
Се мирисаше на петта средба по ред во конф. финале која ќе се решава со шут во последната секунда, но неколкуте глупи потези на Нагетси, големата тројка и слободните на Коби во финишот го спречија продолжувањето на рекордот.
Чисто за инфо, тоа што првите четири средби вкупно се сведоа на шут во последните секунди, без разлика дали бил успешен или не, е НБА плејоф рекорд.

Тројката на Коби на минута пред крај ги уби Нагетси, но некако останува фактот дека Нагетси можеа, и мораа, да извадат повеќе од оваа средба. Ако му дозволиш на Коби да те убие, тој ќе те убие, но ни една сериозна екипа не смее да дозволи Коби да прима топка на уфрлање во игра кога сакате да фаулирате.
Нека ве добие некој друг со слободни, само не Коби. Ако треба и тројца нека пазат на него, само да не прими топка.
Арно, ама Нагетси, за разлика од Рокетси на пример, никако да ја научат таа лекција.
Никако не смеам да го заборавам Ариза и неговата дежа-ву украдена топка. Ај сега место Картер, Мартин беше тој кој во убацуваше во игра, ама факт е дека додавањето до Мело беше страшно лошо. Заслуга за тоа има и Одом со своето покривање на Мартин, иако не сум сигурен ни дека Кенјон најпаметно решение за таква ситуација.

Но, не знам, мислам дека во Денвер не треба многу да маваат со глава во ѕид, затоа што Лејкерси победија во крајно тесна завршница преку 41 поен на Коби, а Нагетси имаа само 39% реализација од игра (5-27 за три). Лејкерси беа очајни за победа и така и и одиграа, а Денвер сепак во поголем дел од средбата беа во контрола на резултатот.
Билапс не беше на свое ниво, а и Мело се изгуби во второ, што поради личните, што поради одбраната на Волтон
Како да не.
Клеиза, по некоја си одлука на Карл пак не се изнаигра, барем не во прво, и клупата на Денвер немаше некој посебен придонес, со исклучок на Брдмен, кој одигра максимално енергично. Смит имаше неколку добри асистенции, ама и премногу грешки, како во чување на Коби, така и во нападот со безвезните лудачки шутеви.
И пак, беше тесно до крај.
Баш затоа мислам дека ова ќе биде долга серија и овој пораз не треба да го разочара Денвер.
Иначе, гледам дека само се спомиња судењето. Точно е дека има грешки, ама ги има на двете страни, а се потекнува од една работа, а тоа е стравот на судиите работите да не ескалираат во нешто поголемо. А во исто време се плашат да делат премногу технички.
Да, Џонс мораше да добие намерна за буткањето на Коби, ама и Фармар автоматско исклучување за фрлањето на баскетот во публика. За тие што не знаат, секое фрлање на баскет кон трибините е автоматско исклучување.

Она што го коментираа Марк Џексон и Ван Ганди беше дека гледаме машка игра, а не гето како некои од вас ја карактеризираат. Секое пречекорување се казнува, иако судиите доста грешат, па од страв ја сечат некогаш и таа машка игра, што е вистинска штета.
ПС: Како само Коби беше исцеден после победата. Дали е исто нешто ко Леброн после првата средба или уште еден фол на Коби, никој не знае, важно си заврши работа човекот, иако не изгледаше ич добро после победата.