He really loves this game

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday Jul 20, 2005




Најискрено, кога го прогласија Стив Неш за МВП не бев баш сигурен во изборот, не ми беше јасно како Стив можеше да ја добие наградата сега, а Кид не можеше пред 4 години. Но, како што течеше плеј-офот Стиви ме разубедуваше, а круна беше играта против “неговите” Мавси. По тоа не се сомневав во тоа кој е МВП.
Но, ако и некогаш сум се сомневал во МВП изборот, тогаш никогаш не сум се сомневал во големината на Неш како човек. Гледајќи го како ужива на теренот, секогаш насмеан, читајќи ги неговите интервјуа сиве овие години, неговиот животен стил многу поблизок до нас Европјаните и љубовта за фудбалот за кој 99% од другите ѕвезди не ни слушнало, го прави Стив уникатна појава на НБА терените.
Тоа дека тој е едноставен тип тој го покажа и минатата недела, кога онака минувајќи низ познатиот Њујоршки Хадсон Ривер Парк застана на партија баскет со неколку локални момци.
“I didn’t even plan to play that day. I just jogged over there to shoot and they were playing, so I played for about a half-hour” – изјави за тоа Стиви.
Не верувам дека било која друга НБА ѕвезда би направила такво нешто, а камоли актуелниот МВП. Но, Неш не е типична НБА ѕвезда и тоа најдобро се гледа баш во ваквите негови потези. Во време кога било која друга фаца ќе побарала милиони за да заигра или да се слика со “обични смртници” и тоа ќе го искористела за самопромоција, Неш од чиста мира си одигра партија баскет со момци како нас. Свака част, Стиви.

Short brief: When Nash was promoted as last’s season MVP, the first impression for me was howcome Kidd wasn’t the MVP 4 years ago. But, as the time was passing and Stevie runnin’ night after night, I really changed my mind about him being the MVP.
I can still doubt Steve’s MVPness, but I also can claim him as a big man, the biggest in the NBA today. Nash is probably the only NBA player that is not acting like a movie star off the court, he’s just like the ordinary people, he’s pretty close as a person to the fans..
These photos are taken in Hudson River Park, NYC. Steve Nash decided to play with the local boys – and he didn’t even know them. I didn’t think that any NBA star, especially not the Mr. MVP himself, could ever stop on a game with some strangers.
I didn’t even plan to play that day. I just jogged over there to shoot and they were playing, so I played for about a half-hour - Nash said after the “game”.
That’s the spirit, boy.

ADD COMMENTS

Pozdrav do Hulk i Kroacija

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Wednesday Jul 20, 2005


Moj Hrvatski je ocajan, zato ce ovaj post biti vrlo kratak. Ovo je oficijalna promocija NBA Hrvatske na nasem blogu, nadam se da cemo saradzivati u buduce.

Hrvati, mozda ste izgubili Andriju Boguta, ali ste dobili jos boljeg kosarkasa u malog Aleka Ugrinoskog.

PS: Ocekujemo tisucu klikova s vase strane…vezbajte cirilicu. A ja nakon mog prvog hrvatskog posta, vezbacu malo vasu gramatiku :)

edited by Karakash :)

1 COMMENT


- Иако веруваше дека и следната сезона ќе седи на клупата на Мајами, Стен Ван Ганди не беше 100%сигурен дека тоа навистина ќе се случи. За да се увери му требаа три пол часа колку што траеше неговиот состанок со претседателот на Heat, Пет Рајли кој успеа да го убеди дека целосно верува во него и дека Стен и следната сезона ќе го предводи дуото Шек-Вејд во поход кон тронот на Спарси. Сега сите во Мајами можат да се сконцетрираат кон новиот договор на О’Нил и ангажирањето на солиден плеј, можеби и враќање на Дејмон Џонс, а се спомнува и можен камбек во НБА на некогашниот 2.пик на Чиакго, Џејсон Вилијамс.

- Ако е за верување на некои извори, друштво на Јао во рекетот на Хјустон следната сезона ќе му прави Стромајл Свифт, кој наводно се договорил со управата на Рокетси за пет годишна верност за која би требал да инкасира 30 милиони. Сума која можеше да ја добие некаде на друго место за пократкотраен договор. Но, по се изгледа пресуди желбата да игра за конкурентен тим и покрај Ти-Мек и Јао, а овој вториов лично се ангажираше јавувајќи му се неколку пати на Стро.

- Веста дека Стро е пред договор со Хјустон значи дека истото се однесува и на Шариф И Нетси кои го бркааат високот крило веќе некое време. Во следните неколку денаРиф би требал да потпише на шест години вредни 38 милиони. Тоа значи дека Њу Џерси добива одлична “четворка” за дупло помалку пари од тие што Кењон Мартин им ги бараше пред година дена. Плус не смее да се заборави дека дел од пиковите кои Нетси ги добија за Кењон ги искористија во трејдот за Картер. Браво, Род Торн.

- Сиетл тргна по стапките на Милвоки и го повтори нивниот глуп потег ангажирајќи бивш тренер на Атланта за наследник на Нејт Мекмилан. Нов кормилар на Соникси е Боб Вајс, кој долго беше помошник кај “соничните”. Колку за информација Боб досега тренирал 3 екипи со кои немал некој успех. Е, дури сега Реј Ален може да си ја мава главата во зид.

- Андрија Богут покажа дека има балканска крв во него откако успеа да заработи исклучување на средба од летната лига во која Бакси ги победија Пејсерси. Којзнае можеби тоа е последица на фрустрациите, затоа што 1.пик втора средба по ред никако да заигра како што му личи. Имено, за 26 мин. игра Богут погодил само 1-7 обиди од поле за шест поени на кои додал и четири фаули.

- У овие неколку дена ново другарче на Леброн ќе стане ветеранот Донјел Маршал, кој ги одби понудите на Нетси, Хјустон, Чикаго и Мајами. Сега засега нема повише информации за договорот кој Дони ќе го потпише со Кавси, но сигурно е дека тој нема да биде поголем од 4-5 милиони годишно. Маршал би требал да биде солидна опција посебно кога ќе го удвојуваат Ззззз во рекетот.

ADD COMMENTS

Чао Лери. Флип, на тебе је ред

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Tuesday Jul 19, 2005


Да, да…овој у сред е Лери Браун како младич, но кои се овие околу него, а? -кој погоди частам пиво:)

Заврши љубовта меѓу Лери Браун и Детроит. Оваа вест и не ми е некое изненадување ако се земе во предвид дека разни гласини уште за време на плеј-офот го поврзуваа Лери со претседателското место во Кливленд, за да по разигрувањето самиот Браун признае дека здравјето може да го спречи да седи на клупата на Пистонси и догодина. Тука беше и константната шпекулација дека искусниот тренер ќе биде нов кормилар на Никси.
Поради тоа што има уште три години од договорот со Детроит, Лери најверојатно нема да биде тренер никаде следнава сезона, а доколку Њујорк е толку очаен за неговите услуги тогаш Ајзеа ќе мора да седне и да се договори со својот поранешен соиграч и десна рака на теренот, Џо Думарс.
Како што сега стојат работите, денеска (19.07.) Пистонси и официјално би требале да објават дека Браун веќе не им е тренер, а недолго потоа и дека негов наследник е Флип Сандерс. Уште сега некои фаци окилу тимот се сомневаат дека играчите ќе реагираат позитивно на Флип и сметаат дека ќе има огромен притисок врз Сандерс да го повтори успехот на Браун.
Но, работите би требале да се развијат сосема спротивно, зашто не гледам причина “клиповите” следната сезона да не бидат еден од најмотивираните тимови во лигата, особено затоа што најголеми заслуги за нивната ланска титула му се даваа баш на Лери.

6 COMMENTS

Још мало па нестало

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Monday Jul 18, 2005

by Enes Karakash

Уште пред да смеат официјално да ги задржуваат своите слободни играчи како и да потпишуваат нови играчи, голем број НБА клубови веќе се договори или со своите ѕвезди или со играчи кои беа слободни во изборот на својата средина (unrestricted). Така Реј Ален си остана во Сиетл, Мајкл Ред во Милвоки, Зззззз Илгаускас во Кливленд каде ќе му се приклучи Лери Хјуз кој ги откачи Визардси само за да заигра покрај Леброн. Нови тимови си најдоа и ланскиот MIP, Боби Симонс, а како негова замена во Клиперси влета Катино Мобли. Ајзеа Томас конечно си најде центар, кој на општо изнеадување не е преплатен (барем не многу) во Џером Џејмс, а Фил Џексон ќе проба да направи човек од некогашниот 1.пик Квами Браун кој Лејкерси го добија за Карон Батлер и Чаки Еткинс.
Но, и покрај сиве овие потписи останаа еден куп солидни играчи кои би можеле да помогнат на доста тимови кои сакаат да го направат пресудниот исчекор нанапред. Ова е најдоброто што остана на пазарот
:
———————————————————————————————————
Шариф Абдур-Рахим
За него најзагреани се Нетси, но ако неговата преселба во “мочуриштето” изгледаше како готова работа пред две недели, работите не се така розови за Кид, Картер и комп. сега. Главниот проблем го прават Блејзерси кои иако Риф е слободен сакаат да направат потпис-трејд за што би добиле нешто за возврат. А пошто Нетси немаат што да им понудат (се збори дека Портланд го бара младиот центар Миле Илич кого Нетси го избраа на задњиов драфт) во игра влегоа еден куп други тимови кои во свои редови би сакале класа “четворка”. Така сега како можни дестинации на Риф се спомнуваат Сакраменто, Орландо, Кливленд, Мајами и Чикаго.

Џо Џонсон
Иако до пред само недела дена се чинеше дека Феникс нема шанси да го пушти Џо да ја напушти Аризона и дека ше ја изедначи секоја понуда до нивниот ограничен слободен играч, откако стана јавно познато дека Атланта му понудила петгодишен договор вреден цели 70 мил. работите у Феникс некако се стишаа. Се збори дека понудата на Санси е максимални 60 мил., што секако дека не му се свиѓа на Џо. Да е до генералниот менаџер на Феникс, Коланџело тие уште сега би го задржале својот бек, но новиот газда на клубот не сака баш да се расфрла со пари и да плаќа данок на луксуз. Посебно затоа што Неш веќе има дебел договор, а следното лето ќе мора да му понуди максимум на Амаре.

Еди Кари
Уште еден играч кој лесно би можел да се пресели во Атланта, која го импресионирала при неговата посета минатата недела. И да го потпиешат Џо за 70 мил. на Хоукси им остануваат некои 12мил. годишно кои секако се доста за Кари (плус уште еден евтин ветеран). Главна загатка е проблемот со срцето поради кој Еди го пропушти задњиов плеј-оф поради кој може да му падне цената и поради кој Чикаго може да се одлучи да не ја изедначи понудата на Атланта. Ја лично не би сакал Хоукси да фрлаат пари на Еди, но…


Ентоан Вокер
Со секој нов ден станува се појасно дека Бостон не го сака Вокер во тимот за следната сезона. Тоан можеби лани им помогна на Селтикси да се пласираат во плеј-офот, но неговото неконтролирано шутирање трици, како и тоа дека не е некое позитивно влијание врз младите играчи не го прав ат омилен у Бостон. Но, затоа тука се Сакраменто, Сиетл, донекаде Индијана и увек кога станува збор за Вокер – Њујорк.






Стромајл Свифт,Тајсон Чендлер,Семјуел Далембер
Тајсон и Стро одат заедно затоа што и двајцата се сличен тип на играчи, кои во лигата влегоа како големи потенцијали на “четворка” и “петка”, но кои покажаа дека освен некои 12-13 поени и 9-10 скокови у просек (и понекое лудо закуцавање) не можат да постигнат нешто повеќе. Чикаго планира да го задржи Чендлер, но ако се деси да ги напушти Булси тоа ќе биде еден тим меѓу Атланта, Сиетл и со помали шанси Далас и Минесота. И за Стро се загреани Соникси и Хоукси, плус Нетси и Кавси.
И Семи според потенцијалот се вклопува со овие двајца само што тој во лигата влезе како анонимус.Истите тимови кои се загреани за Стро и Чендлер го сакаат и Семи, но неговите Сиксерси упорно изјавуваат дека ќе направат се да го задржат.

“>

Дејмон Стадемаер, Ерл Вотсон, Антонио Дениелс
Трио плејмејкери со слични карактеристики. Малку подзаборавениот Дејмон е слободен во изборот на нов клуб, а повеќе клуба меѓу кои Орландо, Кливленд и Мајами би сакале за мали пари да го видат кај себе. Вотсон и Дениелс во моментов се побарани од “Мајти Маус”, исто така Мајами се спомнува како кандидат за нивен ангажман, а тука е исто така Кливленд. За Ерл сериозен интерес покажаа и Хоукси, додека ништо чудно Дениелс да отиде по Мекмилан во Портланд.

Владимир Радманович
Влад си ставил во глава дека мора да биде стартер и да има гарантирана минутажа, што би можел да биде проблем за негов премин во друг клуб. Сиетл кој веќе ги загуби Џејмс, Дениелс и тренерот Мекмилан по се изгледа ќе направи се за да го задржи Србинот, за кого владееше поголем интерес додека не почна да се занесува со своите барања.

3 COMMENTS

Ron-Ron is back

Posted by Karakash Under Бизаро on Sunday Jul 17, 2005

Познато е дека летните лиги се резервирани за дебитанти, недрафтувани играчи и ветерани кои во потрага по својата НБА шанса го прошетале целиот свет. Но, една фаца во тимот на Индијана кој настапува на летната лига во Минеаполис не се вклопува во гореспоменатите типчиња. Тој е Ол-Стар и НБА дефанзивец на годината за 2004 год., тој е Рон Артест.

Пред два дена за првпат по скоро осум месеци Рон пак се најде во својот омилен дрес и на своето омилено место – паркетот. Уопштен не е битно тоа што Пејсерси изгубија од Хјустон, а еднакво не е битна ни статистиката на Рон-Рон од 23 поени, четири ук.топки и четири скокови за 35 минути игра.
Битно е што Артест е повторно таму каде што припаѓа, што најдобро го покажа еден навивач кој пред самиот почеток на мечот од летната лига извика на цел глас

“We missed you Ron!”

Оваа средба, како и целава летна лига има големо значење за самиот Рон-Рон затоа што тука и сега тој планира да покаже дека паузата од 73 средби плус плеј-офот го направила позрел. Важноста на овој меч ја потврди и присуството на сите важни фаци на Индијана, од Лери Бирд, до газдата Дони Волш и нормално, тренерот Рик Карлајл.

“I’m not trying to redo my image and I’m not trying to please anybody, I’m here to continue what I have to do; just be myself. I’m not trying to do any Cheerios commercials or Coca-Cola commercials. I want to do a commercial in the ‘hood.’ “ – рече Артест.

Гледајќи го како се однесуваше овие осум месеци сите во Индијана, како и еден голем број НБА фанови ширум светот, се надеваат дека “Рон-Рон повторно напаѓа” е наслов кој веќе никогаш нема да го прочитаат.

2 COMMENTS

Бура во Мајами?

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Friday Jul 15, 2005

Ова некако го очекував, очекував типот кој трошеше по кило брилијантин, секогаш носеше ново Армани одело и живееше да биде пред камерите, да посака да се врати во центарот на вниманието.
Да се разбереме, Пет Рајли нема да го замени Рон Џереми на клупата на Мајами, барем не за сега (надеж на Стен му дава тоа што први кои ја пробија оваа вест беа новинарите од ESPN, кои се ретко точни за вакви работи). Но, самата идеја за враќање на Пет може да ја заниша позицијата на Стен како меѓу играчите така и меѓу медиумите. Ако стварно не се враќа, најпаметно што Пет може да направи е уште сега да изрази целосна доверба во Ван Ганди, но тоа некако го нема деновиве.
Не ме изненадува доколку Рајли стварно посака канцеларијата на Heat да ја замени со нивната клупа. Кој не би посакал да го води тим во кој го има шек, а покрај него и феноменален млад играч како Вејд? Нормално, во таква ситуација притисокот врз Пет би бил огромен и се освен титула би бил неуспех. Башка, и самиот Пет уште од заминувањето од Лејкерси пред цели 14 години се обидува да докаже дека може и со друг тим да освои нешто, а Мајами сега би бил одлична можност.
Но, не смее да се заборави што се направи Стен за Мајами откако самиот Пет му го отстапи местото пред самиот почеток на сезоната 2003-04. Иако таа сезона Heat ја почнаа лошо (0-7), тој ги дигна на нозе Одом, Батлер и рукито Вејд и на крај не само што ги однесе у плеј-оф, туку и благодарение на шутот за победа на Двејн преку Берон и болницата која владееше меѓу Хорнетси стигнаа до 2.коло. За ланската сезона нема што многу да се збори, откако го освоија 1.место на Истокот само повредата на Вејд ги спречи да играа со Спарси у големото финале, а што ќе се десеше таму не знае никој.
Знам дека работите кои се случуваат во професионалниот спорт се ретко фер, но не би било фер спрема Рон Џереми да добие отказ по две одлични сезони само поради големото его на неговиот шеф.
Но, така беше и со Рик Карлајл пред две години во Детроит, кого и покрај двете сезони по ред со по 50 победи на изненадување на сите Џо Думарс го замени со поискусниот Лери Браун. Но, тоа се покажа како прав потег и Лери стана шампион со Пистонси. Дали истово се повторува во Мајами?

ADD COMMENTS

Доста беше, Владе

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Friday Jul 15, 2005

Толку од Владе…више нема да го гледаме како се влечка по НБА терените (редно време беше да се откаже). За goodbye американските новинари од Fox му направија постер…

Иако Владиатор дури сега го официјалираше пензионирањето, тој веќе две години е пензионер, а оние кои се постари од мене ми кажаа дека човекот уствари отсекогаш бил пензионер и падавичар.
А ми текнува кога 1989 год. тој заедно со Дражен и Паспаљ станаа првите Југословени кои ја преминаа “големата бара” и тргнаа да се докажуваат во таму некоја НБА. На почетокот баш Дивац беше тој на кој му се поклопија коцките и кој имаше среќа да слета меѓу Лејкерси кои тогаш губеа од сјајот и само што им се повлече Карим. Единствена конкуренција на Владе беше Мајкл Томпсон кој беше далеку од добар центар и така Владе по сезона и пол учење од клупа стана дел од првите пет на Лејкерси од кои не излезе се до 1996 год. и трампата со Хорнетси кои за Дивац се откажаа од 13.пик (мислам) со кој го избраа, пазете сега – Коби Брајант!
Владе беше солиден у Шарлот, кој тогаш имаше еден од подобрите тимови на Истокот, следеше преселба во Сакто каде му беше најубаво (и каде за своите одлични глумечки способности можеше слободно да си добие Оскар) и на крај, минатото лето, емотивен камбек на местото каде се започна, иако грбот не му даде барем асално да се прости од НБА.
Но, сигурно не му е тешко, и така догодина со уживање ќе си ги зима 5.4 милиончиња кои ќе му ги плаќаат Лејкерси.
Еее, колку се тоа жилети, човече.

2 COMMENTS