NEW YORK SUCKS!

Posted by Karakash Under Бето, THE BENCH on Sunday Feb 5, 2012

Бето е наше дете кое одамна се остри да пише пост за МакНБА. Еве го сега, конечно, по скоро осум години МакНБА, со свој премиерен пост (се надевам не и задњи), испровоциран од, како што вика тој – Мувла тимот на на Никси.

Њујорк викаат дека бил центарот на светот. И има многу добра екипа у бејзбол. Бренд се Јенкис. 27 пати шампиони на Америка, задњи пут у 2009-та. Таму игра и Алекс Родригез најскапата и најдобрата бејзболчина што ја нуди Америка ма да не се разбирам многу у тој спорт да не кажувам многу гачки.

Њујорчани не сакаат многу да гледаат хокеј. Далеку попознати по хокеј се да речеме Детроит Редвингс, Бостон Бруинс и тимовите од Канада. (хокејот е број 1 спорт кај комшиите). Арно ама оваа сезона најбоље скор во лига имаат Њујорк Ренџерс . И се главни кандидати за освојување на Стенли Купот (така им се вика трофејот од финалето), што би им бил петти Стенли Куп во нивната историја. Кул се дечките и во тој спорт.

На ред доаѓа како што кажуваат анкетите од Америка најпопуларниот спорт во таа земјa. Амерички фудбал или како што поубаво звучи рагби. Толку е популарен овој спорт што Њујорк како најголем град во Америките има два тима. Џајантс и Џетс. Џајантс утре го играат финалето против комшиите од Бостон.

И на крај доаѓа нашиот најдраг спорт, нејзиното височество кошарката. Кошарката и Њујорк се два некомлементарни термини како фудбалската репрезентација на Македонија и светско првенство, како Марјан Стојановски и добра песна (не се лути братко ако случајно не читаш, знаеш како стојат работите). Како црно и бело. Не идат едно со друго.
Њујорк Никс се црната овца на ризницата успешни спортски франшизи од Њујорк.

Ја имаат освоено НБА лигата само два пати и тоа во далеееееееееечните 1970-та и 1973-тата година кога главни фаци биле Вилис Рид, Волт Фрејзер и Ерл Монро. Тука негде на клупата бил и Фил Џексон – човекот едноставно знае како се освојува Лери О’Браен трофејот.

Многу веројатно, така ќе остане и во наредните години.

Њујорк се бајаги мувла тим во НБА. Тоа е тимот што во изминатите десетина – петнаесет години како први “ѕвезди“ во својот тим во одредени периоди ги имаше: Алан Хјустон (никогаш не беше играч од 100 мил. долари колку што му изнесуваше договорот), Еди Кари, Стефон Марбери и Стив Френсис. Пројдоа и ликови како Зек Рендолф (во неговите очајни денови), Пени Хардавеј, Трејси МекГрејди, исто така во неговите очајни денови…

Е тука негде е и најнеспортскиот потег на кој се сеќавам од фамозната управа на Никси, трејдот на легендарниот Патрик Јуинг, единствен кој може да се издвои од оваа црна листа на лидери на тимот од Медисон Сквер Гарден, кој се случи во 2000-тата година, а Никси Јуинг го шутнаа во сега веќе непостоечките Сиетл Суперсоникс. И покрај тоа што Јуинг не успеа да освои титула во својата кариера, управата на Њујорк на некој начин морално беше обврзана да го чува ветеранот во своите редови дури тој реши да се пензионира. Тоа е нешто како Кјубан да го трампа Дирк или Лејкерс да го шутнат Коби за некоја сезона кога ќе му одминат najпродуктивните години.

Е тука некаде, се појави старата добро позната домаќинка, Кармата, која беше спремна да ги нагости Њујорк со својата позната магија и во наредните 10 години па и повеќе од трејдот на Јуинг. Кармата се појави во човечки облик и форма, во ликот и делото на Ајзеа Томас кој како генерален менаџер, а своевремено и тренер тотално ги унакази шансите на тимот од големото јаболко. Томас беше генерален менаџер од 2003-та до негде 2008-мата година (едно време беше и главен тренер), а тоа се петте години кои сите фанови на Њујорк Никс радо би ги заборавиле.

Томас го драфтуваше Реналдо Балкман пред Рондо, го потпиша Џером Џејмс (!?) на пет годишен договор вреден 30 мил. долари, ги трампаше Тим Томас и два незаштитени идни пикови (пиковите се испостави дека се ЛаМаркус Олдриџ и Јоаким Ноа) во Чикаго за Еди Кари и боранија.. и така натаму и така натаму и така натаму до бескрај.

Во летото 2008-ма, Томас конечно изеде клоца од газдата на Њујорк, Џејмс Долан, кој на негова позиција го донесе далеку попознатиот и докажаниот поранешен џи-ем на Индијана, Дони Волш. Волш во својот краток период како главен менаџер на кошаркарските операции направи четири многу битни работи.

Прво, го исчисти Њујорк од лошите договори.

Второ, ги драфтуваше Галинари, Вилсон Чендлер и Лендри Филдс. Трето го потпиша Амаре Стадемаер како идна главна ѕвезда на тимот и ја направи големата трампа за Кармело Ентони.

Волш беше на функција до изминатото лето кога Долан се чини го набрка и не му дозволи да ја доврши работата на корекција на тимот од ерата на Томас.

Во моментов џи-ем на Никси е Глен Грунвалд, кој како за добредојде го шутна Чонси Билапс пред неговата последна година од договорот, единствениот плејмејкер кој Њујорк го имаа, и со неговите пари го потпиша Тајсон Чендлер на четиригодишен договор вреден 58 милиони долари. Ќе видиме како ќе се одвиваат настаните ама во едно сум сигурен: Чонси и те како им фали и Тајсон Чендлер не вреди скоро 15 милиони долари по сезона. Во никој случај.
Оваа сезона им ги гледав на Њујорк скоро 70% од текмите и со мирна совест можам да констатирам дека се со големи букви ОЧАЈНИ.

Зошто?

1. Мајк Д’Антони

Мајк Бркот Д’Антони ми е главен кривец за неуспешниот поход на њујорчани. Бркото уште еднаш покажа дека е строго one-dimensional коуч, кој не може да се оттргне од неговата ран-енд-ган кошарка. Ама Бркото не сфаќа дека ако во Феникс ја играше таа кошарка со Стив Неш, Џо Џонсон, Борис Диа (во деновите кога не беше свиња чак што више и бајаги перспективен викаа дека е), Џејмс Џонс.

Лани во Њујорк ја играше со Фелтон, Галинари, Вилсон Чендлер, Чонси… Е сега пробува да ја игра со Филдс (ок, Филдс е стварно ран-енд-ган кошаркар), Иман Шамперт кој колку е добар понекогаш на теренот, дупло почесто е изгубен и шутира со 20% од поле, Тони мадафакин’ Даглас кој не е ни 30% од надежниот млад плејмејкер од лани, Џаред Џефрис (!!!), дечко што неможе да погоди ни у базен да му дадеш да шутира, Бил Вокер кој е преспор и освен што шутира тројки ништо друго и не прави, а тоа го прави прелесен за чување и Реналдо Балкман (!!!!!!!!!!!!!!) што мака мачи обрачот да го погоди не па да даде кош.

Е па, не бе брате Брко со овој тим не се игра ран-енд-ган кошарка, ама не може ти да не го знаеш тоа што зимаш 6 милиони долара годишно као демек за да бидеш хед коуч на еден од најпознатите НБА тимови.

2. Ever heard of DEFENSE?

Конкурентен плеј-оф тим не бива ако играчите ти се океј во напад ама се класични дудуци во одбрана. И пак, Бркото треба тоа да го знае од лично искуство. Друго, никогаш не е добро кога најдобриот скорер на тимот е и најдобар одбранбен играч. Дупло замарање е тоа за Кармело. Се понашаат како малце товар да зема сам на себе во напад, па и во одбрана Ентони е задолжен за најдобриот поединец на противниците. Њујорк нема играч како Лејкерси во Артест, како Сан Антонио во Брус Боуен, Шон Мерион во Далас итн. ,а без класичен кртач во одбрана не се гура далеку во плеј-офот. Чендлер е ОК дефанзивец и скокач ама како да дојде неговата одбрана до израз кога до него е Амаре Стадемаер кој е класична нула во играта во одбрана.

Мислам дека попрво панда ќе видам на Шапка од Амаре како игра одбрана. Дајте ми баскет и јас ќе го пројдам Стадемаер, одговорно тврдам. И пак, Д’Антони треба тоа да го знае. Па малце ли ги има низ цела лига бе мајсторе, земи направи трејд за Mbah A Moute (стварно не знам како ќе му дојде на кирилица) или што знам за Ариза и слично. Очајно им фали ваков играч. Кртач.

3. Плејмејкер

Е ова ми е врвот. Ран-енд-ган без плејмејкер. Свака част, али ова веќе е иновација и треба да се патентира. Иман Шамперт, кој е прва година е во НБА, ни сам не знае дали сака да биде плеј или бек, е стартен плејмејкер на тимот што пред почетокот на сезоната важеше за contender. Значи како им се одвиваат нападите на Њујорк: ја носи Шамперт до пола терен, ја подава на Кармело и после се е во негови раце, сам одлучува што ќе прави, нема никаква акција. Супер плејмејкер, да.

Уште поинтересно ми е тоа што навивачите на Њујорк Никс се крстат во Берон Дејвис , кој у суштина беше сосема добар плејмејкер скорер во најдобрите години. Ама забораваат дека има 32 години и хронични проблеми со грбот. Не знам колку следите али Дејвис еден тренинг е океј, другиот не може да стои ради тие болки во грбот. Мислам дека повеќе од 15 утакмици нема веќе во тие нозе т.е. тој грб.

4. Амар’’’’’’’’’’’’’’’’’’’’и каде си?

Амаре нигде го нема. Баш пред некој ден против Чикаго прв пат даде над 30 коша сезонава. Лани имаше серија од не ми текнува колку точно текми со по над 30 коша кога играше уште со Фелтон, Галинари итн. На Стадемаер очајно му треба добар плејмејкер да ја рашири играта, нешто што оваа година во Њујорк го нема. Исто така препознатливите 2+1 влезови и забивања ги нема. Чендлер синоќа (ова го пишувам на 04. 02. 2012, Сабота) против Бостон го даде првиот кош надвор од рекет.

Чендлер му смета на Стадемаер во напад. Чендлер стално носи човек плус, затоа што Чендлер не знае ништо освен да ја закуца. Што сакам да кажам е тоа дека Стадемаер оваа година го чуваат по двајца. Затоа е неефективен, затоа не може да даде над 15 поена од натпревар. Не е дека заборавил да игра, не му одговара шемата во напад на Бркото. Одбраната е скроз друга приказна. Мизерија.

5. Кармело Ентони

И покрај сите критики што одат на негова адреса, јас сум цврсто уверен дека Кармело Ентони е единствената светла точка (ако може така да се каже) на овој тим на Њујорк. Некои викаат дека премногу шутира. Па кој да шутира, Балкман ли ќе ја пали?

Да не се лажеме, Кармело не е ниту Коби Брајант ниту ЛеБрон Џејмс. Кармело сам не може да функционира. И на Кармело му фалат поквалитетни соиграчи и во одбрана и во напад. Така би бил далеку попродуктивен, а вака како што стојат работите му паѓа во вода ол-стар просекот од 23.9 поени, 6.3 скока и 4.4 асистенции по утакмица.

Во моментов Њујорк имаат скор од 8 победи и дури 15 порази. Пласманот во плеј-офот им е под голем знак прашалник. Распоредот во наредниот период не им е воопшто наивен и ги чекаат утакмици против Далас, Мајами, Бостон…
Тоа е од прилика досегашната тажна приказна на Њујорк Никербокерс, а како ќе течат понатаму работите останува да видиме.

И да, да бев навивач на Њујорк ќе се молев што побрзо да го отпуштат Бркото. Кредитот си го потроши и време е за промена.

7 COMMENTS

by: @sead93

Мечот со Литванија во четвртфиналето на Европското првенство 2011 е сигурно најважниот натпревар во досегашната историја на македонската кошарка. Самиот пласман е повеќе од инзвонреден успех, но нашите момци не треба да се задоволат туку-така и треба да продолжат да играат со посветеност и тимски дух кои ги покажаа до сега и со кои ги пленија сите. Ако го сторат тоа, нашите шанси да се пласираме во полуфинале и да постигнеме уште поголем историски успех се повеќе од добри.

Кои се клучните фактори за да се надеваме на успех во натпреварот со Литванија?

  • Во кошарката победува оној кој ќе успее да ја наметна играта која му одговара, а стиловите на двете екипи не можат да бидат поразлични: Литванците играат брза „run and gun“ кошарка, со многу контри и брзо движење на топката, втрчувања под кош и прецизни пасови до слободните играчи во трк и во близина на кошот (често со атрактивни пикенрол цепелини). Македонската репрезентација игра бавен стил, со акцент на одбраната, контролирано темпо на играта и трпеливо барање на најдобро поставениот играч во нападот. Прва, и можеби најважна, задача е да се забави играта, да се контролира ритамот и да се наметне игра со долги напади, без бркање по терен и без обидување да се наттрчаат Литванците. Според процентот на шут Литванците се први на овој турнир, единствени над 50% (53.2), а голем дел од нив се од лесни поени. Ако се забави играта, Литванците потешко ќе влезат во ритам кој им одговара и ако резултатот остане тесен или во наша полза и по полувремето, ќе стануваат нервозни. Во таква ситуација притисокот врз нив ќе биде многу и тука е шансата за нас.
  • Тесно поврзано со првото е следниот клуч за победа: мора да ги ограничиме Литванците на некои 70-тина поени. Ако надминат 80 ќе биде многу тешко да им парираме. Литванците во просек постигнуваат 85 поени на ова првенство и се први според оваа категорија. Ние сме 18-ти (од 24 тимови) според постигнати поени (69.5 во просек), но затоа трети (со 65.3) примени кошеви. Мора да наметнеме натпревар со бавен ритам и упорно да туркаме меч со низок резултат.
  • Трето, контролата врз резултатот многу ќе зависи од тоа колку лесни поени ќе им дозволиме на противниците. Лесните поени мора да бидат сведени на минимум, а нашиот тим покажа дека знае да го прави тоа. Овде пред сé е важно да не се дозволат поени од противнапади и лесни положувања од под кошот. „Одбраната во транзиција“ е клучна за нас: брзото враќање назад, оневозможување лесни контри и блокирање на лесен влез во рекетот се „морални“. Најголемата опасност лежи во лесно препуштање на нашите играчи на шут за три, а од такви ситуации противникот најлесно и ги  изведува контрите. Така, бројот на шутеви од далечина мора да биде нешто под просек (имаме 24 обиди за 3 поени по натпревар) и под контрола на тренерот. Според оваа статистика Литванците се дури 23-ти на турнирот со 15 обиди по натпревар од што се гледа дека фокусот им е врз лесни поени и поени од движење кон кошот и од под кош.
  • Литванците немаат доминантен офанзивен играч, а водечки спроед бројот на поени се Каукенас (11.8), Јасикевичиус (10.6), Каинитис (10.5) и Валанциунас (10.4). Се работи за тим со балансиран напад во кој на секого може да му тргне, зависно од расположение и распоредот на дуелите со противничките играчи. Како и да е, она што ја поврзува играта на Литванците е интелигентна игра водена од плејмејкерот на тимот кој ги држи конците и го оркестрира нападот (најопасен тука е искусниот Јасикевичиус). Затоа во делот на „реметење“ на самодовербата на противникот и неговата контрола врз топката, нашиот тим би требало да примени тактика на притисок врз топката додека е таа во раце на плејмејкерот (кецот во тимот и тоа на различни начини: дупли тимови, зонски формации од типот 1:3:1, пресинг на својата половина од теренот и сл.). Ако не им дозволиме на плејмејкерите на Литванија да се размавтаат нашите шанси рапидно растат.
  • Скокот, според мене, е клучната статистичка категорија. Натпреварот со Русија беше изгубен под кош, а не со последната тројка (45-28 предност за Русија). Добрата одбрана е нецелосна ако нема клучен скок. Досега бековските скокови (најмногу од Мекелеб) нé вадеа често, но во овој натпревар скоковите на Антиќ, Самарџиски и Чековски се клучни, а крилните играчи мораат да помогнат максимално. Со ова ќе се минимизираат поени од втор или трет обид на противникот. Литванците се лоши во офанзивните скокови (16-ти на турнирот со 10 офанзивни скокови во просек) и на овој меч тоа мора така и да остане ако сакаме да се надеваме на победа.

Ова е некој минимум на клучни услови не само да им одолееме, туку и да ги совладаме домаќините. Атмосферата секако ќе биде урнебесна, а смирената игра на нашите играчи ќе биде под најголем тест до сега. Сепак, не треба да заборави дека во вакви натпревари почетокот е многу важен: ако тргнете силно и веднаш ја замолчите публиката со цврста и контролирана игра, предноста од трибините може бргу да се неутрализира и таа наместо крилја на домашниот тим да биде притисок повеќе за нив.

ОДИМЕ НА ПОБЕДА!

ADD COMMENTS

Со тројка во последната секунда од натпреварот против Македонија, Русија го освои првото место во нашата група и во четврт-финалето ќе игра против Србија. Ќе беше многу подобро да играме со Србија, но како и да е, главата горе, ова не треба да не разочарува, јаки сме, го покажавме тоа многу пати. Одиме на Литванија храбро!

ПОЛНИ СРЦА КАКО ПОЛНИ РЕВОЛВЕРИ!

ADD COMMENTS

 

Со победата против Грузија, нашата кошаркарска репрезентација се пласираше во четврт-финалето на Европското Првенство кое овие денови се игра во Литванија, и со тоа го постигна најголемиот успех на македонската репрезентативна кошарка. Пласманот во четврт-финале значи дека Македонија е меѓу осумте најдобри репрезентации на Европското првенство. Ова претпоставувам дека сите го знаете.

Во продолжение следи кратка анализа на неколкуте варијанти и ситуации во кои може да се најде нашата кошаркарска репрезентација.

Според правилата, понатаму, во четврт-финале одат првопласираните четири репрезентации од двете новоформирани групи (Е и Ф). Според моменталниот учинок, од нашата група тоа ќе бидат Македонија, Русија, Грција и Словенија. Шансите за Грузија и Финска се минимални, би рекол, само теоретски.

Што се однесува до другата група, онаа од која ќе го добиеме противникот во четврт-финалето, најверојатно понатаму ќе одат: Франција, Шпанија, Литванија и Србија или Турција. За последниот патник, за четвртото место, блага предност им давам на Србите, иако во моментов Турција на табелата е едно место пред Србија. Од оваа група испаѓаат: Германија заедно со Турција или Србија.

За полесно да се разбере понатамошниот тек на натрепварувањето, ќе разгледаме еден конкретен пример, во кој ќе формираме четвртфинални двојки според моменталниот пласман на репрезентациите. Во примерот/анализата ќе ставиме главен акцент на нашата репрезентација и  нејзините перспективи, бидејќи секако, да не беше таа, овој текст немаше да биде напишан.

Во моментов, пласманот во двете новоформирани групи изгледа вака:

Група Е

  1. Франција – Е1
  2. Шпанија – Е2
  3. Литванија – Е3
  4. Турција – Е4
  5. Србија – Е5
  6. Германија – Е6

Група Ф

  1. Русија – Ф1
  2. Македонија – Ф2
  3. Грција – Ф3
  4. Словенија – Ф4
  5. Грузија – Ф5
  6. Финска-Ф6

Четвртфинални двојки би биле следниве:

Е1 Франција – Ф4 Словенија (од оваа двојка ќе добиеме Победник1 и Губитник1)

Ф2 Македонија – Е3 Литванија (од оваа двојка ќе добиеме Победник2 и Губитник2)

Ф1 Русија – Е4 Турција (од оваа двојка ќе добиеме Победник4 и Губитник3)

Е2 Шпанија – Ф3 Грција (од оваа двојка ќе добиеме Победник4 и Губитник4)

По редоследот по кој се напишани, следат и полуфиналните двојки (Победник1 – Победник2, и Победник3 – Победник4). Јас ќе претпоставам дека понатмау одат: Франција, Литванија, Русија и Шпанија, па така тие ќе бидат Поб1, Поб2, Поб3 и Поб4.

Наредните (полуфинални) парови се: Франција – Литванија и Русија – Шпанија, ќе претпоставиме дека Франција и Шпанија ќе играат во финалето, и дека Шпанија ќе биде европски шампион…

Ако пак успееме да издвојуваме победа против Литванија, ние играме во полуфинале, и одиме на Франција, понатаму знаете…

Сепак, бидејќи ова е малку веројатна варијанта, ќе се вратиме на опцијата Литванија да ја порази нашата кошаркарска репрезентација, и ќе го разгледаме она што би се случувало потоа.

По четвртфиналето, поразените екипи продолжуваат да разигруваат за пласман од 5то до 8мо место.

Губитник1: Словенија, Губитник2: Македонија, Губитник3: Турција, Губитник4: Грција.

Г1 оди на Г2 а Г3 оди на Г4.

Соодветно, двојките би биле: Словенија – Македонија  и Грција – Турција, победниците од овие две двојки, играат меѓу себе за 5то место, поразените за 7мо.

Ако го запазите редоследот на натпревари, можете да ги разработите и другите можни комбинации, што ако сме трети во групата, што ако сме четврти, или пак први… тоа го оставам на вас. Да напоменам дека, ќе играме уште минимум пет натпревари на првенствово.

Инаку, што се однесува до нашите четврт-финални притивници, од она што јас до сега го видов на ова ЕП, мислам дека шансите да отидеме во полу-финале ни се многу мали, сепак, поради она што нашата репрезентација до сега го прикажа, нема да кажам дека шанси не постојат. Инаку, кога јас би бирал противник за четврт финале, најпрво би ја избрал Србија, и тоа, од причина што пред околу еден месец на турнирот во Словенија им пруживме солиден отпор, затоа што физички не се така моќни како Франција или Шпанија, и затоа што верувам дека имаат расклимана самодоверба по трите порази што до сега ги доживеаа на ова ЕП. Втора на списоков ќе ја ставам Литванија, која иако е комплетна репрезентација, и иако игра дома, сепак, може да се случи да има слаб шутерски ден, а кога не им оди шутот (што се случува ретко) може да се победат. Што се однеспува до Франција и Шпанија, сметам дека шансите против нив се исклучително мали, пред се поради нивната НБА физичката супериорност, овие две репрезентации ги сметам за најголеми фаворити за златен медал.

За крај, битно е да се напомене дека, репрезентациите кои ќе е пласираат од 3то до 6то место ќе учествуваат на квалификациски турнир за олимписките игри во Лондон следната година. Доколку Србија не влезе во финале, постои голема веројатност тој турнир да се одигра во Белград. Финалистите пак, обезбедуваат пласман на ОИ со самиот пласман во финале.

ADD COMMENTS

By Chote (Aнгелов480048)

Во продолжение следи  кратка анализа, и предвидување за тоа како би требало да се одвиваат настаните за нашата кошаркарска репрезентација на ЕП во Литванија.

Во нашата група има шест репрезентации од кои, скоро извесно е дека понатаму одат:

Македонија, Грција и Хрватска

Вкрстуваме со група од која најверојатно во втората рунда ќе одат Русија, Словенија и Грузија

Во моментов Русија и Словенија имаат 3/0 скор, а Грузија со денешната лесно издвојувана победа над Украина се издвои како кандидат за одење потатаму од триото Бугарија, Грузија и Украина.

Во новата група ќе има шест репрезентации, а според почетните бодови (оние што се пренесуваат од првите групи) табелата ќе изгледа вака:

1. Македонија 4 бодови
2. Словенија 4 бодови
3. Русија 3 бодови
4. Грција 3 бодови
5. Хрватска 2 бодови
6. Грузија 2 бодови

Во втората фаза од натпреварувањето ќе играме против: Словенија, Русија и Грузија. Шансите да ја победиме Грузија ни се изгледни, па така, само со една победа, би имале 8 бода, со што шансите да НЕ обезбедуваме четвртфинале ќе бидат минимални, бидејќи од вториве групи понатаму одат по 4 репрезентации. Тоа ќе значи и најголем репрезентативен успех на македонската кошарка.

Доколку пак издвојуваме уште само една победа во вториот дел од натпреварувањето (освен таа против Грузија), тоа ќе значи дека, и да го изгубиме 1/4 финалниот натпревар, ќе играме за 5то место, со што обезбедуваме место на олимпискиот квалификациски турнир, кој Бане вика дека најверојатно ќе се игра во Белград.

За олимпискиот турнир, ќе пишувам понатаму, камо среќа да има потреба!

Многу јако нели? :)
1 COMMENT

(Бааги осврт на елиминацијата на Бостон од страна на Јован Бошков, најголемиот фан на Селтикси кој јас го познавам) …

Минатото лето Ејнџ повторно се коцкаше. Првиот пат, во 2007 коцката му се исплатеше. Размени еден цел ростер за Ален и Гарнет, но го доби џек-потот во вид на 17та титула. Овој пат коцката му го сврти грбот. Најпрво, формираше една цела чета за борба против ЛА под кошевите, придодавајќи ги Шек, Џермејн и Семих Ерден на Гарнет, Перкинс и Биг Бејби Дејвис.

Идејата изгледаше добра и имаше смисла земајќи во предвид како беа натскокани од Лејкерс во седмиот натпревар од минатогодишното финале, но, уште на почетокот беше обележана со едно големо “aко” – ако останат здрави.

На големо изненадување на сите, на полусезона, Ејнџ ја промени првобитната идеја, разменувајќи го Перкинс во Оклахома Сити, во момент кога требаше да се врати на терен и во период кога стануваше јасно дека тоа “ако” не оди во полза на Селтикс. Шек последниот натпревар го одигра во февруари, Џермејн паузираше на 30 и кусур натпревари.

Токму поради тоа неизбежно се наметнува прашањето: дали со Перкинс Селтикс ќе имаа повеќе шанси во серијата против Мајами? Од една страна Перкинс можеби ќе помогнеше во одбраната, во затворањето на рекетот, меѓутоа таа улога сосем коректно ја одработи Џермејн.

Од друга страна Хит доста често играа со четворица ниски и само со Бош под кош, така да прашање е колку Перкинс воопшто и ќе беше во игра. Со оглед на тоа дека Перкинс е лимитиран во нападот, тешко дека ќе помогнеше во тој сегмент од играта. Перкинс повеќе би недостигал во некоја друга, замислена серија, против Лејкерс, или Меџик. Конкретно во оваа серија повеќе беше забележлив недостатокот од квалитетна одбрана на позициите два и три.

Недостигаше Тони Ален, поготово ако се види какви партии даде за Мемфис во овој плејоф. Суштината е дека заминувањето на Перк најмногу влијаеше врз тимската хемија. Забележлив е падот во бројките посебно кај неговиот најдобар другар од тимот, Рондо, кој после трејдот не ја криеше својата тага и разочараност, слично како Гарнет кој изјави дека се чувствува како да изгубил член пд семејството.

Пад на формата имаше и кај Реј, на кој очигледно му фалеа навремено и добро поставените блокови на Перкинс. Токму преку таа нарушената тимска хемија најмногу се гледа недостатокот на Перкинс. Тоа пак придонесе за еден исклучително слаб финиш на сезоната во која ја загубија предноста на домашен терен, ја изгубија формата, ја изгубија играта.

Еден друг фактор во серијата против Мајами кој мене ми паѓа во очи е клупата. Изминатите години токму клупата на Селтикс често знаеше да биде оној Х-фактор. Во 2008та, во походот на титулата, голема беше улогата на вратениот-од-мртвите Пи-Џеј Браун, на одбраната на Џејмс Поузи, искуството на Сем Кесел, тројките на Еди Хаус. Лани, таа улога ја одиграа Шид, Тони Ален, напалените Биг Бејби и Нејт. Во овој плејоф клупата не беше никаков фактор.

Џеф Грин најчесто изгледаше изгубено на теренот. За Биг Бејби Дејвис и да не зборам. Свесен за својата игра и самиот, после четвртиот натпревар, во свој стил, зборувајќи за себе во трето лице, изјави “не знам каде е Глен, ама морам да го пронајдам”. А токму изминатите сезони, внесуваше голема енергија од клупата и беше од голема помош под кошевите.

Шек со повредата, доби 12 минути во цел плејоф. Крстиќ не доби некоја голема шанса, ама и не беше од некоја голема помош. Марфи, Вејфер и Аројо само за дополнување на ростерот. Единствено Делонте до некаде добива преодна оценка. Премалку. Годинава Селтикс, едноставно немаа помош од клупата.

Повредата на Рондо, секако дека беше еден од клучните моменти во оваа серија. Со здрав Рондо, секако дека Селтикс ќе имаа повеќе шанси. Појавувањето на Рондо на теренот само 5-6 минути после страшната повреда само зборува за неговиот карактер, кој пак е слика на карактерот на тимот во целост.

Набројте ми 2-3 други екипи кои изминатите четири години гинеле на терен на секоја средба како што тоа го правеа Селтикс во секоја серија. Никој не може да им ја одземе борбеноста, желбата за победа.

Но, понекогаш тоа не е доволно. Селтикс на моменти изгледаа уморно и истрошено. На петтиот натпревар клупата на Бостон изгледаше како импровизирана болница. Едноставно недостигаше нешто за да ја пројдат и оваа серија. Не успеваа да направат поголема разлика на ниту еден од натпреварите, а и ако успееа во тоа, Хит брзо се враќаа во игра.

Честитки за Мајами, заслужено пројдоа понатаму. Имаат двајца од петтемина (да не кажам од тројцата) најдобри играчи во светот во моментот. Да ги имаш Вејд и Леброн во екипата значи да имаш еден играч кој 48 минути ќе го полни противничкиот кош.

Токму тие двајца против Бостон одиграа максимално мотивирано, квалитетно, зрело, надминувајќи ја психолошката бариера создадена од поразите против Селтикс во изминатите години. Она што мене особено ми остави впечаток кај Мајами, покрај феноменалните партии на Леброн и Вејд, беше играта во одбрана.

Можеби не е големо изненадување со оглед на тоа дека Хит беа една од најдобрите екипи по бројот на дозволени поени од страна на противниците во регуларниот дел од сезоната. Но, сепак, стигаа буквално се. Не дозволуваа чисти шутеви, добро ротираа после удвојување.

Без да ја намалувам вредноста на нивната игра во одбрана, сепак и Селтикс им помагаа во тоа, слабо движејќи ја топката во нападот, што е уште еден фактор минус во серијата, кога станува збор за Бостон.

На крајот на серијата, Леброн и Вејд му оддадоа почит на Селтикс, споредувајќи го проектот Хит со оној на Бостон пред четири години. Мене лично тие споредби не ми се допаѓаат затоа што и покрај одредени сличности, гледам многу разлики меѓу овој тим на Хит и тој на Бостон пред четири години, за кои не би образлагал сега.

Не ми значат многу ни пофалбите на Леброн. За мене тие изјави во кои ги велича Селтикс, бара оправдание пред навивачите на Кливленд, тие изливи на емоции како да освоил прстен, а го помина само второто коло, се само продолжување на циркусот започнат минатото лето.

За крај, некои сметаат дека е ова крај на проектот на Ејнџ започнат во летото 2007. Со оглед на годините на главните играчи, можеби е и логичен заклучок. Претстои долго лето за Ејнџ, полно со работа. Треба да се направи анализа и да се донесат вистински решенија.

Док изјави дека останува, и тоа сигурно е најпозитивната вест после поразот. Пирс и Ален се тука, Гарнет и Рондо исто така. Се зборува дека Шек би сакал уште една сезона, ама прашање е со таква повреда и со своите 39 години на грбот дали воопшто има смисла за враќање.

Биг Бејби најверојатно си оди. Потребни се промени и добра реорганизација. Прашање е колкав простор за маневар ќе имаат Слетикс ова лето, но наредното лесно може да се случи Бостон да биде еден од главните играчи на пазарот. За тоа, потоа.

Во секој случај, со добра селекција на играчи, добри потези на Дени Ејнџ и уште една магија како таа во 2007, еве ги набрзо Селтикс повторно во поход кон 18тата титула.

ADD COMMENTS

Минатата недела на последните сезонски текми на Никси и Нетси имавме “наши луѓе“. Едната половина од МакНБА – Шепард Вуницки звани Анастас се најде во Медисон Сквер Гарден, каде во живо го виде новиот МВП, а нашиот guest star Мите Кузевски една вечер претходно го посети Њуарк каде ги гледаше ослабените Нетси и Бобкетси. Но, како што тоа бива во НБА, таа текма која сите мислеа дека ќе биде послаба и подосадна, беше понеизвесна и интересна до последната секунда.

Во продолжеток се импресиите на Кузевски од губењето на неговата НБА невиност…со Квами Браун и Џордан Фармар на теренот…


Уште на сам почеток морам да ви кажам дека одењето на Nets vs Bobcats беше само утешна награда поради тоа што излезе дека ќе морам да одам во Вилнус ден порано и да го напуштам New York City на 12ти април, токму кога се играше натпреварот кој јас планирав да го посетам. Така наместо на Knicks (чиј голем фан сум) vs Bulls завршив на еден натпревар кој мислев дека ќе биде прилично досаден.

Но, излезе дека натпреварот беше доста интересен, се реши со истекот на последната секунда, а и видов уште еден дел од САД кој само ја збогати мојата приказна.

Патешествие
Толку од најавата. Моето искуство со присуство на NBA натпревар ќе го споделам во хронолошки редослед. Прво тоа што бев спречен да одам на Knicks vs Bulls ми заштеди доста пари :) , а и можност да седам во петтиот ред од теренот. Билетот ме кошташе само 30 долари, но тоа не чудно затоа што и двата тима имаа лоша сезона. Цел ден го поминавме на Менхетен заедно со @whiteshirt и некаде околу 17:00 требаше да се сретнеме со нашиот другар Натаниел, стенд-ап комичар, кој ни беше водич додека бевме во NYC :) .

Тргнавме накај New Jersey и стасавме до еден град по име Secaucus од каде што мораше да земеме такси за да стасаме до IZOD Center или како што јас го знам Continental Airlines Arena. Се договоривме со таксист дека ќе не однесе до IZOD за 25 долари. По неколку минути возење таксистот не праша што се случува во IZOD и јас онака изненадено му одговарам: Helloooo, Nets vs Bobcats game! :) . Таксистот на тоа уште поизненадоно ми врати, Nets играат вечер во IZOD? Дали сте сигурни? После ова ми текна да проверам на билетите која е арената во која играат и ме удри шок кога видов дека играат во Prudential Center.

Му се заблогодаривме на таксистот и му рековме да не врати веднаш назад за да фатиме воз до Newark, каде што се наоѓа арената во која Nets сега играат.

Први импресии од арената
Некако успеавме да пристигнеме на време до Prudential Center и, иако имаше многу гужва на влез, успеавме да влеземе за многу кратко време. Го најдовме нашиот сектор и првото појавување на теренот пред мои очи е моментот кога еден долгогодишен сон се претвори во јавност. Бев возбуден како млад мајмун, почнав да повторувам: This is amazing! Натаниел цело време ми се смееше, но потполно ја разбираше мојата воодушевеност.

Натпреварот
Квалитетот на кошарката беше на добро ниво, иако бев разочаран што Deron не играше за Nets. Цело време беше тесно. Најчесто во предност беа Nets, но во 3/4 Bobcats поведоа и оттука повторно се играше кош за кош. Саша Вујачиќ беше оној кој ги предводеше Nets и погоди клучни шутеви, вклучувајќи ја и тројката на 5-6 секунди до крај со која Nets поведоа со еден поен разлика. Но, за жал на домашната публика D. J. Augustin погоди за 2 поени на истек на времето и Bobcats победија.

Како и да е сепак мислам дека тим во кој еден од најдобрите играчи е Саша Вујачиќ нема голема перспектива. Ми се допадна играта на Brook Lopez и доколку овој дечко игра со Steve Nash би бил еден од најдобрите центри во лигата. Иначе, неговиот брат близнак Robin Lopez игра во Suns. Се надевам дека ќе бидат добар тим кога ќе се преселат во Brooklyn.

Навивањето
Иако преовладува мислењето дека Американците не знаат да го бодрат својот тим и дека одат на кошарка само да јадат хамбургери и пијат кока-кола ова е сосема неточно. Има фанови кои се целосно поврзани со својот тим и не им треба анимирање за да почнат да викаат “Defense”. Секако, сосема различно е бодрењето во NBA затоа што не вклучува пцости, навреди, фрлање предмети на терен и тепање со фановите од противничкиот тим без разлика што седи до тебе и се радува на секој постигнат поен на својата екипа.

Забавата
Морам да признаам дека Американците се мајстори на церемонијата. Оние досадни минути кога има тајмаут и оние тешки минути на полувреме кога најчето заспивам кога гледам NBA на ТВ или на NBA League Pass тука поминаа дур трепнам. Додуша не трепнував додека играа cheerleader-ките :) .

Покрај нив имаат наградни игри, акробати кои изведуваат трикови, маскота која ја анимира публиката итн. Една од наградните игри вклучуваше натпревар за најдобар денсер во трибини. Неколку дечиња кои седеа над мене играа толку смешно што камерата не можеше, а да не ги покаже на големиот екран и одеднаш смеејќи и гледајќи ги како играат другар ми Натаниел ми довикна: Погледни кој е на големиот екран (Jumbotron)!

Е веднаш после мене ја дадоа Шарапова на Jumbotron-от :) .

Post Game Time
Nets изгубија, но јас се забавував многу добро, иако ми беше криво што тимот за кого навивав кога Jason Kidd играше за нив пропушти да победи. Но, сега веќе имавме друга грижа, да се вратиме во New York. Картите за воз ни беа од Secaucus до New York, а поради грешката што ја направивме на почетокот немавме од Newark до Secaucus. Натаниел предложи за една станица да одиме без билет затоа што и онака никој нема да провери билети за една станица.

Е, арно ама помина кондуктерот и му ги дадовме картите кои беа покуси за една станица. За среќа го праша Натаниел каде патуваме и тука Натаниел го покажа својот талент како комичар лажирајќи го акцентот на неговиот англиски и глумејќи дека знае само малку англиски. Кондуктерот мислеше дека сме изгубени туристи и не направи никаков проблем.

Додека стигнавме во New York добив СМС од @woona дека е во бар на Менхетен и дека ме чека да пиеме пиво. Така мојата прва NBA “текма” заврши со пиење пиво со еден авторите на MakNBA :) .

Се извинувам за должината на текстот, но ова е кратката верзија :) ).

ПС: За комплетниот албум со слики на Мистер Кузевски, КЛИК ТУКА.

ADD COMMENTS