Preview: DETROIT PISTONS

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday Oct 26, 2005

Летно подмачкување: Зависи како гледате на работите. Според едни, ништо побитно не се деси летово во Мотор сити, а според други (меѓу кои и јас), Пистонси летово направија неколку ситни, но во исто време многу важни потези со кои пак се ставија во позиција да се борат за титула. Најбитното нешто беше отпуштањето на Лери “Брут” Браун (ако го питате него, тој си дал отказ), кој во текот на последниот плеј-оф внесе лоша атмосфера во клубот, атмосфера која играчите не дозволија да им влијае на играта. Думарс одигра паметно и го шутна Лери, кој го постигна она за што беше донесен во Детроит и како издишан балон си отиде во Њујорк. На негово место стигна Флип Сандерс, кој по отказот лани во Минесота, одмараше неколку месеци. Со овој потег Думарс уште еднаш покажа дека има њух за тренер, зошто Флип би требал одлично да се вклопи со играчите. Следен потег на Џо беше малку да го зголеми фондот играчи на клупата, пред се да најде алтернативе за Принс и РИП, а онда и замена за Изи Кембел, што беше решено со ангажманите на Морис Еванс и Дејл Дејвис. И тоа беше се што Пистонси го направија летово, затоа што и не мораа да прават нешто повеќе. Се на се, уште едно добро лето во Детроит.

Стара машина: Чонси Билапс, Ричард Хамилтон, Рашид Волас, Бен Волас, Тејшон Принс, Линдзи Хантер, Дарко Миличиќ, Карлос Делфино, Карлос Аројо, Роналд Дупри

Нови делови: Дејл Дејвис (Индијана), Морис Еванс (Сакраменто), Амир Џонсон, Џејсон Максиел и Алекс Ејкер (сите на драфт)

Потрошен материјал: Скоро никој, можеби Елдин “Изи” Кембел, ако се пензионира
Најбитен нов дел: Дарко Миличиќ. Да, да, Дарко, зашто момакот две години беше инвентар на клупата на Браун. Кај Флип нема да биде така, а показател за тоа се средбите од претсезоната во кои Дарко редовно добива шанса, нешто за што само можеше да сања кај Лери. Е сеа, гледајќи го малце лани, а и на ЕП очигледно е дека има уште многу работа пред Дарк-О, но за да направи чекор напред потребни му се дуелите со 4. и 5. од лигата за да види до каде е и што треба да поправи кај себе. Сезонава, а веројатно ни никогаш, Дарк-О нема да го оправда неговиот избор како 2.пик, пред еден Вејд, Кармело, па и Бош, но со тек на време би требал да стане солиден НБА играч. Патот кон таквиот статус започнува оваа сезона.
Тренер: Јас уште не верувам дека исто Лери е заслужен за титулата 2004 год., пред се затоа што тоа беше тим кој го создадоа Думарс и Рик Карлајл и тим кој покажа лани дека не им треба Браун да изиграат квалитетно. Баш затоа мислам дека Пистонси нема да осетат никаква промена сега кога Флип седи на клупата. Што е уште побитно, играчите ќе бидат помотивирани да покажат дека неб еа случајни шампиони лани, што ќе му дозволи на Флип да воспостави контрола и да го воведе својот сѕстем, кој за разлика од она што го правеше во Минесота, сега ќе мора малку повеќе да посвети внимание на нападот, затоа што одбраната не би требала да им биде проблем. Седумтте години без плеј-оф со Вулфси се сенка која се надвива над Флип, но таа сенка нема да влијае на неговиот успех во Детроит. Флип е плејерс коуч, каков и што им требаше на “клиповите”.Турбото сезонава: Во задњите два плеј-офа главна манга кај Пистонси беше Чонси Билапс, кој по релативно тивките рег. сезони во разигрувањето беше мозокот на тимот и човекот на кој одеше секоја одлучувачка топка. Ова нема да му биде првпат да игра под кормилото на Флип, за кој играше, и со кој добро се разбираше во Минеаполис. Ова би требала да биде сезоната во која Чонси конечно ќе стигне до Ол-Стар настап и ќе биде еден од најдобрите плејеви во лигата. Паралелно со играта на Билапс би требала да оди и таа на Шид, кој кај Флип ќе има повеќе слобода во нападот, каде е еден од најталентираните високи момци во НБА. Очекувам индивидуално јака сезона и од Чонси и од Шид, која би требала да се пренесе и врз играта на Пистонси.
Епилог: Се отарасија од Лери и сега е време пак да тргнат кон својот врв кој у јуни им го препуштија на Спарси. Знам дека повеќемина од вас нема да се сложат со тоа, но нема зошто да не биде така (ова во го кажува некој кој никад не бил фан на Детроит), имаат играчи и хемија меѓу нив како ретко кој во лигата, имаат една од најдобрите, ако не и најдобра бековска двојка и петорка во НБА. Имаат нов тренер, околу кој нема да кружат приказни каде ќе си оди на крајот од сезоната и кој би требал одлично да се вклопи со работничкиот менталитет на градот и играчите. За разлика од лани, оваа година имаат и клупа од која конечно поважана улога би требал да има и Дарк-О, кој лека-полека ќе си го мие образот. Заедно со Мајами и Индијана ќе се борат (со Пејсерси лани и буквално го правеа тоа) за врвот на Истокот, а со Флип би требале да имаат и подобра рег. сезона од лани. Многу работи ќе зависат од дуелите со Индијана, во кои ќе се одлучува за врвот на Централ, кој на крај може да ги однесе до 1. или 2.место на Ист, или пак до 4. позиција во конференција. Пониско од тоа нема шанси. Како и да бидат рангирани ќе бидат проклето тежок ривал за секој тим, затоа што се составени токму за плеј-офот.

Шеп да просере: абе прав си Енко, за све, освен епилогот. Ја мислам дека се истушија. Папсаа. Рашид ќе почне да праи лични и технички ко будала, РИП ќе почне да себичи, Биг Бен ќе почне да глуми ѕвезда, Билапс исто.. баш таа хемија ми е некако под знак прашалник.. многу тимови така отишле по ѓаволите.. Минесота лани (со истиот тој Флип како тренер), Блејзерси пред некоја сезона (кај што Rashweed беше главен).
За Дарко, којзнае што ќе биде. Те го гледам дава знаци на надеж, те е лузер.. А за појачањава, не се баш појачања, а тоа е нешто што им фали – свежа крв. Пистонси баш немаат мотив пред себе, после седмицата лани.
Плејоф да, у средина на Исток. Немаат шанси со Инди оваа сезона, со Јаске и Артест спремен да се тепа пак. Таму, со мука и игра ко Грците на Европско – може да догураат до далеку, ама сето тоа ми е фикција. Втора рунда и клоца од Индијана/Мајами, сигурно.

8 COMMENTS

Preview: Sacramento Kings

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Wednesday Oct 26, 2005

(Сакраменто од оваа година ќе играат и у златни дресови – по краљевски, иако мене ми мириса на кич. Да ги видиме на терен првин, сепак.)

Лето: Сактаун има добар менаџмент. Дефинитивно. Со пар потези се отарасија од смрадот у екипата, а попунија позиции со јаки и докажани играчи. Во Мемфис го пратија магнетот за повреди Боби Џекес у пакет со ѕверот Остертаг, за да го добијат желниот за игра Бонзи Велс. На четворка им улета Риф Абдур Рахим. Бековската линија им ја болдираше Џејсон Харт, кој ја го рачунам за доста потценет. Го оставија јадачот на селари капот Мобли да крши глава, а плус со тоа потврдија дека Пеџа е тој што треба да троши топки. На драфт го избраа Фрешменот на годината, Доминиканецот Франциско Гарсија. Како фри ејџент го украдоа Аустралианецот Лук Шеншер, човекот кој се носеше рамо до рамо со Емека, Фрај и Богут во Џорџија Тек, што ако малце се набилда, не му бега гарантирано место во Лигата. Едноставно, потези со кои Џиоф Питри конечно имаше добар пазар (кој лани започна со клоцата на СиВеб за тројца повеќе од солидни епизодисти).

На престолот: Биби, Пеџа, Кени Томас, Бред Милер, Брајан Скинер, Кевин Мартин, Корлис Вилијамсон, Ерик Дениелс

Престолонаследници: Рахим, Бонзи, Харт, Шеншер, Рони Прајс, Џамал Сампсон

Абдицираа: Боби Џексон, Катино Мобли, Еди Хаус, Морис Еванс, Дариус Сонгаила, Грег Остертаг

Најважно засилување: Тука се мислев меѓу Бонзи и Риф, и вториов победи.

Не, не е Џералд Волис. Шариф на претсезонска утакмица со Мавс, против Гана Диоп.

Шариф Абдур Рахим е играч кој со години во Лигата игра неверојатно добро и е во лузерски тимови. Сеуште ја нема видено светлината на плејофот. Меѓу Кингс влага на голема врата, пред се` затоа што ќе попуни многу на четворка, а со тоа ќе му олесни на Кени Томас, кој од клупа игра пет пати подобро. Ќе му овозможи и на Корлис Вилијамсон да игра на тројка, онаму кај што најдобро се снаоѓа. Да не зборам колку ќе го растерети Бред Милер под кош, затоа што е одличен скокач. Прилагодлив е, и мислам дека ќе сфати дека сега е дел од јака екипа, а не лоун ренџер. Сестран е, и неверојатно го заострува нападот на Сакраменто. Знае и да се спушти на тројка, знае да пренесе топка, додава, финтира.. Неверојатен играч еден-на-еден. Е сега, мора да се стегне во одбрана, ако сака повеќе минути, затоа што Кени Томас прави се` што прави тој, со таа разлика што одбраната му е појака, ама е понизок и нападот му е малце попроблематичен.

Како и да е, Риф е право витаминче за оваа екипа, особено што во играта потсетува на Крис Вебер.

Тренер: Бркот Аделман е 17 години прв тренер во Лигата и има 61 посто успех. Во Сакраменто е од Локаутот, и со нив го нема утнато плејофот. Немам што да зборам за него, има толкав кредит кај браќата Малуф, па најверојатно ќе биде тренер на Кингс додека не се пензионира. Не верувам да направи некоја катастрофална грешка, па да доживее фри фол, затоа што со таков тим, искусен тренер не може да погреши. Оваа сезона ќе си се прошета низ 82-те утакмици, и не верувам да го испушти скоро загарантираното прво место на Пацификот (пошто Феникс едно пола сезона ќе бидат у агонија, а парашање е колку после враќањето на Амари ќе се вратат у форма). Оваа сезона има доста нови имиња, а он е познат по тоа што од шупаци прави играчи (Даг Кристи, Корлис Вилијамсон, Боби Џексон, Скот Полард, Пеџа и т.н.). Башка он е тренер што знае најдобро да компензира повреди, бидејќи имаше пуно прилики да се изверзира.

Багажот ќе го носи: Мајк Биби. Пеџа не го рачунам за некој фактор, затоа што а он дал 5 тројки или се разиграл Брајан Скинер, исто се фаќа. Биби е незаменлив.

Уште кога дојде во Сакраменто, сите знаеја дека момакот што праеше пуздер по НЦАА терените (заедно со Мајлс Сајмон) ќе ја даде озбилноста на екипата, нешто што не можеше да го направи Џеј Вил. И така и би. Уште истата сезона отидоа најдалеку во историјата на клубот – финале на Запад кај што изгубија од Лејкерс во седмата.

Биби стана лидер на екипата. Со самото доаѓање. Вебер беше премногу ѕвезден за таа улога, а Дивац премногу стар. Лани, двајцата заминаа. Разочарувачки беше слабиот пласман и смртта во првото коло, ама оваа сезона верувам ќе одат подалеку.

Што е улогата на Биби? Епа, нешто како што е Неш во Феникс или Кид во Њу Џерси или Марбери во ЊуЈорк или како што беше Меџик во Лејкерс. Он е сега душата на тимот, моторот, катализаторот, погонот, срцето и сонцето околу се` се врти. Пеџа мислам дека го сфати тоа лани. Бред Милер никогаш не се трудел да биде бр.1. Шариф пак, е паметен и знае да се прилагоди.

Биби треба да ја оправда новонастанатата ситуација – тоа што сите го осеќаат, треба да се конкретизира. Треба да пружи 25-3-8 сезона, и притоа да биде прв во тимот во категоријата „поени во последна четвртина кога разликата е едноцифрена“. Има талент и вештина за тоа, само треба да запне.

Бољи од лани: Лани Сакто немаше лош скор (50-32), ама тоа беше доволно само за 6. место на Запад. Којзне по колку време имаа над 10 порази дома, и тоа е она што треба да ги загрижи. Знаење и сила имаат, ама тоа што го изгубија се вика „моќ“.

Све, све, ама крал не. Со него на чело, ни до второ коло не стасаа. Се надевам дека сфати дека е само обичен пиун.

Знам дека ви е преку глава, но морам по којзнае кој пат да ја спомнам повредата на Амари, затоа што таа е фактор за успехот на Феникс, а со тоа влијае и на сите Западни тимови. Сакраменто, веројатно оваа сезона ќе го ќари Пацификот, и со тоа ќе биде од првото до третото место на Запад. Во плејоф, би требало да одат понапред од прва рунда, а и таму имаат шанси, само ако не „нагазат“ на Спарси. Велам дека имаат шанси, затоа што се комплетни, а и клупата не им е за жалење. Сепак, Хјустон и Далас, па и Денвер, делуваат некако постегнати од нив. Ама, не би ги отпишал унапред.

Ќе играат стандардно динамична кошарка, пошто со Биби на кец, немааат друга опција. Додатен шмек им дава Шариф, кој мене ми е ептен добар за гледање, од проста причина што знае да поентира на милион начини. Франциско Гарсија, ако игра, ќе допринесе со атлетицизмот и скочноста. Бонзи Велс е исто така уште еден фактор за гледаноста на Кингс, затоа што тој е играч кој прво у памет му е да отиде на влез.

Се` на се`, добра екипа, што нема лесно да отпадне од трката за титулата.

Кралски муабет бaj Каракаш: Кога сите навиваа за Кингси, ја не го правев тоа. Само затоа што сите што навиваа за нив тоа го правеа од само една прчина – заради Владе и Пеяа, и ништо друго. Но, за разлика од тој тим, овој ми се свиѓа, во него е еден од најпотценетите играчи во лигата, Шариф и еден од најјаките плејови и лидери на теренот, Биби, а за разлика од колегата ми, ја нема да фрлам со камења по Пеџа, затоа што момакот има еден од најубавите шутеви на светот. Тачно е дека не е лидер, но тоа е улога на Биби, со Риф во тим се шири теренот, а со тоа и просторот за Стојаковиќ и неговите трици.
Битен дел би требал да биде и Бонзи, кој никако не се уклопи во Портланд и Мемфис, ваљда сега ќе сака да покаже дека талентот не му е за фрлање. Во Бред го имаат 2. или 3. центар во лигата, а Мартин би требал да биде пријатно изненадување. Аделман никад не сум го поштуел нешто посебно, но се има докажано како добар рег. сезона тренер, што не е случај и кога збориме за плеј-офот, кој не им бега сезонава и кој после проблемите во Феникс значи веројатно прво место во Пацифик. За повеќе мислам дека годинава не можат, но ни јас не би ги отпишал однапред.
ПС- златните дресови им се УЖАС!!!!

4 COMMENTS

Preview: Phoenix Suns

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Tuesday Oct 25, 2005
Трампата Кју за Томас, нит беше логична за Никс, нит за Санс. Ајзеа се потврди дека е шупак, а Коланџело најави дека ќе го ебе ѕверот од тим што лани хараше по Лигата

Све, све, ама распуст не: Феникс летоска успеа од елитен тим да си го деградира ростерот со само неколку потега. Првин, го трампаа Q Ричардсон во Њујорк за Курт Томас (океј, потегот со Томас сега ќе се компензира со повредата на Амари), со што го загубија шампионот у пуцање тројки и си отворија рупа на двојка/тројка. Следен бисерен потег беше трампата на Џо Џонсон во Атланта – за никој друг, туку тулумбата Борис Дио и два идни пикови! И после тоа, ги оставија Стивен Хантер и Бо Аутло (на моменти бриљираа лани, а и во плејофот се покажаа) и како замена го донесоа Брајан Марли Грент. На двојка и тројка се „појачаа“ со Раџа Бел (ќе им игра у прва петорка заедно со Дио) и Еди Хаус. Со еден збор – потезите на управата на Санси се „сакам кажам – не знам речам“. Тотално ја сменија концепцијата на екипата од ран енд ган во некоја импровизирана стандардна формација (центар Курт, четворка Амари), која јас ја доживувам ептен скептички. Палец надоле.

Единствен позитивен потег е што со 54. пик го избраа Дижон Томпсон, талентот од УКЛА, кој беше лани во првиот тим на Ол-ПАК-10 конференцијата во НЦАА. Според играта во колеџ, има шанси за напредок.

Всушност, Коланџело самиот си изјави дека се спрема да ги тепа Спарси. Океј, добија голем човек што ќе се замара со Данкан – Томас, добија пар одвратни фаци со кои ќе умртват игра, ама па во меѓувреме го изгубија ланскиот лик.. без грам памет!

И натаму светат: Амари, Неш, Матриксот, Волтер Меккарти, Џим Џексон, Роналдињо Барбоса, Пол Ширли

Огреаа: Дижон Томсон (54. на драфт), Курт Томас од ЊуЈорк, Борис Дио од Атланта, Раџа Бел од Јута, Пет Бурки од некоја крчма во Ирска, Брајан Грент од Лејкерс, Еди Хаус од Сакраменто, Џејмс Џонс од Индијана

Зајдоа: Џејк Воскул во Шарлот, Квентин Ричардсон во Никс, Џо Џонсон во Хоукс, Стивен Хантер во Сиксерс, Бо Аутло во Орландо

Апгрејд на тимот: Курт Томас. Човекот со најмазно шутче од полудистанца, и најскромниот центар, иако добиен во најшашма трампата летоска, сега ќе биде битен (во првата половина на сезоната) во пополнувањето на вакуумот во рекетот што го создаде коленцето на Амари. Ако си ги повтори респектабилни дабл-дабл партии од лани, ќе помогне во неутрализирањето на болката што им ја причини повредата на Горилото. Башка додава малце одбрамбен дух, нешто што се осети дека им фали лани во плејофот. Ај нека е за арно, вика Коланџело.

Тренер: Од тоталка лузер, лани Мајк Д`Антони стана тренер на годината (во својата само трета сезона како хед коуч). Првите две сезони во Феникс му беа убитачни, со некои мизерни триесетина посто успех. Лани пак, дојде до најдобриот сезонски резултат, со цели 62 даблјуа, или во превод 75 посто. Поразите сите му беа под олеснителни околности – кога некој му беше повреден. Значи, Д`Антони е одличен тренер. Е сега, прашалник ми е колку ќе се снајде со Бел и Дио во први пет, и пола сезона без клучниот играч. Он е тип што сака да игра брзо, напаѓачки, шутерски.. Бел и Дио се далеку од катастрофа, ама па и далеку од Кју и Џо. А па кога ќе се врати Амари ќе мора да се прилагоди на петорка Неш – Бел – Матрикс – Амари – Курт, што значи дека ќе мора да мења тактика.. сумљиво, сумљиво.. се надевам ќе се знајде, ама не гарантирам :)

Под притисок: Матриксот. Шон Мерион после ланската бламажа со Спарси, мора како знае и умее да се пере.

Кога го мислев одамна текстов, бев сигурен дека тука ќе го лупнам Амари или Неш. Неш отпадна – МВП е, и во него нема сумља дека ќе даде се` од себе, се подразбира. Подобро од лани, не може да изигра. Значи остана Амари и прашањето за неговиот напредок – ментално и дефанзивно. Ама сега, во новонастанатата ситуација, него не го есапам, па така Матриксот ми е на тапет – мора да поплни дел од празнината што ја предизвика Амари, мора да пополни дел од мањакот на Бел и Дио, мора да ја повтори играта од лани.. уствари не мора, ама пожелно е, ако сака плејоф.

Амари, жив среќен после потпишување екстензија на договорот. Најави подобар резултат од лани.

Епилог: Кога ги планиравме привјуата со Енко, си рековме фаворитите да ги оставиме за на крај. Пошто Феникс лани беше еден од малкуте фаворити, гос тавивме лејт он д скеџуал. Ама, се деси тоа пехот, веќе неколку пати спомнат погоре, па скилот на момците од пустињата како вртоглаво да падна.

Факт е дека ако имаат бар 40 посто победи до враќањето на Амари можат да бидат задоволни. Факт е дека, нема да има ни Т од ланскиот ТИМ што го имаа (не Данкан). Факт е дека, ако влезат во плејоф, ќе се мукаат со Сан Антонио/Сакраменто/Денвер/Хјустон, и ќе бидат „оштетени“ со мањак утакмици на домашен терен.. се` на се`, ланскиот успех, оваа сезона, нема да го повторат.

Исто така, реално е дури и да не влезат во плејоф. Никој нема муда да ги отпише, ама јасно е дека на Колаџело и Д`Антони им гори под газот. Оваа сезона ќе ја почнат со само двајца од ланските први пет. Ќе им фали ланскиот прв стрелец и скокач, ќе фалат шутери што Неш ќе треба да ги храни, ќе фали и брзина и убиствен инстинкт во нападот.

Феникс, во однос на ланското прво место на Запад, ќе доживее слободен пад. Ќе го јадат од сите екипи за кои сеуште не сме напишале привју, и ќе треба да се концентрираат да не кикснат против слабаците.

Утакмиците кои ги завршуваа со по 120 поена, оваа сезона ќе им се повторат само кога ќе играат продолженија. Едноставно, си го осакатија тимот, а и Амари ги осакати. Може звучам песимистички, ама чекајте да видите како не можат да дојдат ни до 70 против Детроит..

Се` на се` – ако се стегнат – од 5-8 место на Запад.. ако не.. со судни маки плејоф.. ако потфрлат.. повеќе среќа догодина.

Е, ако се оствари една од првите две опции, во плејоф може да доживеат буст – сепак јадрото од лани им е истото. Ама, финале на Запад со минимална веројатност (но не исклучено). Таму пак – може да играат жилаво со Спарси – новиов тим им е правен со таа цел.

Резиме: Лани, ко песна им беше да дојдат до Спарс. Таму попија чекан. Летово проектираа тим што ќе им конкурира на Спарс. Само што сега првин треба да стасаат до нив, а патот им е милиони километри со пречки. Замаглена иднина, со шанси за секаков исход. Најверојатно мизерен.

Karakash takes: Вака гледам ја на Санси:
Уствари, ја не знам како да гледам на Санси затоа што во нив ич не го гледам
тимот кој лани ја изненади цела лига и со својата ран енд ган игра го освои
Западот. Ги нема Џо и Кју, а на подолго нема ни да го имаат Амаре, кој ќе
одмара најмалце до Ол-Стар, ако не и јаче. Од ланските стартери остануваат
МВП Неш и Мерион, и толку. Нови у први пет им се Курт Томас, Раџа Бел?!?!?!
и уште некој, засега недефиниран. Сигурен сум дека нема да го имаат ланскиот
страшен напад, ги немаат најдобрите двајца шутери, а ќе го немаат ни Ѕверот.
Во негово отуство рекетот ќе го “чуваат” Брајан Марли Грент и Томас. Тужно.
За нивна среќа, дивизијата им е каша-попара, така да ништо чудно со враќање
на здрав Амаре (?) да го освојат Пацификот, па да бидат 3. на Запад. Мислам
дека лани беа најблиску до правење нешто побитно по ’93 и дека таа шанса
тешко дека ќе ја добијат пак, барем не со овие играчи кои ги имаат. One year wonder Suns? I think so.

4 COMMENTS

Preview: DALLAS MAVERICKS

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Monday Oct 24, 2005

Летен распуст: За чудо, ова лето Марк Кјубан одлучи да седи мирен. Но, и покрај тоа неговите Мавси беа дел од една од највртените вести летово – заминувањето на Мајкл Финли кај шампионот од Сан Антонио. Уште кога со новиот колективен договор беше воведено амнести правилото, на сите во Далас им беше јасно дека Кјубан ќе се ослободи од огромните 51 мил. кои ќе му тежеа на селари капот на Далас и во следните три години. Финли заедно со Неш и Дирк некогаш го правеа Големото Трио на Мавси, а сеа Новицки остана сам. Но, ако заминувањето на МВП лани беше ненадејно и клубот не успеа да најде адекватна замена за него, во случајов со Финли и тоа како има момци кои ќе ја преземат неговата улога. Уште лани беше јасно дека Мајк не е оној стариот и дека дефинитивно не вреди парите кои му следуваа според договорот. Со заминувањето во Спарси се спаси и себеси и Далас. Освен збогувањето со Финли, Кјубан не направи ништо посебно за зајакнување на составот, на драфтот и онака немаа некоја добра позиција, па не собраа ни некое посолидно име, можеби од Џош Пауел ќе биде нешто, но не одма. Приоритет им беше играч кој би го заменил Шон Бредли, кој одлучи да се пензионира и со тоа ги расплака сите фанови на клубот. Изборот падна на разочарувањето од Кливленд, “Гана” Диоп, кој барем ако се глеа според тоа колку пути досега му закуцале во фаца е идеална замена за Бредли. Се на се, мирно лето во Далас, пред се поради одлуката на Кјубан дека нема потреба веќе да се расфрла со пари за играчи кои и онака нема да му ја донесат титулата, кога мисли дека има екипа која е спремна да се бори за тронот на Спарси.

Останаа во седло: Диркулес, Маркиз Дениелс, Џејсон Тери, Џош Хауард, Ерик Дампие, Девин Херис, Дарел Армстронг, Џери Стекхаус, Дидие Илунга-Мбенга, Павел Подколцин, Кит ван Хорн

Добија тазе седла: Даг Кристи, Десагана Диоп, Ерик Стрикленд, Роуи Маршал, Џош Пауел

Одјаваа: Шон Бредли (пензија), Мајкл Финли, Алан Хендерсон, на пут се спремаат и Абдул-Вахад (конечно) и Кениел Дикенс

Најважен нов јавач: Од т’нкиот избор тоа мора да биде Даг Кристи, кој ќе влезе на местото на Финли и кој барем според дефанзивните квалитети одлично се вклопува во концепцијата на Џонсон. Сепак, годините не се на страна на Даг, а и проблемите со карактерот кои ги презентираше лани по трејдот во Орландо не му одат во прилог. Свесен за сето тоа, тој сам си бараше едногодишен договор, со цел да им докаже во Далас дека епизодата на Флорида беше пролазна и дека е спремен да даде се од себе за Мавси. Ако успее, тогаш Далас во него и Џош Хауард би можел да има една од најдобрите дефанзивни дуа во лигата. За Диоп кажав погоре, така да ако момакот успее барем чат-пат да го одмори Дампие, онда е премија, повеќе не барајте.
Тренер: Ејвори лани за само неколку недели успеа да докаже дека местото му е во лигата, а како што изминуваше сезоната успеа од Мавси да створи солиден дефанзивен тим, нешто што тие никогаш не биле додека Дон Нелсон седеше на клупата. Е сеа, во плеј-офот беше евидентно дека Ејвори е руки тренер, но тоа искуство секако ќе му помогне оваа година, во која ако ги послужи здравјето ќе има подобар тим од лани на располагање. Позитивно е тоа што тој го разбуди одбрамбениот дух кај играчите. Но во исто време не ги отфрли и сите напади кои ги играа под Дони. Неговото место е сигурно и само утнување на плеј-офот би можело да го кошта работа, а до тоа нема да дојде. Кјубан со Нелсон покажа огромна трпеливост, така да нема причина тоа да не го направи со Ејвори, кој е еден од најталентираните млади коучови во НБА.

Шериф сезонава: Диркулес сезонава мора да направи исчекор, но не во улогата на прва опција (што без проблеми беше лани), туку во улогата на лидер на тимот на и вон теренот. Тоа е одговорноста која на себе ја има и од тоа како ќе се справи со неа зависат многу работи во Далас. Од него е нормално да се очекува скоро МВП сезона како ланската, но нема само тој да биде клуч на евентуалниот успех. Многу зависи и од тоа како Кристи ќе се вклопи и како Тери ќе игра на плеј.
Епилог: Далас дефинитвно има еден од најкомплетните состави во лигата во кој за првпат по неколку години се знае кој е газда, а кои се пиуните. Се ќе се врти околу Диркулес, но многу други работи ќе мора да се поклопат за Мавси да ги детронираат Спарси. Прво, као што реков погоре, тоа е здравјето, затоа што Мавси се познати по повредите, онда прилагодувањето на Кристи, неговата одбрана и способност (или не) да одигра на плеј и да го растерети Тери, од кој пак се очекува подобра сезона од лани, во која ќе има повеќе слобода во нападот. Напредок се очекува и од Хауард и Дениелс, а хендикеп ќе им биде центарот, затоа што ако Дампие мисли како лани у плеј-оф да прави по 4.лични грешки во 2.четвртина, тогаш ништо од сонот за титула. Алтернатива за Ерик немаат, така да ќе мора Дирк да игра “петка”, каде тој аутоматски губи на фактор. Многу се очекува, барем јас очекувам, од Стек и ван Хорн, кои како ветерани можат многу да му помогнат на клубот. Стек е докажан стрелец, а Кит кога е здрав, што не е така често, е одлична алтернатива за некоја минута одмор на Дирк. Мислам дека Мавси сезонава пак можат до 2.рунда, каде за чекор дање ќе зависи дали ќе играат со Сан Антониo или не.

Офчаро Шепард вика: За Диркулес, Ејвори и летото се слагам, а и епилогов не ми е далеку од моите очекувања. Немам што да замерам, освен да додадам дека Дирк мора да направи паралела, што е лидер на такозваната германска репрезентација, а што лидер на НБА конкурент. За детронирање на Спарси, малку тешко, без Бредли :) Што се однесува до Гана, ќе му прави друштво на Мбенга на клупа.
Е сега, жено-те-сакам Кристи. Он мене ми е шубе играч, затоа што никогаш не зрачел со позитивна енергија. Не знам дали ќе биде фактор, воопшто. Се` си мислам ќе биде ко лани во Меџик. Ама па затоа, ете му место на Стек во првите пет, каде и што припаѓа. Кристи, пиши му крст. Ај години, ај карактер, ама па и влијание.. тачно дека е ѕвер у одбрана, ама па како ќе помогне на друг начин? Спор е, не е снаодлив во напад иако знае да блесне, и пред се` не се ни труди многу многу во последно време (затоа и го набркаа од Сактаун).
Како и да е, не им бега втора рунда, ама не само Спарси, и Хјустон ќе им бидат мука. Во регуларен дел – завршуваат четврто место или подоле, од проста причина што немаат шанси да го освојат Саутвестот покрај Рокетс и Спарс.

10 COMMENTS

Preview: Denver Nuggets

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Sunday Oct 23, 2005

Летен распуст: Кики Вандевеге летово не се претргна од активност како лани, но сепак направи 2 респектабилни зделки, со кои го појача тимот што игра во пижами. На драфтот го избра ѕверот Џулиоус Хоџ (иако има фаца Буркина Фасо, Хоџ мене ми остави впечаток како еден од најкомплетните колеџ играчи во последниве неколку години, и покрај тоа што играше за Норт Керолајна Стејт – дебело во сенка на Тар Хилс и нивната комплетна петорка која оваа сезона влезе во Лигата). Го ангажираа и Ерл Вотсон, ѓулето од играч што успеа да го истисне Џеј Вил лани од Мемфис. Едини бош потег им беше трампата на Џерет Џек за пакетот Линас Кеиза и Рики Санчез.. но, со Андре Милер и Ерл Вотсон во екипата, па и нема место за напредок на млад плеј.

Планинци: Кармело, Бојкинс, Кемби, Кенион Мартин, Андре Милер, Франциско Елсон, Вошон Ленард, Нене, Едуардо Нахера, Грег Бакнер, Весли Персон, Брајон Расел, Марк Поуп, Дермар Џонсон

Планинари: Џулиус Хоџ (20. пик), Линас Кеиза (27.), Рики Санчез (35.), Алекс Хервел (52.), Ерл Вотсон

Шумар: Луис Флорес

Ако може да се каже – засилувања: Џулиус Хоџ, како што спомнав, во НЦАА беше пример за олараунд играч, кој прави буквално све во екипата. Ќе биде енерџајзер, ама мора да се навикне на клупосување и помала минутажа, бидејќи на 1, 2 и 3 (сегде може да игра) е „пребукирано“ од Ленард, Бакнер, Мело, Бојкинс, Милер, Персон, Вотсон.. овој последниов пак, е супер компонента за оваа екипа, бидејќи носи малце одбрамбен дух во предната линија.

Сепак, ниеден од двајцата не е типично „засилување“, затоа што нема да направат некоја видна разлика, а накрај краева, целата екипа од лани ќе игра и оваа сезона.

Тренер: е на оваа точка ќе мора да се стави знак ѕвездичка – затоа што е најбитна.

Џорџ Карл, лани покажа дека е еден од најмоќните мозоци во историјата на Лигата. Успеа од тим со скор од 21-27 да стигне до скор од 49-33 и луѓето почнаа да го вбројуваат во кандидатите за титулата! Да појаснам – со тим кој се наоѓаше во агонија и со скршена самодоверба, Карл успеа да дојде до 28-6. Успеа да го врати Кармело во живот, кој после некои лично проблеми играше тоталка бездушно. Успеа да го уклопи Кенион Мартин во екипата, кој се мукаше повеќе од пола сезона. Успеа со некои претумбации да создаде екипа пред која у прво кола се сопна и Сан Антонио. Океј, после тоа им ги скршија кичмите, ама ќе се запамтат изјавите дека Спарси може да летаат во прво коло (и ја сумљав у такво нешто). Едноставно, се` што беше лани успех на Нагетси, е 100% заслуга на Џорџ Карл. Човекот е генијалец!

Товарено магаре, ништо не осеќа: Кармело Ентони. Човекот лани како да затрепери пред одговорностите. Или беше заслепен од насловната на НБА лајв 2005. Но – играчот што го донесе Сиракјуз до титулата пред 2 години, играчот што на моменти беше над Леброн во нивната руки сезона, лани како да издиша. После доаѓањето на Карл во екипата, како да се потсреди, ама сите знаат дека тоа беше само привидно. Кармело почна да промашува, да игра индолентна и индиферентна одбрана, почна да плаче пред судии и да си се навикнува да седи со пешкирчето на клупа. И нормално, остана во сенка на ЛеБрон и експлозијата Вејд.

Затоа, оваа сезона – мора да направи „биг ап“, да застане цврсто на нозе, и да продолжи кај што застана пред една сезона. Мора малце поагресивно да настапи, да оправда се` што е вложено во него, и да не стане уште еден од плејадата „Картер“ фаци. Сакал или не, успехот на Нагетси зависи од него – преголема е довербата на фановите и соиграчите и не смее да ја изневери (пак). И да го цитирам Спајдермен: со голема моќ доаѓа и голема одговорност.

Епилог: па ако под команда на Карл играат како после Олстарот лани, тогаш тешко дека некој ќе им смета на Нагетси оваа сезона до плејофот. Имаат дебела клупа, играчи што се желни за игра, и може да компензираат по некоја повреда. Доколку Кармело биде оној стариот, тогаш ќе бидат уште помоќни. Единствена опасност е само да не дојде до сукоб на ега, бидејќи е познато дека Џорџ Карл го следат такви ситуации.

Денвер и оваа сезона ќе биде еден од тимовите што треба да се гледаат. И еден од тимовите што ќе „конкурираат“. Со повредата на Амари, и нив им следува едно местенце погоре на табелата на Запад, ама тоа и не е толку битно – со оглед на тоа што милион посто ќе бидат шампиони на Нортвест, нив им давам од прво до трето место на Запад, и минимум 55 победи. У плејоф – па редно е и они да пројдат у втора рунда! Всушност, ако во прво коло им се паднат Лејкерс, Мемфис, Јута, Клиперс или некој тим од таа класа, па влезат одморени во втора рунда.. тогаш и финале на Запад е реалност. Понатаму не се знае.

Што вика Каракаш: Се слагам со колега ми и дефинитивно ги ставам Денвер меѓу фаворитите на Западот, кои веројатно ќе ја освојат својата дивизија и така ќе си обезбедат најмалце 3.место у конференс.Е сеа, не би му придавал толкаво значење на Џулиус Хоџ, кој има проблеми со законот откако една цура го обвини за силување (дежа ву во Колорадо), ако и се извади без да лежи, онда тешко дека ќе има минути на двојка. Поголемо знажење ма Вотсон, кој лично за мене беше еден од најнелогичните потези летово. Лесно може да се деси Ерл да стане стартер, а Андре Милер да се пресели на двица, експеримент што не знам баш како би изгледал. Што се тиче Мело, мислам дека он ќе си биде ОК сезонава, а од голема важност ќе биде здравјето на Кемби, зашто негова алтернатива е шупакот Елсон. Одреден притисок ќе има и врз Карл, кој сеа го има тимот на цела сезона. Најслаба позиција им останува двојка, а офанзивно гледано можеби и послаба им е четворката, каде Мартин и Нене не се некои стрелци, освен на цепелини и коа се сами под кош. 3.место на Запад минимум, за повише ќе видиме, се зависи од рехабилитацијата на Амаре и играта на шампионот.

5 COMMENTS

Preview: CLEVELAND CAVALIERS

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Saturday Oct 22, 2005

Гледајќи стартот на новата сезона да го дочекаме со привјуа за сите НБА тимови, веќе поминавме низ поголемиот дел од нив (потачно, 20 комада). Во следните осум дена ќе ви го претставиме нашиот Топ 10 тимови, кои се сигурни плеј-оф патници, а дел од нив сигурно ќе се борат за титулата во јуни догодина. Следи најавата за најсумњивиот од тие десет – Кливленд

Летен распуст: Главна цел за Кливленд по завршувањето на ланската сезона, во која во последните три недели го загубија последното плеј-оф место на Истокот, беше да си најдат асален тренер, да си најдат добар генерален менаџер и да го опкружат Леброн Џејмс со помошта (пред се шутери) која и тоа како му е потребна ако сакаат да се борат за врвот. ГледајќИ ги сите овие цели, летото на Кавси може да се оцени како многу успешно. Прво на дневен ред беше потпиешувањето на бившиот играч Дени Фери на местото на менаџер, потег за кој многумина изразија сомневање, но Дени докажа дека иако е руки GМ е и тоа како способен за таа функција. Прв негов потег беше ангажманот на помошникот на Лери Браун, Мајк Браун за главен тренер (за него малку подоле), по што тргна во трка по шутер кој би го растеретил Леброн во нападот. На врвот на неговиот список се наоѓаа две имиња, Мајкл Ред и Реј Ален, кои сепак одлучија да си останат во своите сегашни клубови кои им понудија поголеми пари. Трет на листата на Фери беше Лери Хјуз од Вашингтон, кој ни за момент не се мислеше дали да ја прифати понудата да заигра покрај Месијата на Кавси. Иако имаше дупка на плеј, Фери го потпиеша Хјуз, по што тргна во потрага по “кец”, до кој дојде дури пред месец и пол, кога на Мајами му го собра Дејмон Џонс. Пред Дејмон, член на Кливленд стана и Донјел Маршал, кој би требал одлично да се вклопи на “четворка” и кој го надополнува не баш сјајниот шут за три на Хјуз. Кога ќе се погледне сега, Фери заврши одлична работа и конечно околу Леброн состави екипа која е конкурентна на Истокот.

Остануваат со Леброн: Ззззз Илгаускас, Дру Гуден, Лук Џексон, Ајра Њубл, Саша Павловиќ, Ерик Сноу, Андерсон “Сајдшоу Боб” Варежао

Нови помошници на Леброн: Лери Хјуз, Донјел Маршал, Дејмон “Баскетбал” Џонс, Алан Хендерсон, Мајк Вилкс, две “интересни” имиња на кои амер. коментатори ќе си искршат јазик – Мартинас Андрискевичиус и Келена Азубуике, онда Обина Екези, Зендон Хемилтон, Џахиди Вајт

Не му се погодија на Леброн Десагана “Гана” Диоп, Џеф МекКинис, Роберт “трактор” Трејлор,

Најбитен нов сајдкик: Хммм, секој од триото Џонс-Хјуз-Маршал му носи нешто на тимот што му недостигаше лани, така да е тешко да се каже кој од нив е најбитно засилување. Дејмон ќе треба да внесе стабилност на плеј, иако не е класичен “кец”, односно повеќе сака да си шутне тројка, што нема да му биде проблем во Кавси затоа што нивни прв асистент и онака е Леброн. Хјуз знае да биде 2.опција во нападот, одличен е дефанзивец (најбоњи лански крадец), има добро шутче од дистанце и влез и би требал да го надополнува Леброн во нападот. Маршал е ветеран, кој покрај искуство, на Кавси им носи и високо крило со одличен шут за три, што ќе му остави доста простор на Ззззззз за работа во рекетот.

Тренер: Дел од причината за неуспехот на Кавси лани беше и ненадејното менување на Пол Сајлас од страна на новиот газда, и тоа баш кога на тимот му одеше добро. Потегот можеби ќе беше разбирлив Сајлас да беше заменет со подобар тренер, но на негово место дојде помошникот Брендан Мелоун, кој од самиот старт покажа дека не спремен да се справи со ситуацијата. Оваа сезона не би требало да има проблеми од таква природа, затоа што, барем според Фери, позицијата на Мајк Браун како главен тренер е безбедна. Браун до лани муше помошник на презимењакот Лери во Детроит и важи за еден од попочитуваните млади стручњаци во лигата (има само 35 год.). Возраста би требала дам у помогне во тоад а биде тренер насочен кон играчите, а искуството од Пистонси да биде добар дефанзивен тренер, кој со Кавси ќе се обиде да игра повеќе на брзи напади и контри. Сепак, Браун е дебитант тренер, така да во некој смисол тој се уште е непознаница

Најбитни за успехот сезонава (покрај Леброн): Покрај триото нови имиња кои стигнаа летово, клучна за успехот на Кавси годинава ќе биде играта во рекетот, посебно на центар. Освен Ззззззз на таа позиција, Кавси на таа позиција немаат солиден играч (имаа до пред два месеци, кога се повреди Варежао, кој сигурно нема да игра до февруари-март), што ги прави ранливи во рекетот, посебно ако се знае дека и Илгаускас е пијател со повредите. Единствена опција засега им е Андрескивичиус, кој никако не е спремен за НБА. Важноста на центарот и Зззззз ја потенцирам затоа што многу од јаките тимови против Кавси ќе играат позициони напади, со кои би ги успориле Хјуз, Леброн и Џонс, а во такви напади една од најважните улоги ја има центарот.

Епилог: Редно време е Кливленд да се врати во плеј-офот, а гледајќи го нивниот состав по неколкуте паметни потези на Фери, нема зошто и да не ги гледаме во мај догодина. Леброн конечно ја доби толку потребната помош и имаат млад, енергичен тренер, со шампионско искуство. Нормално, како и кај секој тим, И кај нив има неколку “ако” моменти, а прв е секако здравјето на нивниот Месија, зошто без него тие не се ни пола од тимот кој се со него. Второ “ако” се зглобовите на Зззззз, кои мораат да издржат цела сезона, а трето е прилагидувањето на Мајк Браун на играчите и на играчите на неговиот сѕстем. Ако се ова помине мзно, ондак нема причина Леброн и неговата дружина да не бидат 5. на Истокот, позиција која ќе им значи прво коло против најверојатно Детроит, што нема никако да биде лесно. Но, со Леброн во составот се е можно, cамо прво да си стигнат до некои 48-50 победи.

4 COMMENTS

Preview: Washington Wizards

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Saturday Oct 22, 2005

Лето: Визардси летово го пројда правејќи ги најшпиунските потези во лигата. Првин, го пуштија пуфката Лери Хјуз да крши глава во Кливленд. На Негово место го ангажираа Антонио Дениелс. После тоа го пуштија Хуан Диксон да крши глава во Портланд, пошто такво играчиште како него мора да иде у тим кај што ќе игра.. капак на све, им го утрапија Квами на Лејкерси, а од нив ги земаа Еткинс и Батлер (двајцата од првата петорка).

На драфт бираа само еднаш и тоа во втора рунда, како 49. и го лапнаа Андреј Блаче, кој како средношколец, веројатно ги има истите шанси за напредок како и Квами, и веројатно ќе дојде до неговото ниво, иако е избран 48 места подоле.

Зашто овие потези се добри за Визардси: Хјуз е големо его и квари хармонија – на негово место ги имаат Дениелс и Батлер, кои сигурно ќе ја попунат дупката. Квами никогаш не играше ко што треба, а лапаше пара – и нормално, неизвесноста што им ја диктираше и парите што им ги крадеше, ги решија луѓето од управата да го пратат на другата обала. Во меѓувреме, неговото место го попунија со андерачиверот, али сеуште потенцијално добриот Калвин Бут (кој како колеџ играч беше ептен добар – дефанзивен играч на Биг Тен `98, дел од американската репрезентација `98 – `01). У секој случај – лето у кое баш си го заштрафија тимот и му дадоа прав НБА лик – 2 ѕвезди, повеќе епизодисти и пар спијачи.

И натака волшепства ќе прават: Аренас, Џејмисон, Хејвуд, Џарвис Хејс, Итан „појавата“ Томас, Џеред Џефрис, Питер Рамос, Дејмон Браун, Ентони Пилер, Мајкл Рафин

Тазе маѓосани: Андреј Блаче (49. на драфт), Калвин Бут, Антонио Дениелс, Кеирон Батлер, Чаки Еткинс, Били Томас

Вештери: Стив Блејк, Хуан Диксон, Лери Хјуз, Квами Браун, Лејрон Профит

Најважно засилување: Кеирон Батлер. Човекот што како руки имаше неверојатна сезона и после тоа успеа да си ја уејебе кариерата и да дојде пак назад, мора да продолжи да иде напред. Лани наводно ќе му помагаше на Коби у ЛАЛ, ама на таа екипа ни ГОспод не и` помага. Сега, има и искуство и подобра околина, па мора да почне да допринесува со стандардни бројки. Лани се врати кај што застана првата сезона. Докажа дека е карактер, и дека нема простор за губење доверба. Вашингтон го здиплија у најважниот момент, кога по втор пат кариерата му трга нагоре. Да остане здрав и да работи ко лани – и сите ќе го заборават Хјуз. (инаку лани Батлер ја имаше на општо изненадување најдобрата сезона – 15.5 поена на 45 посто од поле, скоро 6 скока и издржа респектабилни 77 натпревари, сите во првата петорка)

Тренер: Џордан, али Еди, и не тој од Формула, ми е најнетренерската фаца во Лигата. Сеуште не ми е јасно како успеа лани да го води тимот лани до тој скор и до плејоф. Накратко – типот е мрцина, упропастувач, до лани имаше едвај 30 посто успех. Се` си мислам дека е спремен да го ујебе и овој тим, како што тоа го направи со Сакраменто на Мич Ричмонд и Волт Вилијамс. Лани беше среќа, и не се исплати да се ризикува со таков идиот на клупа.

На плеќа најмногу товар ќе носи: Аренас. Џејмисон никад не можел да се снајде како прва виолина, додека Аренас природно е лидер. Мора да почне да се враќа кон корените, т.е. да почне да подава повеќе, како порано. Сега е осамен во „превозот на топката“, и ќе треба да се поврати меѓу плејмејкерите. И да остане здрав. Зашто без него, црно им се пише на момците од главниот град – тешко дека Дениелс или Еткинс ќе го заменат еден од топ 5 плејовите во Лигата.

Не би сакал и натаму да разглабам зошто се` ќе зависи од Аренас – човекот е потенцијален трипл дабл, добар у одбрана, цврст у напад, има милион оружја, има муда да пресече во најбитните моменти, знае сам да диктира темпо на утакмица и е неверојатен работник. Од тотален шупак и материјал за на баскет у гетото, Нулата стана фактор и олстар играч. И ги прероди Визардси.

Епилог: па ако репер е ланската сезона, тогаш оваа би требало да биде уште побериќетна за Визардси. Но, ако се земе во предвид и предпоследната 25-57 сезона, прва на Еди Џордан на клупата на Вашингтон, тогаш.. чорба. Затоа ми е многу сумљиво – кадарски, сега се појаки од пред една година, ама кормиларот им е тотално нестабилен. Човекот не е авторитет во соблекувалната, и го брука светото презиме кое го има. Али сепак, со ланските успеси (втората рунда на Исток) си обезбеди бар уште една година место за дебелиот гз на клупата на Визардси.

Би требало пак да играат стегната кошарка како лани – со таа разлика што топката нон стоп ќе иде преку Аренас. Сега се малце појаки на шут (и Батлер и Еткинс и Дениелс се пооштри отколку Хјуз). Џејмисон ќе има повеќе место и во и околу рекетот пошто сега го нема Квами, а и ништо чудно да се премести на четворка, ако Џордан реши да игра со пониска петорка.

Се` на се`, во пост-Џордановата (за Вистинскиот зборам) ера која е дефинитивно започната со прекинувањето на проектот Квами, Визардси би требало да пружат добри резултати. Околу 45-50 даблју-а сигурно.

4 COMMENTS

NBA live 2006 [тазе проверено]

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Saturday Oct 22, 2005

Играта, морам да кажам, дека е ремек дело, неверојатно добро реализирани замисли, на сам раб на виртуелна реалност. Иако има и маани, сепак играта остава без здив. Накратко:

Новости: воведен е фичрот „freestyle superstar“ како и „signature moves“. Тоа значи дека со Кид, Неш и некои други, може да харате по терен и да давате неверојатни пасови, позади грб, у трк, од земја, од табла, криви очи и сл. Со Коби, Мекгреди, Ајверсон и сл., може да идете на најнемогучите влезови, да шутирате од небрано, да ги праќате противниците по пиво и сл. Со Картер, Џош Смит, Ричардсон и уше некој, можете да ЛЕТАТЕ преку луѓе, да корнете обрачи, да правите постери и то. Све со посебни потези. Со Пеџа, Реј Ален и Мајкл Ред, не се утиња од чиста позиција.. со Шек, Амари и другите говеда се гурате и куцате преку луѓе како Кинг Конг.. со Бен Волис, Артест и уше некои, се игра најпеколната одбрана со многу финтаџиски банани, односно украдени топки.. и то. И што е најдобро, кај мултитаскинг играчите има комбинација на повеќе вештини.. така Коби ем што у напад не може да го сопрат, краде лопти и то.

Има некои подобри потези на олстарот у куцања, а во династиите воведено е и ангажирањето на помошен персонал.

Игривост: одлична, иако можда е малце комплицирано (како ова погоре на пр.). L1 во комбинација со другите копчиња, секогаш ви дава некоја фристајл суперстар егзибит (ако ја поседува играчот нормално). Кај секој е различно. Шемата со акциите и стратегиите останува пак на СЕЛЕКТ + копчињата или стрелките.. скоро исто е ко претходните, но уште покомпликувано. Сепак, кој има искуство на џоистик и коцкасти палци, одма се привикнува.

Слабости: како и секоја сезона, така и оваа, слабо се апдејтувани ростерите. У Лејкерс селари капот ми го јаде Грент, а го нема МекКи на пр. Пола пикови ги нема, а и да ги има, ич не се погодени.. и на Индијана им ги нема новите дресови (али тука мислам дека треба читови или да отклучиш нешто).

Неверојатно гадна новост: саундтракот е пред све некој шабански латино регетон, уште Гасолина да ја стаеле.. порано беше подобро, сеа све е на весели црнци со златни ланци.. ежат некои бедни латино ритмови, бљак.

Неверојатно бизарна новост: има ретро мод, каде што ја играте НБА лајв 95 – дводимензионално.

Оценка: 8.9 од можни 10 (саундтракот и Брајан Грент у Лејкерс не се опростува).

Препорака: земете ја што побрзо, за да си ги направите сами ростерите, па ко ќе почне сезоната на тенане да си плескате. За компјутер не знам што конфигурација бара.

Први искуства: неверојатно добра игра пружа Квами Браун (дабл дабл против Детроит), а Коби не знае да пуца тројки. Берон Дејвис е незапирлив (37 поена против Сакраменто), а Ајк Диогу изненадува кога се крши утакмица (6 п. и 6 с. во последна четвртина). Пеџа и Биби се незапирливи сами на шут.. Чарли Вилануева е напраен тром (ќе си го средам ја кај да е), али се снаоѓа.. Сан Антонио се богови, иако Хори им е ставен у први пет.. не знам по кој основ Рашид Волис е напраен незапирлив и од надвор и у рекет.. ЛеБрон и Вејд се кошмари.. од Амари бегајте.. слободните се пак заебани.. Артест дава тројки.. Индијана на контра се казнена експедиција – Бендер, Џермејн, Џекес и Артест – сите завршуваат на влез.. Индијана уствари ви се најкомплетни за играње после Спарс и Пистонс.. олстарот у тројки е тапа како и секогаш.. али куцањата се феноменални.. не играјте со Милвоки, нема со кого кош да даете.. а и со Торонто истото ви важи.. компјутерот игра само со плејмејкерите (Мајк Џејмс ми дае 39 поена ама сепак го тепав).. тешко се дава кош од шут, па затоа почепкајте у кастом сетингс.. и тоа.

3 COMMENTS