Само што завршив со нешто повеќе од 4 саати гледање баскет без прекин, од Мајами-Далас до Лејкерс-Тандер, така да искрено не ми се пишува некој дооолг пост за сето она што се случуваше синоќа на Флорида и во Калифорнија.

Во куси црти, Мајами пак го победи Далас сезонава, овој пат дома, каде доминираат до сега. Арно ама, ако сакаат да освојат титула ќе мораат да се поправат на гости, каде не импресионираа до сега. На Лебронтије како да му фали агресивност во играта на последните текми, а Бошко игра многу подобро дома, отколку на гости. Вејд им е константа без разлика каде играат, а Клингонецот е поквалитетна опција во рекет од Питмен, чии минути ги лапна.

За Далас, иако изгубија и сезонава не се баш најсјајни, ми делуваат како екипа која може да биде ептен опасна во плеј-оф. Џим Кери како да го чува Диркулес за плеј-оф, а најголемо засилување може да им биде Одом, кој како конечно да почнува да заличува на себе. Одбраната во рекетот им е најголем проблем, и тоа ќе мораат да го поправат.

Тандер по Мајами, си ги тепаа и Лејкерси, овој пат Дурентула и Вестбрук како да имаа променети улоги, а високите момци пак одлично си ја вршеа работата во рекетот. Фишке беше тој кој го разбуди во втора четвртина, а одбраната и Вестбрук тие кои им донесоа победа во второто полувреме.

Со таков Расел ко синоќа во Ел-Еј, Тандер се фаворити на Запад дефинитивно, кога на него ќе се додадат Дурентула, Ибака, Мргудот, Брадата и одбраната на Табо, заедно со искуството на Фишке и предноста на домашниот терен, сосема е јасно зошто се во пол-позиција за титула на Западот. Спарси, Лејкерси, Мавси и можеби уште понекој ќе сака нешто да каже на таа тема, но засега си грми, и тоа силно на Западот.

За Лејкерси, си почнаа одлично синоќа, но по првата четвртина почнаа да паѓаат за на крај тотално да паднат во второ полувреме. Тоа се случува кога немате квалитетни опции од клупата, како и кога Гасолина никако да заигра машки во рекет. Кобстерот силуваше синоќа, и тоа на велико, водејќи некоја лична војна со противникот, а Бајнам, со уште малку интелигенција, ќе стане прва опција во напад. Самото тоа што ги имаат Коби, Пау и Бајнам не дозволува човек да ги отпише, но ќе треба некој да истапи, и тоа квалитетно, за да се надеваат на успешен плеј-оф.

ADD COMMENTS

Поради Тандер и Хит не си ги гледав Хоукси и нивниот маратон со Јута. Одлуката да се гледаат првиве беше логична, иако имав во план да си ја симнам и вторава, па да си ја изгледам на раат. Арно ама, додека одеше текмата во Оклахома Сити доле цело време одеше и тикер кој повремено го покажува резултатот во Атланта. Од нерешеното по 48 минути, до секое следно продолжение и конечната победа на моиве во третата средба од back to back to back, па уште како тоа да е малце во четири продолженија.

20 минути плус игра во кои ме изненадија Хоукси. Не поради тоа што победија, туку што не се предадоа во неколку ситуации и што до крај гризеа верувајќи во победа. Џо продолжува да оправдува една 37429-тина од својот договор, а неговото ставање на „тројка“ и стартната бековска двојка од Тиг и Хајнрих очигледно има ефект. Смит одвреме навреме си го фаќаат неговите промаи во главата, но на моменти па покажува од него невидено зрела игра. Заза е гангстер во рекетот откако го нема Хорфорд, а Марвин си е таму каде му е местото – на клупа.

Е сега, јес да ме изненадуваат пријатно на моменти, во Хоукси нема пак да верувам се’ додека не одиграат како треба во плеј-оф серија со Мајами или Чикаго, серија во која нема ниедна да изгубат со 30-40-50 разлика. На свој терен. Без Ал тоа нема да биде лесно.

И така (морав малце за Хоукси да чкртнам) дојдов до текмата на сезоната, финалето пред финалето, Тандер и Хит, две екипи кои според многумина ќе ги гледаме еднав против друга во јуни. Што се однесува до мене има тука екипи кои имаат што да кажаат на таа тема. Само Чикаго на Истокот (ако Роуз конечно биде 100%) и Сан Антонио на Запад, (со отворено место за 2-3 изненадувања) кои ако бидат сите здрави ќе бидат опасни во плеј-оф.

Она што се случуваше синоќа во Оклахома Сити беше показател на маките кои Мајами ги има против одреден тип на екипи и на тоа дека Тандер би можеле да имаат предност во евентуално финале со изборот на играчи кои ги имаат. Играчи кои знаат да изиграат во напад, играчи кои знаат да одбранат во рекет и играчи кои имаат физички предиспозиции да ги ограничат Вејд и Лебронтије. Бошко и онака е ограничен.

Новата димензија во играта на Дурентула е плус за Тандер, а тој синоќа многу добро покажа дека од сезона во сезона еволуира. Небото е граница за дечкото, кој синоќа беше милина за гледање. Несебичен, агресивен и секогаш подготвен да погоди кога е најпотребно. Нешто од што Лебронтије има што да научи.

На Џејмс синоќа му фалеше агресивност, а неговото рудиментирано играње на пост, иако е физички див, е тажно за гледање. Тажно од аспект на тоа декаможеби најдобриот кошаркар на светот знае така да се изгуби во една текма, а притоа да не знае како да изигра на пост против послаби и пониски од него.

Тенкиот рекет, без играчи кои ќе гризат (Бошко не е Раптор, туку веројатно некој Бронтосаурус или слично) е голем проблем за Мајами против екипи како Тандер и Чикаго. Нешто слично беше и лани против Далас во финалето, кога Тајсон рокаше во рекетот, а Дирк си ги полнеше на „четворка“.

Од друга страна, тешко ќе им биде на сите на Западот да се справат со Оклахома. Вестбрук можеби ќе биде клучот на тоа дали ќе играат финале, исто како и Мргудот и Ибака во рекетот. Ако Дурентула ги игра и тие се движат одлично како синоќа, титулата е нешто реално за тимот на Тандер, тим кој мене ми наликува на некоја колеџ екипа со атмосферата меѓу играчите и таа на трибините.

Од една страна ми е криво што одеднаш ги снема Соникси и настанаа овие Тандер со безлично лого и имиџ, но од друга страна ми е мило за сите оние фанови во Оклахома Сити, кои ненормално си го сакаат својот тим, и кои заедно со играчите го создаваат идентитетот и ликот на тој клуб.

Убава атмосфера и моменти за создавање на првите сеќавања поврзани со Тандер, на кои повеќето од нас ќе се сеќаваат за некои 10-20 години. Уште да освојат титула, е дури тогаш ќе ГРМИ.

ADD COMMENTS

Совршено несовршен

Posted by Karakash Under Лебронџилница on Saturday Mar 3, 2012

Го гледав човекот претходната вечер во Портланд и го гледав синоќа во Солт Лејк Сити. На двете текми покрај себе го имаше одличниот Вејд, но нема сомнеж во тоа дека Леброн беше човекот најзаслужен за победата во Орегон и за камбекот до за-малку победата во Јута. Тоа за малку им пречи на сите, не го бива, не знае да реши средба, не е победник, не е како Коби и некои други играчи кои се издигаат на повисоко ниво кога се решава победникот.

Арно ама, слично како и на Ол-старот, неговата екипа немаше да биде во позиција да се бори за победа да не беше неговата одлична игра во второто полувреме. Да не беа неговите асистенции и поени во финишот, посебно онаа неверојатна двојка со скок наназад и тотално вон баланс, кога газеше со едната нога на линијата за тројка.

Последниот напад, откако неговите соиграчи му дадоа шанса на Девин Херис да биде меч-винер, Леброн ја имаше во последните секунди, но наместо да оди сам, тој се одлучи на додавање до Хаслем, кој беше сам на слободни. Решение за кое го критикуваат, но кое е 100% исправно во таа ситуација во која тројца тргнаа на него. Човекот ја извади топката до самиот Хаслем на полудистанца, позиција од која Јудонис живее цела своја кариера и шут кој секогаш го имал во џеб.

Синоќа не го убаци, но тоа не значи дека Леброн не би требал пак да оди на истиот напад во некоја друга тесна завршница. Поголеми се шансите Хаслем да погоди токолку пак да утне, иако ништо не е сигурно. Но, сега на мета е Леброн, а не Хаслем што утнал. Леброн сега е крив за промашувањето на својот соиграч.

Знам дека и јас често сум го критикувал човекот, но за она вчера во Јута не заслужува критика. Скоро цела текма ја изигра на „четворка“, рвејќи се во рекетот со Милсеп и високите момци на Јута. Во второ полувреме целосно ја презема контролата во свои раце и покажа зошто според многумина е најдобар играч на денешшницата.

Пакет каков што до сега немало од физичка сила, брзина, атрактивност и талент. Пакет кој веројатно нема да биде комплетен додека не додаде клач-елемент на својата игра. Не го додаде тој килер инстинкт кој сите сакаат да го видат од него. Инстинкт кој го имале некои од најголемите играчи на сите времиња.

Човекот веројатно не’ разгалил сите до толку да очекуваме чуда од него секоја вечер, до тој степен што ѕверски партии како тие во Портланд и Јута, две вечери по ред, не се нешто за што се зборува многу. Исто како и за сезоната која ја игра, каква што можеле само да посакаат во свое време некои од најголемите НБА имиња.

Ништо од тоа нема да биде комплетно додека човекот не заседне на својот престол, додека не реши текма со шут, а не со асистенција. И така, додека чекаме од него да видиме совршенство и наоѓаме маана во секој негов пад (признавам), ја пропуштаме можноста да уживаме во играта на еден од најуникатните и најкомплетните таленти кои некогаш заиграле кошарка.

3 COMMENTS

ADD COMMENTS

!?

Posted by Karakash Under All Star 2012, Кобиџилница, Лебронџилница on Monday Feb 27, 2012

Последни секунди, твојата екипа губи со два разлика и има напад. Топката е во рацете на твојата најголема ѕвезда, која е чувана од најголемата ѕвезда во противничката екипа. Сценарио какво што може само да се посака во една текма чија единствена поента е да ги собере најголемите НБА ѕвезди на едно место.

Арно ама, една од ѕвездите одлучува дека нема да игра еден на еден, туку ќе се обиде со додавање за тројка да го решава победникот. Шутот за три е очаен, но топката сепак останува кај екипата која беше во напад, која добива уште една шанса да избори најмалку продолжение со двојка. Топката на 5.5 секунди пак доаѓа во рацете на нивната најголема ѕвезда и сега сите очекуваат дека, со оглед на тоа дека нема време за ништо друго, конечно ќе го видат клач-дуелот еден на еден на двете најголеми ѕвезди.

Сепак, тоа не се случува откако наместо на шут, ликот во син дрес се дига и оди на додавање преку неколку противнички играчи!? Додавање во последните секунди кога твојот тим губи со два поени разлика. Во текма во која НБА фановите сакаат да го видат најдоброто од најдобрите.

Веројатно тоа е и најдоброто од него во такви моменти. Мене лично не ми текнува на играч кој се има одлучено на ваков начин да решава текма, па макар била и ревијална (а има доста ситуации во кои истиот лик со дадавње се обидел да решава). Се сеќавам на поени за победа со звук на сирената на Стоктон и Меџик, дуо кое за мене беше едно од најнесебичните во историјата на НБА.

Се сеќавам и на поени за победа на ѕвездата која е под лупа тука, но тоа сеќавање некако полека, но сигурно избледнува.

Инаку, додавањето во последните секунди нормално, не ни стигна до конечната цел, а тоа се погрижи да му го стави до знаење на својот конкурент и најголемата ѕвезда на победничката екипа, на која не и беше јасно зошто неговиот ривал се одлучи на таков, нелогичен потег. Тоа веројатно не му беше јасно на никого на теренот, а ни на сите кои се најдоа во арената во Орландо, но и оние кои останаа будни до сабајле во очекување на нешто подобро.

Сепак, од кого е, веројатно не ни требаше да се очекува повеќе. Откако ја усоврши својата игра до тој степен да се спомнува како најдобар играч на денешницата, ликот до крајот на оваа сезона ќе мора да поработи на менувањето на мислењето за него, посебно во моментите кога се покажува кој е роден победник. Па било тоа и на ревијален натпревар.

3 COMMENTS

Американците ги претставија дресовите со кои годинава ќе играат во Лондон. Ми се свиѓа како Најк одлучил да го смени начинот на кој е испишано USA на градите, иако верувам дека тоа нема да им прави разлика на нивните противници, на кои Леброн, Коби, Дурентула и дружбата ќе налетаат на ОИ.

3 COMMENTS

Добро збори Мргудот

Posted by Karakash Under Грифиндор, Лебронџилница on Wednesday Feb 8, 2012

По куцањено на Грифиндор преку Мргудот, се изнагледавме сеири на сметка на центарот на Тандер. Никаде немаше негова реакција на сето тоа. Барем не до сега. Еве што вика тој за сето тоа. Секоја му е на место, посебно делот најдоле за твитот на Лебронтије по куцањето.

“If I was in the same position, in the same rotation, I’m going to jump again and again and again. I don’t care. A lot of people are afraid of humiliation or don’t know how to handle embarrassment or would even get embarrassed. I don’t care.

That’s my job. How will my teammates look at me if next time I just back out the way and just let him dunk when I’m supposed to be defensive-minded, a shot-blocker? That would be a coward move on me. He’d just have to dunk on me again.”

Shortly after the dunk, James tweeted, “Dunk of the Year! @blakegriffin just dunked on Kendrick Perkins so hard!!! Wow! I guess I’m No. 2 now. Move over #6.” James was referring to his alley-oop dunk he threw down after jumping over Chicago Bulls guard John Lucas III a day earlier.

“You don’t see Kobe [Bryant] tweeting. You don’t see Michael Jordan tweeting. If you’re an elite player, plays like that don’t excite you. At the end of the day, the guys who are playing for the right reasons who are trying to win championships are not worrying about one play.

They also are not tweeting about themselves talking about going down to No. 2. I just feel [James] is always looking for attention and he wants the world to like him.”

Секоја му е на место.

1 COMMENT

Шек ко по обичај, без респект за Крис Бош. Не и Баркли, кој мисли дека требал да биде на местото на Мело во први пет. Со остатокот од првите пет на Истокот никој нема никаков проблем.

ADD COMMENTS