0-18

Posted by Karakash Under Бизаро, Featured on Thursday Dec 3, 2009

Mavericks Nets Basketball

“Never in our wildest imaginations did we feel I would be standing up here introducing a new coach and we would be 0-17.”

- Nets team president Rod Thorn, at interim coach Kiki Vandeweghe’s introductory press conference.

Мејк ит 0-18. По претставувањето на Кики како (привремена) замена за Лоренс Френк, во Њу Џерси пристигна човекот кој од некогашните НБА бедници и создаде тим за почит и учесник во две финалиња во низа…И, нормално, Кид и Мавси без многу проблем им обезбедија на Нетси посебно место во НБА историјата.

Тимот во кој удел има Џеј-Зи, кој за некоја година планира да се пресели во Бруклин и кој е прв со странски мнозински газда успеа да биде полош дури и од комшиите ТитаНикси, и тоа уверливо полош.

Кој би рекол дека по трејдот на Винс еден тим ќе падне толку ниско. А немаат лоши момци во тимот, пред се Девин Херис, Брук Лопез и Крис Даглас-Робертс, како и Алстон, кој има покажано дека може да биде фактор, но во победничка екипа. Тука е Ји, кој е повреден.

Штета, посебно за единствениот фан на Нетси кај нас кој јас го познавам…иако не верувам дека ги има многу повеќе ни во самиот Њу Џерси.

2 COMMENTS

Врти-сучи…Вуду-муду…Ајверсон

Posted by Karakash Under Featured on Tuesday Dec 1, 2009

ajverson3-0911

МакНБА ко да беше на ептен продолжен викенд и врти-сучи, муабетот пак не носи накај Ајверсон. Не дека немаше интересни потези и други случки последниве 4-5 дена, но некако поголемиот број медиуми се уште го вртат муабетот за наводното пензионирање на Ајверсон, кое уствари не е пензионирање, т.е. е повлекување, всушност, е привремена пензија, онака, додека не се најде некој да му понуди договор, пошто, во моментот никој не го сака, освен жената и децата дома.

Ама ќе се најде нешто, да не се патува за Европа, далеку е, а од и таму никој па не го бара. Да не зборам за стресот и срчката која би го стрефила секој европски тренер кој би си имал работа со него.

Сепак, кармата е некоја чудна ствар и овој пат игра за Ајверсон кој, ако се точни шпекулациите, ни сам не можеше да посака и да се понадева на подобра можност и град за крај на кариерата. Всушност, Филаделфија е и единственото место во кое тој оствари успех и каде беше максимално почитуван. Се по трејдот од Сиксерси всушност е слободен пад кој кулминираше со клоцата од Гризлиси.

Е сега, во моментите кога и ТитаНикси дигнаа раце од негов ангажман, Ајверсон почна да практикува вуду магија и недолго потоа му се исполни планот. Првиот, и веројатно единствен плеј на Сиксерси, Луис Вилијамс заработи скшена вилица, вистинска кошаркарска повреда, поради која ќе јаде на цевка во следните месец дена, а ќе се врати за два месеци, иако како што му тргна магијава на Ајверсон, може таа пауза да потрае, па човекот да го шине увото или нешто слично.

На крај најважното, и покрај сите желби на вуду фолирантот Ајверсон, Сиксерси се уште не го потпишаа, иако тоа делува како доста веројатно со оглед на нивната “победничка“ серија, како и дупката на плеј (аико Ајверсон никогаш не ни бил плеј), како и се попразната домашна арена.

Повторната љубов е речиси сигурна, но не верувам дека ќе потрае. Исто како што нема да има веќе постови за типот. Што е многу-многу е, а ако ви се чита за Ајверсон, удрете само еден search на МакНБА, има доста материјал.

1 COMMENT

Чао Карим, здраво Вилт

Posted by Karakash Under Featured on Sunday Nov 15, 2009

brendon-djenings

Што ли им се мота сега во главите на управите на Њујорк, Минесота, Голден Стејт, Сакраменто и Мемфис? Сигурно ноќни мори по синоќешната експлозија на Брендон Џенингс, 10. пик на последниот драфт. Сите спомнати екипи имаа потреба од плеј кој веднаш може да им помогне, ама не, се одлучија за некои други имиња, за некои други таленти.

Европското искуство на Џенингс од лани кога наместо да оди на колеџ играше во Рим исплаши многумина, посебно неговиот просек од само пет поени. За среќа на Бакси, имаше доволно исплашени за Брендон да им падне во раце. Сега тие имаат скор 5-2, со потпросечна екипа во која го нема ни повредениот Мајкл Ред.

Инаку, синоќа Џенингс после првото полувреме имаше само десет поени. Со своите 55 на крај го надмина руки рекордот на Бакси кој го држеше Карим Абдул-Џабар со 51, за само два поени не постави нов клупски рекорд (57 во сопственост на Ред) и само една тројка го делеше од апсолутен руки рекорд, кој барем за сега останува зад името на Вилт Чембрлен.

Милвоки доби нов идол, нешто што очајно им недостигаше. Сега фановите на Бакси се надеваат дека Ред нема да брза со својот камбек за да има уште можности за вакви експлозии од Џенингс. Дали ова беше случајност или не? Има време, ќе видиме, сезоната само што почна, а веќе имаме еден куп екстра приказни.

7 COMMENTS

Кој сади дрвца, кој гледа снимка од даблхедерот на ТНТ. А кој го добива својот Kodak момент, ко што вика Реџи.

За остатокот од дуелот на Мајами и Кливленд има што да се пишува, посебно за првата четвртина и нејзиниот финиш кои во голем дел наликуваа на плејоф меч. Токму ова забивање на Вејд е дел од одличниот финиш на тие 12 минути во кои сепак Леброн го имаше последниот збор.

По важната победа во Орландо една вечер порано, Кавси славеа и во Мајами, кој заедно со уште две-три екипи го сочинува вториот ред екипи на Истокот кои ќе гледаат да им заматат вода на Кливленд, Бостон и Орландо.

Во освојувањето на Флорида, Кавси покрај, нормално, Леброн, го имаа и Мо Вилијамс кој игра како да сака да докаже дека амнезијата од минатиот плејоф, односно од серијата со Орландо, е минато. Покрај него, пофалба заслужува и Шек кој по добрата одбрана над Двајт, вчера често беше незапирлив за својот екс-тим, па и често се наоѓаше на пенал-линијата.

Вториот дел од даблхедерот во ниту еден поглед не ги исполни очекувањата, а Санси, кои имаат одличен старт, само покажуваат дека Западот оваа сезона е далеку според квалитет во однос на Истокот. И во Ел-Еј имаше едно страшно куцање од најинтересниот кандидат за настап во саботната вечер во Далас следниот февруари – Шенон Браун.

6 COMMENTS

90040817FM048_Cavs_Magic

Целата фама која веќе некое време се дига околу Летото 2010 и пазарот на слободни ол-стар играчи кои ќе бидат на мета на нивните, но и на тимовите со доволно место во селари-капот да ги намамат, полека почнува да му здосадува на главниот играч во целата приказна – Леброн.

Причина за тоа можеби е не баш страшниот (барем не како лани) старт на сезоната, но многу поверојатни се сега веќе досадните прашања од сите страни за тоа што планира Леброн следното лето, дали ќе ги напушти Кавси и ќе се пресели во маркетиншки многу поповолните средини како Њујорк, Чикаго па и Мајами. Некој го имаше спомнато и Лос Анџелес, ама не знам што пушел додека го пишувал тоа.

Џејмс во ниту еден момент не наговести дека не му е убаво во Кливленд, (капчето на Јенкис не значи ништо), а со оглед на тоа дека сезонава е во мисија за освојување на првата титула, сите тие досадни прашања во врска со следното лето му дојдоа преку глава. Што е и сосема нормално.

Така, од вчера Леброн и официјално нема да зборува на таа тема. Момакот е целосно фокусиран на оваа сезона, а тој фокус го презентираше вчера во Орландо, каде во комбинација со Мо Вилијамс беше незапирлив за официјалниот шампион на Истокот.

Точно е дека Орландо играше без Рашард Луис, како и без сезонава неочекувано корисниот Рајан Андерсон, додека кавси беа без биполарниот Делонте Вест, но сепак, Кливленд со Шек на Двајт делуваше најдобро оваа сезона и ако играат како синоќа и на таков начин го користат просторот и се движат со и без топка, тогаш ќе биде навистина весело на Истокот.

ПС: Во еден момент на теренот се најдоа Илгаускас, Шек, Двајт и Гортат. кој вика дека завршила Ерата на центрите?

ПС2: Кога самиот Леброн не сака, не знам зошто ние тука би го тупеле со тоа кај би можел да заврши следното лето. Едно е сигурно, кај и да оди, сигурно ќе оди дома.

1 COMMENT

New York, New York…New York?

Posted by Karakash Under Лебронџилница, Featured on Saturday Nov 7, 2009

90040777NB039_CAVALIERS_KNICKS NB001_ROCKETS_KNICKS

In New York,
Concrete jungle where dreams are made of,
Theres nothing you can’t do,
Now you’re in New York,

These streets will make you feel brand new,
The lights will inspire you,
Lets here it for New York, New York, New York

Yellow cap, gypsy cap, dollar cab, holla back,
For foreigners it aint fitted they forgot how to act,
8 million stories out there and their naked,

Cities is a pity half of y’all won’t make it,
Me I gotta plug a special and I got it made,
If Jesus payin LeBron, I’m paying Dwayne Wade,
3 dice cee-lo

3 card marley,
Labor day parade, rest in peace Bob Marley,
Statue of Liberty, long live the World trade,
Long live the king yo

4 COMMENTS

90040758ND016_HEAT_WIZ

Само што заврши НБА маратонот. На брзина по нешто од секој меч кој целосно или делумно го изгледав:

- Рон Артест отсега на МакНБА ќе го среќавате под прекарот ДИБЕК.

- Рокетси се екипиште, во вистинска смисла на зборот. Нема индивидуалци и сите млади момци (во основа млади) се 100% посветени на системот на Аделман. И без Јаоза, и без Ти-Мек, па и без Дибекот, Хјустон е подобар тим од лани, посебно од ментален аспект.

- Коби ги игра најдобрите години од својата кариера.

- Фишер не може да чува ни дупло побавни плејмејкери од Брукс.

- Хејс, Лендри, Скола, Батие – прави борци.

- Визардси никако немаат среќа со повреди. Вчера им се повреди и Мајк Милер, кој со неколку потези и тоа што играше со повредено рамо докажа дека не е Мишел Милер.

- Вејд, по кој знае кој пат, покажа дека е дел од НБА елитата. Знам дека многумина го спомнуваат Коби во иста реченица со Мајкл, но начинот на кој Вејд се движи, посебно откако ќе даде кош, е жива копија на Мајкл. Не пораснал џабе Двејн во Чикаго.

- Аринас се врати, барем во играчки смисол. Но, делува доста поианков, а најчудно е што скоро ич да не зборува кога е на теренот или за време на тајм-аут.

- Гарнет се испопали што Селтикси победија, едвај, против слабите Вулфси.

- Џони Флин од Минесота и Тајрик Еванс од Кингси се интересни дебитанти.

- Олексеј Печеров!

- Пирс не се одлепува од земја.

- Возраста на крај може да биде фактор кога се во прашање Селтикси.

- Рајан Андерсон од чиста додавка за да се пополни трејдот на Винс, стана доста битен играч за Орландо.

- Нешто слабо блокади годинава за Двајт.

- Пол е играчиште. Штета што е во Хорнетси.

- Диркулес после она против Јута, се посра во Њу Орлеанс.

2 COMMENTS