Но, знае да прави многу други работи. Меѓу другото, да освојува и титули. Или пак да се потруди за тоа.

Коби пуца слободно

Прво, ги прифаќам замерките за тоа дека дури и во регуларна сезона имаше повеќе постови на блогов, него ли за време на големото финале, стварно Големо со големо Г, особено додека ги глеаме клиповите со Џабар, Меџик, Бирд, Мекхејл, Чембрлен, Расел, или ај, се додека не влезе во игра Џејмс Поузи.

Меѓутоа, додека Енко е на листата на повредени, мојот капацитет е толку. Шо да праам, и мене ми фалат постови. Затоа и пишувам. И да ве потсетам, кој има желба, идеја, можда некој веќе напишал нешто, а сака да му биде објавено – maknba на gmail точка com.

“Тапа брат, а..”

Е сеа – утакмицата мрскотија жива.. згора на се’ ја глеав опиен пошто ми беше апсолветнска, и впечатокот ми е.. не знам, лош, многу лош. Како тврдокорен навивач на Лејкерси, пак ќе повторам дека не сум задоволен од тоа како се одвиваат работите, и дека само публиката, и факторот Кобијачич, условен и од збунетоста на Гарнет и Пирс доведоа до 2-1.

Гасол и Одом се гледа дека се борат, меѓутоа, како да им фали присебност. Како да им фали идеја. Како да им фали.. секс. Не знам, Гасол на моменти изгледа жалосно. Одом изгубено. Доколку не се вратат, не праиме ништо.

Одбрана – прилично конфузна, а нападот без врска (важи и за двете екипи). Лоша селекција на шут, зицери, од друга страна тимска игра ама па без ефект, како да не се осеќаа природно на теренот повеќето од играчите. Коби изигра величествено, ама утна триесет и осум слободни. Мислам дека да играв американка со него вчера, ќе го тепав. На крајот, сепак, си презеде одговорност, и во манир на МВП си кажа што како..

Сепак, да беше тесно, тие четириесет и три слободни фрлања кои ги промаши, можеа да бидат злокобни.

Ракун

Бостон пак, полека заличуваат на истите тие што се мачеа со Атланта. Циклично играње, играат па паѓаат, па играат, па пак паѓаат, па ги нема, па ги има, па некој од клупа изненадува, па некој од Дуо Трио го снемува.. Гарнет јас го мрчам, но пак имаше солидна ол араунд партија, иако може он боље (се виде на претходните утакмици). Пол Пирс Вистинска ко да се исплаши од родниот град, или па ко да мислеше дека е 4-0 па сеа само треба да им ја дадат титулата. Док Риверс е добар тренер, Фил Џексон на моменти мислам дека појма нема што прави.

Како и да е, мора да го поздравиме Фацата на оваа утакмица, неговата мажественост, Саша Вујачич! Напален, изгубен, како Халбери Фин кога пловеше по Мисисипи, така младото Словенче, со леснотија трчаше по паркетот во Стејплс, и му фати шут, и не се сопре. Како кинеска копија на Стив Неш. Како Росицки во Борусија Дортмунд. Како пеперутка.

Саша Вујачич со Вујомобилот

* * *

Мојот впечаток е дека ова што го гледаме во текот на целата сезона и плејофот, е само една голема случајност во ситуација кога сите тимови се израмнети и во ситуација кога некои кампуси како на пример овие два, изненада се набилдаа со играчини, и сега сеуште трагаат по свој идентитет. Енко пред некое време запиша на блогов за една дискусија што ја имавме, дека Селтикси 08 се како Лејкерси со Мелоун и Пејтон – прејаки, ама врска немаат што праат. Тоа сеуште важи за нив. Меѓутоа и Лејкерси 08 се ист таков тим, иако се работи само за еден “новајлија” (леле го мрзам зборов!) и евентуално стариот вук Фишер. Уствари Лејкерси се суштински нова екипа, бидејќи функционираат на друга матрица. Беа долг период стабилни, и првиве три утакмици од финалето конечно на површина им изби најголемата слабост – немањето заеднички дух. Синоќа на теренот имаше жолти играчи кои се бореа, и жолти играчи кои гледаа ко мулиња, што е многу подобро од првите две утакмици, кога на моменти и тие што се бореа стануваа мулиња под дејство на другите.

И сеа една дебилна прогноза за исходот понатаму: ако се опраат и двата тима – Лејкерс во 7, ако се опраат само Лејкерс – Лејкерс во 6, ако остане вака – Бостон во 6, а ако се опраи само Бостон – Бостон во 5. Баба Ванѓа вода да ми носи значи.

13 COMMENTS

Дали се судиите криви?

Posted by Shepard Under Бизаро, Finals '08 on Monday Jun 9, 2008

Постов го пишувам откако Powe сам си потрча од кош до кош и ја закуца мажествено..
Кој ја глеа утакмицата знае за што зборам. Мрско до крај. Она што започна како право финале, со куцањето на Одом и тројката на Пирс, полека се претвори во абе-друже-судија голгота на Лејкерси, а судиите, ко да се осеќаа виновни, па совеста си ја лечеа со бизарни одлуки.. У секој случај, Лејкерси беа оштетени.
Ама факт е дека се повторува Детроит од пред 4 години, но и Феникс од лани и полани. Нема драж. Нема желба за победа. Коби нешто се наљути демек, ама не е тоа тоа.. игра како времињата кога носеше осмица.. како сезонава МВП да бил некој друг, а не токму тој.. пратњата издаде.. противникот незапирлив.. Дуо Трио растура, POWE е POWERFUL, Пи Џеј Браун игра ко пред 10 години.. а коментаторов би го замолил да замолкне бар за момент.
Од друга страна не ми се верува дека ова е истиот тој Бостон кој пред месец и пол губеше од Атланта. Не ми се верува дека пред месец дена имав надеж дека Атланта ќе може да ги шутне од плејофот, а сега се молам Лејкерси да намалат под 10 да не биде ептен брука. Истите тие Лејкерси што ги испратија на одмор Јута и Сан Антонио и за кои верував дека сега веќе ќе водеа со 2-0 (до сеа ќе завршеше утакмицата по брза постапка).

Чудно финале, тажно за навивачите на Лејкерси. Меланхолично. Празно. Како да е работна сабота или уште полошо, ко да ти дошле мајстори дома и ти местат лајсни, а ти немо ги гледаш и се прашуваш дали можеше сам да си ја наместиш..
Во овие пусти и очајни мигови, останува да се утешиме со следниот клип:

44 COMMENTS

Фпечатоци од првата утакмица

Posted by Shepard Under Finals '08 on Saturday Jun 7, 2008

Прво, многу ми е глупо што првиот пост после месеееееци го пишувам од причина што Енко стварно не е добар со здравјето. Друже, МакНБА е со тебе, и те чека да се вратиш. До тогаш стариот Шеп ќе се обиде да попуни бар малце место, иако никој ни оддалеку ја нема твојата перцепција и знаење по овој предмет.

Значи, за првата утакмица од годинашното финале: Како фан на Лејкерс, ја сум rазочаrан, депримиран, нерасположен и крајно замислен за исходот од серијата. Некои фактори за тоа се

Гарнет, Пирс и Ален играа ко на Олстар, за среќа Гарнет у прво полувреме, Пирс у трета четвртина и пола четврта, а Ален на моменти на крај. Коби играше ко со Детроит пред 4 години, и за разлика од негови други лоши партии, овој пат сум сигурен дека оваквиот лош скор ќе му се повтори бар уште еднаш, да не речам цело финале.

Вонземјанинот Кесел, касапот Пуси.. Рондо, Перкинс.. тоа треба да се затвори, да се чува, да не се допушта така лесно да креираат игра.. од друга страна Волтон не излезе од игра – за џабе! Клупата на Бостон беше исто фактор. Можда ако Волтон не игра следнава, ќе биде боље за нас, ако не..

Скок. Уште у прва четвртина се исплашив, Гарнет со ручиштата, Гасол ко бубалица срамежливо го глеа тотално смотан, Перкинс фаќа топки, Пи Џеј Браун еј! се подмладе, Туриаф трапав, абе ај да не се нервирам, Бостон натскокаа, и офанзивни и дефанзивни, и затвараа, и у клучни моменти пак скокаа, и тек сеа се гледа колку фали Бонум! Дупка у рекет. А дупка со дупка не се попунуе!

Утињање. Коби срамота, другиве ништо бољи. Одом зицери катаљарда. Селтикси од друга страна си погодија доста чисти шутеви, иако имаше некои  моменти (Ален и Поузи особено) кога од изградени позиции утнаа, ама само го одложија плескањето.

Едина светла точка кај Лејкерси беше Фишер. Од друга страна, неговиот хед ту хед противник, Рејџон, на шала на смеа, имаше 15-5-7 партија, и во голема мера помогна во победата. Сепак, за мене фаца на натпреварот беше Пол Пирс – Вистинска. Шабанската тројка со допунско за рано сечење у трета четвртина, и после тоа кршењето нога и играњето со протеза и тројките за одлепување.. фаца си е фаца. Иако почетокот и крајот беа на Гарнет – особено кога на крајот ја здрви манијачки од одбојка. Секоја чест.

И се надевам дека нема јас да пишувам пост за гејм 2, дури и Лејкерси да тепаат. Не толку колку што сум тапа, туку колку што Енко е тој што и дава душа на МакНБА.

31 COMMENTS