѓу овие играчи: Значи во оваа ситуација сум во дилема: дали Трој Хадсон е тука поради тоа што игра добро или поради тоа што Марко Јариќ игра лошо. Како и да е се поочигледно е дека Трој го притиска Марко за позицијата стартен плеј во Минесота и сметам дека е само прашање на време кога Марко ќе излета од прва петорка. Хадсон со 21.6 минути во просек има 11.6 поени, а Јариќ со 30.4 минути има 9.3 поени. Јариќ е добар во асистенции (има просек 5) ама тоа не е доволно за стартен плеј кој игра над 30 минути.
Што би било негативно по вашиот тим: Општопознатиот факт дека Трој Хадсон е еден од најсебичните играчи во НБА лигата кој ја додава топката само кога ќе го утројат. Значи не надевајте се на асистенции, а и шутот од поле не му е сјаен (околу 42%). Поимот скок во речникот на Хадсон не фигурира.
Препорака: Воден од помислата дека ако треба да се бира помалото од две зла најодговорно велам дека Хадсон може да е корисен pick-up. Дечкото се фати сериозно за работа, се труди да му го земе местото на Јариќ и може само да ги зголеми своите бројки, меѓутоа тука земете во предвид дека и Хадсон е доста стаклен во однос на повреди.

4.Boris Diaw
Зошто е меѓу овие играчи: Дечкото ќе ви даде “a good run for the money” доколку на крило сте прецениле некој играч како јас на почетокот Брус Боуен. Има просек 9 поени, 6скока и 6 асистенции!!! Феноменално, особено со оглед на фактот што предходно во Атланта имаше просек од 4.5 поени и 4.5 скока. Игра во просек по 26.3 минути а на последните 5 натпревари тој просек е 28. Тоа значи дека ќе добива поголема доверба во иднина што секако ќе се одрази на неговите бројки
Што би било негативно по вашиот тим: Процентот за слободни фрлања не му е сјаен,а има и многу продадени топки (2.3 по натпревар)
Препорака: Добра аквизиција која е слободна во голем дел од фантази лигите. Ако немате подобар трк по Борис.

5.Keith Van Horn
Зошто е меѓу овие играчи: Ван Хорн ја почна сезонава како навиен со просек од 14.1 поен и 6.1 асистенција и е еден од носителите на играта. Особено се истакна кога Дирк беше повреден и кога му требаше на својот тим највеќе. Не верувам дека ќе ги одржи своите бројки затоа што за него мислам дека веќе е помирен со идејата дека ќе е a roll-player во нба и ништо повеќе. Премногу време го помина по медицински установи за било што друго:-).
Што би било негативно по вашиот тим: Ван Хорн има многу изгубени топки (2.6 по натпревар), а не се истакнува ни во другите статистички категории како што се асистенции, украдени и блокади. Исто така има просек од 4 фаули што често го врзува за клупата на подолг период.
Препорака: Иако знае да блесне Ван Хорн не е мој тип фантази играч и го препорачувам само во случај на итност.
Се надевам дека наведеново ми донесе малку кредибилитет:)

Во тоа не ни сумњај, пријателе.

13 COMMENTS

Кој на кого личи #2

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Sunday Nov 20, 2005
Андре Милер и Ричард Прајор
Ламар Одом и Делрој Линдо
Владе Дивац и Жан Рено
Дон Нелсон и Борис Јелцин

Кенјон Мартин и Метод Мен

Првиот дел тука.

5 COMMENTS

Like Mike…2

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Sunday Nov 20, 2005

Само една вечер откако Вејд во стил на Мајкл ги сотре во Мајами, Сиксерси на своја кожа ја осетија моќта на уште една голема млада ѕвезда која претендира за тронот на Мајкл. Ако на Двејн за само една асистенција му избега трипл-даблот, Леброн Џејмс до него стигна со 36п. 11ск. и 10ас., зимајќи ја работата во свои раце во последните неколку минути од четвртиот период. Брон покрај себе во Фили го имаше и одличниот Лери Хјуз кој со 37 поени ги држеше Кавси во игра се до пред крајот кога Џејмс ја презема контролата.
За тоа што значи Леброн за Кливленд, кој иначе има најдобри во лигата у моментов, седум победи по ред, најдобро кажува изјавава на руки тренерот Мајк Браун.
“LeBron is amazing. We didn’t do anything tricky down the stretch. We put the ball in his hands and he helped win the game for us. This guy is making me look like I can coach.”

Како што на се му доаѓа крај, така и за се има прв пат. Серијата на Пистонси се симна на станицата во Далас, каде Мавси ги прегазија Пистонси. Ова е прв пат по година дена Детроит да прими повеќе од 117 кошеви, иначе за Далас не играа Ван Хорн, Стекхаус и Кристи.

7 COMMENTS

Like Mike…

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Saturday Nov 19, 2005

Себеси се сметам за еден од милионите, тачније милијардите среќници кои ја имале честа да го гледаат Најголемиот на сите времиња и кога беше у потрага по својата прва титула, а и кога како дедо делеше лекции во Вашинтон.
Сеќавањата на младиот Мајкл од време на време ќе ги разбуди некоја од младите НБА ѕвезди, но до синоќа никој тоа го нема направено до таа мерка да барем за една вечер почнам да го споредувам со Мајкл. Она што го видов гледајќи ги Мајами и Сиксерси, верујте ми, е најблиску што сум видел некој од младите фаци да заличи на Најголемиот. Двејн имаше рекордни сезонава за еден играч, шест куцања, кое од кое поубаво, а како тоа да не беше доволно, па додаде и еден типичен Џорданеск кош, свртен со грб кон кошот.
Во 80-те, па и почетокот на 90-те играта на Мајкл се базираше баш на влезови, куцања и неверојатни хенг-тајм потези, кои Вејд вчера ги имаше на претек.
Да не беше Двејн на тоа ниво, Мајами вчера сигурно ќе изгубеше. Затоа колку што беше тој брилијантен, улогата на прв плеј у Хит ја имаше Гери “на времето познат како ‘Ракавица’” Пејтон, за чија игра ужасен е страшно благ збор, а други зборови не вреди да се трошат.
Плус, Рон Џереми имаше на располагање само седум играчи, т.е. шест (Пејтон не го рачунам), а Шек и Џејсон Вилијамс поради повреди ги немаше у првите пет. Покрај Вејд, работата ја извади Ентаон Вокер, кој одигра одлична партија (11/13 од поле, три тројки) за рекордни за новиот клуб 26 поени, а покрај Тоан, солиден беше и Поузи (или како у М.Спорт што го пишуваа – Пуси), кој стартуваше со 4/4 за три.

У другите утакмици, Ти-Мек почна да покажува знаци дека или прерано се вратил од повредата или пак одбраната на Детроит пак заврши работа. Јас искрено не памтам кога Трејси имал само шест поени.
Крис Пол имаше доста мотив против Атланта, која место него, како 2.пик летово го избра Марвин Вилијамс. На крај, у победата на раселените Хорнетси, Пол угради 25п. 7ск. 12ас., а Марвин една дебела нула со 5ск. 3заг.т. Кај моите бедни Хоукси најбољи беше 31.пик Салим Стадемаер, кој сам, со 24п. у задњата четвртина ги врати у игра.
У чекор со Атланта оди и Торонто кој изгуби у Бостон за 0-9 старт. Барем Вилануева им е меѓу најдобрите, нели Шеп?
Еди Хаус имаше своја вечер против болницата од Јута. Ни дербито на Ел-Еј не е тоа што беше.
Браун можеби има право со играњето на дебитантите, кои беа најбољи у поразот во Денвер, чии задњи 6 и пол минути Марбери ги преседе на клупа, како некаква лекција од Лери. Њујорк, Њујорк…

- Денес е тачно една година од тепачката у Обурн Хилс.

7 COMMENTS