Шек ко по обичај, без респект за Крис Бош. Не и Баркли, кој мисли дека требал да биде на местото на Мело во први пет. Со остатокот од првите пет на Истокот никој нема никаков проблем.

ADD COMMENTS

Во два дена ги добивме двете најдобри куцања оваа сезона, нешто со што некој веројатно нема да се согласи. Сепак, Леброн и Блејк дефинитивно ги имаат двете најдобри куцања сезонава од страна на една голема НБА ѕвезда. Башка, двете се преку човек, првото буквално ПРЕКУ човек и второто преку Мргудот Перк, кој се гордее со својата одбрана и кој беше фатен на прошетка во рекетот од Блејк.

Веројатно е неблагодарна работа да се бира поубавото куцање од двете (имате видеа од нив подоле на МакНБА), но ако се гледаат фоткиве, ова на Лебронтије делува поимпресивно. Сепак, факт е дека за ниедно од двете куцања не беше доделена НБА титулата за оваа сезона. За тоа и на Лебронтије и на Грифиндор ќе им треба многу повеќе во мај и јуни оваа година.

ADD COMMENTS

Blake strikes back

Posted by Karakash Under Видео, Грифиндор, Лебронџилница on Tuesday Jan 31, 2012

По она куцање на Леброн преку Лукас, на Грифиндор му требаше само еден ден да го врати муабетот за најдобро куцање на досегашниот тек од сезоната на својата воденица. Перк и Лукас не ги прашуваме, но дали стваро овој постер на Блејк е подобар од тој на Лебронтије, кој на цепелин го прескокна кутрион Лукас?

ADD COMMENTS

Јанино-јанино

Posted by Karakash Under Видео, Лебронџилница on Monday Jan 30, 2012

Сабајлево шкртнав за клач муките од слободни на двата последни МВП-а, а еве ги маките на Џон Лукас да не се најде на постер при летот на претпоследниот МВП. Џабе.

ADD COMMENTS

МВП филм

Posted by Karakash Under Лебронџилница, Розе on Monday Jan 30, 2012

На секој може да му се случи да утне шут за продолжение или победа во последните секунди. Па и на актуелен МВП кој си газеше се’ до тој момент Ок, не баш до тој. МВП кој си газеше до 22.7 секунди пред крајот на текмата во Мајами, кога одеднаш од МВП стана MIA (не како кратенка за Мајами). Роуз обично е смирен момак, кој не покажува некоја посебна нервоза кога се решава победникот. Сепак, синоќа не само што го утна шутот за продолжение, туку и утна две слободни на 22.7 секунди до крај кога Мајами имаше само плус еден. Да биде битката на двата последни МВП играчи уште поизедначена, и Лебронтије, познат по своите клач квалитети во последните четвртини, му се реваншираше на Роуз со две свои утки од слободни одма после тоа.

Финишот на текмата синоќа во Мајами е само уште еден во низата чудни во оваа крајно чудна сезона. Синоќа имаше уште еден во победата на Кавси сред Бостон со серија од 12:0 за крај. Но, некако работите кои се случуваа во Мајами ми беа побизарни. Од обидот на Бузер да повика тајм-аут и лизгањето на баскетот од негови раце, до слободните на Роуз, Леброн и едното промашување на Чалмерс, до неможноста на Роуз да искреира шут, туку да оди на некој полухорог преку цела петорка на Мајами.

А се до тие моменти гледавме одлична текма во која баш Лебронтије и Роуз со своите потези ја дигаа публиката на нозе. Нешто што еден МВП и треба да го прави. Е сега, уште да сконтаат дека мораат константо да бидат фаци и во последни секунди и МВП филмот ќе биде комплетен.

ADD COMMENTS

Фурни леб

Posted by Karakash Under Кобиџилница, Лебронџилница, MJ23 on Thursday Jan 26, 2012

Заборавиле само фурни леб да додадат (иако реално Леброн е фрик и еден од најкомплетните играчи кои некогаш заиграле кошарка) …

ADD COMMENTS

Изгледа им фати око шампионската церемонија.

ADD COMMENTS