Ова е видеото кое како најава за вечер се појави на еден од фансајтовите на Коби. Нема што, убаво е измиксано, а посебен шмек му дава класичната музика која секогаш пали за вакви работи. Веројатно поради самата грациозност на самите НБА ѕвезди. Е сега, на клипот се гледаат доста кошеви на Коби и некако се добива впечаток дека тој бил тој кој ги решил Селтикси во финалето, иако вистината е сосема спротивна.

А и некаде слушнав дека Лејкерси имаат и некои други играчи кои не се презиваат Брајант. Кој знае, можеби е вистина. Што се однесува барем до клипов, тоа не може да се примети.

Вечерашново дерби во Ел-Еј се надевам дека ќе ги исполни сите очекувања, посебно на нас кои во овој дуел се неутрални. Сепак, реалноста е дека оваа средба нема некоја посебна тежина, посебно не за Селтикси. Иако тие бркаат 20 победи во низа, тие се доволно свесни за што играат и евентуален пораз нема да им го измести фокусот. Затоа и не се палат многу, иако не верувам во тоа дека им е сеедно со кој тим играат и дека секоја средба ја третираат исто.

Што се однесува до Лејкерси, не знам, ова може да биде положување на еден голем тест за нив и некој вид порака до Бостон и остатокот од лигата, но во исто време пораз може да значи и емотивен пад кај нив со оглед на тоа дека имаат доста млади момци кои не се научени на тоа да гинат на големи средби и на кои секој таков пораз може да им падне доста тешко. Исто така, вечер ќе видиме дали Бајнам може да смени нешто во односот на силите во рекетот и посебно во скокот каде Лејкерси беа меки ко манчмалоу во финалето.

Кога сме на ИксМас темава, доста од ѕвездите кои ќе играат вечер ќе ја искористат можноста пред цел свет (Америка сигурно) да ги претстават посебните изданија на своите нови модели. Покрај не баш убавите Адидаски на Тимчо, Кевин и Двајт, и неколку од момците на Најк ќе вршат презентација вечер.

Така ги имаме Брендон Рој, Леброн, Коби и Нешти со нови моделчиња. Најмногу внимание предизвикуваат ниските патики на Коби, кој од маркетиншки причини мораше да заигра и со ниска патика, нешто што отсекогаш ми било шубе, ваљда затоа никогаш не сум шинувал скочен зглоб. Со ниски веѓе некое време игра Нешти, но тој е навикнат на тоа, додека мене многу повеќе ми се свиѓаат моделите на Рој и Брон.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket
14 COMMENTS

Газење поштено, до титула со стил.

Најава можда боља и од на Булс:

Малце патетичен микс од фан:

Скал Ирецот од драмите на Бекет:

Тоа е тоа. За многу години. Уште една сезона заврши.

И малце генгста со нашиот нов МВП на финалето:

12 COMMENTS

Бостан

Posted by Shepard Under Месечарење, Finals '08 on Wednesday Jun 18, 2008

Некој го јаде бостанот на полувреме. Не знам дали ќе имам живци да ја догледам утакмицата. Утре полагам. Џејмс Поузи и Еди Хаус.. не.

Некој ако сака, нека напише свое видување. Ќе му објавиме, не е проблем..

Ај, кој нема среќа у баскет, има у љубов.. мрсно лето ќе биде ова за сите нас Лејкерс фанови на блогов!

* * *

И официјално, 131-92, Бостон ја освои јубилејната 25та титула.

26 COMMENTS

Зелениот бостан го обравме слатко!

Иако за момент си помислив дека се случува гејм 4 пак, Лејкерси се вратија и Бостан успеа да ја изгуби утакмицата. Гарнет е нај-не-клач играч на светот, а Пол Пирс многу се фура. Коби не игра на највисоко ниво, ама затоа Гасол се врати од мртвите. Фишер е ко коњ на ЛСД, ама Фармар е ѕвер. Дополнителна околност е неиграњето на Кендрик и играњето со пола нога на Рондо, како и чудното судење кое сепак мислам дека на крајот на денот ќе се испостави дека одело во прилог на Бостан.

За утакмицава немам што многу да кажам што не е кажано во коментарите под прошлиот пост.. мислам дека ќе се игра седма.. која ќе ја добијат Лејкерси.. се вративме психички.. Единствено ме плаши будењето од хибернација на Реј Џизс Ален, и надреалните способности на екстратерестријалниот Сем Кесел. Уствари шо тресам ја, 2 на гости против Бостан.. :)

Инаку после она што се случи во четвртата утакмица, јас сеуште не сум опоравен, и све ми е некако ради реда.. синоќа дури не ни мислев да ја гледам утакмицата, дури и не ми ни значеше победата на Лејкерси..

Сега не знам што да напишам, неделава имам 5 испити во 5 дена, така што ако сакате малку за Политичка филозофија, може.. Сепак, еве тема за муабет: Пол Пирс го надигра Коби, а сепак Лејкерси тепаа.. што може да значи тоа?!

20 COMMENTS

Предизвик!

Posted by Shepard Under Бизаро, Навивање, Finals '08, Playoff '08 on Sunday Jun 15, 2008

[нема многу врска Чикаго со ова вечерва, освен Фил Џексон, ама иако ги мрзев, сепак таа најава мене ме асоцира на НБА финале многу повеќе од све друго]

Епа момци и девојки (знам бар 1 девојка што редовно прати МакНБА, не сме само пешкири, не се секирајте),

ВЕЧЕР Е ВЕЧЕРТА! ДЕНЕС Е ДЕНОТ! МАКЕДОНИЈА! Пуштете си го клипчето и читајте натака..

Секогаш кога некој тим ќе дојде до 3та победа во финале, знаете дека блиску е крајот на годинешната сезона, да не речам плејоф. Особено кога до таа трета победа стигнува во стилот на Селтикси во гејм 4. Особено кога се работи за вакво збунето финале како што е годинашното..

НоШ је дошаја до коску, за Лејкерси и компанија. Сонот може да им стане кошмар, да им се скрши филм, да им потонат сите бродови, да им пропадне годинешнава кампања, да им скисне..

Од друга страна, Гарнет, Пирс, Ален и другарите се соочуваат со остварување на вековниот стремеж на секој кошаркар – НБА прстенот. Вечер во Стејплс, некаде затскриен ќе биде комплетот за ручковање, пардон комплетот прстени, заедно со Лери О`Браен трофејот и трофејот за МВП на финале (треба да го добие Лион Поу). За да го најдат, ќе мора да поминат преку Лејкерси, Зенот и Џек Николсон. Преку првиве 2 ентитета може, ама со Џек Николсон никој не излегол на крај.

Како голем фан на Лејкерси го посакувам следново: ако треба Бостон да освои титула, нека ја земе уште вечерва, ем да ни ги скратат маките, ем да не мора да гледам прослава во Бостон. Нека ја земат и нека се носат.. АМА!

Надежта последна секнува, и јас верувам дека како што можеше Турците да направат тотален пресврт против Чешка вечерва, како што можеше Роки да го истепа Русинот, како што можеше Хјустон да ги тепа Орландо 4-0 во 1995, како што можеше Обама да ја победи Клинтоница, како што Циле донесе миљарда од Тајван, како што Косово стана независно, така и Лејкерси можат да извадат 4-3 со Бостон. Ништо не е невозможно.

Ајде!

24 COMMENTS

There Can Only Be One

Posted by Karakash Under Видео, Играчи, Општо / Разно, Finals '08, Playoff '08 on Saturday Jun 14, 2008

21 COMMENTS

Photobucket

И сега, од каде да почнам. Имам…у ствари не ни знам колку имам време на располагање.

Сабајлево конечно за прв пат гледав како што треба еден меч од финалево и по она што го видов немам сомнеж кој тим е направен од шампионски материјал, а кој не. Да се направи онаков камбек и да се победи во гости е вистински испит на зрелоста за секој тим и со тоа паѓаат во вода сите оние прогнози и непишани правила дека тим кој е составен на брзина или т.н. Тим за една година не може да освои титула.

Колку што ме импресионираа Лејкерси со своето прво полувреме, толку повеќе ме импресионираа Селтикси со својата желба и решителност да докажат дека се подобри од тие први 24 минути кога губеа со минус 24.

Агресивноста, која ја немаше кај Пол Пирс во првиот дел (а и на Гејм 3) како одеднаш да му се врати, а со тоа се врати во ритам и цел тим. Немаше врска што Рондо не беше на ниво или пак што Кендрик Перкинс мораше да отиде во аут поради рамото. Како функционираше одбраната на Бостон, Лејкерси со својата летаргија во нападот кога се почна да паѓа во вода немаа никакви шанси.

Уште тоа тројките на Поуси со “криви нозе“ и клач поените на Реј Ален и Еди “црната дупка“ Хаус беа премногу за младите момци на Зенот.

Коби имаше една од оние партии кога им верува на соиграчите, што секогаш е добро, ама и онаква партија кога мисли дека кога сака може да влезе во ритам и да ги земе работите во свои раце. Нема што да се критикува човекот, за секој поголем успех потребни се најмалку двајца, а најчесто и повеќе играчи како што Бостон вчера покажа. А и да, сите тие момци треба да имаат муда, а кај Лејкерси немаше нешто многу тестостерон сабајлево.

Дали тоа ќе се смени догодина со Бајнам, не знам баш. Тоа е ептен далеку за муабет. Има време. Ептен има време, а и сега не е битно.

Серијата теоретски не е готова и се надевам дека ќе биде максимално интересна до самиот нејзин крај, иако е доста веројатно да не погледнам веќе ни еден меч до крајот, освен ако не проработи некоја собна антена која ќе фати МТВ1 како треба на клиника.

* * * * * * *

Во НБА се случија и некои други работи додека јас бев на инфузии, тромбоцити, крв и остали медикаменти, како на пример новите тренери на Феникс и Чикаго, ама за тоа стварно немам време…а ни снага.

* * * * * * *

Што се однесува до мене, ова е веројатно мој прв и последен пост во подолго време. Некако успеав да се шмугнам за да се ставам он-лајн и не можев да издржам, а да не чкрабнам нешто. Не сакам да ве давам со мојата состојба и тоа што ми се случи и што ми се дешава…и ќе ми дешава уште некое време. Супер е и што успеав да соберам сила и да најдам начин да ставам нешто на мојата МакНБА.

Оние што ги интересира, нема да бидам ОК уште некое време, а тоа може да потрае и со месеци. Но, во исто време убеден сум и дека на крајот ќе бидам ОК.

Things that don’t kill you can only make you stronger.

ПС: Шеп, сосема солидно си ја вршиш заменичката функција. Уживај.

ПС2: Поздрав до сите па се читаме во некои подобри времиња. Се надевам.

23 COMMENTS