Секоја чест…Хорнетси

Posted by Karakash Under Секоја чест, West on Wednesday Apr 16, 2008

Photobucket

Пред некои шест месеци секој кој ќе спомнеше дека Хорнетси имаат шанса да се борат за врвот на Западот или пак дека на крајот од сезоната ќе бидат втори во многу посилната конференција, ќе му викнеа жолто комбе.

Но, момците на Бајрон Скот не само што до последен миг беа во игра за првото место на Западот, туку и на крајот ја освоија титулата во најјаката дивизија во лигата. И тоа пред триото од Тексас – Сан Антонио, Далас и Хјустон. Е тоа е стварно нешто.

Крис Пол покажа дека е зрел да биде лидер на еден силен тим, Дејвид Вест излезе од анонимноста во голем стил и патем стана ол-стар играч, Тајсон Чендлер по кој знае кој пат покажа дека Џери Краус, а и неговиот наследник во Чикаго, немаат поим од она пто би требало да биде нивна работа, Пеџа се врати на нивото кое беше некогаш и се најде во идеален клуб за него каде тој нема да ја глуми улогата на лидер, нешто за што никогаш не го бивало, Мо Пит избега од Торонто и си најде тим во кој може да се вклопи, Џенаро Парго ја истакна кандидатурата за најдобра резерва на плеј, но и на двојка, а иначе и тој во пакет со Тајсон дојде во Њу Орлеанс, Бонзи си ја пронајде минутажата и може да да биде нивни џокер во плеј-офот…и на крај, Скот покажа дека израсна во голем тренер изминативе неколку години, исто како што и покажа дека за неговите тимови да бидат конкурентни потребен му е елитен плеј. Тоа секако е Крис Пол, најдобриот плеј во НБА во моментов.

Секоја чест, Хорнетси за фантастичниот успех, кој кога ќе се погледне малку пошироко е најголемиот подарок што тие можеа да му го дадат на својот град и фанови, кои се уште се немаат вратено во нормала.

24 COMMENTS

Photobucket

Сликава кажува се за тоа како се чувствуваа сабајлево во Оукленд, посебно Берон кој ни со трипл-дабл (но и слаб шут од игра од 9-25) не успеа да го спречи враќањето на Вориорси два чекори назад во трката за задњите плеј-оф места. Сега Денвер, после големата победа (иако имаа и минус 16 во првата четвртина) е турбо тимот кој го држи осмото место во свои раце.

И Нагетси и Вориорси до крајот имаат по три меча, а Голден Стејт мора да победи на сите три и да се надева на кикс на Денвер на две средби. Но, Вориорси покрај двете веројатни победи со Сиетл и Клиперси дома, имаат и гостување во Аризона, каде Санси играат се подобро и се борат за што повисоко место на Западот. Денвер ќе победи со Мемфис (би требало), а мислам дека ќе го добие и Хјустон дома, додека посетата на ЈУта е нешто што ни еден тим не го посакува многу-многу сезонава.

Мавси веќе не се дел од оваа трка откако Диркулес со голема тројка му ја донесе 50. победа на Далас и загарантиран пласман во разигрувањето.

Кога сме на тој дуел со Јута, финишот беше луд, а сцената за Дирк ја постави Дерон со својата клач тројка од табла за изедначување. Но, таа тројка изгледа ги изннеади и неговите соиграчи, па никој не се врати на време во одбрана и направија таква грешка да го остават актуелниот МВП сам.

14 COMMENTS

Photobucket

По се изгледа Далас сепак ќе игра во плеј-офот, што донекаде е и добра работа со оглед на тоа кои им се конкуренти како и начинот на кој Мавси вчера одиграа во Аризона. Јас лично очекував победа на Санси за задржување на притисокот и чекорот во борбата за што подобро место на Запад, а и беше така во првите три четвртини.

Но, во задњата Далас го направи она што не му успеа ниту еднаш против некоја силна екипа од кога го добија Кид – тие тепаа во тесна утакмица и тоа со феноменална игра во задњите 12 минути во кои им одржаа лекција и во нападот, но и во одбраната на Санси. Посебно ме ипресионираше начинот на кој Кид го затвори Нешти, кој беше ужасен во таа задња четвртина. Од мизерен шут, до непромислени одлуки во нападот, ранливост во одбраната и чисто немање никаква идеја што со топката во нападот, нешто што навистина ретко се дешава.

Без него, се изгуби и Амари, кој беше ѕвер до последните 12 минути. Тој мораше да вади надвор, сам да креира и да шутира од неизградени позиции, нешто што сите знаеме како завршува, дури и со подобри играчи од него.

Сега, Санси ќе се потат за подобро место, посебно откако и Хорнетси, Спарси, Лејкерси и Хјустон си славеа во гости.

Далас, од друга страна, иако уште не е дел од плеј-офот, со една нога е таму…или боље кажано, со левиот зглоб на Дирк е таму.

* * * * * *

Денвер пак, киксна втора вечер по ред што доволно кажува за нивниот ментален капацитет како тим. Нешто за тоа си е крив и Џорџ Карл, но е се негова вина. Меѓу нив и Вориорси, стварно не знам кој би сакал повеќе да игра во плеј-офот. И едните и другите ми се пример како да не се игра кошарка, само што Нагетси имаат поизвикани имиња во тимот. Од Сиетл да примиш бе 151 поен!!! Па макр било по две продолженија. И тоа двајца дебитанти да ти убацат 72 поени!!! Тотално неприфалтиво, ама тоа може да им се деси само на Нагетси, кои самож една вечер претходно изгубија дома од Кингси кои играа без Артест и Милер.
Голден Стејт од тој аспект, трпи помалку критики, иако и тие губат ко (FTP) Грчка, затоа што играа во гости и со многу посилни екипи.

4 COMMENTS

Photobucket

По се изгледа навистина држи муабетот кој сите во Феникс го зборуваа по големиот трејд дека играњето покрај Шек ќе го направи Амари уште подобар играч. По синоќешните 41 и 14 против Денвер во фантастичната камбек-победа на Санси, нема сомнеж дека играњето покрај Дизелот и враќањето на својата природна позиција и тоа како влијаат добро на Амари кој во последно време се повеќе наликува на Ѕверот кој го паметиме од пред операциите на колената, посебно од онаа плеј-оф серија со Спарси кога го уби Тимчо Роботчо во директниот дуел.

И уште нешто за Феникс…покрај тенката клупа, не гледам друг проблем кој би можеле да го имаат во плеј-офот, освен можеби недостигот на клач-играч (покрај Нешти). Нормално, работите во многу ќе зависат од можните повреди, како за нив, така и за сите на силниот Запад, кој како што сега стојат работите можат да го освојат четири различни екипи. Единствено на Санси им останува да се надеваат со дуел од втората рунда, ако стигнат до таму, со…никој:) Мислев дека ќе има тим кој ќе им одговара, зошто знам дека не им лежат Хорнетси, ама кога ќе размислам поубаво, нема тим кој би сакале да го добијат во 2. рунда на вака ненормалниот Запад.

Како и да е, Ѕверот пак живее во Аризона, а тоа е страшно за сите конкуренти.

* * * * * *

Скромниот и реален Артест ги објаснува причините за лошата сезона на Сакраменто:

”It’s a failure. We have one of the best defensive players to ever play the game in myself. We have Brad [Miller] and Kevin [Martin], up and coming first and second team All-NBA guys, and we have some good point guards, so it’s a failure that we didn’t make the playoffs.”

15 COMMENTS

Далас нема да игра плеј-оф

Posted by Karakash Under West on Monday Mar 24, 2008

Photobucket

Две недели. Тоа е првата прогноза за времето кое Дирк ќе го помине гледајќи ги мечевите на Далас од клупата. Барем така изјави Марк Кјубан. Е сеа, можни се и уште полоши вести за Мавси, посебно ако се испостави дека повредата на Дирк не е на левиот скочен зглоб, туку на левото колено.

Да биде уште полошо за нив, Голден Стејт по вчерашната победа е на една средба минус од Далас во борбата за осмото место на дивиот Западот, а Денвер после триумфот сред Торонто по 69 поени на Ајверсон и Мело е на две и пол заостаток. Со оглед на тоа дека Мавси наскоро се среќаваат со двата тима (два пати со нивниот немесис Вориорси), како и со Лејкерси и Феникс во следниов период, лесно може да се случи падот на Дирк да значи и пад на Далас, кој може да му се приклучи на Мајами во вистинската реткост – двата тима кои беа дел од Големото Финале пред само две години да бидат дел од Драфт лотаријата.

Лично, и со Дирк во тимот мислев дека од средбите во следните две недели Мавси можеа да се надеваат на две победи (против Клиперси) и можеби уште максимум две од тешките пет.

Инаку, од можни 706 средби од регуларниот дел на сезоната, во својата кариера Дирк има пропуштено само 25, што донекаде и беше причината поради која го завикавме Диркулес. Далас е тим кој е страшно зависен од Швабата и токму поради тоа оваа негова повреда може да значи пропаст за нив и дефинитивно растурање на тимот ова лето од страна на психото Кјубан.

5 COMMENTS

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Далас едноствано не знае како со Вориорси. Берон (никако БАЈРОН), конечно е здрав и тоа се одразува на Голден Стејт, кој е права ноќна мора на тактички план за Мавси. Кога Ејвори ќе проба со својата стандардна постава со Диоп на центар, Дончо Нелсон и неговата пониска постава ја користат брзината. Кога Ејвори ќе проба со иста таква ниска постава, им паѓа во рацете на Вориорси, кои се мајстори во таквата игра.

Нема кој да го чува Берон, а и Џеј-Рич и Џекес Џексон се одлични во оваа серија. Само уште да научат да ги контролираат емоциите и ќе имаме страшно изненадување.

Далас од друга страна, ќе мора да ни докаже на сите дека рег. сезона не беше само случајност и дека менталниот колапс од ланското финале беше лекција која ја научија, а не која се спремаат да ја повторат.

Пред се мислам на Дирк, кој мора да покаже дека може да биде лидер. Од тоа што го видов до сега, не ми делува способен за тоа и може слободно да зима часови кај Берон.

Тука негде би го убацил и муабетот за МВП, ама ај да не матиме вода, наградата си е за регуларната сезона, а и гласовите веќе недела дена како се собрани.

* * * * *

Нешти = 17 поени и 23 асиста!!! Амари = 27 поени и 21 скок!!! Иди после играј против нив. И многу подобри екипи од Лејкерси не би можеле да се носат со овие Санси, кои кога ќе влезат во ритам, како што рече Флајт, се како вирус од кој нема спас.

Лејкерси, реално, се бедни како екипа, и летово Купчак ќе мора да се испоти и да им донесе на Коби и Фил играчи кои ќе си ја знаат работата. Со Смушевци, Фармари, Туриафи, Шемонди и компанија, толку.

* * * * *

За Мајами, се што напишав по третиот пораз, важи и сега. Ќе биде интересно на Флорида летово, а од она што денеска слушнав, иако е малку веројатно, Мајами би можел да се обиде да го намами Билапс, кој е слободен играч, како и Рашард Луис од Сиетл, кој мислам дека одлично би се вклопил. И тоа не само кај нив, него кај доста екипи на кои им треба еден играч за најважниот исчекор напред. Но, тоа е друга тема за која ќе има време летово.

* * * * *

Кид се обидува да стане првиот играч по 2002 год. кој во една серија во плеј-офот имал трипл-дабл во просек. Последен на кој тоа му пошло од рака – Џејсон Кид во серијата со Бостон. Ѕверотина.

26 COMMENTS

(Ова е најава која денеска ја пишував за во весник. Искрено, пишувањето на оваа тема за во весник и нешто слично (заедно со др. работи) за идниот број на еСпорт ми го прави мрско правењето посебна најава само за МакНБА. Но, тоа и не е толку страшно затоа што овој текст во основа е моја прогноза за првата рунда. И тоа литературно напишан. Имате слобода во коментарите да си додадете по нешто ваше за секоја серија посебно. И тaka.)

ИСТОК
Photo Sharing and Video Hosting at PhotobucketPhoto Sharing and Video Hosting at Photobucket
(1)Детроит – (8)Орландо
Во текот на сезоната: 4-0

Пистонси се тимот кој со најмалку промени во формата ја одигра сезоната на Истокот и целосно заслужено стигна до својата шеста сезона по ред со најмалку 50 победи. Детроит покрај фондот на проверени и докажани играчи, го има она што на Орландо очајно му недостасува, а тоа е искуството на играње во плеј-офот. Никој од сегашниот тим, со исклучок на тогаш повредениот Грент Хил, не беше дел од последниот плеј-оф настап на “магичните” 2003 година кога тие исто така во првата рунда со 1-3 беа елимирани од Детроит.
Орландо има млад тим предводен од Двајт Хауард кој можеби ќе успее малку да ги замори Пистонси, но тешко е за верување дека ќе успее да стигне до една победа, па можеби ни до неа.

Photo Sharing and Video Hosting at PhotobucketPhoto Sharing and Video Hosting at Photobucket
(2)Кливленд – (7)Вашингтон
Во текот на сезоната: 2-1

Веројатно најлесниот дуел за прогнозирање поради драстично ослабените Визардси кои се без своите двајца претставници на Ол-старот сезонава, Аринас и Батлер. Кога минатата година истите два тима се сретнаа во првата рунда, добивме крајно возбудлива серија во која Леброн Џејмс и Аринас имаа неколку големи дуели. Овој пат, Леброн е осамен и би требал без никакви проблеми и замор да ги однесе Кавси во втората рунда. Големо чудо ќе биде доколку Вашингтон успее да стигне и до една единствена победа.

Photo Sharing and Video Hosting at PhotobucketPhoto Sharing and Video Hosting at Photobucket
(3)Торонто – (6)Њу Џерси
Во текот на сезоната: 2-2

Заедно со дуелот на Булси и Мајами, двобојот на Нетси и Репторси е еден од најтешките за типување во првата рунда. Доколку Торонто продолжи со стилот на игра од регуларниот дел на сезоната и преку својата прва ѕвезда Крис Бош ја наметне својата игра, тогаш Репторси би требале да бидат дел од втората рунда. Но, доколку неискуството кога станува збор за разигрувањето биде еден од главните фактори во оваа серија, тогаш Нетси и тоа како ќе ја имаат својата шанса.
Винс Картер сигурно ќе има посебни мотиви во дуелот против тимот во кој стана НБА ѕвезда.
Со оглед на тоа дека составот на Сем Мичел има поголем број на квалитетни играчи, Торонто на крајот би требал да излезе како победник, но Картер и Кид на другата страна ќе се обидат да направат с$ што е во нивна моќ да спречат таков развој на настаните.

Photo Sharing and Video Hosting at PhotobucketPhoto Sharing and Video Hosting at Photobucket
(4)Мајами – (5)Чикаго
Во текот на сезоната: 1-3

Откако сосема неочекувано минатата година на подоцнежниот шампион Мајами како аутсајдер му зададоа доста маки во првата рунда, Булси оваа година според многумина ќе ја имаат улогата на фаворит. Во прилог им оди и предноста на домашниот терен поради подобриот скор (49-33) од тој на Хит (44-38).
Сепак, колку и да се Булси помлади и побрзи од Мајами и колку и да е добра нивната одбрана, шампионот е тој кој ќе се прашува околу патникот во следната рунда. Доколку Двејн Вејд ги надмине проблемите со рамото и коленото и Шекил О’Нил продолжи во стилот во кој ја одигра втората половина од сезоната, тогаш Чикаго ќе се намачи да ја добие оваа серија. На крајот, овој дуел веројатно ќе зависи од тоа колку Вејд е способен повторно да го носи Мајами кон финалето, овој пат со поголема помош од Шек.

Допуна: (Кирк Хајнрих денеска изјавува по весници: “We feel we should’ve won last year’s series, honestly. We felt we should’ve won Game 5. So we’re confident. It’s a team we’re familiar with.”

Нормално, Шек не останува покус и му враќа: – ”They want to make it a rivalry. It’s not. Not on our end. Do something to make it a rivalry. Whatever FM they can conjure up to play — fake motivation — that’s on them. But they’ve asked for us. And here we come.”

ЗАПАД
Photo Sharing and Video Hosting at PhotobucketPhoto Sharing and Video Hosting at Photobucket
(1)Далас – (8) Голден Стејт
Во текот на сезоната: 0-3

Медиумски оваа серија секако е една од најинтересните. Што поради повторниот дуел на Дон Нелсон и неговиот екс-клуб и ученик Ејвори Џонсон, што поради фактот дека Вориорси сезонската серија ја добија со 3-0 и што поради еуфоријата која владее во Оукленд по прекинувањето на најдолгиот плеј-оф пост во лигата од 12 години без разигрување.
Сепак, кога подобро ќе се погледне, плеј-искуството на Мавси и нивната избалансирана игра во нападот им се сосема доволни без поголеми проблеми да ги минат Вориорси. Голден Стејт игра без центар и одбраната, како и кај секој тим на Нелсон во минатото, е само фантазија. Тоа ќе му одговара на Далас кој знае како да ги искористи тие дупки, но Дирк Новицки и дружината не смеат да си дозволат да им дозволат премногу простор на Вориорси кои тоа добро знаат да го искористат.
За очекување е возбудлива серија која со сериозен пристап на Мавси не би требала да трае подолго од пет средби.

Photo Sharing and Video Hosting at PhotobucketPhoto Sharing and Video Hosting at Photobucket
(2) Феникс – (7)Лејкерс
Bо текот на сезоната: 3-1

Мајк Д’Антони и Санси се убедени дека со својот брз и атрактивен стил на игра можат да ја освојат титулата, а исто како и лани, прва пречка на тој пат им се Лејкерси. Откако лани ја одиграа највозбудливата серија во првото коло, овој пат работите стојат малку поинаки за двата тима. Лејкерси во плеј-офот пак влегоа во последните неколку дена, а серијата лоши резултати во последните два месеци сигурно дека не влијае позитивно врз нив. На другата страна Феникс пак го има на располагање Амари Стадемаер, кој одлично се врати по операциите на двете колена последниве две години.
Лејкерси го имаат Коби Брајант кој е најопасниот играч во ова разигрување, но тешко дека тој може сам да им донесе чудо. Санси се предобро покриени на клучните позиции и го имаат двократниот МВП Стив Неш, кој обично одлично се снаоѓа против Лејкерси, за да имаат поголеми проблеми во првата рунда.

Photo Sharing and Video Hosting at PhotobucketPhoto Sharing and Video Hosting at Photobucket
(3)Сан Антонио – (6)Денвер
Во текот на сезоната: 2-1

Две екипи кои се чиста спротивност. Од стилот на игра, до типот на ѕвезди кои ги предводат. Додека Сан Антонио има една од најдобрите одбрани во лигата, Денвер и не може баш да се пофали со тоа дека игра одбрана, но затоа може да се пофали со еден од најопасните напади во лигата. Скромниот Тим Данкан е лидер на Спарси и околу него се гради доста спората игра на тимот, додека Кармело Ентони и Ален Ајверсон се лидерите на брзите Нагетси. Во два од нивните три овосезонски дуели Спарси покажаа дека можат да го сопрат нападот на Денвер, така да во тој стил веројатно ќе продолжат и во разигрувањето. Мело и Ајверсон можат да им направат проблеми, но не толкави за да ги изненадат во првата рунда.

Photo Sharing and Video Hosting at PhotobucketPhoto Sharing and Video Hosting at Photobucket
(4)Јута – (5)Хјустон
Во текот на сезоната: 3-1

И тука како и кај Мајами и Чикаго, петиот тим поради подобриот скор ја има предноста на средба повеќе дома. Таа предност во ваква серија би требала да се покаже како клучна и да им ја донесе втората рунда на Рокетси. Тандемот Мекгрејди – Јао е еден од најдобрите во лигата на кој Јута ќе гледа да одговори со своето ударно трио Бузер – Вилијамс – Окур. Интересна серија која лесно може да се решава во последната средба, иако за очекување е да нема многу кошеви.

11 COMMENTS

Photobucket - Video and Image Hosting

Ги имаме стартерите за Ол-Старот во Вегас. Како што имам кажано и порано, изборот на фановите ретко кога се поклопоува со вистинската слика и со оние кои навистина заслужуваат да бидат дел од првите пет на својата конференција. Баш затоа на сликата го гледате Дирк, а можеби наместо Леброн требаше да биде и Неш на неа.

Причина за тоа што фаци како Данкан и Гарнет, па и Трејси се изгласани за стартери лежи како во тоа што секој може да си гласа безброј пати, само да е еднаш дневно, како и во тоа се почнува со гласање по само нецел месец во сезоната. Кога уште се нема јасна слика, барем не целосна кој навистина заслужува да биде стартер.

Како што е сега системот, секој си гласа за својот омилен играч безброј пати, па макар тој да имал и труба сезона.

Идеме по ред:

ИСТОК

Леброн – Cобра најмногу гласови годинава, повеќе од 2,5 милиони гласови, повеќе дури и од Јаоза. Тоа што Кавси имаат каков-таков позитивен скор е затоа што играат на Истокот, а не некој нивен квалитет. Леброн нормално, пак им е најбољи и еден од најдобрите во лигата, но на моменти се прашувам дали Леброн е уште во лигата. Типот игра стандардна ол-араунд кошарка, ама изгледа и медиумите се заситија од него. Барем до плеј-офот.

Бош – Ќе беше брука Џермејн да останеше на второ место меѓу крилата на Истокот. Бош е најдобриот не само Рептор сезонава, него и убедливо најдобра четворка на Истокот.

Вејд – Сосема заслужено, иако пропушти некоја средба поради повреди. Секој кој го гледал сезонава знае за што зборувам. баш поради него Мајами и покрај негатруивниот скор до сега е фаворит на Истокот.

Аринас – Исто како и со Бош, не смееше да се случи Картер да биде пред Аринас. Хибачито не да заслужи, него со своите игри влезе во комбинација и за МВП. Голем скок за некој кој лани играше на Ол-Стар како резерва на резервите.

Шек – Овде мораше да се најде Двајт Хауард, ама Шек е толку голем што лужето го гласаат и кога не игра. Тоа не може секој.

ЗАПАД

Коби – Ради него и мозокот на Фил, Лејкерси се во Топ 5 на Западот. Коби сезонава покажува ментална зрелост како никогаш до сега. Тоа го прави поопасен од кога било. Заслужено во први пет.

Мекгрејди – Не дека не треба да биде на Ол-Стар, ама никако не смее да биде во први пет пред еден Стив Неш, кој игра боље него задњиве две сезони во кои беше МВП.

Гарнет – Исто како и Трејси, Кеј-Џи треба да биде таму, ама никако пред Диркулес. Никако. Па и еден Бузер заслужи повеќе први пет од Гарнет. Кармело исто така.

Данкан – И па, ок за Вегас, ама не за први пет. Бузер пред него, барем сезонава. Негова среќа што Амари не беше во конуренција на крила сезонава.

Јаоза – Заслужи со игрите пред да се повреди. Ама нема да игра, така да ДАнтони веројатно ќе го стави Амари на негово место во први пет.

8 COMMENTS