Секоја чест…Селтикси

Posted by Karakash Under Секоја чест, East on Thursday Apr 17, 2008

Photobucket

Најголемиот пресврт во историјата на лигата за некого можеби и беше очекуван, но имаше доста ликови кои се сомневаа во тоа дека Селтикси во една сезона можат од дното да стигнат до врвот на Истокот. И не само на Истокот, туку и до врвот на лигата со убедлив скор и со изненадувачка доминација во дуелите со тимовите од Западот.

Сепак, Кеј-Џи ефектот по се изгледа е нешто кое не смее да се занемари, исто како и фактот дека момакот прооаѓаше во Минесота. Факт е дека на Кевин му се потребни големи соиграчи за голем успех, (на кого не му требаат), но исто така е факт дека тој е најзаслужен за враќањето на кошарката во Бостон. МВП сезона покрај него има и Пол Пирс, кој дочека Бостон да биде пак елитен тим.

Но, игрите на Гарнет, Пирс и третиот член на Д Биг Три, Реј Ален, се она што можеше да се очекува уште во октомври. Она што изненади многумина е зрелоста во играта на Рејџон Рондо, кој според мене е еден од водечките кандидати за Мост Импрувд. Пријатно изненади и Кендрик Перкинс, како и камбекот на тренерските способности на Док Риверс. Тука е Лион Поу, кој имаше одлични задњи месец и пол од сезната, “Биг Бејби” Дејвис, кој на некои средби беше голем фактор, презимењакот на Реј, Тончи, кој се вклопи во улогата на дифенсив стопер, Поузи – кој се вклопи во улогата на 10. човек, Скалабрини – кој се вклопи во улогата на втора маскота на тимот покрај Лепраконот, Сем “И-Ти” Кесел, кој иако дојде касно, заедно со Пи-Џеј може да биде голем фактор во плеј-офот. Еди “црната дупка” Хаус си погоди тоа што требаше да погоди, а Скот Полард продолжи да си пушта брада на клупата и да се дружи со Скала.

После 20 години, Бостон пак живее за кошарката и го има статусот на еден од најголемите, ако не и најголемиот фаворит за титулата. Некој да го кажеше тоа пред година дена, ќе го стрпаа во истото жолто комбе во кое ќе ги носеа оние кои рекоа дека Хорнетси ќе бидат втори на Западот.

15 COMMENTS

Photobucket

Бидна. Деветте посни години завршија. Знам дека за многумина од вас тоа што Хоукси, кои имаат негативен скор, ќе играат во плеј-офот не значи ама баш ништо, посебно со оглед на тоа дека тие идат на Бостон во серија која сите очекуваат да заврши со чисти 4-0.

Не е битно, па и стварно да биде метла за Селтикси. Битно е што Атланта после доооолго време пак ќе го помириса плеј-офот и конечно пак ќе има полна и бучна арена барем две вечери по ред. Од времето на Дикембе, Стив Смит и Муки (1999), Хоукси не играле во плеј-офот кога после победата над Детроит паднаа со 0-4 против Њујорк. Тој тим на Атланта и не ми беше нешто посебно симпатичен, а уште се ежам кога ќе ми текне дека Тајрон Корбин беше стартна тројка тие години.

Рибилдингот траеше подолго од очекуваното, што е и нормално со оглед дека за Смит го добија Ајзеа Рајдер во трејд кој ги врати неколку години назад. Тоа што сега Рајдер е во апс доволно кажува со каков лик си имаа работа и кој требаше да биде нивниот лидер на стартот на овој милениум. Ситуацијата со газдите кои сакаа/не сакаа да дадат пари за нови играчи и кои се судрија за трејдот за Џо Џонсон само уште повеќе ги направи смешка низ лигата за малку сведувајќи ги на нивото на Клиперси на Истокот.

Сега воздухот е многу почист и иако мислам дека Биби не е идеалниот плеј за нив, индината е многу посветла. Џо би можел да биде малку погласен како лидер, Марвин би можел конечно да го покаже целиот свој потенцијал, Џош би можел помалку да шутира тројки, Чилдрес би можел да се ишиша, Биби да подели некоја асистенција плус…Вудсон да биде подобар тренер. Од Ал не барам ништо, момакот си е супер.

Доминик конечно може да се насмее.

* * * * * * *

ПС: Синоќа Милвоки и Чикаго одиграа средба со нулта тежина во која рукито кој ја расипа вечерта на Аринас пред некое време, Рамон Сешнс го направи она што не му пошло од рака на никој во историјата на Милвоки, па ни на Биг О. Момакот подели одлични 24 асистенции, а имаше и 20 поени и осум скокови. Свака част, Рамон.

14 COMMENTS

НБА ја лансираше плеј-оф кампањата, која конечно бега од онаа језива музика во позадина со слики кои се менуваат и која и кога ќе легнете да спиете ви се мота низ главата. Првата е за Истокот, и во неа се Леброн и Гарнет, веројатно затоа што не знаеле, а и немало кого да стават од Детроит кој би можел да му парира на Кеј-Џи.

Втората (подоле) е за Западот и во неа главни ликови се старите “пријатели“, кои се надевам дека годинава ќе се сретнат во плеј-офот, по можност во финалето на Западот.

9 COMMENTS

Рејџон!

Posted by Karakash Under Видео, East on Thursday Mar 6, 2008

Синоќа Бостон и официјално обезбеди плеј-оф пласман со победата над најголемиот, и можеби единствен ривал на Истокот. Оваа победа е важна од аспкет што со неа сега Селтикси се тимот со предност на домашен терен во разигрувањето кога таму ќе се сретнат овие две екипи, нормално во случај до крајот Пистонси да не успеат да ги стигнат на табелата на бедниот Исток.

Потегот на вечерта, покрај 20 скокови на Кендрик Перкинс?…Повелете.

1 COMMENT

Има уште надеж за Реј…и Селтикси

Posted by Karakash Under All-Star 2008, East on Tuesday Feb 12, 2008

Photobucket

Веста дека Шид ќе го замени Гарнет во Њу Орлеанс не израдува никого во Бостон, каде сите, вклучувајќи го и нивниот тренер Док Риверс, сметаа дека тоа слободно место требало да биде пополнето со друг играч од тимот со најдобриот скор во лигата – Реј Ален. Риверс и даде неколку изјави критикувајќи ја одлуката за селекција на Шид, што е сосема нормално за еден тренер да застане на страна на својот играч.

I understand them selecting him. They lost Kevin at the 4-5 (power forward-center) spot, and they needed a 4-5 to replace him … But I’m still not happy that Ray isn’t on the team. I just think he should have been taken in the voting (of the reserves by the coaches). He’s the guy on our team who’s had to sacrifice the most, and I don’t know why that sacrifice wasn’t recognized.

Но, дали тоа што тој се жртвувал за својот тим треба да значи дека треба да биде и награден за тоа со ол-стра селекција? Ако е така, тогаш Ману е првиот на кого треба да му се врачи таквата награда, затоа што со тоа што не се буни со одлуката на Поп да биде шести човек во Спарси, тој ја прави најголемата жртва во лигата. Во тоа колку е опасен Ману се уверија и Репторси синоќа, кога за промена беше стартер.

Е сега, друг е муабетот што реално, Реј не ни треба да се најде во Њу Орлеанс кога пред него има неколку други момци кои многу повеќе го заслужуваат тоа место, но со оглед на повредата на Карон Батлер, може да добие покана од Комишот, чисто за да им биде удоволено на Селтикси и нивниот најдобар скор.

Пред се, ако Батлер не игра, покани заслужуваат Хидо Туркоглу, па и Џош Смит. Замислете ги само Кид и Џош во иста петорка.

7 COMMENTS

Photobucket

Сите кои гласаа за местото на Гарнет во првите пет на Истокот во Њу Орлеанс веројатно се чувствуваат ограбени по веста дека Кеј-Џи поради повредата на стомачниот мускул, поради која не настапи на последните седум средби на Бостон, нема да игра на 57. Ол-Стар.

Да биде уште поинтересно, Комишот одлучи дека во недостиг на високи играчи на Истокот, местото на Гарнет треба да го заземе Шид, кој пред некоја недела јавно си го искажа својот став околу овој настан.

“I am not trying to go down there (New Orleans),” he said. “I am looking forward to those four days (off). I’ve been keeping a little eye on it, but better them (Howard and Shaquille O’Neal , who lead Wallace in the voting) than me.”

Не знам зашто, ама осеќам дека доколку Шек не завршеше во Феникс минатата недела, немаше да му заврши серијата од 14. ол-стар селекции по ред.

9 COMMENTS

Photobucket

Со право вториот дуел на Пистонси и Селтикси, исто како и нивниот прв пред некои две недели во Бостон, беше најочекуван натпревар до сега, не само на Истокот, туку и во целата лига. Пред мечот беше јасно дека на нечија серија ќе и дојде крајот, а на крајот се испостави дека тоа беше на низата од 11 победи по ред на Детроит, кој мораше да се помири со деветата победа во серија на Бостон.

Иако повеќето (ако не и сите) најави им даваа предност на Пистонси, кои патем си славеа и во Бостон со двете слободни на Чонси во финишот, Селтикси покажаа дека нивниот скор, иако во главном остварен благодарение на најповолниот распоред во лигата и големиот број домашни средби, се сериозна екипа која е легитимен кандидат за тронот на Истокот. Тоа е секогаш така кога покрај своето Големо трио имате играчи кои се способни да помогнат со своја партија на кариерата.

Откако неколку пати сезонава тоа го направија Рондо и Перкинс, а тоа им се случи и на Хаус, Тони Ален и Поузи, сега му дојде редот на Глен “Биг Бејби“ Дејвис, да го искористи максимално фокусот на противничката одбрана врз Гарнет, Ален и Пирс.

Дејвис убаци личен рекорд од 20 поени што е прв пат еден играч кој не се вика Пол, Кевин или Реј да биде прг стрелец на тимот. Заедно со неговите 20 комада, Селтикси покажаа карактер за кој многумина се сомневаа дека го имаат.

25 COMMENTS

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Далас едноствано не знае како со Вориорси. Берон (никако БАЈРОН), конечно е здрав и тоа се одразува на Голден Стејт, кој е права ноќна мора на тактички план за Мавси. Кога Ејвори ќе проба со својата стандардна постава со Диоп на центар, Дончо Нелсон и неговата пониска постава ја користат брзината. Кога Ејвори ќе проба со иста таква ниска постава, им паѓа во рацете на Вориорси, кои се мајстори во таквата игра.

Нема кој да го чува Берон, а и Џеј-Рич и Џекес Џексон се одлични во оваа серија. Само уште да научат да ги контролираат емоциите и ќе имаме страшно изненадување.

Далас од друга страна, ќе мора да ни докаже на сите дека рег. сезона не беше само случајност и дека менталниот колапс од ланското финале беше лекција која ја научија, а не која се спремаат да ја повторат.

Пред се мислам на Дирк, кој мора да покаже дека може да биде лидер. Од тоа што го видов до сега, не ми делува способен за тоа и може слободно да зима часови кај Берон.

Тука негде би го убацил и муабетот за МВП, ама ај да не матиме вода, наградата си е за регуларната сезона, а и гласовите веќе недела дена како се собрани.

* * * * *

Нешти = 17 поени и 23 асиста!!! Амари = 27 поени и 21 скок!!! Иди после играј против нив. И многу подобри екипи од Лејкерси не би можеле да се носат со овие Санси, кои кога ќе влезат во ритам, како што рече Флајт, се како вирус од кој нема спас.

Лејкерси, реално, се бедни како екипа, и летово Купчак ќе мора да се испоти и да им донесе на Коби и Фил играчи кои ќе си ја знаат работата. Со Смушевци, Фармари, Туриафи, Шемонди и компанија, толку.

* * * * *

За Мајами, се што напишав по третиот пораз, важи и сега. Ќе биде интересно на Флорида летово, а од она што денеска слушнав, иако е малку веројатно, Мајами би можел да се обиде да го намами Билапс, кој е слободен играч, како и Рашард Луис од Сиетл, кој мислам дека одлично би се вклопил. И тоа не само кај нив, него кај доста екипи на кои им треба еден играч за најважниот исчекор напред. Но, тоа е друга тема за која ќе има време летово.

* * * * *

Кид се обидува да стане првиот играч по 2002 год. кој во една серија во плеј-офот имал трипл-дабл во просек. Последен на кој тоа му пошло од рака – Џејсон Кид во серијата со Бостон. Ѕверотина.

26 COMMENTS