НБА дечурлана
Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday Apr 25, 2012Мислам дека не е тешко да се погодат сите.
Или сепак е?
ПС: Не им ги ставам категориите погоре, за да не биде ептен така лесно да се погодат.
Мислам дека не е тешко да се погодат сите.
Или сепак е?
ПС: Не им ги ставам категориите погоре, за да не биде ептен така лесно да се погодат.
Набрзинка за дешавките синоќа низ НБА и големите победи на Мемфис, Индијана и Хјустон, како и скокот на Спарси на првото место на Западот.
Јас ги гледав Гризлис, кои по победата во Оклахома Сити си тепаа, доста лесно, и во Мајами, каде водеа од првата до последната минута. За Мајами ова е само трет пораз дома оваа сезона и прв по серијата од 17 победи едноподруго. Како играа синоќа момците на Сполстра не можеа ни да се надеваат на нешто подобро, а и Мемфис игра одлично, посебно во одбрана.
Во напад играат крајно несебично, а втората петорка со Зеко, Мајонезот и Жилберто во неа ќе биде проблем за секој противник. Посебно ако Жилберто како синоќа се рашутира од тројка.
Мајами пак беше најранлив во рекетот, нешто што ќе биде голем проблем за нив, а и одбраната на Мемфис на Вејд и Леброн беше доста добра. И тоа без најдобриот дефанзивец Тони Ален, кој е повреден. Гризлис ќе бидат незгодни за секого на Западот, а со малку среќа може да имаат и подобро разигрување од лани.
На другите текми, Спарси ги преслушаа Хорнетси и во комбинација со победата на Индијана над Тандер си скокнаа на прво место. Сан Антонио во вистински момент зема залет со 10 победи во низа, и делува дека момците на Поп планираат уште еден напад на титулата. Можеби последен со Тимчо.
Тандер си имаат падови, но за секого ќе биде тешко да ги добие четири пати од седум текми. Посебно ако успеат да дојдат до првото место на Западот на крај од сезона.
Никако не смее да се заборави и Драгиќ, кој одлично го менува Лаури и кој беше главна во победата на Рокетси сред Ел-Еј. Плеј-оф трката на Западот, од 4. до 10. место е луда и на крај две екипи ќе останат без плеј-оф. Рокетси во моментов се седми, но тоа може, и веројатно и ќе се менува до крај.
Монтажа by DailyDimeLive
По отказот кој го доби од Блејзерси пред околу две недели, Нејт Мекмилан одлучи да им се заблагодари на сите во Портланд за периодот минат таму. И тоа со закупен оглас на цела страна во дневен весник.
Можеби е штета што Нејт и Блејзерси не профункционираа и не станаа ѕверови на Западот како што некои очекуваа, но тренерот не е крив за повредите на Оден и Рој, два од трите темели на тимот за иднината, кои засекогаш ги осакатија плановите на Блејзерси.
Можам да го видам во неколку екипи следната сезона, а сигурен сум дека и нема да има проблем во пронаоѓањето нов клуб. Плус му е тоа што според сето покажано до сега, човекот е вистински господин и некој кој наликува на оние олд скул тренери, кои ги има се помалку во НБА.
Французите денес се најактуелни во НБА (заедно со Фишке). Рони „Клингонецот“ Туриаф е откупен од Денвер, а Борис „Пиги“ Диао од Шарлот. И двајцата се слободни, а првиот е пред договор со Мајами, каде беа во потрага по некој кој би им помогнал во битката во рекет (која редовно ја губат) со Чикаго.
Вториот е најблиску до придружување на другар му Тончи во Сан Антонио, но не знам како Поп ќе трпи во својот тим играч кој е преку дозволената килажа за еден кошаркар и тип кој една вечер знае да направи се’ добро, а друга да те натера да го пцуеш цело време. Познавајќи го Поп, пцуењето може да биде најблагото нешто што ќе му се случи на Борче.
Инаку, Рони можеби нема да им помогне многу на Хит, но од него нема да се бара многу, само она што го правеше цела кариера. Конкуренцијата во Мајами и не му е некоја, па така за очекување е Туриаф, ако биде здрав, да биде пред дедо Џуан и дебелиот Питмен во ротацијата кога ќе се навикне на новата средина.
ПС: Кога ќе помислам на Рони, одма ми текнува на овој ПОСТ.
Звучи ко да е некоја заебанција, ама не е. Од сите екипи на Истокот, Милвоки е таа која го има играчот на неделата последните две седмици во својата конференција. И тоа не е Брендон Џенингс.
Откако Ерсан Илјасова екслодираше, Турчинот пред седум дена беше прогласен за Играч на неделата на Истокот. Сега, по Ерсанити, истото се случува и со Дру Гуден. Двајца играчи за кои коефициентот да бидат играчи на неделата сезонава беше 529749.35.
Шега на страна, Милвоки е најголем, и веројатно единствен конкурент на Њујорк за осмото место на Истокот. Голема заслуга за тоа имаат токму Ерсан и Гуден, кои им ја пополнија дупката која ја имаа во рекетот по повредата на Богут. Сега кога го нема Австралопитекусот во Милвоки, тие се главни во рекетот, а Монтеј и Брендон се тие од кои се очекува да пунат од надвор.
Тоа што имаа добар тренер е само плус, и ако се вклопи Елис, ќе бидат незгодни.
Инаку, Гуден минатата недела имаше просек од 18 поени, скоро десет скокови и осум асистенции, а Ерсанити во неделата пред тоа имаше бројки од 25 поени и скоро 11 скокови со реализација од поле од одлични 66.7%.
Fear the Deer, indeed.
Тоа е таа густа, година дена нечепната брада.
Самиот Харден вика дека до толку се навикнал на својата брада што му е страв да ја скрати, избричи и да види што има под неа. Можно е некои работи и ситни пари кои ги изгубил во последните година дена да ги најде таму, но тоа нема да го натера да ја избричи.
Исто како ни изјавите на мајка му дека сака да го види својот син без брадиштето. Џабе и е, Џејмс не се бричи. Никогаш. Тоа би било ко Самсон да си ја скратил сам косата.