Интересен факт е тој што познавам најмногу фанови на три екипи – Лејкерси, Бостон и Никси. Њујорк некако не се вклопува во целата приказна кога е во прашање бројот на освоени титули, но тоа не им значи ништо на фановите на тимот. Напротив. Сите тие заслужуваат аплауз за сето она што го издржаа последниве десетина години и и покрај се’ останаа покрај својот омилен клуб.
Еден од оние фанови на Никси кои ги познавам е и ZeeDee, кој се јави од дијаспората и одлучи да му одговори на Бето во врска со неговиот премиерен пост на МакНБА, посветен токму на Никси…

… На темата трејдот на Јуинг кој помалку малициозно беше наречен ’шутирање’ од страна на авторoт. На сите ни е добро познато дека лојалноста во професионалните спортови е мит и од страна на играчите кон тимовите и обратно. Секако дека постојат примери на обострана лојалност но истите во услови на килава економија стануваат се поретки. Не треба да се оди далеку во историјата и да се посочат примерите на Џејмс, Бош, Пол, Мело итн. од една страна и трејдовите на легенди како Дрекслер, Пејтон, Карл Мелоун од друга.
Колку што Њујорк и раководството на Никс со право ги критикуваат за трејдот на Мело и давањето пола екипа за него, трејдот за Јуинг имаше логика од секој аспект: кариерата на 37-годишниот Јуинг беше во надолна линија, имаше најлоши просеци во кариерата, колената се повеќе му правеа проблеми а на Њујорк му требаше свежина, пикови, нови лица. Со трејдот на Јуинг (и Крис Дадли) помеѓу Њујорк, Феникс и Сиетл, Никси добија 6 играчи меѓу кои Глен Рајс, Лук Лонгли и Вернон Максвел плус по 2 пика во прва и втора рунда. Ако ја се прашувам, тоа беше добар бизнис.
Жалам што во моето коментаторско деби на Макнба ќе морам повеќе пати да критикувам пост на друг автор, меѓутоа не можам да се сложам со многу од констатациите и многуте паушални тврдења кои на прв поглед имаа единствена цел да го оцрнат еден од можеби помалку успешните но секако покултните френчајзи во НБА.
Имено самиот наслов дека Њујорк Сакс е мање-више бајат, воглавном поради фактот што реално, Њујорк сакс веќе нешто повеќе од една декада. Секој што се излажал да мисли поинаку и покрај настапот во плејоф лани е у најмала рака, наивен. Меѓутоа она што Њујорк се обидува да направи, не е ништо ново: двајца-тројца суперстари, опкружени со епизодисти, шутери и алроунд дрва – рецепт веќе испробан и релативно успешен во Хјустон, Сан Антонио, Бостон, Ел-Еј, Мајами…
Затоа, иако јас лично бев голем противник на трејдот за Мело, не гледам ништо особено чудно во одлуката на Долан да не ги послуша тие околу него (особено Волш) и да се отараси од 4 стартери за суперѕвездата која треба(ше) со Амаре да го вратат Њујорк во елитата на Истокот. Сеа за сеа Никси не се ништо повеќе од раштиман оркестар во потрага по свој идентитет пошто имплантот на Д’Антони организмот никако да го прифати.
Со амнестијата на Билапс Никси изгубија релативно солиден и искусен плеј кој не можеше да го диктира темпото кое го бара Д’Антони но кој знаеше да препознае кога и преку кого ќе се игра во позициона и статична игра, но и се отарасија од договор што ги спречуваше да напраат потег во кратката предсезона.
Затоа Никси во релативно кусиот преоден рок решија да пробаат да го адресираат тоа и истовремено да го решат вториот идентификуван дефект кај Никс и системот на Д’Антони – (недостатокот на) одбрана, особено под кошевите.
Потегот со Чендлер повторно има резон од повеќе причини: одбраната во рекет се појачува со центар кој лани освои титула и беше кључен у плејоф, истовремено на Дирк му овозможи да се концентрира повеќе на напад (истото му требаше на Амаре) и плус не троши лопти.
Дупката на плеј веројатно очекуваа да ја попунат со Шамперт, Даглас, Биби и Дејвис (од завчера и Џереми Лин), а остатокот од тимот го сочинуваат играчи што по дефиниција се (какви-такви) дефанзивци и дел од нив шутери: Вокер, Филдс, Болкман, Џефрис и Блејк.
Авторот ги спомнува Хјустон, Кари, ЗиБо, Пени, ТиМек и компанија како пример за недостаток на лидери во Никс во задњиве декада ипол, а ги заборава Спривел, Оукли, Џексон, Крофорд, Дејвид Ли… случајност?
А врската помеѓу Њујорк како центарот на светот и сиромавиот осврт на тимовите што се во Њујорк е тотална утка. Плус Алекс Родригез можда е најплатен ама веќе 5 години не е најдобар играч у МЛБ.
Ќе го затворам овој пост со констатацијата дека иако Никс во моментов личат на потпросечна екипа, мислам дека се многу блиску да бидат сериозен тим и секој кој уште од сега ги отпишува ризикува да го ребраме на крај на сезона.