Конечно – 2009 фајналс рикеп и што потоа + Франкенштајн во аут
Posted by Retry Under Најави 2009-2010, Finals '09, Playoff '09 on Wednesday Jun 17, 2009Ајде ќе заборавам за некое време дека сум „Лејкерџија“ и ќе се обидам да дадам објективен осврт на финалето, ко што Енко си даде за East полуфиналето Cavs-Hawks, со таа разлика што ќе го пишувам со насмевка до уши
Lakers апсолутно заслужија да ги добијат Magic, не толку поради каква-таквата разлика во квалитет, колку по смиреноста, искуството и концентрираноста во клучните моменти кога се кршеа резултатите. Тоа е веќе одлика на шампионски тим, нешто што не го покажаа против Rockets, на пример.

А Orlando го снајде судбината на Denver. Не знам зошто, но за начинот на кој го изгубија финалево ми се повлекува паралела со „дебаклот“ на Денвер на последните два натпревари. Плус и двата тима имаат по една извикана и пренапумпана ѕвезда во своите редови. Да не зборам и за тоа дека нивните, условно кажано први играчи, се и меѓу основните причини за поразите.
Сепак, им честитам и на Magic за извонредните игри што ги прикажаа во playoff-ов, а пред се заради тоа што ги ставаа дури како трета опција во сите комбинации за источниот патник во финалето после Boston i Cleveland. А со начинот на кој победуваа им ги затнаа муцките на сите кои мислеа дека за да победуваш тим кој има една мегаѕвезда или два суперстара, мора да имаш соодветен одговор на тие позиции за нив, а не колектив кој ќе ја анулира нивната доминантност, притоа воопшто да не зависи од својата, повторно ќе потенцирам – условно кажано, ѕвезда. Само да потсетам, Philadelphia успејаа да ја добијат и без Howard.

Нејсе, доволно дискутиравме и преку post-овите и низ коментарите зошто некој победил, а некој изгубил, така што сега е излишно да се повторувам. Подобро би било да видиме што можат Lakers да извлечат од оваа победа, a што Magic од овој пораз.
Раководството на Lakers и покрај опиеноста од големиот успех, сепак ќе има жешко лето пред себе. А тоа се состои од спроведувањето на планот – како да се задржи тимот што победува, ако веќе не може да се подобри? Атмосферава која се создаде по медиумиве последниве два дена по финалево ме потсети на Чикаго после освојувањето на петтата титула во 1997, кога се проширија шпекулации дека главните протагонисти (читајте Michael и Phil) ќе го напуштат клубот. Тогаш Jordan викаше дека ќе остане само ако остане Phil, Зенот пак, велеше дека ќе остане само ако Michael потпише, Rodman „скокаше“ дека ќе си оди ако не останат првиве двајца, Pippen бараше повеќе пари, ама пак условуваше со останување на на јадрото на клубот и така се во круг.
Сега имаме ситуација во која Зенот заради здравствени причини (а можеби после „десеткава“ и преку глава му е од се) остава простор дека нема да биде повеќе на кормилото, па затоа Ariza почна да се прави Rodman, а Lamar Pippen во своите барања за останување, а и Walton тука некаде се меша со условувањата (само не знам по која основа има г’з да поставува услови имајќи в предвид кој фактор е – уствари извини Luke, солидно си одигра во минутите што ти ги дадоа). Само Kobe е мирен и сигурен дека ќе остане, па оди дотаму и дека ќе ја заврши кариерата во L.A. Тоа дека ќе остане уште некоја сезона може да се каже и за Pau, но само со овие двајца не се прави шампионски тим.

Што според мене треба да направат Buss, Kupchak & Co? Ако можат да им ги исполнат сите барања на Lamar и Ariza, а мислам дека нема многу и да бараат и дека ќе бидат среќни што воопшто играат во докажан шампионски тим. И толку, друго не би менувал ништо. Сепак тимот кој што победува не треба да се смени, барем не до почетокот на сезонава, па после ќе се види како одат работите. Доколку нешто мора да се менува, би почнал од Вујо, Powell, Adam, Mbenga и кинезот, на пример. Првите двајца играа добро во еден дел од сезоната, ама во другиот дел, а посебно во playoff-ов ги снема тотално. Посебно ме разочара Vujacic, кој после одличните игри во ланското финале му предвидував уште поголем напредок. Но ќе видиме, ако остане Phil може пак да се оправи. А од Зенот и најмногу зависи дали ќе има repeat.
Реално гледано, многу е тешко тоа да се случи, и самиот Kobe тоа си го призна, со оглед на тоа дека има премногу голема конкуренција во последниве години, посебно на западот, па нема да е така лесно да се одбрани титулата како порано. Посебно што релативно млади тимови како Denver и Houston ќе бидат побогати за едно искуство од годинешните порази. Да не зборам за истокот каде гладта за прстен уште повеќе се зголеми кај Lebron, а и Howard гледајќи го славјето на Lakers намириса крв.
Orlando исто како и Lakers треба да задржи барем 80% од тимот и никако да го испушти од раце нивниот нај-clutch player – Hedo. Друго што можеби треба да смени е да се најде квалитетна четворка, барем како резервна опција за Lewis. И да го вратат малку Lee на клупа да учи, со тоа што френчито ќе го стават меѓу први пет. Во здравиот Nelson и backup-от му Skip 2 My Lou во бековската линија, како и во Ron Jeremy како „командант“, Orlando ги има сите потребни состојки за да се дојде до шампионскиот прстен наредната година. Нормално, многу работи нема да зависат од нив, туку и од противниците – читај Lebron.
Во очекување на посигурни информации од шпекулацииве што ги изнакажав претходно, ни останува да се занимаваме со драфтот што следи, но нема да трубам сега околу тоа, сепак специјалист е Енко.

Она што ми го привлече вниманнието покрај епилогот од финалево е тоа што на Wolves-и конечно почна да им доаѓа паметот и му удрија клоца на Франкенштајн. Ме чуди само што „играчишта“ како Foye и Madsen се ставиле во негова одбрана. Mchale во овие петнаесетина години, без разлика на која позиција беше во клубот, не само што не се прослави туку во комбинација со Jetson ги оштетија Wolves-и, а можеби и ги лишија од барем една титула. Не знам зошто многумина му го препишуваат нему бирањето на Garnett на драфтот 1995-та, a и самиот негов развој како играч, демек имал што да научи од најдобриот крилен играчи дотогаш, дрн, дрн, јариња. Ако не смени некое коло во главата, не знам Mchale што би правел по оваа клоца и дали некој друг клуб би го посакал во своите редови.

















