Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Мислев дека Шеп ќе се мрдне и инспириран од Буби Гибсон ќе напише нешто за првото финале на Дејвид Весли и Скот Полард. Ама, јок. А знам колку солзи (радосници) му потекле гледајќи како Пистонси го губат финалето на Истокот со 2-4 откако водеа со 2-0.

Нема врска. Она што е најважно е дека Кливленд за прв пат во својата историја ќе биде дел од големото финале, иако таму шансите и не им се нешто посебно против Спарси. Ама, ако некој ми кажеше пред некои месец-два дека Кавси кои се само Леброн и група на граѓани предводени од сумњив тренер, ќе играат во финалето, ќе го пратев во Бардовци.

Гибсон мајсторе, свака част, уште сега си бољи играч од мрцините Ерик Сноу и Дејмон Џонс. Само нешто ми се чини дека против Спарси нема да ти биде така лесно ко со Пистонси.

Леброн мајсторе, дефинитивно си најголемиот 22-годишен играч на сите времиња.

Уживајте до четврток, кога почнува макљањето.

Да имав повеќе време ќе шкртнев уште нешто. Ама немам.

34 COMMENTS

Сведоци

Posted by Karakash Under Лебронџилница, Play-Off '07 on Friday Jun 1, 2007

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

И ај сега седни па напиши нешто. Не поради само четирите часа спиење, туку поради она што сабајлево се дешаваше во Детроит.

Сите кои успеаа да останат будни до крај беа сведоци на една од најдоминантните партии на еден играч во историјата на плеј-офот, а оние кои од разни причини не можеа да ја изгледаат Гејм 5 во Детроит сигурно сега си ја маваат главата во ѕид.

Леброн беше ѕверотина. 48 поени за 51 минута на теренот. Девет скокови и седум асистенции. Што е најимпресивно, од шест минути до крајот на рег. дел тој даде 29 од последните 30 поени на својот тим. Тешко е да се поверува, но Леброн ги убаци сите 25 последни поени!!! на својот тим и сите 18 кои Кавси ги постигнаа во двете продолженија.

Јас одамна немам видено ваква плеј-оф партија на еден играч. Кога ќе размислам подобро, само на еден играч ми текнува кога во прашање се вакви големи партии, ама нема да му го спомнувам името, затоа што не сакам да ги споредувам со Леброн – Најдобриот 22-годишник на сите времиња и најголемата НБА ѕвезда во овој плеј-оф.

Одамна некој на ваков начин, во вака важна утакмица, не успеал буквално сам да победи цела противничка екипа. Доказ за тоа е и последниот кош на Леброн. Море, последните 29 на Леброн.
ПС: Една ствар не ми е јасна, а со тоа не мислам ама ич да ја оспорувам феноменалната партија на Леброн. Зошто Пистонси не го удвојуваа, утројуваа итд. Леброн во последната четвртина и продолженијата? Леброн си газеше, а немаше никој да му помогне на неговиот чувар. Мазохисти едни. По се изгледа муабетот пак се сведува на Флип Сандерс и неговите тренерски “квалитети“.

31 COMMENTS

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

1999, 2003, 2005 – 2007???

Школото по кошарка за јута заврши сабајлево во Сан Антонио после пет средби во кои во само една од нив покажаа дека имаат сила да се носат со повратникот на тронот на Западот. Сега Спарси малце ќе си се одморат пред да го добијат Детроит?!?! во големото финале во реприза од финалето од 2005 година.

Како што сега стојат работите, ништо чудно да гледаме реприза и од 1999 и 2003 година. Тимот на Дерек Фишер не успеа да ги изренети како што направи во единствената непарна година во која ен станаа шампиони – 2001 година.

3 COMMENTS

Гибсон

Posted by Karakash Under Лебронџилница, Play-Off '07 on Wednesday May 30, 2007

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Имаме серија. Барем една од двете финални по конференции. За разлика од Гејм 3, Пистонси за вториов пораз немаат никакво оправдување. Чонси и РИП си завршија работеа, Тејшон (ТАШОН!!!) беше Тејшон, а единствено што закажа беше клупата и високите момци. Шид не беше на нивото на претходните средби од серијата, а Вебер и Дајс си беа вообичаено за оваа серија – бескорисни.

Браво за Даниел Гибсон, кој покажа дека кога се има срце не е важна висината. Леброн стандардно кога игра на свој терен – страшен, и малку не стандардно – клач кога се кршеше резултатот, посебно од линијата за слободни. РИП проба малце да го изремети ко што Брон го изремети лани Жилберто или па Пип – Мелоун на времето, ама не му успеа.

Петата во Детроит би требала да биде страшна. Само да не проработи одбраната на Пистонси врз Леброн од првата утакмица па да гледаме успаванка. Се уште мислам дека Детроит е фаворит, ама со нивниве опуштања и Леброн, никад не се знае.

16 COMMENTS

Едноставно нели, Сан Антонио е многу подобра екипа од Јута. Колку и навиваме за аутсајдерот, мора да се признае кога некој е немоќен и послаб од својот противник. Сега на Спарси им останува уште да си тепаат утревечер дома, каде што Јута нема тепано од прошлиот милениум и да го чека Детроит во големото финале.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Ману е убица кој кај знае и обожава да игра во завршници, посебно на гости, знае и да го извлече најлошото од домашните навивачи, а и од тренерите и играчите.

Дерон Вилијамс е играчиште, а овој плеј-оф беше негова отскочна даска и потврда на неговото место во НБА елитата на плеј. Кид за година-две си оди, а Дерон уште сега е тука да го замени. Плус, уште сега го има она што Џејсон и сега го нема, барем не константно, квалитетниот шут. Момакот вчера играше откако прележал стомачен вирус од кој за два дена изгубил скоро 4 килограми. Ако тоа не е доказ за имање срце, не знам што е. Бузер нешто малце му помогна, иако не се снаоѓаше со удвојувањата, и тоа е се од Јута.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Кога сме кај срцето како најбитен орган во спортот, сумњам дека Мемо и Кириленко го имаат. Веројатно го немаат ни вториот најбитен орган – мудата.
Што им е гајле, иако очигледно немаат асален бербер и се шишаат по дома, момците си имаат дебели банковни салда и се обезбедени за цел живот. Што ќе им срце кога имаат пари.

Уште една ствар. Од стартот на сезоната викам дека на Јута и фали квалитетна “двојка“, која би ја раширила играта и ослободила рекетот за Бузер. Вака, свака им част што без ама баш ни еден вистински шутер кој сам знае да си го креира шутот, успеаа да стигнат до каде што стигнаа. Замислете каква екипа би биле со еден играч кој знае да погоди тројка.

Кој знае, можеби ќе најдат некој левак да му го тутнат Кириленко летово (сумњам) и во размена да добијат квалитетна “двојка“.

10 COMMENTS

Спотер

Posted by Karakash Under Play-Off '07 on Monday May 28, 2007

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Поради викендашка мрза, а и тоа што бев на работа во недела, не обрнав внимание на газењето на Спарси од страна на Јута. 26 поени на крајот од Гејм 3 се најубедливиот пораз сезонава за момците на Поп, а покрај инспирираната игра на Дерон и Буз кои имаа помош во Фишер, Милсеп, Гира и Колинс. Затоа што вечер се игра Гејм 4, нема многу да ја тупам со средбата од саботата, но една ствар не ми беше јасна.

На ЕСПН, одма после утакмицата, Рик Бјукер како еден од најзаслужните за победата го издвои Мемо Окур, кој за 21 минута во игра успеа да собере пет фаула и ништо друго. Бјукер ја величаше играта во одбрана на Мехмет Паша, ама освен едната блокада над Тимчо и уште на два пати добрата поставеност, јас не видов ама баш ништо од Окур.

На ЕСПН не сакаат многу да го коментираат судењето, па изгледа и поради тоа одлучија да направат херој од Мемо. Фактот е дека судиите конечно отсудија една партија како што треба кога е Сан Антонио во прашање и не дозволија да наседнат на глумата и ѕверењето на Тимчо при секој поголем контакт во рекетот. На моменти можеби и им беа маллку наклонети на домаќините, ама ништо повеќе од нормалната доза.

Без тие поклон фаули и слободни над Тимчо, како и со неговиот третман на другата страна од теренот, Спарси не можеа да наметнат своја игра. Мемо, исто како и Кириленко, цела утакмица беа само спотери во нападот, а и не беа нешто посебно добри ни во одбраната. Екстра ако се знае колку заработуваат само они двајца по сезона. За нешто повеќе на Јута, покрај реалното судење, ќе им требаат и разбудени двете најлоши “бели“ фризури во лигата.

Вечер навивам за Јута за да гледаме право финале на Запад во следните средби.

ПС: Страшни играчишта овие Дерон и Буз, а?:)

ПС1: Само да не се деси Спарси пак да бидат г’злаци па Дерон да не игра вечер или да не може да даде се од себе поради стомачниот вирус кој го стегнал вчера.

5 COMMENTS

И сеа, наместо да пишам што било поопширно за синоќешната утакмица во Кливленд, ќе го оставам Синдикалецот, кој е еден од ретките фанови на Детроит тука, да каже како тој ја виде Гејм 3.

Од она што јас го видов, во најголем дел се согласувам со Синди, само што воопшто не би ја спомнувал споредбата Мајкл-Леброн. Да не заборавиме дека Леброн има само 22 години. Тејк и авеј, Синди…

Ту Литл, Ту Лејт.

Она што денес го соопштуваат медиумите во Детроит, токму тоа си го помислив и синоќа во четвртата четвртина.. Не може да спиеш бе Чонси 36 минути и да се надеваш дека у задњи секунди ќе го решиш натпреварот.. Не иде тоа така. За воља на вистината ги погоди критичните шутеви во последната четвртина, но другите, пред се Тај и Рип го изневерија..

Тимот на Детроит изгледа расштрафено цела оваа серија. Не знам точно во што е проблемот, но мислам дека дееволуираа во нападот во тимот кој го водеше Лери Браун, а во одбраната заборавија се што тој тим можеше. Тој тим од 2004, би сонувал за прилики во кои игра одбрана во последните секунди за победа, гив ор тејк Бен. Овој тим сонува 36 минути и хибернира, се ослонува на што знам, некоја стара слава, и сака да шутира тројки во последните 3 минути за да го закопа противникот. Епа, no can do.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Гледајќи ја утакмицата ќе си помислите дека којзнае колку се јаки Кливленд. Мајк Џордан my ass. Кога ќе биде конзистентен во скок-шутот, клач играта, кога ќе има некое друго решение освен да ја забие со кичма у обрач, и ко ќе го изгуби тој Hollywood B production поглед у очите после секој поен, и КОГА ЌЕ ЗЕМЕ БАР ЕДНА ТИТУЛА, е тогаш ќе збориме за Мајлк Џордан. (btw ако постоеше некоја неправда околу no call-от на крајот на втората утакмица, вчера судиите надокнадија за сите пари)

Значи не се јаки, уметноста на Детроит е да прави фама од тимовите со кои игра, да прави играчишта од тапа играчи и сл. Мислам дека да ги пуштиш растрчанине деца од Чикаго против Кливленд ќе ги растргаат за вечера… Значи не се они јаки, колку што Детроит е слаб. Сите три утакмици е sub par.

Ете тој Детроит води 2:1, и ако дозволи да игра 7 утакмици до финале (под услов да отиде таму) ќе изгуби. Па дури и од Jazz.

Тешко ми е да го кажам ова, но изгледа Чонси Билапс не е веќе МВП-то од финалето. Сите чекаат да се појави, да блесне, да го закопа противникот, да го предводи тимот… но тоа упорно не се случува. Again and again. Можда веќе не е способен, и го има изгубено spark-от за такво нешто? Тоа е секогаш опција…
Мислам игра против Гибсон.. Не ни влагам у дискусија за квалитетите на играчот. Типот е руки и е физички инфериорен. Во 4 од 4 и пол ситуации пред 2 години Билапс би имал поени and one.

Рип беше трагичен. Не е негова работа да игра со топка, туку без неа.
Тај беше присутен, иако не типичното клач-богомолче кое убива тивко као нинџа.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Шид беше ѕвер, и покрај “фамозното” куцање. Во неговите најдобри години, Џејмс ќе акнеше на земја толку јако што ќе му пукаа пршлени у наредни 3 дена. У најдобар случај. Вака, на Шид му останува да се занимава со други работи, освен мерењето сили со атлетски фрикови. Да беше така ќе требаше да плаче у соблекувална пред серијата со Орландо (Хауард). Сите работи Шид си ги направи фино-лепо, and than some. Проблемот беше лоциран на друго место. Со сите работи кои се случуваа на теренот, Детроит утна 3 чисти како солза шутеви во последните минути. 3 x 2 = 6.
Вебер беше класика. Солиден.

Клупата, освен малце блесок не видовме ништо. Мекдајс е no show, и мислам дека така и ќе остане. Тешко дека сега ќе се разбуди, да беше до него, Детроит веќе ќе беа на одмор. На клупата има и едно друго човече кое е битно, а тоа Blue Eye Flippy. Неговиот Кијану-Ривс-со-врела-шипка-у-анус поглед, не е шампионски. Неговите одлуки, се у најмала рака чудни. Вчера Максил играше 1 и пол минута, Хантер ич, Дејвис ич и слично (додека Илгаускас пунеше кош). Мареј имаше фин учинок ама ништо спектакуларно.

И така.. Ако ја изгубат и наредната, Кавс ќе почнат да мислат дека овој пат стварно се рамо до рамо со Детроит. Плаши тоа што овој пат тоа ќе биде страшно блиску до вистината. Тоа е она ниво на тим, кој во овој дел од сезоната Сан Антонио би го тепал во 49 од 50 утакмици.

Преносот е жива смешка…
NBA Cares фондот си ја заврши работата, ама кошулата беше пак некој турбо-фолк фазон. Лоша логистика.. =)

Освен Ентони, тука беше и некој Ташон (или Рефик не знам). Салата прокиснуваше, у позадина свиреше “причај ми слатке глупости” додека се кршеше натпреварот, на полувреме се уверивме во квалитетите на Јасмина Мукаетова (она и NBA, каква еклектика), ниеднаш на некој не му текна дека тие фини девојчиња на паркетот не играат само за посетителите во салата, и дека понекогаш можеш и да слушнеш што им кажува тренерот на играчите наместо “THANKS FOR MAKING MEEE A FIGHTEEERRRRR OOOOOH OOOOH OOOOOOHHH”…

9 COMMENTS