Бетмен и Робин

Posted by Karakash Under Вејдара, Лебронџилница, Playoff '12 on Monday May 21, 2012

Леброн – 40 поени, 18 скокови, 9 асистенции

Вејд – 30 поени, 9 скокови, 6 асистенции.

Индијана – Мајами 93:101 за 2:2 во серијата.

Ѕверови.

На кого му треба Крис Бош. Или па био кој друг соиграч (освен можеби Јудонис Хаслем).

3 COMMENTS

Фрустрации

Posted by Karakash Under Вејдара, Видео, Лебронџилница, Playoff '12 on Friday May 18, 2012

Денешнава НБА во многу работи се разликува од онаа со која јас пораснав и во која се заљубив. Примери за тоа имаме многу во текот на само оваа сезона, а последниот ни го даде Вејд синоќа, кога влезе во расправија со својот тренер додека нивниот тим губеше со 14 разлика во Индијана. Тоа што Пејсерси не се предаваат и гинат на терен не е нешто што Вејд и другарите го очекуваа, а добрата одбрана над него само уште повеќе го исфруструира играчот кој на моменти делува само како сенка од она што беше пред 2-3 години.

Во некои други времиња, кога имаше авторитетни тренери во НБА, и кога и најголемите ѕвезди си го знаеја своето место и улога во тимот, вакви работи не се гледаа. А и ако се случеше нешто вакво, не му се пишуваше добро на играчот, без разлика за кого станува збор. Но, во Мајами, како и во многу други екипи немаат тренери кои можат да воспостават авторитетна позиција и кои би ги натерале ѕвезди да ги почитуваат.

Сега имаме лига во која ѕвездите мислат дека се семожни, дека тие кажуваат кој ќе биде тренер, кои ќе му бидат соиграчите, мешајќи се во работата на другите и се помалку правејќи го она за што се платени, а тоа е да бидат најдобри на теренот. Таму каде што им е и местото. Мајами е совршен пример за една таква ситуација, и поради тоа веројатно не им се ни симпатични на голем број фанови.

Леброн е играчиште, и тука нема збор, но проблем за овој тим веројатно е во човекот кој седи на клупата, кој не може да има влијание какво што еден тренер треба да има на својот тим, како и во Вејд, кој делува страшно неинтелигентно во последно време и само уште повеќе ја нарушува атмосферата во тимот кој игра без Бошко.

Далеку од тоа дека Двејн не е паметен, а разговорот со Рајли веројатно веќе се случил по вториот пораз од Инди. На него е да се опамети и врати во ритам набрзина, зошто не им се пишува добро на Мајами ако пак одигра ко мифка ко синоќа.

1 COMMENT

Во студиото на Inside The NBA како по обичај, и синоќа се разви добар муабет, овој пат за последниот напад на Мајами и нивниот фејл во последните секунди против Индијана. Леброн или Вејд? Еден од нив сигурно, но никако и Марио Чалмерс.

ADD COMMENTS

Пацери

Posted by Karakash Under Вејдара, Видео, Лебронџилница, Playoff '12 on Wednesday May 16, 2012

Прекар кој многу повеќе би им одговарал на играчите на Мајами по она што синоќа се дешаваше на Флорида. Не дека ни оригиналните Пејсерси не се потрудија да ја усерат малку на крај, но Мајами, со своите проблеми во последната минута сосема заслужено си заслужи да ги наречеш Пацери.

Ако останува на Марио Чалмерс да решава дали ќе изгубат или ќе одат во продолжение, кога на терен ги има Вејд и Леброн, тогаш сосема заслужено си изгубија, иако не е нелогично да се оди на трета опција во последни секунди. Но, не ако никој освен двата суперстара на цела текма не дал повеќе од пет поени, тогаш е јасно кој треба да решава, само на нив двајца е да одлучат кој е во подобра позиција и кој има повеќе муда за такво нешто.

Муките од слободни и на едните и на другите беа очобол во финишот, а на крај најбитно е тоа што имаме серија од 1:1 по првите две текми во Мајами, нешто што ретко кој можеше да го предвиди. Повредата на Бошко, колку и да не го сметаме за битен фактор и на ниво на Лебронтије и Вејд, си го прави своето, посебно кога Хит немаат играч способен да поентира константно во рекетот, и кога Лебронтије и покрај својата снага одбива да научи да игра со грб кон кошот.

Фрустрациите од непредавањето на Индијана и очекувањето судиите да те извадат од некои ситуации сами по себе ја зголемуваат, па тоа води кон вакви потези:

Ако продолжат Пејсери да гризат и да играат опасно ко колектив, посебно во одбрана, за очекување се нови фрустрации. Посебно ако Вејд не си ги добива фаулите кои е навикнат да му ги дувнат кога ќе падне ко погоден со секира на паркет.

Како и во секоја серија, сакам седум текми, а пoбедата на Инди и повредата на Бошко само уште повеќе ги зголемуваат шансите за тоа.

ADD COMMENTS

Клучот е кај Бошко

Posted by Karakash Under Вејдара, Лебронџилница on Thursday Apr 5, 2012

Мајами мораше да ги тепа синоќа Тандер. Мораше по поразот во Оклахома Сити минатата недела, ама и по серијата лоши игри по Ол-старот кои ги зареди тимот на Сполстра. Иако некои играчи викаат дека ваквите текми во рег. сезона не им значат многу, тоа е само глума, зошто самите знаат колку е битно да се победи еден ривал за титула. Посебно кога тој доаѓа од друга конференција, ако ве средил убаво во првиот дуел и ако имате шанси следното гледање да ви биде во големото финале.

Лебронтије во последните две средби конечно пак заличува на себе, откако по Ол-старот делуваше дека ја загубил агресивноста. Но, проблем за Мајами во плеј-офот нема да биде тој. Ниту пак Вејд, кој ако е здрав, ќе биде страв и трепет за противничките одбрани.

Проблемот лежи во Бошко и во момците во рекетот. Туриаф успеа да стигне до стартер во бедната ротација на играчи во рекет, а тоа е јасен знак дека Сполстра нема квалитетни решенија. Бошко мора да го игра, иако во последните месец и пол човекот само на моменти знае да одигра на Ол-стар ниво. И тоа само во напад, додека во одбрана е инфериорен против некои други високи момци. Алтернативите не се сјајни, а тоа ако не се чувствува сега, ќе се почувствува и тоа како во плеј-оф. Посебно против екипа како Чикаго, иако има и други екипи на Исток кои можат да им бидат незгодни.

За тоа дека со кој и да играат од Запад во финале ќе бидат инфериорни во рекет, нема збор, затоа што Тандер, Сан Антонио, Лејкерси се пресилни за нив во рекетот. Башка, првите две екипи (исто како и Булси) покажуваат цела сезона како се игра како тим, нешто што Мајами само на моменти го покажа до сега и нешто што ќе мора да го поправат

Ако сакаат титула ќе мора и Бошко да стисне заби во рекет и да ги оправда парите вложени во него и рикањето ко луд кога ја промовираа Големата тројка предминатото лето.

Победата над Тандер синоќа сигурно убаво им легна, но има уште работа за Мајами да стане тим кој според сите ќе биде апсолутен фаворит за титула.

ADD COMMENTS

Само што завршив со нешто повеќе од 4 саати гледање баскет без прекин, од Мајами-Далас до Лејкерс-Тандер, така да искрено не ми се пишува некој дооолг пост за сето она што се случуваше синоќа на Флорида и во Калифорнија.

Во куси црти, Мајами пак го победи Далас сезонава, овој пат дома, каде доминираат до сега. Арно ама, ако сакаат да освојат титула ќе мораат да се поправат на гости, каде не импресионираа до сега. На Лебронтије како да му фали агресивност во играта на последните текми, а Бошко игра многу подобро дома, отколку на гости. Вејд им е константа без разлика каде играат, а Клингонецот е поквалитетна опција во рекет од Питмен, чии минути ги лапна.

За Далас, иако изгубија и сезонава не се баш најсјајни, ми делуваат како екипа која може да биде ептен опасна во плеј-оф. Џим Кери како да го чува Диркулес за плеј-оф, а најголемо засилување може да им биде Одом, кој како конечно да почнува да заличува на себе. Одбраната во рекетот им е најголем проблем, и тоа ќе мораат да го поправат.

Тандер по Мајами, си ги тепаа и Лејкерси, овој пат Дурентула и Вестбрук како да имаа променети улоги, а високите момци пак одлично си ја вршеа работата во рекетот. Фишке беше тој кој го разбуди во втора четвртина, а одбраната и Вестбрук тие кои им донесоа победа во второто полувреме.

Со таков Расел ко синоќа во Ел-Еј, Тандер се фаворити на Запад дефинитивно, кога на него ќе се додадат Дурентула, Ибака, Мргудот, Брадата и одбраната на Табо, заедно со искуството на Фишке и предноста на домашниот терен, сосема е јасно зошто се во пол-позиција за титула на Западот. Спарси, Лејкерси, Мавси и можеби уште понекој ќе сака нешто да каже на таа тема, но засега си грми, и тоа силно на Западот.

За Лејкерси, си почнаа одлично синоќа, но по првата четвртина почнаа да паѓаат за на крај тотално да паднат во второ полувреме. Тоа се случува кога немате квалитетни опции од клупата, како и кога Гасолина никако да заигра машки во рекет. Кобстерот силуваше синоќа, и тоа на велико, водејќи некоја лична војна со противникот, а Бајнам, со уште малку интелигенција, ќе стане прва опција во напад. Самото тоа што ги имаат Коби, Пау и Бајнам не дозволува човек да ги отпише, но ќе треба некој да истапи, и тоа квалитетно, за да се надеваат на успешен плеј-оф.

ADD COMMENTS

Поради Тандер и Хит не си ги гледав Хоукси и нивниот маратон со Јута. Одлуката да се гледаат првиве беше логична, иако имав во план да си ја симнам и вторава, па да си ја изгледам на раат. Арно ама, додека одеше текмата во Оклахома Сити доле цело време одеше и тикер кој повремено го покажува резултатот во Атланта. Од нерешеното по 48 минути, до секое следно продолжение и конечната победа на моиве во третата средба од back to back to back, па уште како тоа да е малце во четири продолженија.

20 минути плус игра во кои ме изненадија Хоукси. Не поради тоа што победија, туку што не се предадоа во неколку ситуации и што до крај гризеа верувајќи во победа. Џо продолжува да оправдува една 37429-тина од својот договор, а неговото ставање на „тројка“ и стартната бековска двојка од Тиг и Хајнрих очигледно има ефект. Смит одвреме навреме си го фаќаат неговите промаи во главата, но на моменти па покажува од него невидено зрела игра. Заза е гангстер во рекетот откако го нема Хорфорд, а Марвин си е таму каде му е местото – на клупа.

Е сега, јес да ме изненадуваат пријатно на моменти, во Хоукси нема пак да верувам се’ додека не одиграат како треба во плеј-оф серија со Мајами или Чикаго, серија во која нема ниедна да изгубат со 30-40-50 разлика. На свој терен. Без Ал тоа нема да биде лесно.

И така (морав малце за Хоукси да чкртнам) дојдов до текмата на сезоната, финалето пред финалето, Тандер и Хит, две екипи кои според многумина ќе ги гледаме еднав против друга во јуни. Што се однесува до мене има тука екипи кои имаат што да кажаат на таа тема. Само Чикаго на Истокот (ако Роуз конечно биде 100%) и Сан Антонио на Запад, (со отворено место за 2-3 изненадувања) кои ако бидат сите здрави ќе бидат опасни во плеј-оф.

Она што се случуваше синоќа во Оклахома Сити беше показател на маките кои Мајами ги има против одреден тип на екипи и на тоа дека Тандер би можеле да имаат предност во евентуално финале со изборот на играчи кои ги имаат. Играчи кои знаат да изиграат во напад, играчи кои знаат да одбранат во рекет и играчи кои имаат физички предиспозиции да ги ограничат Вејд и Лебронтије. Бошко и онака е ограничен.

Новата димензија во играта на Дурентула е плус за Тандер, а тој синоќа многу добро покажа дека од сезона во сезона еволуира. Небото е граница за дечкото, кој синоќа беше милина за гледање. Несебичен, агресивен и секогаш подготвен да погоди кога е најпотребно. Нешто од што Лебронтије има што да научи.

На Џејмс синоќа му фалеше агресивност, а неговото рудиментирано играње на пост, иако е физички див, е тажно за гледање. Тажно од аспект на тоа декаможеби најдобриот кошаркар на светот знае така да се изгуби во една текма, а притоа да не знае како да изигра на пост против послаби и пониски од него.

Тенкиот рекет, без играчи кои ќе гризат (Бошко не е Раптор, туку веројатно некој Бронтосаурус или слично) е голем проблем за Мајами против екипи како Тандер и Чикаго. Нешто слично беше и лани против Далас во финалето, кога Тајсон рокаше во рекетот, а Дирк си ги полнеше на „четворка“.

Од друга страна, тешко ќе им биде на сите на Западот да се справат со Оклахома. Вестбрук можеби ќе биде клучот на тоа дали ќе играат финале, исто како и Мргудот и Ибака во рекетот. Ако Дурентула ги игра и тие се движат одлично како синоќа, титулата е нешто реално за тимот на Тандер, тим кој мене ми наликува на некоја колеџ екипа со атмосферата меѓу играчите и таа на трибините.

Од една страна ми е криво што одеднаш ги снема Соникси и настанаа овие Тандер со безлично лого и имиџ, но од друга страна ми е мило за сите оние фанови во Оклахома Сити, кои ненормално си го сакаат својот тим, и кои заедно со играчите го создаваат идентитетот и ликот на тој клуб.

Убава атмосфера и моменти за создавање на првите сеќавања поврзани со Тандер, на кои повеќето од нас ќе се сеќаваат за некои 10-20 години. Уште да освојат титула, е дури тогаш ќе ГРМИ.

ADD COMMENTS

ADD COMMENTS