Ова би требала да биде најава и моја прогноза за тоа како ќе се одвива финалево, но искрено, немам поим што ќе се дешава во ова финале. А не знае ни никој друг, освен можеби Милан Тарот и неговот друштво на бизарни пријатели. Можеме да нагаѓаме и претпоставуваме…и тоа е се.

Логиката ретко кога игра некоја посебна улога. Доволно е да се види кои две екипи играат во финалево. Ако некој и очекуваше тоа да биде Мајами, тогаш ретко кој мислеше дека Далас ќе ги скокне Лејкерси и остатокот од Западот и ќе игра кошарка и во јуни. Логиката викаше дека Лејкерси и Бостон се фаворити за реприза на финалето, дека препородените Спарси можат да им замрсат сметки на Лејкерси, дека Зенот нема да си замине без титула. Арно ама, си замина, и тоа во не баш импресивен стил.

Сега тука ни се Мајами и Далас. Ако кај нив ја примениме логиката, тоа би изгледало вака:

- Мајами има два, а Далас еден суперстар. Многу често тоа е доволно за освојување на титулата. Башка, Мајами има предност на домашен терен каде во овој плеј-оф има скор од 8-0. Уште ако се погледне разработената клупа во серијата со Булси и тоа дека Леброн и Вејд постојано ќе го напаѓаат рекетот на Далас, Мајами би морал да стане шампион.

- Е сега, Далас го има Диркулес, кој покажа дека може сам (скоро) да ги донесе до финалето. За разлика од Мајами, има плеј, и тоа не еден, туку двајца играчи кои носат различни квалитети на таа позиција. Имаат реално подобра клупа и реално подобар тренер. Исто така, за разлика од Мајами имаат квалитетен стартен центар и солидна негова алтернатива од клупата.

- Покрај Леброн и Вејд, Мајами го има и Бош, кој се разбуди против Булси и кој ќе биде во центарот на вниманието кога ќе мора да го чува Дирк. Момакот може да пружи добра партија и тоа може да биде клучно за Хит.

Но, ако се повтори фрлањето на логиката во бунар, тогаш не очекува неочекуваното, а тоа е секогаш најубавото.

Имам и некои прашања кои ќе ни одговори финалево …

- Дали вереницата/свршеницата на Бареа ќе се појави на некоја од текмите од финалето на трибина? Ако се појави, сигурен сум дека голем дел од неутралните преминуваат на страната на Далас. (Ете ти вистинско оружје за предизборна кампања).

- Дали Бош ќе може да го чува Дирк и колку често Леброн ќе игра на Дирк во одбрана. Знам дека ќе игра Хаслем, но Лебронтије би можел да биде најдобра опција за чување на Зи Џерман.

- Дали пак ќе се спукаат Дешон и Леброн, па после пак да мора Џеј Зи да смислува рапче во кое би го испљукал сомнителното лице Дешон?

- Дали Карон ќе се претвори во Вилис Рид и ќе истрча на теренот кога тоа никој не го очекува од него?

- Дали Кид, после двете финалиња со Нетси, ќе има трета среќа?

- Дали ова ќе биде старт на новата НБА династија?

- Или пак ќе биде лебедовата песна на Дирк и Мавси?

- Кој ќе го чува Вејд ако влезе во филмот од финалето од пред пет години?

- Што ако Мавси почнаат да пуцаат тројки како во серијата со Лејкерси?

- Што ќе направи Кјубан ако Бенет Салваторе и Дик Бавета пак им судат на Мавси против Мајами во едно финале?

ПС: Ако веќе морам да прогнозирам, логично би рекол дека Мајами добива во шест. За среќа, логиката не вреди многу кога се во прашање НБА плеј-офот и финалето.

1 COMMENT

Пред почетокот на оваа сезона, а потоа и начинот на кој таа се одвиваше, не мислев дека двете екипи кои ќе играат баскет во јуни ќе бидат Мајами и Далас. Причини за тоа има неколку. Ај да почнам од Мајами…

Армагедон летото лани значеше дека НБА никогаш повеќе нема да биде иста. Тоа е сосема нормално кога два суперстара, кои се меѓу Топ 10 во лигата и во зенитот на својата сила, ќе одлучат да заиграат еден покрај друг со заедничка цел – освојување на што е можно повеќе НБА титули. Кога на тоа ќе се додаде и убедувањето на третиот ол-стар да им се приклучи во таа мисија, играч кој во никој случај не е Топ 10, но веројатно е во Топ 20, сосема е јасно зошто според многумина тие тројца направија своевидна мала револуција.

Е сега, за таа револуција да биде комплетна, ќе треба да се исполни нивното ветување не за едно, не за две, не за три, не за четири, туку за којзнае колку титули.

Кога ќе се собере такво соѕвездие, на кое беа додадени и уште неколку солидни елементи како поддршка, сосема е нормално очекувањата од првата секунда од сезоната да бидат огромни и такви што ретко кој би можел да ги исполни.

Сите бевме сведоци на првата текма на новиот Мајами, кога налетаа на Селтикси сред Бостон во ситуација во која сите кои не беа за Хит гореа од желба да видат како Мајами губи со Вејд, Леброн и Бош во тимот. Тоа се случи, но баш таа текма ни даде знак дека работите можат да профункционираат на Флорида и експериментот на Залижаниот да успее.

Колку и Бостон да даваше се од себе да им одржи лекција на момците кои заиграа заедно за да им се одмаздат во плеј-офот и да го преземат нивниот трон на Истокот, како се ближеше крајот стануваше евидентно дека оваа екипа на Мајами е опасна. Страшно опасна. Иако не изиграа ништо посебно, тие во последните неколку минути со добра игра на Леброн (а многу слаба на Вејд) се ставија во ситуација да се борат за продолжение. Тоа не се случи, но беше јасно дека ако сакаш да ги победиш, ќе мораш да направиш добра разлика во првите три четвртини.

Како што течеше сезоната Мајами поминуваше низ вообичаените детски болести за една нова екипа, со скокови и падови во формата. Врв на сеирот беа поразите во текмите во кои имаа двоцифрена предност дома, како што беше таа со Јута. Тогаш скоро сите ги отпишаа и почна да се шушка за симнување на Залижаниот на клупата, на местото на изгубениот Спо.

Леброн се однесуваше идиотски на моменти, Вејд бараше трпение, а Бош само уште повеќе го навлече на себе сеирот со изјавите дека Спо не треба толку да ги притиска, дека треба да се опуштат.

Тогаш никој не мислеше дека можат до финале, посебно не преку расположениот Бостон, кој растураше во првите неколку месеци. Двете победи над Лејкерси покажаа дека го имаат квалитет за големи нешта, но бројните киксови против екипи кои мораа да ги победат укажуваа на тоа дека има уште работа за нив.

И потоа се случија последните два месеци од регуларниот дел. Старците од Бостон почнаа да паѓаат, Чикаго почна да се дига на Истокот, а за Мајами се отвори можноста да го лапнат второто место. Тоа и се деси, а со своите партии Вејд и пред се Леброн, почнаа да ја плашат конкуренцијата.

Филаделфија во првата рунда не беше никаков предизвик, иако момците на Даг Колинс се бореа типично за еден тим на кој тој е тренер.

Потоа дојде она што сите го чекавме, но на крај не го добивме посакуваниот спектакл. Бостон падна во пет текми. Повредите играа улога кај Селтикси, но ѕверските партии на Леброн, Вејд и понекоја на Бош беа премногу за Бостон. Штафетата премина на Флорида.

Чикаго ги изненади сите со првото место на Истокот, а потоа и со пласманот во конф. финале по полесниот пат во кој не мораа да се сретнат со Бостон или Мајами. Но, освен на првата средба на која одиграа максимално добро, во другите од серијата стана јасно дека Роуз како осамен лидер нема да може да застане на патот на Лебронтије, Вејд и нивната дружба.

Сега пред нас е големото финале, второ и за Вејд и за Леброн, но Двејн го има она што Леброн го посакува и до кое е решен конечно да стигне по годините доаѓање блиску до него.

Ќе можат ли Диркулес и Мавси да им застанат на тој пат?

ПС: Тоа што Вејд и Леброн одлучија да играат заедно, а и Бош да им се придружи, секако дека е нешто што на голем број НБА фанови не им е по ќеф. Посебно на оние кои одамна не се тинејџери и кои се навикнати да следат НБА лига во која повеќето екипи имаат свој The Man. Во Мајами свесно отидоа контра тоа правило. НБА, како и се живо, се менува, дали тоа ни се свиѓало на нас или не, Леброн, Вејд и Бош ги заболе. Факт е дека засекогаш ќе се паметат по летото 2010., но освојувањето титули е вистинскиот лек за тоа.

5 COMMENTS

The Foul Game

Posted by Karakash Under Вејдара, Видео, Диркулес, Playoff '11 on Monday May 30, 2011

Да почнеме со оштрење за финалево…

Видео за тоа како фановите на Мавси се сеќаваат на финалето од пред пет години против истиот противник. Искрено, тогаш повеќе сакав Вејд, Шек и Мајами да ја освојат титулата, но реално, судењето не беше на ниво на едно финале. Посебно по сите паѓања на Вејд кои судиите во скоро секоја ситуација ги свирнаа и го праќаа Вејд на слободни.

Далас не можеше поагресивно да го чува Двејн, а тоа им создаде проблеми во секој друг аспект од играта. Но, судењето беше само дел од проблемот за Далас. Вториот, веројатно и поголем, беше во нивната недоволна ментална цврстина да го издржат сето тоа и од целата серија да излезат како победници.

А беа толку блиску.

ADD COMMENTS

Like a Bosh

Posted by Karakash Under Вејдара, Лебронџилница, Playoff '11 on Monday May 23, 2011

Кога минатото лето Леброн и Бош отидоа да му прават друштво на Вејд, најмногу критики од сите тројца, па веројатно и од Леброн и неговиот Decision, попи Бош, кој цела сезона беше на мета на голем број НБА фанови, но и аналитичари.

Ако ништо друго, за Леброн остана впечатокот дека колку и да не ја почитуваат неговата одлука да го откачи Кливленд, тој е еден од, ако не и најдобриот играч во НБА во моментов.

Вејд ко Вејд, немаше што да се критикува, зошто момакот ги донесе во својот Мајами Леброн и Бош, во обид да ја врати титулата на Флорида.

Но, Бош, ликот кој во основа никогаш ништо не направил во некои битни натпревари и кој не можеше да го прави истото што и Леброн и Вејд, кои купчето медиокритети околу себе го носеа во плеј-офот (а Лебронтије и далеку во разигрувањето), беше омилена заебанција на сите.

Бош го немаше (и се уште го нема) тој квалитет да биде лидер на просечна екипа до разигрувањето, и токму затоа многумина ги изиритира неговото перчење кога покрај себе ги доби Вејд и Леброн. Човекот славеше како да ја освоил титулата, а уствари никогаш не постигнал ништо во својата кариера во плеј-офот.

Like a Bosh, Два ипол мажи, преплатен, мекушец и сл. реметења беа насочени кон Бош, а и човекот со своето однесување и партии оваа сезона во најголем дел и си ги заслужи. Дури и имаше муабети дека ни Вејд и Леброн не го почитуваат до толку и дека би сакале негов трејд ако не се оправи до крајот на сезоната.

Но, истиот тој Бош синоќа беше ѕвер за Мајами. Убаци 34 поени, речиси  колку Леброн и Вејд заедно. Имаше 70% шут од поле и беше константата на својот тим во рекетот додавајќи пет скокови, две асистенции, две украдени топки и еден блок.

Партија која многумина би ги натерала да размислат малку дали треба толку да се ремети Бош во иднина ….

…. нешто што, сепак, не верувам дека ќе се случи. Зошто на крајот, сепак зборуваме за Бош, лик кој од луѓето кои ги познавам, а и кои ги читам, е најмалку почитуваниот лик од ол-стар фаците кои останаа во овој плеј-оф.

Да биде омилен играч некому, тоа не се ни очекува, но момакот во овој плеј-оф може да докаже дека е потребно малку повеќе да се респектира. Нешто за што ќе му биде потребна уште некоја партија ко онаа синоќа,

ПС: На крајот, Бош нема да го заболи многу доколку остане се по старо, се додека тој и Мајами си ја исполнат целта и го донесат Лери О’Браен на Флорида.

1 COMMENT

Едно од најдобрите, ако не и најдоброто куцање кое го видовме овој плеј-оф се деси на првата текма кога Таџ Гибсон си направи убав постер од Вејд. Двејн обично се наоѓа во спротивната улога при вакви постери, но на секој може да му се случи да биде постеризиран (освен Шек). Она што е најдобро во целата работа е што самиот Вејд еден ден по куцањето самиот си се пошегува на своја сметка. Нешто што голем број други НБА ѕвезди никогаш не би го направиле.

Некои да можат би ги заплениле сите слики и видеа од куцањето. Но, не и Вејд, кој секогаш бил фер играч кој пружал рака на противникот.

Инаку, Таџ со својата игра во овој плеј-оф често го ставаше Бузер во подредена позиција, па така беше и во последната четвртина синоќа. Сепак, неговата енергија не беше доволна да ги спаси Булси од напалениот Леброн и решените момци од Мајами да изедначат на 1:1.

ADD COMMENTS

ADD COMMENTS

Опасни бикови

Posted by Karakash Under Вејдара, Лебронџилница, Розе, Playoff '11 on Monday May 16, 2011

Дури и секогаш скромниот Дерик синоќа не можеше да ги сокрие емоциите по второто топ куцање на Таџ Гибсон.

И нема зошто да ги крие.

Неговите Булси играат одлично. Можеби реално не требаа да изгубат две од Хоукси, но и тоа е дел од процесот на созревање и растење, кој на Булси им оди прилично добро…И брзо.

На ниедна средба во овој плеј-оф Мајами не изгледал така немоќно, но Булси синоќа беа агресорот и тимот кој на секој дел од теренот се бореше и даваше се од себе. Тоа е еден од квалитетите кои им ги донесе Тибодо, но и кој во себе го има тивкиот Роуз. Остатокот од тимот одлично се вклопува во таа концепција, иако реално со уште еден топ играч на двојка, мислам дека ќе бида уште пострашни.

Од друга страна, не очекувам Мајами пак да биде така немоќен. Не верувам дека Леброн и Вејд ќе го дозволат тоа. Посебно не Бош да им биде уверливо прв стрелец.

ADD COMMENTS

Каде бе Двејн?

Posted by Karakash Under Вејдара, Видео, Playoff '11 on Monday May 16, 2011

Вејд синоќа пак беше дел од страшен постер, само што овој пат тој беше во улогата на неговите жртви.

По средбата Таџ куцањето му го посвети на Андерсон Варежао.

Што ли мислеше Двејн, што ли мислеше?

ADD COMMENTS